Сабина Ајрула Тозија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sabina-ajrula-tozija/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 08:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сабина Ајрула Тозија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sabina-ajrula-tozija/ 32 32 Синот на актерката Сабина Ајрула-Тозија, режисерот Вардан Тозија нема да учествува на настанот место комеморација во Драмскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sinot-na-akterkata-sabina-ajrula-tozija-reziserot-vardan-tozija-nema-da-uchestvuva-na-nastanot-mesto-komemoracija-vo-dramskiot-teatar/ Thu, 28 Apr 2022 08:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=494633

Драги пријатели и почитувачи на делото на Сабина Тозија, Ве известувам дека нема да присуствувам на утрешната комеморација организирана од Драмски театар за заминувањето на мојата мајка, Сабина Тозија, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син, режисерот Вардан Тозија.

Сметам дека групниот и паушален начин на кој се испраќаат Сабина и неколкуте големци на овој театар, е недостоинствен за овие луѓе кои го посветиле животот на Драмски, а воедно е навредлив за мене и моето семејство. Мислам дека, како личност која поминала најголем дел од животот во оваа институција и оставила силен печат во македонскиот театар и кинематографија, таа заслужува нешто повеќе од хипи-смотра на денот на театарот, низ банална “благодарност“ и “чаша тиквешко“.

До неодамна постоеше правило како се испраќа колега, пријател, актер... очигледно, тие вредности кај некои кои раководат со театарот не значат многу. Сигурен сум дека таа на ист начин би ги бранела овие актерски, и пред се’, човечки начела кога би станало збор за нејзин соработник.

Ова збогување со луѓе кои го оставиле својот живот за афирмација на театарот и својата земја, е воедно срам за театарот, и срам за оваа земја.

Комеморација за Сабина Тозија ќе има во блиска иднина. Таа ќе биде изведена на поинаков начин, за жал, во рамки на друга институција, и за тоа ќе бидете благовремено известени.

Нека почиваат во мир иконите на македонскиот театар.

The post Синот на актерката Сабина Ајрула-Тозија, режисерот Вардан Тозија нема да учествува на настанот место комеморација во Драмскиот театар appeared first on Република.

]]>