Руте Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rute/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 17:29:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руте Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rute/ 32 32 Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rute-nashata-poddrshka-za-ukraina-i-pomogna-da-ja-izdrzhi-borbata-no-morame-da-odime-ponatamu-za-da-ja-smenime-traektorijata-na-konfliktot/ Tue, 26 Nov 2024 20:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=842044

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека воено-политичкиот блок и помогнал на Украина да издржи во војната со Русија во целосни размери, но дека сега е неопходно да се промени „траекторијата на конфликтот“.

„Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот“, им рече Руте на новинарите пред работниот ручек со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на работната турнеја низ источниот Медитеран пренесува „Гардијан“.

Според неговите зборови, земјите-членки на Алијансата треба да и обезбедат на Украина значајна противвоздушна одбрана и да ги исполнат сите обврски преземени на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека воено-политичкиот блок и помогнал на Украина да издржи во војната со Русија во целосни размери, но дека сега е неопходно да се промени „траекторијата на конфликтот“. „Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот“, им рече Руте на новинарите пред работниот ручек со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на работната турнеја низ источниот Медитеран пренесува „Гардијан“. Според неговите зборови, земјите-членки на Алијансата треба да и обезбедат на Украина значајна противвоздушна одбрана и да ги исполнат сите обврски преземени на самитот на НАТО во Вашингтон.

The post Руте: Нашата поддршка за Украина и помогна да ја издржи борбата, но мораме да одиме понатаму за да ја смениме траекторијата на конфликтот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт и за целиот регион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-rute-prvata-megjuvladina-konferencija-na-makedonija-so-eu-kje-ima-pozitiven-impakt-i-za-celiot-region/ Wed, 16 Feb 2022 11:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=459293

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакна дека таа посета дополнително ја интензивираше соработката меѓу Република Македонија и Холандија, која е најголем билатерален донатор на нашата земја.

Посебна благодарност претседателот на Владата Ковачевски изрази за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија.

Премиерот Ковачевски го информираше неговиот колега Руте дека Македонија продолжува со имплементацијата на европските стандарди во реформските процеси и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје - Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и дека тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ од што се очекува позитивен импакт и за целиот регион на Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски информираше и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза, и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните.

На крајот од разговорот холандскиот премиерот Марк Руте го покани претседателот на Владата Димитар Ковачевски во прва можна прилика да ја посети Холандија.

The post Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт и за целиот регион appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма. Премиерот Ковачевски се заблагодари за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакна дека таа посета дополнително ја интензивираше соработката меѓу Република Македонија и Холандија, која е најголем билатерален донатор на нашата земја. Посебна благодарност претседателот на Владата Ковачевски изрази за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Македонија за членство во Европската Унија. Премиерот Ковачевски го информираше неговиот колега Руте дека Македонија продолжува со имплементацијата на европските стандарди во реформските процеси и за новата динамика во дијалогот и отворената комуникација со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков. За време на телефонскиот разговор двајцата соговорници се согласија дека дијалогот Скопје - Софија ќе овозможи заеднички прифатливи решенија за отворените прашања за двете страни и дека тоа ќе ја забрза одлуката за одржување на првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ од што се очекува позитивен импакт и за целиот регион на Западен Балкан. Премиерот Ковачевски информираше и за актуелните политички процеси дома, особено во делот на справувањето со светската енергетска криза, и за поддршката на Владата за ублажување на последиците од неа за граѓаните. На крајот од разговорот холандскиот премиерот Марк Руте го покани претседателот на Владата Димитар Ковачевски во прва можна прилика да ја посети Холандија.

The post Ковачевски-Руте: Првата Меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ќе има позитивен импакт и за целиот регион appeared first on Република.

]]>