Рута група Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruta-grupa-triglav/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 14:50:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рута група Триглав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruta-grupa-triglav/ 32 32 Распродадени се картите за театарскиот фестивал „ Рута“ во Драмски театар, гости се Раде Шербеџија, Милан Мариќ, Александар Поповски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rasprodadeni-se-kartite-za-teatarskiot-festival-ruta-vo-dramski-teatar-gosti-se-rade-sherbedzija-milan-marikj-aleksandar-popovski/ Thu, 13 Oct 2022 14:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=560737

Сите карти за театарскиот фестивал „Рута група Триглав“ кој од утре, петок, 14 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје се распродадени, соопшти денеска директорката Катерина Коцевска Хаџи Василева на прес-конференцијата на која го најави Фестивалот на регионлната унија на театари.

На сцената на Драмски театар-Скопје од 14 до 19 октомври, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот. Драмски деновиве ќе биде домаќин на десеттата по ред Рута што се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица и Скопје.

Најголем интерес постои за утрешното отворање на фестивалот, кога ќе биде изведена претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во која настапуваат актерските ѕвезди Раде Шербеџија и Милан Мариќ, на театарот „Улисис“ од Бриони, Хрватска. Освен Шербеџија и Мариќ, во претставата играат Катерина Бистровиќ - Дарваш и Вања Ненадиќ.

Разговарав со режисерката на претставата, Ленка Удовички. Ми кажа дека на Раде му се јавуваат од Скопје и му бараат карти за претставата. Јас реков, сериозно немам карти, немам ни за мене. Ќе се отрудиме да ја донесеме претставата цела недела, да играа во ноември или декември, изјави денеска Коцевска Хаџи Василева.

Драмски заедно со петте водечки театри од регионот - „Београдско драмско позориште“, „Камерни театар 55“ од Сараево, театар „Улисис“ од Хрватска, „Месно гледалишче Љубљана“ и „Градско позориште“ Подгорица ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав.

Београдско драмско позориште настапува на 15 октомври со претставата „Диво месо“. Извонреден е предизвикот на ансамблот и на режисерот Јагош Марковиќ, претставата по текст на Горан Стефановски да биде изведена во Скопје.

Третата фестивалска вечер (16 октомври) публиката ќе има можност, да ја види претставата на македонскиот режисер Александар Поповски. Тој своето читање на римскиот поет Овидиј ни го доловува во претставата „Хероини“ во изведба на „Месно гледалишче Љубљана“.

На 17 октомври од Црна Гора доаѓа ансамблот на Градско позориште Подгорица со претставата „Коњите убиваат, зар не?“. Режисер на претставата е Кокан Младеновиќ. „За оваа претстава на матичната сцена и на сите гостувања се бара ‘билет повеќе’ поради уникатниот концепт на учество на публиката во претставата. Ограничен број гледачи ја следат претставата сместени на сцената и имаат можност да консумираат вкусна храна и пијалоци слушајќи професионален бенд и актерска изведба на шоу програма.

Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево, е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Во претставата две семејства се договараат да започнат нов бизнис. Но, како што вели авторот Борис Лалиќ во Босна не е лесно да се води чесен бизнис, а уште потешко е чесно да се направи криминална организација во која преку ноќ ќе се збогатат две семејства. Тогаш настанува вистинска комедија. Режисер на претставата е Саша Пешевски.

Свеченото затворање на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври. Режијата е на Зоја Бузалковска, по текст на Сајмон Стивенс.

The post Распродадени се картите за театарскиот фестивал „ Рута“ во Драмски театар, гости се Раде Шербеџија, Милан Мариќ, Александар Поповски appeared first on Република.

]]>

Сите карти за театарскиот фестивал „Рута група Триглав“ кој од утре, петок, 14 октомври ќе се одржи во Драмски театар Скопје се распродадени, соопшти денеска директорката Катерина Коцевска Хаџи Василева на прес-конференцијата на која го најави Фестивалот на регионлната унија на театари. На сцената на Драмски театар-Скопје од 14 до 19 октомври, македонската публика ќе има можност да види шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот. Драмски деновиве ќе биде домаќин на десеттата по ред Рута што се одржува на секои два месеци во еден од шесте театарски центри Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица и Скопје. Најголем интерес постои за утрешното отворање на фестивалот, кога ќе биде изведена претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во која настапуваат актерските ѕвезди Раде Шербеџија и Милан Мариќ, на театарот „Улисис“ од Бриони, Хрватска. Освен Шербеџија и Мариќ, во претставата играат Катерина Бистровиќ - Дарваш и Вања Ненадиќ.
Разговарав со режисерката на претставата, Ленка Удовички. Ми кажа дека на Раде му се јавуваат од Скопје и му бараат карти за претставата. Јас реков, сериозно немам карти, немам ни за мене. Ќе се отрудиме да ја донесеме претставата цела недела, да играа во ноември или декември, изјави денеска Коцевска Хаџи Василева.
Драмски заедно со петте водечки театри од регионот - „Београдско драмско позориште“, „Камерни театар 55“ од Сараево, театар „Улисис“ од Хрватска, „Месно гледалишче Љубљана“ и „Градско позориште“ Подгорица ја формираа Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав. Београдско драмско позориште настапува на 15 октомври со претставата „Диво месо“. Извонреден е предизвикот на ансамблот и на режисерот Јагош Марковиќ, претставата по текст на Горан Стефановски да биде изведена во Скопје. Третата фестивалска вечер (16 октомври) публиката ќе има можност, да ја види претставата на македонскиот режисер Александар Поповски. Тој своето читање на римскиот поет Овидиј ни го доловува во претставата „Хероини“ во изведба на „Месно гледалишче Љубљана“. На 17 октомври од Црна Гора доаѓа ансамблот на Градско позориште Подгорица со претставата „Коњите убиваат, зар не?“. Режисер на претставата е Кокан Младеновиќ. „За оваа претстава на матичната сцена и на сите гостувања се бара ‘билет повеќе’ поради уникатниот концепт на учество на публиката во претставата. Ограничен број гледачи ја следат претставата сместени на сцената и имаат можност да консумираат вкусна храна и пијалоци слушајќи професионален бенд и актерска изведба на шоу програма. Комедијата „Мирна Босна“ во изведба на Камерни театар 55 од Сараево, е на програмата на фестивалот на 18 октомври. Во претставата две семејства се договараат да започнат нов бизнис. Но, како што вели авторот Борис Лалиќ во Босна не е лесно да се води чесен бизнис, а уште потешко е чесно да се направи криминална организација во која преку ноќ ќе се збогатат две семејства. Тогаш настанува вистинска комедија. Режисер на претставата е Саша Пешевски. Свеченото затворање на фестивалот е со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар Скопје на 19 октомври. Режијата е на Зоја Бузалковска, по текст на Сајмон Стивенс.

The post Распродадени се картите за театарскиот фестивал „ Рута“ во Драмски театар, гости се Раде Шербеџија, Милан Мариќ, Александар Поповски appeared first on Република.

]]>
Бранислав Миќуновиќ: Претставата „My name is Goran Stefanovski“ е омаж за мојот пријател Горан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/branislav-mikjunovikj-pretstavata-my-name-is-goran-stefanovski-e-omaz-za-mojot-prijatel-goran/ Sun, 10 Apr 2022 20:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=486395

Работејќи на оваа претстава влегов во два ризици: првиот беше, јас како Н.Н. да објаснам кој е Горан Стефановски, но ја немав таа амбиција. Јас и порано сум работел негови претстави, а мојата амбиција беше пријателството и многу заеднички часови и денови поминати со Горан и ова навистина е еден омаж за мојот пријател и во чест на Драмски театар во Скопје. Вториот ризик беше во целост да застанам зад тезите на Горан, не сакав да правам некои психолошки ситуации, бидејќи морам да признам дека театарот може да се изрази на многу други начини, рече режисерот Бранислав Миќуновиќ по изведбата на претставата на Фестивалот на регионалната унија на театри Рута Група Триглав.

Целиот текст овде.

 

 

 

The post Бранислав Миќуновиќ: Претставата „My name is Goran Stefanovski“ е омаж за мојот пријател Горан appeared first on Република.

]]>

Работејќи на оваа претстава влегов во два ризици: првиот беше, јас како Н.Н. да објаснам кој е Горан Стефановски, но ја немав таа амбиција. Јас и порано сум работел негови претстави, а мојата амбиција беше пријателството и многу заеднички часови и денови поминати со Горан и ова навистина е еден омаж за мојот пријател и во чест на Драмски театар во Скопје. Вториот ризик беше во целост да застанам зад тезите на Горан, не сакав да правам некои психолошки ситуации, бидејќи морам да признам дека театарот може да се изрази на многу други начини, рече режисерот Бранислав Миќуновиќ по изведбата на претставата на Фестивалот на регионалната унија на театри Рута Група Триглав.
Целиот текст овде.      

The post Бранислав Миќуновиќ: Претставата „My name is Goran Stefanovski“ е омаж за мојот пријател Горан appeared first on Република.

]]>