Рустеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rustemi/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 14:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Рустеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rustemi/ 32 32 Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-rustemi-ne-prifakjame-kalkulacii-rokot-za-izgradba-na-avtopatot-kichevo-ohrid-mora-da-se-zapazi/ Thu, 19 May 2022 14:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=504446

Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.

 

Тој информираше дека изградбата се одвива со силно темпо. Моментално на терен работат повеќе од 700 работници, со преку 280 градежни машини, а вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.

 

„Од состојба која ја наследивме, која беше катастрофална, денеска имаме јасна слика. Автопатот остана приоритет и сега се одвиваат асфалтерски работи што се завршни работи во изградбата. Денеска ќе се вградат 320 тони асфалт прв слој, а веќе од утре се засилуваат асфалтерските работи каде ќе се вградуваат и по 900 тони асфалт дневно. Како што не информира Надзорот, очекуваме десната лента од Требениште кон Охрид да биде комплетно завршена и пуштена за сообраќај на почетокот на месец август, додека левата лента ќе биде завршена и пуштена во сообраќај до крај на оваа година.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Комплетно е завршено препроектирањето на 25% од трасата, инфраструктурните проекти се одобрени од Министерството за транспорт и врски и компаниите имаат чист терен за работа. Градежната механизација е распоредена на секоја позиција од Кичево до Охрид, додаде министерот Бочварски.

 

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта.

 

„На денешниот увид со министерот Бочварски констатиравме дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е пробиена. Се сретнавме со изведувачот, динамиката на изградба тече со силно темпо. Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%.“ – изјави директорот Рустеми.

 

Вредноста на изградбата на овој автопат е 598 милиони евра, според рокот предвиден до Договорот со изведувачот, тој треба да се заврши до декември 2023 година.

 

Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8, стратешки коридор за кој што Владата е силно посветена на неговата доизградба и модернизација.

The post Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази appeared first on Република.

]]>

Автопатската делница од Кичево до Охрид е врвен приоритет и не прифаќам никакво пролонгирање, нема повеќе калкулации и рокот мора да биде испочитуван, истакна министерот Бочварски кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во градежните активности на Поделница 5 од автопатот Кичево – Охрид, кај населеното место Горенци.   Тој информираше дека изградбата се одвива со силно темпо. Моментално на терен работат повеќе од 700 работници, со преку 280 градежни машини, а вкупниот прогрес на автопатот до овој момент изнесува 70 проценти.   „Од состојба која ја наследивме, која беше катастрофална, денеска имаме јасна слика. Автопатот остана приоритет и сега се одвиваат асфалтерски работи што се завршни работи во изградбата. Денеска ќе се вградат 320 тони асфалт прв слој, а веќе од утре се засилуваат асфалтерските работи каде ќе се вградуваат и по 900 тони асфалт дневно. Како што не информира Надзорот, очекуваме десната лента од Требениште кон Охрид да биде комплетно завршена и пуштена за сообраќај на почетокот на месец август, додека левата лента ќе биде завршена и пуштена во сообраќај до крај на оваа година.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.   Комплетно е завршено препроектирањето на 25% од трасата, инфраструктурните проекти се одобрени од Министерството за транспорт и врски и компаниите имаат чист терен за работа. Градежната механизација е распоредена на секоја позиција од Кичево до Охрид, додаде министерот Бочварски.   Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека покрај овие 57 километри автопат се градат и уште дополнителни 30 километри пристапни патишта.   „На денешниот увид со министерот Бочварски констатиравме дека 95% од трасата на автопатот Кичево – Охрид е пробиена. Се сретнавме со изведувачот, динамиката на изградба тече со силно темпо. Се работи на изградбата на голем број вијадукти, на неколку клучки, паралелно и на алтернативните и пристапни патишта, а исто така активно се работи и на тунелот чиј прогрес во овој момент изнесува 95%.“ – изјави директорот Рустеми.   Вредноста на изградбата на овој автопат е 598 милиони евра, според рокот предвиден до Договорот со изведувачот, тој треба да се заврши до декември 2023 година.   Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8, стратешки коридор за кој што Владата е силно посветена на неговата доизградба и модернизација.

The post Бочварски – Рустеми: Не прифаќаме калкулации, рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид мора да се запази appeared first on Република.

]]>