Руслана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruslana/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Mar 2022 19:31:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руслана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruslana/ 32 32 Сите гледале во Боки и Руслана: Џаро раскажа како наместил меч на репрезентацијата на Македонија против Андора https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/site-gledale-vo-boki-i-ruslana-dzaro-raskaza-kako-namestil-mech-na-reprezentacijata-na-makedonija-protiv-andora/ Sat, 19 Mar 2022 19:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=475492

Велибор Џаровски во емисијата на Миломир Мариќ раскажа за една случка од пред 17 години кога наместил меч на фудбалската репрезентација на Македонија против Андора кој завршил 0-0.

За публиката да не се посомнева Џаро на трибините ги донел Бојан Јовановски и тогашната евровизиска победничка Руслана и Бојан Јовановски.

https://www.youtube.com/watch?v=zUaogT82hoE

Ја наместивме Македонија-Андора 0-0, пријателски меч за обложувалниците. Од ФФМ ми велат ти имаш задача да скренеш внимание на Јужната трибина да не го гледаат гледачите тој циркус бидејќи знате што значи тоа. Тогаш првев концерт со Руслана и ја викнав неа во кратка бунда и чизми а Боки 13 го облеков во сукња и сите гледаа во нас, никој не го гледаше натпреварот-раскажа менаџерот во емисијата.

The post Сите гледале во Боки и Руслана: Џаро раскажа како наместил меч на репрезентацијата на Македонија против Андора appeared first on Република.

]]>

Велибор Џаровски во емисијата на Миломир Мариќ раскажа за една случка од пред 17 години кога наместил меч на фудбалската репрезентација на Македонија против Андора кој завршил 0-0. За публиката да не се посомнева Џаро на трибините ги донел Бојан Јовановски и тогашната евровизиска победничка Руслана и Бојан Јовановски. https://www.youtube.com/watch?v=zUaogT82hoE  
Ја наместивме Македонија-Андора 0-0, пријателски меч за обложувалниците. Од ФФМ ми велат ти имаш задача да скренеш внимание на Јужната трибина да не го гледаат гледачите тој циркус бидејќи знате што значи тоа. Тогаш првев концерт со Руслана и ја викнав неа во кратка бунда и чизми а Боки 13 го облеков во сукња и сите гледаа во нас, никој не го гледаше натпреварот-раскажа менаџерот во емисијата.

The post Сите гледале во Боки и Руслана: Џаро раскажа како наместил меч на репрезентацијата на Македонија против Андора appeared first on Република.

]]>
Руслана со порака до светските сили: Дали сакате Чернобил 2? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruslana-so-poraka-do-svetskite-sili-dali-sakate-chernobil-2/ Fri, 04 Mar 2022 07:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=467482

Украинската пејачка Руслана, која македонската јавност ја памети по победата на „Евровизија“ годината кога Тоше ја претставуваше Македонија, повторно им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи а овојпат, меѓу другите, и на американскиот претседател Џо Бајден и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Како амбасадор на мојата земја, како победничка на Евровизија, сега зборувам во име на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската армија ќе ја штити Европа ако вие не заштитите нас. Донесете одлука поради безбедноста на целиот свет. Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија не напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна, порача Руслана.

View this post on Instagram

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Руслана објави и на инстаграм-стори во кое прашува: „Дали сакате Чернобил 2?“.

The post Руслана со порака до светските сили: Дали сакате Чернобил 2? appeared first on Република.

Руслана: Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ruslana-svetot-kje-ni-pomogne-i-kje-ja-zapre-vojnata/ Thu, 24 Feb 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=463143

Украинската пејачка Руслана, победничката на Евровизија во 2004 година, се огласи по повод рускиот напад на Украина. Таа во објава на Инстаграм истакна дека е сигурна дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина.

Дојде утрото. Мора да собереме сила и да разбереме дека војната против Украина започна. Сигурен сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Работевме многу години за да го натераме светот да нѐ препознае како земја која со векови страда поради рускиот режим. Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната, ја започна својата објава Руслана на Инстаграм.

Таа додаде дека иако ситуацијата е исклучително тешка, се труди да остане смирена. Украинската пејачка ги повика сите кои се запознаени со официјалните информации да му помогнат на украинскиот народ.

Сега најважна е локалната територијална одбрана. Собирам информации како да го направам ова и ќе ги објавам на Инстаграм. Пријатели, пишете ми јавно или приватно! Ни требаат проверени информации. Ова е клучен момент, продолжи Руслана.

Претходните денови поранешната победничка на Евровизија во своите најави истакна дека ова е моментот кога уште повеќе верува во својата земја Украина.

Сега се молам како никогаш досега и му се молам на Бога да ни даде сила и вера, бидејќи ние само сакаме да живееме, а никој нема право да ни ја одземе земјата под ‘каков било мит’. Дури и од Мајдан, потребата да се молам за Украина… за сè светло и чисто, за нас, остана во моето срце. Слава на Украина, изјави украинската пејачка.

The post Руслана: Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната appeared first on Република.