Русковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruskovska/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 13:16:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Русковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruskovska/ 32 32 Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ruskovska-trajcheva-i-josifoska-deneska-bea-soslushani-vo-obvinitelstvoto/ Fri, 03 Mar 2023 13:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=615589

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив.

Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог, ни одговорија од Обвинителството.

Од Обвинителството додаваат дека бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот Гордан Галајџиев, во улога на експерт.

На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како “сведок експерт кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка”. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени. Согласно правилникот, присуството на предлагачот – Јавниот обвинител на РСМ не е задолжително и тој остана на доказите наведени во писмениот предлог. Ова не го оспорија ниту јавните обвинителки против кои се води постапката, појаснуваат од Обвинителството.

Инаку, постапувајќи по предлогот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Комисијата првично одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Дисциплинската постапка против трите обвинителки следуваше за нивното постапувањето во случајот поврзан со претресот во Управата за финансиска полиција.

Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

The post Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив.
Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог, ни одговорија од Обвинителството.
Од Обвинителството додаваат дека бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот Гордан Галајџиев, во улога на експерт.
На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како “сведок експерт кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка”. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени. Согласно правилникот, присуството на предлагачот – Јавниот обвинител на РСМ не е задолжително и тој остана на доказите наведени во писмениот предлог. Ова не го оспорија ниту јавните обвинителки против кои се води постапката, појаснуваат од Обвинителството.
Инаку, постапувајќи по предлогот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Комисијата првично одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Дисциплинската постапка против трите обвинителки следуваше за нивното постапувањето во случајот поврзан со претресот во Управата за финансиска полиција. Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

The post Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Вилма Русковска го добила решението за „дисциплинската“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vilma-ruskovska-go-dobila-reshenieto-za-disciplinskata/ Fri, 16 Sep 2022 12:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=551458

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, за кого во Собранието се води жестока дебата дали да биде избран за уставен судија, утрово во изјавата за медиумите соопшти дека Комисијата за дисциплинска одговорност донела решение за поведување дисциплинска постапка против шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, која е под суспензија, како и против нејзините колешки, Ивана Трајчева и Елизбаета Јосифовска.

Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и, колку што сум информиран, по тој предлог донесе решение за поведување на дисциплинска постапка. Натаму знаете дека во тој дел, односно во самата постапка, треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители кон кои се води оваа постапка“, изјави Јовески.

Предлогот за поведување дисциплинска постапка против Русковска и нејзините две колешки го поднесе републичкиот обвинител Јовески поради претресот во Финансиската полиција.

Обвинителката Русковска во разговор со „360 степени“ утрово изјави дека го добила решението на дисциплинската комисија и ќе се изјасни по него согласно законската процедура.

Да, го добив решението во вторникот и треба во рок од пет дена да се изјаснам по него“, ни изјави Русковска.

Инаку, државниот јавен обвинител денеска прашан да ги коментира наводите на Русковска изнесени во јавноста дека четири години не бил направен надзор над работата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, рече дека тоа било поради околноста со ковид-пандемијата.

Подолго време не е направен надзор, не само во ова обвинителство туку и во другите обвинителства, имајќи ги предвид состојбите со ковид-19. Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што потребите налагаат да се изврши надзор“, рече Јовески.

Во контекст на огласот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кој беше распишан вчера, „360 степени“ ја праша Русковска дали евентуално планира да се пријави на конкурсот, односно дали се предомислила бидејќи пред неколку месеци рече дека не планира да се кандидира за нов мандат за шеф на ОЈО ГОКК.

Сè уште не планирам да се пријавувам“, вели Русковска.

Според новиот закон од 2020 година, новиот шеф на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ќе се избира со гласање на сите обвинители во државата. Гласањето е закажано за 31 октомври.

Сепак, суспендираната шефица на ОЈО ГОКК веќе конкурирала за нова позиција, овој пат во републичкото јавно обвинителство, каде пред неколку месеци имало распишан оглас за заменици јавни обвинители.

Видете, имаше оглас во мај или јуни, не можам точно да ви прецизирам за двајца заменици јавни обвинители во државното Јавно обвинителство. Јас поднесов документи, односно конкурирав на тој оглас“, ни изјави Русковска.

Околу евентуална нејзина кандидатура за шеф на државното Јавно обвинителство на местото на Јовески, доколку тој биде избран за уставен судија, постапка која е во тек во Собранието и за која неколку дена се води расправа, Русковска вели дека се додека е тој јавен обвинител и се додека евентуално не биде избран за уставен судија таа не размислува за ова прашање.

На прашање дали смета дека случајот со нејзината суспензија и поведувањето на дисциплинска постапка е со цел таа да се дискредитира од постапките за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК и на републички јавен обвинител, доколку Јовески стане уставен судија, Русковска е децидна – не.

„Не! Искрено не мислам дека тоа е причината“, ни рече Русковска.
Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), Вилма Русковска, беше суспендирана кон средината на август оваа година откако обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал на 18 јули влегоа во просториите на Финансиската полиција.

Пред суспензијата на Русковска, Јавното обвинителство соопшти дека е Јовески поднел предлог за дисциплинска постапка против неа и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска поради сомнение дека обвинителките „намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.

Русковска на 19 август до Советот на јавни обвинители поднесе жалба против одлуката на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да ја суспендира, но Советот едногласно ја одби.

Инаку, на крајот од јули и почетокот на август првите луѓе на ОЈО-ГОКК и на Управата за финансиска полиција, Вилма Русковска и Арафат Муареми, разменија серија обвинувања преку медиумите откако обвинителите влегоа во просториите на Финансиската полиција.

На 4 август на брифинг со новинарите директорот на Финансиската полиција, Муареми, најави дека ќе поднесе кривични пријави против Русковска, Трајчева и Јосифовска по, како што оцени, незаконскиот претрес во просториите на Управата.

Истиот ден Русковска ги повика институциите, но и странските амбасади, Делегацијата на Европската Унија, како и европската обвинителка Лаура Ковеси да реагираат по, како што оцени, притисокот врз неа и обвинителството од директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.

Неколку дена по суспензијата на Русковска и предлогот за дициплинска постапка против неа и нејзините колешки, Муареми си даде оставка од директорската фотелја.

Како привремен шеф додека трае суспензија на Русковска или до изборот на нов шеф на ОЈО ГОКК како привремен раководител на ова обвинителство кон крајот на август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

 

 

The post Вилма Русковска го добила решението за „дисциплинската“ appeared first on Република.

]]>

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, за кого во Собранието се води жестока дебата дали да биде избран за уставен судија, утрово во изјавата за медиумите соопшти дека Комисијата за дисциплинска одговорност донела решение за поведување дисциплинска постапка против шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска, која е под суспензија, како и против нејзините колешки, Ивана Трајчева и Елизбаета Јосифовска.
Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и, колку што сум информиран, по тој предлог донесе решение за поведување на дисциплинска постапка. Натаму знаете дека во тој дел, односно во самата постапка, треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители кон кои се води оваа постапка“, изјави Јовески.
Предлогот за поведување дисциплинска постапка против Русковска и нејзините две колешки го поднесе републичкиот обвинител Јовески поради претресот во Финансиската полиција. Обвинителката Русковска во разговор со „360 степени“ утрово изјави дека го добила решението на дисциплинската комисија и ќе се изјасни по него согласно законската процедура.
Да, го добив решението во вторникот и треба во рок од пет дена да се изјаснам по него“, ни изјави Русковска.
Инаку, државниот јавен обвинител денеска прашан да ги коментира наводите на Русковска изнесени во јавноста дека четири години не бил направен надзор над работата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, рече дека тоа било поради околноста со ковид-пандемијата.
Подолго време не е направен надзор, не само во ова обвинителство туку и во другите обвинителства, имајќи ги предвид состојбите со ковид-19. Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што потребите налагаат да се изврши надзор“, рече Јовески.
Во контекст на огласот за избор на нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кој беше распишан вчера, „360 степени“ ја праша Русковска дали евентуално планира да се пријави на конкурсот, односно дали се предомислила бидејќи пред неколку месеци рече дека не планира да се кандидира за нов мандат за шеф на ОЈО ГОКК.
Сè уште не планирам да се пријавувам“, вели Русковска.
Според новиот закон од 2020 година, новиот шеф на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ќе се избира со гласање на сите обвинители во државата. Гласањето е закажано за 31 октомври. Сепак, суспендираната шефица на ОЈО ГОКК веќе конкурирала за нова позиција, овој пат во републичкото јавно обвинителство, каде пред неколку месеци имало распишан оглас за заменици јавни обвинители.
Видете, имаше оглас во мај или јуни, не можам точно да ви прецизирам за двајца заменици јавни обвинители во државното Јавно обвинителство. Јас поднесов документи, односно конкурирав на тој оглас“, ни изјави Русковска.
Околу евентуална нејзина кандидатура за шеф на државното Јавно обвинителство на местото на Јовески, доколку тој биде избран за уставен судија, постапка која е во тек во Собранието и за која неколку дена се води расправа, Русковска вели дека се додека е тој јавен обвинител и се додека евентуално не биде избран за уставен судија таа не размислува за ова прашање. На прашање дали смета дека случајот со нејзината суспензија и поведувањето на дисциплинска постапка е со цел таа да се дискредитира од постапките за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК и на републички јавен обвинител, доколку Јовески стане уставен судија, Русковска е децидна – не. „Не! Искрено не мислам дека тоа е причината“, ни рече Русковска. Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), Вилма Русковска, беше суспендирана кон средината на август оваа година откако обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал на 18 јули влегоа во просториите на Финансиската полиција. Пред суспензијата на Русковска, Јавното обвинителство соопшти дека е Јовески поднел предлог за дисциплинска постапка против неа и нејзините колешки Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска поради сомнение дека обвинителките „намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“. Русковска на 19 август до Советот на јавни обвинители поднесе жалба против одлуката на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да ја суспендира, но Советот едногласно ја одби. Инаку, на крајот од јули и почетокот на август првите луѓе на ОЈО-ГОКК и на Управата за финансиска полиција, Вилма Русковска и Арафат Муареми, разменија серија обвинувања преку медиумите откако обвинителите влегоа во просториите на Финансиската полиција. На 4 август на брифинг со новинарите директорот на Финансиската полиција, Муареми, најави дека ќе поднесе кривични пријави против Русковска, Трајчева и Јосифовска по, како што оцени, незаконскиот претрес во просториите на Управата. Истиот ден Русковска ги повика институциите, но и странските амбасади, Делегацијата на Европската Унија, како и европската обвинителка Лаура Ковеси да реагираат по, како што оцени, притисокот врз неа и обвинителството од директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Неколку дена по суспензијата на Русковска и предлогот за дициплинска постапка против неа и нејзините колешки, Муареми си даде оставка од директорската фотелја. Како привремен шеф додека трае суспензија на Русковска или до изборот на нов шеф на ОЈО ГОКК како привремен раководител на ова обвинителство кон крајот на август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.    

The post Вилма Русковска го добила решението за „дисциплинската“ appeared first on Република.

]]>
Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/muaremi-do-ruskovska-znaev-deka-kje-go-zloupotrebite-institutot-na-navoden-pritisok-vrz-instituciite/ Mon, 25 Jul 2022 17:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=533110

Претседателот на Агенцијата за финансиска полиција, Арафат Муареми, реагира на  изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која тврди дека претставката за претрес на просториите на агенцијата е поднесена минатиот вторник до обвинителот  Љубомир Јовески, а нејзиното соопштување сега во јавноста го смета за директен притисок врз работата на обвинителството и судот.

Уште кога го пишував соопштението свесен бев дека Русковска ќе го злоупотреби институтот на „ наводен притисок“ врз институциите, но сепак, Обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите, реагира Муареми.

Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, рече Русковска.

Муареми,  претходно во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна на 18 јули, денеска соопшти дека има суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување.

Поради „низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција, до Јавниот обвинител е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, се вели во соопштението.

Муареми оценува дека со овие дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, но и на неговиот углед како директор.

Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела влезе во Управата за финансиска полиција. Првичните информации беа дека наредбата е издадена по пријава на група граѓани против директорот.

Тој појаснува дека со наредбата дале квалификација основано соменение, а Русковска вели дека само проверуваат наводи по пријава, ваква мерка и кфалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-pretstavkata-e-podnesena-minatiot-vtornik-nejzinoto-soopshtuvanje-sega-vo-javnosta-go-smetam-za-direkten-pritisok-vrz-obvinitelstvoto-i-sudot/?fbclid=IwAR3HFak1TdkFmElL5L6lOY-ItnQ4IQP3aHYiYUTJzmLCLr5fCWB4ajH5lLc

The post Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Агенцијата за финансиска полиција, Арафат Муареми, реагира на  изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која тврди дека претставката за претрес на просториите на агенцијата е поднесена минатиот вторник до обвинителот  Љубомир Јовески, а нејзиното соопштување сега во јавноста го смета за директен притисок врз работата на обвинителството и судот.
Уште кога го пишував соопштението свесен бев дека Русковска ќе го злоупотреби институтот на „ наводен притисок“ врз институциите, но сепак, Обвинителке, штитењето на своите права и правата на Управата за финасиска полиција од неосновани и незаконити дејствија и реакција до надлежните органи е моја обврска и по Уставот и по законите, реагира Муареми.
Ние само проверуваме наводи во пријава и во тоа нема ништо лично. Ако е работено сѐ по закон, тогаш не ја разбирам паниката и притисокот што се прави, ќе повторам, врз обвинителството и судот, рече Русковска. Муареми,  претходно во врска со претресот што Обвинителството за организиран криминал го започна на 18 јули, денеска соопшти дека има суштествени недостатоци на наредбата за претрес и начинот на постапувањето при неговото спроведување.
Поради „низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската практика, како и неоснованоста на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството од страна на Управата за финансиска полиција, до Јавниот обвинител е поднесена претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, се вели во соопштението.
Муареми оценува дека со овие дејствија била нанесена голема штета на угледот на Управата за финансиска полиција, на сите вработени во Управата, но и на неговиот углед како директор. Обвинителството за организиран криминал и корупција минатата недела влезе во Управата за финансиска полиција. Првичните информации беа дека наредбата е издадена по пријава на група граѓани против директорот. Тој појаснува дека со наредбата дале квалификација основано соменение, а Русковска вели дека само проверуваат наводи по пријава, ваква мерка и кфалификација се дава кога веќе е на располагање доказниот материјал. https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-pretstavkata-e-podnesena-minatiot-vtornik-nejzinoto-soopshtuvanje-sega-vo-javnosta-go-smetam-za-direkten-pritisok-vrz-obvinitelstvoto-i-sudot/?fbclid=IwAR3HFak1TdkFmElL5L6lOY-ItnQ4IQP3aHYiYUTJzmLCLr5fCWB4ajH5lLc

The post Муареми до Русковска: Знаев дека ќе го злоупотребите институтот на „наводен притисок“ врз институциите appeared first on Република.

]]>
Русковска: Во државава има многу корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-vo-drzavava-ima-mnogu-korupcija/ Mon, 11 Apr 2022 12:25:07 +0000 https://republika.mk/?p=486778

Не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во ТВ 24.

На новинарското прашање, како државава се носи со корупцијата, таа само кратко порача:

Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас, рече Русковска.

The post Русковска: Во државава има многу корупција appeared first on Република.

]]>

Не се почитуваат законите и често се злоупотребуваат функциите, вели шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска во гостувањето во ТВ 24. На новинарското прашање, како државава се носи со корупцијата, таа само кратко порача:
Во државава има многу корупција. Интензивно работиме и даваме се од себе. Добиваме информации од секаде, МВР, Антикорупциска, Финансиска полиција, а отвораме предмети и по допрен глас, рече Русковска.

The post Русковска: Во државава има многу корупција appeared first on Република.

]]>
Избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на Русковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbrani-petmina-obviniteli-vo-obvinitelstvo-za-gonenje-na-organiziran-kriminal-i-korupcija-na-ruskovska/ Thu, 17 Mar 2022 10:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=474206

На денешната седница на Советот на јавните обвинители беа избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поточно, на обвинителството, каде што е шефица Вилма Русковска, ќе му се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, но мандатот им заврши во февруари: Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу -Леши, Ивана Трајчева, Сузана Мирческа-Кузмановска - добија нов мандат од 4 години.

Пред да биде направен изборот, претседателот на Советот, Антонио Јолевски, ги прочита и бодовите кои ги добиле кандидатите: Арсим Адеми -25 бода, Елизабета Јосифовска -24 бода, Марија Ѓоргева -24 бода, Валентина Беслимовска -18 бода, Енѓулуше Кадриу–Леши -24, бода, Ивана Трајчева -25 бода, Сузана Мирческа-Кузмановска -18 бода, Имра Османи – негативна оценка, Наташа Сарамандова -25 бода и Златко Биковски -25 бода.

Првото оценување на обвинителите кои доаѓаат од Организиран беше надвор од критериумите. При второто оценување пак за сите беше даден ист коментар, а различни бодови, истакна претседателот Антонио Јолевски.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот. Тој истакна дека тие работеле на многу сложени предмети и нивен неизбор би значело пролонгирање на предметите. Појасни и дека овие обвинители посетувале многу обуки.

Инвестирано е во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал, истакна Јовески.

Кандидатот Арсим Адеми не ја добии поддршката од советот, кој во јавноста стана познат откако се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.

 

The post Избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на Русковска appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Советот на јавните обвинители беа избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Поточно, на обвинителството, каде што е шефица Вилма Русковска, ќе му се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова обвинителство, но мандатот им заврши во февруари: Марија Ѓорѓева, Валентина Беслимовска, Енѓелуше Кадриу -Леши, Ивана Трајчева, Сузана Мирческа-Кузмановска - добија нов мандат од 4 години. Пред да биде направен изборот, претседателот на Советот, Антонио Јолевски, ги прочита и бодовите кои ги добиле кандидатите: Арсим Адеми -25 бода, Елизабета Јосифовска -24 бода, Марија Ѓоргева -24 бода, Валентина Беслимовска -18 бода, Енѓулуше Кадриу–Леши -24, бода, Ивана Трајчева -25 бода, Сузана Мирческа-Кузмановска -18 бода, Имра Османи – негативна оценка, Наташа Сарамандова -25 бода и Златко Биковски -25 бода.
Првото оценување на обвинителите кои доаѓаат од Организиран беше надвор од критериумите. При второто оценување пак за сите беше даден ист коментар, а различни бодови, истакна претседателот Антонио Јолевски.
Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот. Тој истакна дека тие работеле на многу сложени предмети и нивен неизбор би значело пролонгирање на предметите. Појасни и дека овие обвинители посетувале многу обуки.
Инвестирано е во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал, истакна Јовески.
Кандидатот Арсим Адеми не ја добии поддршката од советот, кој во јавноста стана познат откако се спогоди со Зоран Милевски Кичеец, односно даде согласнос Кичеец да лежи 6 месеци затвор за сообраќајката кај Стража, во која загина едно лице.  

The post Избрани петмина обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на Русковска appeared first on Република.

]]>
Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-otvorena-e-predistrazna-postapka-za-smetkite-na-jordanov-mehandziski-i-kling/ Thu, 24 Feb 2022 07:40:08 +0000 https://republika.mk/?p=462764

Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг, пишува ИРЛ.

По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас , велат од обвинителството.

Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди , вели Русковска за ИРЛ.

The post Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг appeared first on Република.

]]>

Три дена по објавата на документарниот филм „Швајцарски тајни“ којшто се објави на ИРЛ и МРТ1, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе отвори предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг, пишува ИРЛ.
По објавениот документарен филм како и истражувачките текстови во кои се содржани детали според кои двајца македонски бизнисмени поседувале приватни сметки во Швајцарија, а на кои сметки наводно се извршувале повеќемилионски трансакции, Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги проучи наводите и согласно своите надлежности отвора предистражна постапка по допрен глас , велат од обвинителството. Случајот привлече внимание. Го гледавме филмот и очекуваме со нас ИРЛ да ги сподели своите информации, а во моментов обвинители веќе имаат отворено предистражна постапка и ги разгледуваат досега расположливите наоди , вели Русковска за ИРЛ.

The post Русковска: Отворена е предистражна постапка за сметките на Јорданов, Механџиски и Клинг appeared first on Република.

]]>