руско влијание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-vlijanie/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 14:37:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руско влијание Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-vlijanie/ 32 32 Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dolgiot-protses-na-integratsija-mozhe-da-dovede-do-toa-rusija-i-drugi-maligni-akteri-da-go-iskoristat-nezadovolstvoto-na-narodot/ Sat, 06 Jul 2024 14:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=794065

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/

Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд во пресрет на самитот во Вашинтон испрати порака дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот. Тој не сакаше да ги коментира изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го користат уставното име на државата во официјален контекст, а ќе го употребуваат името Македонија во изјави и како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација. Вели дека одговори на такви прашања треба да даде Стејт департментот. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-i-grtsija-da-go-ostavat-sporot-za-imeto-nadvor-od-nato/ Гласот на Америка на македонски на 19 јуни го праша Стејт департментот дали Мицкоски со употребата на две имиња за државата, дома Македонија, а во странство Македонија, се обидува да создаде лажен впечаток дека се придржува до Договорот од Преспа. Од прес-службата тогаш одговорија дека „изјавата на мандатарот Мицкоски дека ќе го користи уставното име на државата во сите официјални контексти е во склад со Договорот од Преспа“.

The post Долгиот процес на интеграција може да доведе до тоа Русија и други малигни актери да го искористат незадоволството на народот appeared first on Република.

]]>
Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kreml-vo-vladata-vlasta-nevesno-ja-ischisti-vmro-dpmne-od-antievropejstvo-i-rusofilstvo/ Wed, 21 Jun 2023 11:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=653707

Во ист ден, шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, излегоа со речиси идентичен став, што треба да претставува еден вид притисок за уставните промени. Но, свесно или не, намерно или не, сите тројца и дадоа пас на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за да ја исчистат од било какви обвиненија за антиевропејство или за некакво имагинарно русофилство, анализира Пресинг ТВ.

Премиерот Димитар Ковачевски, на одбележувањето на 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте Мисирков, одново посочи дека во Македонија и надвор од неа, има сили со ист извор, кои се обидуваат да го забават напредокот на државата кон ЕУ. Притоа не посочи за кого станува збор, но додаде дека нивната тактика е тоа да го прават преку лаги за македонскиот идентитет.

Некои сили внатре во државата, но и надвор од државата, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на нашите деца. Тоа го прават со лаги, злоупотреби за најчувствителната точка – македонскиот идентитет. Со тоа нанесуваат огромна штета, токму на нашите идентитетски определби, изјави Ковачевски.

Гласот на Америка на македонски јазик вчера пренесе изјави на претседателот Пендаровски и на директорот Муслиу околу улогата на дезинформациите во медиумите и влијанието на Москва врз политиките во земјите од Западен Балкан и, нормално, Република Македонија меѓу нив.

Нашата држава за жал, е релативно лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална и општествена отпорност кон нив. Она што претставува предност на демократските општества во нормални околности, за жал, е најголема потенцијална слабост во услови на внатрешна и надворешна поларизација. Руската агресија врз Украина создаде не само реален фронт на истокот од Европа, но и пропаганден фронт на Балканот, бидејќи кога агресорот ја губи битката јасно е дека ќе настојува да отвори нов фронт за да си ја олесни положбата. Не смееме да ги игнорираме индициите дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или зад тензиите во Косово и во Босна и Херцеговина, покрај објективните прашања и проблеми кои не се решени, има и голема количина на дезинформации и тн. непријателско поттикнување, рече Пендаровски.

Една од клучните алатки, кои Кремљ ги користи на Западниот Балкан, е историјата. Токму играњето на оваа карта, како што велат од разузнавачката заедница, е темелот на руската хибридна стратегија за регионот. За остварувањето на целта се користат сите елементи во општеството – од црквата, до медиумите.

Москва во нејзината стратегија ја гледа историската меморија во Источна Европа и во Западен Балкан како главна можност за креирање спротивставени наративи, внатре во општествата, но и меѓу државите, преку манипулација на историски факти. И ние бевме сведоци и жртва на тоа. Тоа треба да влијае врз политичките одлуки во регионот преку притисокот кој би произлегол од емотивни реакции кај граѓаните и кај политичарите од отворените историски прашања. Бевме сведоци на тоа. Кремљ ги користи дипломатските капацитети во регионот за да ги контролира алатаките кои помагаат во пропаганда и лажење, се мисли на НВО, црковен клер, политички субјекти, медиуми, новинари..., изјави, пак, директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу.

По ваквите изјави станува повеќе од јасно каква визија имала ВМРО-ДПМНЕ, која не го потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија токму поради „заедничката историја“. За жал, тоа го стори власта предводена од СДСМ, што значи дека Зоран Заев, Пендаровски, Ковачевски, а со нив и Муслиу го прифатиле креирањето спротивставени наративи меѓу државите, односно соседите, па и во општеството под диктат на Москва и нејзиното влијание врз Софија! Само што тоа, за жал, го согледуваат со неколкугодишно задоцнување! Што ќе рече дека Кремљ е закотвен во власта!!!

Ова, се разбира, ако не мислат и се убедени дека нашиот, македонски наратив и целата историска меморија, целата македонска историска наука и историографија биле со децении и децении целосно манипулирани и пишувани од страна на Москва!!! Исто како што смета официјална Бугарија!!! Па сега новинари платеници мораат да одат во Мала Преспа за да не убедуваат дека Цар Самоил бил бугарски, исто како што прифатија нашите „историчари“ од историската комисија, наспроти сите научни тврдења на нашите историски експерти и медијависти, кои се веќе и меѓународно признати и докажани.

Бати логиката! Наместо да бара вина во неговите претходници, кои не ги согледале последиците од Договорот, првиот контраразузнавач им вели на етничките Македонци дека се жртви на сопствената црква и на сопствената вековна историска меморија! Зошто? За да ги прифатат уставните измени на патот кон членството на ЕУ и со тоа одново да станат жртви и на руската и на бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика!?

Значи, сите, па и медиумите се виновни, само нашата власт не е! А, каде беше да мисли кога прифаќаше и потпишуваше се што ќе им понуди Бојко Борисов алијас Тиквата?

Што се однесува до медиумите, пак, еве ќе потсетиме на едно истражување на невладината организација Национален фонд за демократија од Бугарија, значи не наша, туку бугарска, спроведено во текот на 2022 година, по руската воена агресија врз Украина. Резултатите од истражувањето беа објавени пред пет месеци, поточно на 18 јануари годинава, а ги обелодени сајтот сега.бг.

Па така, според резултатите од истражувањето, од осум држави на Балканот, петте најчитани информативни сајтови во Република Македонија минатата 2022 година најмалку користеле руски извори на информации.

Македонските портали во текот на 2022 година пренеле само 615 информции од Раша тудеј, ТАСС, РИА, Новости и Спутник.

Со истражувањето биле опфатени Република Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугрија.

Најмногу информации од наведените руски медиуми биле пласирани во Бугарија, дури 6.090.

Најверојатно ова било и причината, што Сега.бг текстот го имаше насловено како „Руската шпионажа кај нас (Бугарија н.з.) цвета“.

 

The post Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство appeared first on Република.

]]>

Во ист ден, шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, излегоа со речиси идентичен став, што треба да претставува еден вид притисок за уставните промени. Но, свесно или не, намерно или не, сите тројца и дадоа пас на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за да ја исчистат од било какви обвиненија за антиевропејство или за некакво имагинарно русофилство, анализира Пресинг ТВ. Премиерот Димитар Ковачевски, на одбележувањето на 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи” од Крсте Мисирков, одново посочи дека во Македонија и надвор од неа, има сили со ист извор, кои се обидуваат да го забават напредокот на државата кон ЕУ. Притоа не посочи за кого станува збор, но додаде дека нивната тактика е тоа да го прават преку лаги за македонскиот идентитет.
Некои сили внатре во државата, но и надвор од државата, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на нашите деца. Тоа го прават со лаги, злоупотреби за најчувствителната точка – македонскиот идентитет. Со тоа нанесуваат огромна штета, токму на нашите идентитетски определби, изјави Ковачевски.
Гласот на Америка на македонски јазик вчера пренесе изјави на претседателот Пендаровски и на директорот Муслиу околу улогата на дезинформациите во медиумите и влијанието на Москва врз политиките во земјите од Западен Балкан и, нормално, Република Македонија меѓу нив.
Нашата држава за жал, е релативно лесна цел на дезинформациските кампањи поради слабата институционална и општествена отпорност кон нив. Она што претставува предност на демократските општества во нормални околности, за жал, е најголема потенцијална слабост во услови на внатрешна и надворешна поларизација. Руската агресија врз Украина создаде не само реален фронт на истокот од Европа, но и пропаганден фронт на Балканот, бидејќи кога агресорот ја губи битката јасно е дека ќе настојува да отвори нов фронт за да си ја олесни положбата. Не смееме да ги игнорираме индициите дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или зад тензиите во Косово и во Босна и Херцеговина, покрај објективните прашања и проблеми кои не се решени, има и голема количина на дезинформации и тн. непријателско поттикнување, рече Пендаровски.
Една од клучните алатки, кои Кремљ ги користи на Западниот Балкан, е историјата. Токму играњето на оваа карта, како што велат од разузнавачката заедница, е темелот на руската хибридна стратегија за регионот. За остварувањето на целта се користат сите елементи во општеството – од црквата, до медиумите.
Москва во нејзината стратегија ја гледа историската меморија во Источна Европа и во Западен Балкан како главна можност за креирање спротивставени наративи, внатре во општествата, но и меѓу државите, преку манипулација на историски факти. И ние бевме сведоци и жртва на тоа. Тоа треба да влијае врз политичките одлуки во регионот преку притисокот кој би произлегол од емотивни реакции кај граѓаните и кај политичарите од отворените историски прашања. Бевме сведоци на тоа. Кремљ ги користи дипломатските капацитети во регионот за да ги контролира алатаките кои помагаат во пропаганда и лажење, се мисли на НВО, црковен клер, политички субјекти, медиуми, новинари..., изјави, пак, директорот на Агенцијата за разузнавање Муслиу.
По ваквите изјави станува повеќе од јасно каква визија имала ВМРО-ДПМНЕ, која не го потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија токму поради „заедничката историја“. За жал, тоа го стори власта предводена од СДСМ, што значи дека Зоран Заев, Пендаровски, Ковачевски, а со нив и Муслиу го прифатиле креирањето спротивставени наративи меѓу државите, односно соседите, па и во општеството под диктат на Москва и нејзиното влијание врз Софија! Само што тоа, за жал, го согледуваат со неколкугодишно задоцнување! Што ќе рече дека Кремљ е закотвен во власта!!! Ова, се разбира, ако не мислат и се убедени дека нашиот, македонски наратив и целата историска меморија, целата македонска историска наука и историографија биле со децении и децении целосно манипулирани и пишувани од страна на Москва!!! Исто како што смета официјална Бугарија!!! Па сега новинари платеници мораат да одат во Мала Преспа за да не убедуваат дека Цар Самоил бил бугарски, исто како што прифатија нашите „историчари“ од историската комисија, наспроти сите научни тврдења на нашите историски експерти и медијависти, кои се веќе и меѓународно признати и докажани. Бати логиката! Наместо да бара вина во неговите претходници, кои не ги согледале последиците од Договорот, првиот контраразузнавач им вели на етничките Македонци дека се жртви на сопствената црква и на сопствената вековна историска меморија! Зошто? За да ги прифатат уставните измени на патот кон членството на ЕУ и со тоа одново да станат жртви и на руската и на бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика!? Значи, сите, па и медиумите се виновни, само нашата власт не е! А, каде беше да мисли кога прифаќаше и потпишуваше се што ќе им понуди Бојко Борисов алијас Тиквата? Што се однесува до медиумите, пак, еве ќе потсетиме на едно истражување на невладината организација Национален фонд за демократија од Бугарија, значи не наша, туку бугарска, спроведено во текот на 2022 година, по руската воена агресија врз Украина. Резултатите од истражувањето беа објавени пред пет месеци, поточно на 18 јануари годинава, а ги обелодени сајтот сега.бг. Па така, според резултатите од истражувањето, од осум држави на Балканот, петте најчитани информативни сајтови во Република Македонија минатата 2022 година најмалку користеле руски извори на информации. Македонските портали во текот на 2022 година пренеле само 615 информции од Раша тудеј, ТАСС, РИА, Новости и Спутник. Со истражувањето биле опфатени Република Македонија, Албанија, Косово, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугрија. Најмногу информации од наведените руски медиуми биле пласирани во Бугарија, дури 6.090. Најверојатно ова било и причината, што Сега.бг текстот го имаше насловено како „Руската шпионажа кај нас (Бугарија н.з.) цвета“.  

The post Кремљ во Владата: Власта несвесно ја исчисти ВМРО-ДПМНЕ од антиевропејство и русофилство appeared first on Република.

]]>
Бугарија ја обвинува Македонија за руско влијание а 26 отсто од Бугарите ја подржуваат Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ja-obvinuva-makedonija-za-rusko-vlijanie-a-26-otsto-od-bugarite-ja-podrzuvaat-rusija/ Tue, 10 May 2022 13:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=500560

Дваесет и шест отсто од Бугарите се на страната на Русија, останатите – на страната на Украина во конфликтот меѓу двете земји. Од вторите, 4 од 10 се поддржувачи на БСП. Ова го покажуваат резултатите од национално репрезентативно истражување на тема: „Војната во Украина и познавањето на историските факти во односите Бугарија – Русија“, презентирано денеска во прес-клубот на БТА.

Анкетата е на Фондацијата Работилница за граѓански иницијативи и Агенцијата ЕСТАТ. Анкетата е спроведена со методот „лице в лице“ меѓу 1002 полнолетни граѓани во периодот од 16 до 28 април 2022 година.

Зад Русија се главно мажи, луѓе над 50 години, гласачи на ИТН и БСП, а поддршката за Украина доаѓа од жени, луѓе над 30 години, десничарски политички групи и граѓани на Софија.

Анкетата, исто така, покажува дека 60 отсто од Бугарите велат дека се запознаени со односите меѓу Русија и Бугарија во последниве години, вклучително и постари лица, луѓе со високо образование и поддржувачи на Русија во конфликтот, како и гласачи на БСП и ГЕРБ.

Околу една петтина Бугари знаат дека Русија и објавила војна на Бугарија во минатото, „но има различни одговори кои не се конзистентни“.

Околу 45 отсто се на мислење дека доколку Бугарија не била дел од советскиот блок, нивниот развој низ годините ќе бил значително подобар, додека околу 27 отсто од анкетирните – сметаат дека учеството на Бугарија и Варшавскиот пакт  било позитивно.

За политиката на Русија кон Бугарија – 42 отсто сметаат дека нејзината политика кон Бугарија е корисна, една третина сметаат дека е бескорисна.

Анкетата покажува дека една петтина Бугари ја посетиле Русија барем еднаш, половина од нив се поддржувачи на БСП.

Стравовите на Бугарите споменати во студијата се: употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија – една третина се плашат од Трета светска војна. Најзагрижени Бугари се во малите градови и младите. Најмалку загрижени се граѓаните на главниот град и луѓето со високи примања.

Одговорите за поддршка на украинските бегалци се – 38 отсто сочувствуваат со украинските бегалци, но 4 пати помалку им помогнале со пари, облека, храна и засолниште.

Според студијата на ЕСТАТ – 6,6 отсто од Бугарите би се пријавиле во војска, кај жените овој процент е 2 отсто.

Помалку од 50 отсто го поддржуваат НАТО и имаат очекувања од него да помогне на државата.

Меѓу побизарните одговори, според бугарски медиуми се: 80 отсто од анкетираните веруваат дека Русија е светска воена сила , а употребата на нуклеарно оружје е оправдана. Една третина веруваат дека Украина развива оружје за масовно уништување и дека убивањето на цивили во Украина не е дело на руските служби, и исто толку веруваат дека политичката елита и владејачката структра на Украина се националистички и фашистички фигури.

The post Бугарија ја обвинува Македонија за руско влијание а 26 отсто од Бугарите ја подржуваат Русија appeared first on Република.

]]>

Дваесет и шест отсто од Бугарите се на страната на Русија, останатите – на страната на Украина во конфликтот меѓу двете земји. Од вторите, 4 од 10 се поддржувачи на БСП. Ова го покажуваат резултатите од национално репрезентативно истражување на тема: „Војната во Украина и познавањето на историските факти во односите Бугарија – Русија“, презентирано денеска во прес-клубот на БТА. Анкетата е на Фондацијата Работилница за граѓански иницијативи и Агенцијата ЕСТАТ. Анкетата е спроведена со методот „лице в лице“ меѓу 1002 полнолетни граѓани во периодот од 16 до 28 април 2022 година. Зад Русија се главно мажи, луѓе над 50 години, гласачи на ИТН и БСП, а поддршката за Украина доаѓа од жени, луѓе над 30 години, десничарски политички групи и граѓани на Софија. Анкетата, исто така, покажува дека 60 отсто од Бугарите велат дека се запознаени со односите меѓу Русија и Бугарија во последниве години, вклучително и постари лица, луѓе со високо образование и поддржувачи на Русија во конфликтот, како и гласачи на БСП и ГЕРБ. Околу една петтина Бугари знаат дека Русија и објавила војна на Бугарија во минатото, „но има различни одговори кои не се конзистентни“. Околу 45 отсто се на мислење дека доколку Бугарија не била дел од советскиот блок, нивниот развој низ годините ќе бил значително подобар, додека околу 27 отсто од анкетирните – сметаат дека учеството на Бугарија и Варшавскиот пакт  било позитивно. За политиката на Русија кон Бугарија – 42 отсто сметаат дека нејзината политика кон Бугарија е корисна, една третина сметаат дека е бескорисна. Анкетата покажува дека една петтина Бугари ја посетиле Русија барем еднаш, половина од нив се поддржувачи на БСП. Стравовите на Бугарите споменати во студијата се: употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија – една третина се плашат од Трета светска војна. Најзагрижени Бугари се во малите градови и младите. Најмалку загрижени се граѓаните на главниот град и луѓето со високи примања. Одговорите за поддршка на украинските бегалци се – 38 отсто сочувствуваат со украинските бегалци, но 4 пати помалку им помогнале со пари, облека, храна и засолниште. Според студијата на ЕСТАТ – 6,6 отсто од Бугарите би се пријавиле во војска, кај жените овој процент е 2 отсто. Помалку од 50 отсто го поддржуваат НАТО и имаат очекувања од него да помогне на државата. Меѓу побизарните одговори, според бугарски медиуми се: 80 отсто од анкетираните веруваат дека Русија е светска воена сила , а употребата на нуклеарно оружје е оправдана. Една третина веруваат дека Украина развива оружје за масовно уништување и дека убивањето на цивили во Украина не е дело на руските служби, и исто толку веруваат дека политичката елита и владејачката структра на Украина се националистички и фашистички фигури.

The post Бугарија ја обвинува Македонија за руско влијание а 26 отсто од Бугарите ја подржуваат Русија appeared first on Република.

]]>