руско обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 18:51:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руско обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-obvinitelstvo/ 32 32 Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-obvinitelstvo-go-proglasi-fridom-haus-za-nepozhelna-organizatsija/ Tue, 07 May 2024 19:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=775128

Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ.

Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.

„Откако режимот започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, властите ги зајакнаа ограничувањата на индивидуалните права и слободи за да го задушат домашното несогласување“, се вели во извештајот.

Рускиот јавен обвинител Игор Краснов на својот канал Телеграм рече дека Фридом Хаус е вклучена во промовирањето на таканаречената доминантна улога на САД во светот, ја дискредитира руската војска и се залага за помош на Украина и воведување санкции против Русија.

Претходно денеска, московскиот суд и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова (65), поради сомневање дека „оправдува тероризам“.

Кеворкова е воен дописник, авторка на бројни извештаи од Блискиот исток, како и на голем број книги за Палестинските територии. Таа била приведена вчера при претрес во нејзиниот дом.

The post Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација appeared first on Република.

]]>

Руското обвинителство соопшти дека ја прогласило американската невладина организација Фридом хаус за „непожелна“ во Русија. Таа одлука е еднаква на забрана и може да го изложи на ризик од казнување на секој кој работи или соработува со ФХ. Во својот извештај за 2024 година, Фридом Хаус ја оцени Русија како „неслободна“, доделувајќи и само 13 поени од можни 100 на Глобалниот индекс на слободата.
„Откако режимот започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, властите ги зајакнаа ограничувањата на индивидуалните права и слободи за да го задушат домашното несогласување“, се вели во извештајот.
Рускиот јавен обвинител Игор Краснов на својот канал Телеграм рече дека Фридом Хаус е вклучена во промовирањето на таканаречената доминантна улога на САД во светот, ја дискредитира руската војска и се залага за помош на Украина и воведување санкции против Русија. Претходно денеска, московскиот суд и одреди двомесечен притвор на руската новинарка Надежда Кеворкова (65), поради сомневање дека „оправдува тероризам“. Кеворкова е воен дописник, авторка на бројни извештаи од Блискиот исток, како и на голем број книги за Палестинските територии. Таа била приведена вчера при претрес во нејзиниот дом.

The post Руското обвинителство го прогласи „Фридом хаус“ за непожелна организација appeared first on Република.

]]>