руско напредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-napreduvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Feb 2022 13:19:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руско напредување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusko-napreduvanje/ 32 32 Украински Генералштаб: Русија до 13 часот изведе повеќе од 30 напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-generalshtab-rusija-do-13-chasot-izvede-povekje-od-30-napadi/ Thu, 24 Feb 2022 13:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=463156

Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија.

Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина - соопшти Генералштабот.

Во извештајот се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“.

Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина.

Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции.

Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува - се вели во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.

The post Украински Генералштаб: Русија до 13 часот изведе повеќе од 30 напади appeared first on Република.

]]>

Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија.
Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина - соопшти Генералштабот.
Во извештајот се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“. Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина. Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции.