руски злосторства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-zlostorstva/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Jan 2023 16:02:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски злосторства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-zlostorstva/ 32 32 ЕУ сака да формира обвинителска канцеларија која ќе собира докази за руските злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-saka-da-formira-obvinitelska-kantselarija-koja-ke-sobira-dokazi-za-ruskite-zlostorstva/ Fri, 27 Jan 2023 16:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=601715

Првиот чекор во борбата против неказнивоста на злосторствата извршени во руската агресија против Украина би можел да биде формирање на обвинителска канцеларија која ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија, Дидие Рејндерс.

Тој ја дал изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина нема да поминат неказнето.

Канцеларијата би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Агенцијата на ЕУ за правосудна соработка по кривични прашања.

Рејндерс вели дека канцеларијата може брзо да се отвори. Европската унија се залага за формирање специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.

На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства. „Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и за агресијата врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.

На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде еден национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторствата на руска агресија.

The post ЕУ сака да формира обвинителска канцеларија која ќе собира докази за руските злосторства appeared first on Република.

]]>

Првиот чекор во борбата против неказнивоста на злосторствата извршени во руската агресија против Украина би можел да биде формирање на обвинителска канцеларија која ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија, Дидие Рејндерс. Тој ја дал изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина нема да поминат неказнето. Канцеларијата би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Агенцијата на ЕУ за правосудна соработка по кривични прашања. Рејндерс вели дека канцеларијата може брзо да се отвори. Европската унија се залага за формирање специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази. На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства. „Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и за агресијата врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен. На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде еден национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторствата на руска агресија.

The post ЕУ сака да формира обвинителска канцеларија која ќе собира докази за руските злосторства appeared first on Република.

]]>