руски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-turisti/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 10:29:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-turisti/ 32 32 Норвешка ги затвора границите за руски туристи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/norveshka-gi-zatvora-granitsite-za-ruski-turisti/ Thu, 23 May 2024 10:29:59 +0000 https://republika.mk/?p=781114

Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната.

Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија.

-Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина, изјави министерката за правда Емили Енгер Мехл.

Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година. Само имателите на долгорочни визи издадени пред тој датум или имаат виза издадена од друга шенгенска земја може да ја преминат границата.

Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка.

Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани кои посетуваат членови на блиско семејство кои живеат во Норвешка и оние кои работат или студираат во таа земја или други земји од Шенген зоната.

Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.зш/

 

The post Норвешка ги затвора границите за руски туристи appeared first on Република.

]]>

Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија. -Одлуката за заострување на правилата за влез е во согласност со пристапот на Норвешка да застане на страна на своите сојузници и партнери како одговор на илегалната агресија на Русија против Украина, изјави министерката за правда Емили Енгер Мехл. Норвешка, членка на НАТО, речиси престана да издава туристички визи за руските граѓани од пролетта 2022 година. Само имателите на долгорочни визи издадени пред тој датум или имаат виза издадена од друга шенгенска земја може да ја преминат границата. Од 29 мај ќе им биде забранет влез во Норвешка. Предвидени се исклучоци, соопшти Министерството, особено за руските граѓани кои посетуваат членови на блиско семејство кои живеат во Норвешка и оние кои работат или студираат во таа земја или други земји од Шенген зоната. Иако не е членка на ЕУ, Норвешка е тесно поврзана со неа и ги усвои речиси сите санкции што Брисел ги воведе против Русија.зш/  

The post Норвешка ги затвора границите за руски туристи appeared first on Република.

]]>
Русите во српските кафеани не оставаат ни динар бакшиш https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/rusite-vo-srpskite-kafeani-ne-ostavaat-ni-dinar-bakshish/ Tue, 08 Nov 2022 18:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=571501

Голем број Руси поради страв од мобилизација се преселија во Србија.Келнер од Нови Сад отвори дискусија какви се Русите по кафеани.

Работам во убав паб во Нови Сад. 80 отсто од клиентите се Руси и само Руси. До кога ќе трае ова? Јас не сум националист , но ова почнува да нема апсолутно никаква смисла. Особено кога станува збор за бакшиш, бидејќи никогаш во животот не слушнале за тоа. На пазар од 50.000 динари тргнуваш со бакшиш од 300 динари, а тие се полни како брод, не гледаат на цените, пијат како пијаници и ја напуштаат кафеаната на четири нозе. Се за нашите православни браќа“-напиша келнерот.

The post Русите во српските кафеани не оставаат ни динар бакшиш appeared first on Република.

]]>

Голем број Руси поради страв од мобилизација се преселија во Србија.Келнер од Нови Сад отвори дискусија какви се Русите по кафеани.
Работам во убав паб во Нови Сад. 80 отсто од клиентите се Руси и само Руси. До кога ќе трае ова? Јас не сум националист , но ова почнува да нема апсолутно никаква смисла. Особено кога станува збор за бакшиш, бидејќи никогаш во животот не слушнале за тоа. На пазар од 50.000 динари тргнуваш со бакшиш од 300 динари, а тие се полни како брод, не гледаат на цените, пијат како пијаници и ја напуштаат кафеаната на четири нозе. Се за нашите православни браќа“-напиша келнерот.

The post Русите во српските кафеани не оставаат ни динар бакшиш appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-nesoodvetno-e-ruskite-turisti-da-se-shetaat-niz-nashite-gradovi/ Sun, 28 Aug 2022 13:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=544959

Европската Унија има намера неделава да ја суспендира важноста на договорот со Русија за олеснет визен режим, објави „Фајненшл тајмс“.

Британскиот дневен весник наведува дека планот за замрзнување на договорот од 2007 година ќе го отежне и поскапи добивањето патни документи во Шенген зоната за слободно движење за руските граѓани.

Според извори на изданието во Брисел, одлуката ќе ја донесат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во вторник – првиот ден од нивната неформална средба во Прага, но ќе биде објавена – в среда.

Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови. (Европската Унија) треба да испрати сигнал до населението на Русија дека „специјалната воена операција“ во Украина е неприфатлива“, изјави еден од изворите за весникот.

Претходно оваа недела, земјите од ЕУ кои граничат со Русија се заканија дека еднострано ќе ги затворат границите за руските туристи доколку таквата одлука не биде донесена на ЕУ ниво.

The post ЕУ: Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови appeared first on Република.

]]>

Европската Унија има намера неделава да ја суспендира важноста на договорот со Русија за олеснет визен режим, објави „Фајненшл тајмс“. Британскиот дневен весник наведува дека планот за замрзнување на договорот од 2007 година ќе го отежне и поскапи добивањето патни документи во Шенген зоната за слободно движење за руските граѓани. Според извори на изданието во Брисел, одлуката ќе ја донесат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во вторник – првиот ден од нивната неформална средба во Прага, но ќе биде објавена – в среда.
Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови. (Европската Унија) треба да испрати сигнал до населението на Русија дека „специјалната воена операција“ во Украина е неприфатлива“, изјави еден од изворите за весникот.
Претходно оваа недела, земјите од ЕУ кои граничат со Русија се заканија дека еднострано ќе ги затворат границите за руските туристи доколку таквата одлука не биде донесена на ЕУ ниво.

The post ЕУ: Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови appeared first on Република.

]]>
Турција не се откажува од руските туристи, ќе формира и посебна авиокомпанија за нив https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/turcija-ne-se-otkazuva-od-ruskite-turisti-kje-formira-i-posebna-aviokompanija-za-niv/ Mon, 11 Apr 2022 08:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=486527

Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании.

Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува турскиот весник „Сабах“. Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на средозменоморскиот брег на Турција.

„Благодарение на оваа авиокомпанија, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во наводите.

Покрај тоа, и „Туркиш ерлајнс“ наводно има договор со руски агенции да резервира блокови седишта за руските туристи на своите летови. Сепак, поради нестабилната ситуација и западните санкции, Турција со доза песимизам гледа на бројот Руси кои ќе можат да ја посетат земјата оваа 2022 година.

The post Турција не се откажува од руските туристи, ќе формира и посебна авиокомпанија за нив appeared first on Република.

]]>

Турските власти планираат да создадат посебна авиокомпанија за превоз на руски туристи до турските одморалишта, јавува турските медиуми, откако Европската агенција за безбедност на воздухот ги суспендираше сите руски авиокомпании. Ескалацијата на судирот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Турција, бидејќи и двата пазари се многу важни за бизнисот, пишува турскиот весник „Сабах“. Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на средозменоморскиот брег на Турција. „Благодарение на оваа авиокомпанија, ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во наводите. Покрај тоа, и „Туркиш ерлајнс“ наводно има договор со руски агенции да резервира блокови седишта за руските туристи на своите летови. Сепак, поради нестабилната ситуација и западните санкции, Турција со доза песимизам гледа на бројот Руси кои ќе можат да ја посетат земјата оваа 2022 година.

The post Турција не се откажува од руските туристи, ќе формира и посебна авиокомпанија за нив appeared first on Република.

]]>