руски трупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-trupi/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Nov 2022 17:52:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски трупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-trupi/ 32 32 Шојгу нареди повлекување на московските трупи од Херсон  https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-naredi-povlekuvanje-na-moskovskite-trupi-od-herson/ Wed, 09 Nov 2022 17:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=572042

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели.

„Започнете да ги повлекувате војниците“, рече Шојгу за време на телевизискиот состанок со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој рече дека предложил „тешка одлука“ за повлекување од Херсон и поставување одбрана на левиот брег на реката Днепар.

Како што пренесуваат странските агенции, најавата на рускиот министер би претставувала едно од најзначајните руски повлекувања и потенцијална пресвртница во војната што трае речиси девет месеци.

Рускиот генерал Сергеј Суровикин во изјава за руски медиуми нагласи дека веќе не е можно да се снабдува Херсон. Тој додаде дека предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Днепар.

Руската одлука уследи по неколкунеделното напредување на украинските сили во градот и руските напори за евакуација на повеќе од 100.000 жители на Херсон.

„Ќе ги спасиме животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици. Залудно е нивното држење на десниот (западниот) брег. Некои од нив може да бидат на други фронтови“, рече Суровикин.

Пред неколку недели, украинските сили започнаа офанзива за ослободување на Херсон, единствениот украински провинциски центар окупиран од руските сили по почетокот на инвазијата на Украина во февруари.

Областа околу Херсон е единствената територија под руска контрола на западниот брег на Днепар.

The post Шојгу нареди повлекување на московските трупи од Херсон  appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели. „Започнете да ги повлекувате војниците“, рече Шојгу за време на телевизискиот состанок со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој рече дека предложил „тешка одлука“ за повлекување од Херсон и поставување одбрана на левиот брег на реката Днепар. Како што пренесуваат странските агенции, најавата на рускиот министер би претставувала едно од најзначајните руски повлекувања и потенцијална пресвртница во војната што трае речиси девет месеци. Рускиот генерал Сергеј Суровикин во изјава за руски медиуми нагласи дека веќе не е можно да се снабдува Херсон. Тој додаде дека предложил воспоставување одбранбени линии на источниот брег на реката Днепар. Руската одлука уследи по неколкунеделното напредување на украинските сили во градот и руските напори за евакуација на повеќе од 100.000 жители на Херсон. „Ќе ги спасиме животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици. Залудно е нивното држење на десниот (западниот) брег. Некои од нив може да бидат на други фронтови“, рече Суровикин. Пред неколку недели, украинските сили започнаа офанзива за ослободување на Херсон, единствениот украински провинциски центар окупиран од руските сили по почетокот на инвазијата на Украина во февруари. Областа околу Херсон е единствената територија под руска контрола на западниот брег на Днепар.

The post Шојгу нареди повлекување на московските трупи од Херсон  appeared first on Република.

]]>
Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-tvrdi-deka-ruskite-trupi-go-zazele-ukrainskiot-grad-izjum/ Thu, 24 Mar 2022 09:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=477551

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.

Сè уште нема потврда од украинската страна.

Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители.

Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти.

Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.

Информацијата не може да се потврди независно.

The post Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум appeared first on Република.

]]>

Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА. Сè уште нема потврда од украинската страна. Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители. Според руското Министерство за одбрана, во текот на изминатата ноќ се погодени повеќе од 60 украински воени објекти. Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството. Информацијата не може да се потврди независно.

The post Москва тврди дека руските трупи го зазеле украинскиот град Изјум appeared first on Република.

]]>