руски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-napad/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:22:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-napad/ 32 32 Руски ракети удрија по Одеса, главниот логистички центар за испорака на западно оружје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-raketi-udrija-po-odesa-glavniot-logistichki-tsentar-za-isporaka-na-zapadno-oruzhje-vo-ukraina/ Sat, 19 Oct 2024 08:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=828711

Како резултат на ракетен напад врз Одеса синоќа, според прелиминарните податоци, причинета е штета на трикатна зграда и повеќе од 10 приватни куќи, објави вршителот на должноста градоначалник на Одеса, Александар Филатов на официјалниот градски канал на Телеграм.

Според првичните информации, во моментов нема загинати или повредени. Спасувачките екипи од оперативните служби работат на терен.

Локалните власти ги повикуваат жителите на Одеса и регионот да се вратат во засолништата додека не стивне тревогата, која продолжува.

Одеса е еден од главните логистички центри за испорака на западно оружје во Украина.

The post Руски ракети удрија по Одеса, главниот логистички центар за испорака на западно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

Како резултат на ракетен напад врз Одеса синоќа, според прелиминарните податоци, причинета е штета на трикатна зграда и повеќе од 10 приватни куќи, објави вршителот на должноста градоначалник на Одеса, Александар Филатов на официјалниот градски канал на Телеграм. Според првичните информации, во моментов нема загинати или повредени. Спасувачките екипи од оперативните служби работат на терен. Локалните власти ги повикуваат жителите на Одеса и регионот да се вратат во засолништата додека не стивне тревогата, која продолжува. Одеса е еден од главните логистички центри за испорака на западно оружје во Украина.

The post Руски ракети удрија по Одеса, главниот логистички центар за испорака на западно оружје во Украина appeared first on Република.

]]>
Ги чистат подрумите: Летонците се спремаат за руски напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gi-chistat-podrumite-letontsite-se-spremaat-za-ruski-napad/ Sat, 27 Apr 2024 18:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=771772

Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата.

„Апелираме до сите - при големото чистење, но и потоа  - подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба “, изјави градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис.

Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за шпдарумите што му припаѓаат на градот.

Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“.

„Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 засолништа“, соопштија од комисијата.

The post Ги чистат подрумите: Летонците се спремаат за руски напад appeared first on Република.

]]>

Властите на Латвија, балтичка земја што е соседна со Русија, денеска ги повикаа граѓаните да ги претворат своите подруми во засолништа за воздушни напади, по повод традиционалниот национален ден на чистење во земјата. „Апелираме до сите - при големото чистење, но и потоа  - подрумите да можат да се користат како засолништа во случај на потреба “, изјави градоначалникот на Рига, Вилнис Кирсис. Градоначалникот додаде дека општинските службеници ќе се грижат за шпдарумите што му припаѓаат на градот. Комисијата за цивилна одбрана во Рига објави дека „подрумите на јавните згради, училиштата, пензионерските домови, болниците и другите градски простории ќе бидат проверени од надлежните органи и ќе бидат подготвени како засолништа во случај на напад“. „Имаме намера секој месец до крајот на годината да подготвуваме околу 100 засолништа“, соопштија од комисијата.

The post Ги чистат подрумите: Летонците се спремаат за руски напад appeared first on Република.

]]>
Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-stanbeni-zgradi-vo-tsentarot-na-harkov-se-oshteteni-vo-ruskiot-vozdushen-napad/ Sun, 07 Apr 2024 15:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=763499

За време на рускиот воздушен напад во центарот на Харков, оштетени се пет станбени згради, десетина гаражи и седум автомобили, објави на Телеграм Олександер Филчаков, шеф на регионалното обвинителство во Харков.

„Денеска, околу 11:45 часот, руската војска изврши масовно гранатирање на централниот дел на Харков од рускиот регион Белгород, со помош на авион... Две бомби паднаа во дворот на станбена зграда во областа Шевченко, 80 метри од влезот на централниот парк за рекреација, каде во тоа време имаше многу луѓе, меѓу кои и деца“, рече Филчаков.

Според него, во нападот биле користени бомби од 300 милиметри.

Филчаков додаде дека лекарска помош побарале три лица. паг/

 

The post Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>

За време на рускиот воздушен напад во центарот на Харков, оштетени се пет станбени згради, десетина гаражи и седум автомобили, објави на Телеграм Олександер Филчаков, шеф на регионалното обвинителство во Харков. „Денеска, околу 11:45 часот, руската војска изврши масовно гранатирање на централниот дел на Харков од рускиот регион Белгород, со помош на авион... Две бомби паднаа во дворот на станбена зграда во областа Шевченко, 80 метри од влезот на централниот парк за рекреација, каде во тоа време имаше многу луѓе, меѓу кои и деца“, рече Филчаков. Според него, во нападот биле користени бомби од 300 милиметри. Филчаков додаде дека лекарска помош побарале три лица. паг/  

The post Пет станбени згради во центарот на Харков се оштетени во рускиот воздушен напад appeared first on Република.

]]>
Полска ги активира воздушните сили pоради руски воздушни напади врз Киев и Лавов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-gi-aktivira-vozdushnite-sili-poradi-ruski-vozdushni-napadi-vrz-kiev-i-lavov/ Sun, 24 Mar 2024 09:45:41 +0000 https://republika.mk/?p=758024

Русија рано утринава изврши воздушни напади врз Киев и Лавов што ги натера вооружените сили на соседна Полска да ги активираат авионите за да го осигураат својот воздушен простор во близина на границата.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека неколку експлозии се слушнале во главниот град откако системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на нападот.

Украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија врз Киев и во близина на главниот град. Во нападот врз Киев нема жртви или поголема материјална штета“, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Русија почна да врши масовни воздушни напади врз критичната и воена инфраструктура  на Украина како одговор на украинските напади и гранатирање врз цивилите во Белгород и Курск, за време и непосредно по неодамнешните претседателски избори.

Веќе трето утро неделава цела Украина е под воздушна тревога и се советува да има засолниште“, објави рано утринава американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, на платформата X

Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.

Во големиот напад врз Лавов, руски ракети летале во близина на границата со Полска.

Полските и сојузничките авиони се активирани, што може да резултира со зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, соопштија полските вооружени сили на X.

 

The post Полска ги активира воздушните сили pоради руски воздушни напади врз Киев и Лавов appeared first on Република.

]]>

Русија рано утринава изврши воздушни напади врз Киев и Лавов што ги натера вооружените сили на соседна Полска да ги активираат авионите за да го осигураат својот воздушен простор во близина на границата. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека неколку експлозии се слушнале во главниот град откако системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на нападот.
Украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија врз Киев и во близина на главниот град. Во нападот врз Киев нема жртви или поголема материјална штета“, изјави на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.
Русија почна да врши масовни воздушни напади врз критичната и воена инфраструктура  на Украина како одговор на украинските напади и гранатирање врз цивилите во Белгород и Курск, за време и непосредно по неодамнешните претседателски избори.
Веќе трето утро неделава цела Украина е под воздушна тревога и се советува да има засолниште“, објави рано утринава американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, на платформата X
Руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар. Во големиот напад врз Лавов, руски ракети летале во близина на границата со Полска.
Полските и сојузничките авиони се активирани, што може да резултира со зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, соопштија полските вооружени сили на X.
 

The post Полска ги активира воздушните сили pоради руски воздушни напади врз Киев и Лавов appeared first on Република.

]]>
Русија ја нападна Украина со дронови и ракети камикази https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-napadna-ukraina-so-dronovi-i-raketi-kamikazi/ Thu, 21 Dec 2023 07:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=725060

Украина денеска соопшти за нов ноќен напад од Русија – со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени.

Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, кој се наоѓа во близина на северната граница на Украина, објавија украинските воздухопловни сили на платформата Телеграм. Тие посочија дека 34 од 35-те беспилотни летала биле соборени, но не пријавиле жртви или штета.

Русија речиси секоја вечер ја напаѓа Украина со дронови и проектили. Киев ја обвинува Москва дека се обидува да го тероризира цивилното население и да ја уништи нејзината енергетска инфраструктура за да ги остави луѓето во мрак и студ, како што направи минатата зима. Меѓутоа, оттогаш Украина ги зајакна своите системи за противвоздушна одбрана со западно оружје што и овозможува да ги уништи повеќето од беспилотните летала и ракети камикази испратени од Русија

The post Русија ја нападна Украина со дронови и ракети камикази appeared first on Република.

]]>

Украина денеска соопшти за нов ноќен напад од Русија – со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени. Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, кој се наоѓа во близина на северната граница на Украина, објавија украинските воздухопловни сили на платформата Телеграм. Тие посочија дека 34 од 35-те беспилотни летала биле соборени, но не пријавиле жртви или штета. Русија речиси секоја вечер ја напаѓа Украина со дронови и проектили. Киев ја обвинува Москва дека се обидува да го тероризира цивилното население и да ја уништи нејзината енергетска инфраструктура за да ги остави луѓето во мрак и студ, како што направи минатата зима. Меѓутоа, оттогаш Украина ги зајакна своите системи за противвоздушна одбрана со западно оружје што и овозможува да ги уништи повеќето од беспилотните летала и ракети камикази испратени од Русија

The post Русија ја нападна Украина со дронови и ракети камикази appeared first on Република.

]]>
НАТО ги договори плановите во случај на руски напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-gi-dogovori-planovite-vo-sluchaj-na-ruski-napad/ Mon, 10 Jul 2023 19:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=659851

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад.

Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана.

Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на плановите поради прашања за географски локации како Кипар, но членките на НАТО на крајот постигнаа договор, пишуваат британски медиуми.

Поради финансирањето на овие планови, лидерите се подготвени да ги зголемат целните воени трошоци, со што сегашните два отсто од националниот БДП ќе бидат минимални барања. Претставниците на НАТО проценуваат дека ќе бидат потребни неколку години за спроведување на плановите, иако нагласуваат дека ако е потребно, Алијансата може веднаш да војува.

The post НАТО ги договори плановите во случај на руски напад appeared first on Република.

]]>

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад. Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана. Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на плановите поради прашања за географски локации како Кипар, но членките на НАТО на крајот постигнаа договор, пишуваат британски медиуми. Поради финансирањето на овие планови, лидерите се подготвени да ги зголемат целните воени трошоци, со што сегашните два отсто од националниот БДП ќе бидат минимални барања. Претставниците на НАТО проценуваат дека ќе бидат потребни неколку години за спроведување на плановите, иако нагласуваат дека ако е потребно, Алијансата може веднаш да војува.

The post НАТО ги договори плановите во случај на руски напад appeared first on Република.

]]>
Руски воздушен напад откако Украинците им срушија дрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-vozdushen-napad-otkako-ukraintsite-im-srushija-dron/ Fri, 23 Jun 2023 05:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=654245

Од рано утринава завиваат сирените за воздушна опасност на повеќе места ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала.

На каналите на Телеграм има објави за експлозии во неколку региони, од Лавов на запад, до Херсон на југ, но нема потврди за жртви, пишуваат британските медиуми.

Руската противвоздушна одбрана доцна синоќа соборила беспилотно летало над јужниот руски град Курск, во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Роман Старовоит.

Тој на каналот Телеграм изјави дека противвоздушните системи биле активирани двапати, не споменувајќи штети или жртви, но побара од жителите да ги избегнуваат урнатините.

Во последните два месеца се извршени серија воздушни напади преку украинската граница во јужна Русија. Имаше и вооружени упади за кои одговорноста ја преземаа групи кои велат дека се противат на политиката на Кремљ.

Британските медиуми наведуваат дека Украина редовно одбива да ги коментира вестите за такви напади или упади.

The post Руски воздушен напад откако Украинците им срушија дрон appeared first on Република.

]]>

Од рано утринава завиваат сирените за воздушна опасност на повеќе места ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала. На каналите на Телеграм има објави за експлозии во неколку региони, од Лавов на запад, до Херсон на југ, но нема потврди за жртви, пишуваат британските медиуми. Руската противвоздушна одбрана доцна синоќа соборила беспилотно летало над јужниот руски град Курск, во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Роман Старовоит. Тој на каналот Телеграм изјави дека противвоздушните системи биле активирани двапати, не споменувајќи штети или жртви, но побара од жителите да ги избегнуваат урнатините. Во последните два месеца се извршени серија воздушни напади преку украинската граница во јужна Русија. Имаше и вооружени упади за кои одговорноста ја преземаа групи кои велат дека се противат на политиката на Кремљ. Британските медиуми наведуваат дека Украина редовно одбива да ги коментира вестите за такви напади или упади.

The post Руски воздушен напад откако Украинците им срушија дрон appeared first on Република.

]]>
Утрински руски напад на Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/utrinski-ruski-napad-na-kiev/ Mon, 08 May 2023 06:22:22 +0000 https://republika.mk/?p=638169

Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија.

Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црното Море, а експлозии имало и во неколку други украински региони.

Русија го засили гранатирањето на Бахмут, надевајќи се дека ќе го освои до вторник, изјави главниот украински генерал задолжен за одбрана на опколениот град, откако руската платеничка група Вагнер се откажа од плановите за повлекување, според последните информации.

Три лица се повредени во експлозии во областа Соломјанск во Киев, а уште две се повредени кога остатоци од беспилотно летало паднале врз областа Свјатошин, обата западно од центарот на главниот град, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграм.

Сергеј Братчук, портпарол на воената администрација во Одеса, на својот канал на Телеграм објави фотографии од голема зграда целосно зафатена во пламен во, како што рече, руски напад врз магацин со храна.

Откако сирените за воздушни напади одекнуваа со часови на околу две третини од Украина, медиумите исто така соопштија за експлозии во јужниот регион Херсон и Запорожје на југоисток.

Владимир Рогов, руски локален функционер во Запорожје, рече дека руските сили погодиле магацин и позиција на украински војници во Орихив, мал град во регионот, но нема независна потврда за тоа.

Руските сили вчера гранатираа осум локации во регионот Суми, североисточна Украина, објави регионалната воена администрација на Фејсбук.

Во изминатите две недели, нападите, исто така, се интензивираа врз цели под контрола на Русија, особено на Крим. Украина, без да потврди каква било улога во нападите, вели дека уништувањето на непријателската инфраструктура е подготовка за нејзината долгоочекувана контраофанзива.

Путин ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, нарекувајќи го тоа „специјална воена операција“ за одбрана на Русија од неонацистите во Украина, но Киев и неговите сојузници велат дека станува збор за неиспровоцирано грабање туѓа земја.

Инвазијата го предизвика најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна, убивајќи илјадници и принудувајќи милиони луѓе да ја напуштат земјата

The post Утрински руски напад на Киев appeared first on Република.

]]>

Русија започна бран големи напади врз Киев и други делови на Украина, соопштија украинските власти рано изутринава, додека Москва се подготвува да го прослави Денот на победата по повод годишнината од нејзината победа над нацистичка Германија. Најмалку пет лица се повредени во руските напади врз Киев, а според украинските власти, руски проектили запалиле складиште за храна во Одеса на Црното Море, а експлозии имало и во неколку други украински региони. Русија го засили гранатирањето на Бахмут, надевајќи се дека ќе го освои до вторник, изјави главниот украински генерал задолжен за одбрана на опколениот град, откако руската платеничка група Вагнер се откажа од плановите за повлекување, според последните информации. Три лица се повредени во експлозии во областа Соломјанск во Киев, а уште две се повредени кога остатоци од беспилотно летало паднале врз областа Свјатошин, обата западно од центарот на главниот град, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграм. Сергеј Братчук, портпарол на воената администрација во Одеса, на својот канал на Телеграм објави фотографии од голема зграда целосно зафатена во пламен во, како што рече, руски напад врз магацин со храна. Откако сирените за воздушни напади одекнуваа со часови на околу две третини од Украина, медиумите исто така соопштија за експлозии во јужниот регион Херсон и Запорожје на југоисток. Владимир Рогов, руски локален функционер во Запорожје, рече дека руските сили погодиле магацин и позиција на украински војници во Орихив, мал град во регионот, но нема независна потврда за тоа. Руските сили вчера гранатираа осум локации во регионот Суми, североисточна Украина, објави регионалната воена администрација на Фејсбук. Во изминатите две недели, нападите, исто така, се интензивираа врз цели под контрола на Русија, особено на Крим. Украина, без да потврди каква било улога во нападите, вели дека уништувањето на непријателската инфраструктура е подготовка за нејзината долгоочекувана контраофанзива. Путин ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година, нарекувајќи го тоа „специјална воена операција“ за одбрана на Русија од неонацистите во Украина, но Киев и неговите сојузници велат дека станува збор за неиспровоцирано грабање туѓа земја. Инвазијата го предизвика најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна, убивајќи илјадници и принудувајќи милиони луѓе да ја напуштат земјата

The post Утрински руски напад на Киев appeared first on Република.

]]>
Американците тврдат дека Русите си пукале сами на себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikantsite-tvrdat-deka-rusite-si-pukale-sami-na-sebe/ Thu, 04 May 2023 06:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=636662

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) вели дека Москва би можела да го искористи нападот врз Кремљ, за кој вели дека Русија „веројатно“ сама го организирала, за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај.

„Кремљ би можел да го искористи нападот за да го оправда откажувањето или дополнителното ограничување на прославите на 9 мај, дејствија кои најверојатно ќе ги интензивираат информациите за војната во Украина да се обликува како директна закана за почитувањето на Русија кон историските настани. Институтот претходно оцени дека Русија користи низа мерки за да ја означи војната во Украина како егзистенцијално прашање за домашната публика во Русија и да се подготви за поширока социјална мобилизација“, објави ИСВ

The post Американците тврдат дека Русите си пукале сами на себе appeared first on Република.

]]>

Американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ) вели дека Москва би можела да го искористи нападот врз Кремљ, за кој вели дека Русија „веројатно“ сама го организирала, за да ги ограничи или откаже настаните за Денот на победата, на 9 мај.
„Кремљ би можел да го искористи нападот за да го оправда откажувањето или дополнителното ограничување на прославите на 9 мај, дејствија кои најверојатно ќе ги интензивираат информациите за војната во Украина да се обликува како директна закана за почитувањето на Русија кон историските настани. Институтот претходно оцени дека Русија користи низа мерки за да ја означи војната во Украина како егзистенцијално прашање за домашната публика во Русија и да се подготви за поширока социјална мобилизација“, објави ИСВ

The post Американците тврдат дека Русите си пукале сами на себе appeared first on Република.

]]>
Руски напад на Киев со дронови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-napad-na-kiev-so-dronovi/ Tue, 28 Mar 2023 06:21:46 +0000 https://republika.mk/?p=624419

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви.

Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град.

Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Шахед од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив.

Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението.

„Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Телеграм, истакнувајќи дека информациите се прецизираат.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола.

Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади

The post Руски напад на Киев со дронови appeared first on Република.

]]>

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви. Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле „сите непријателски цели“ во воздушниот простор околу главниот град. Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија во текот на ноќта кон Украина лансирала вкупно 15 дронови Шахед од иранско производство, а дека украинските сили уништиле 14 од нив. Остатоци од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина од 200 квадратни метри во нестанбена зграда, се наведува во соопштението. „Според прелиминарните податоци, во моментов нема жртви“, објави Попко на Телеграм, истакнувајќи дека информациите се прецизираат. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на Телеграм објави дека е запалена продавница во Свијатошин, но оти нема жртви и пожарот е ставен под контрола. Во неколку региони на Украина утринава беа објавени предупредувања за воздушни напади

The post Руски напад на Киев со дронови appeared first on Република.

]]>
Силен руски напад врз Украина: Ракетите летале и над Молдавија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-ruski-napad-vrz-ukraina-raketite-letale-i-nad-moldavija/ Thu, 09 Mar 2023 06:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=617506

Сирените за воздушен напад алармирале непосредно пред 7 часот  за најголемиот ракетен напад врз Украина од почетокот на војната и напад на стратешката инфраструктура во последните пет месеци.

Нападот започнал рано изутрината во 4 часот по московско време кога се огласија сирените за воздушен напад низ Украина. Светлечки балони се појавиле над поголемите места и лебдеа, а неколку моменти подоцна следел масовен напад од камикази дронови, кои го растргнаа небото.

Паралелно со оној над Каспиското Езеро, 15 стратешки бомбардери Ту95МС од кои се лансираат крстосувачки ракети Х-101 и Х-555, 7 бомбардери со долг дострел ТУ-22М3 кои оперираат од територијата на Русија и Белорусија вооружени со крстосувачки ракети Х-22 кои имаат глава на боева глава со тежина од 950 кг.

Од морето нападот го извршиле три ракетни фрегати кои лансирале крстаречки ракети  лансирани од Црното Море го прелетале воздушниот простор на Молдавија.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека градот и регионот биле погодени од околу 15 проектили.

„Инфраструктурата повторно беше меѓу целите. Се собираат информации за жртви“, објави тој на Телеграм.

The post Силен руски напад врз Украина: Ракетите летале и над Молдавија appeared first on Република.

]]>

Сирените за воздушен напад алармирале непосредно пред 7 часот  за најголемиот ракетен напад врз Украина од почетокот на војната и напад на стратешката инфраструктура во последните пет месеци. Нападот започнал рано изутрината во 4 часот по московско време кога се огласија сирените за воздушен напад низ Украина. Светлечки балони се појавиле над поголемите места и лебдеа, а неколку моменти подоцна следел масовен напад од камикази дронови, кои го растргнаа небото. Паралелно со оној над Каспиското Езеро, 15 стратешки бомбардери Ту95МС од кои се лансираат крстосувачки ракети Х-101 и Х-555, 7 бомбардери со долг дострел ТУ-22М3 кои оперираат од територијата на Русија и Белорусија вооружени со крстосувачки ракети Х-22 кои имаат глава на боева глава со тежина од 950 кг. Од морето нападот го извршиле три ракетни фрегати кои лансирале крстаречки ракети  лансирани од Црното Море го прелетале воздушниот простор на Молдавија.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека градот и регионот биле погодени од околу 15 проектили.

„Инфраструктурата повторно беше меѓу целите. Се собираат информации за жртви“, објави тој на Телеграм.

The post Силен руски напад врз Украина: Ракетите летале и над Молдавија appeared first on Република.

]]>
Голем руски напад во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/golem-ruski-napad-vo-ukraina/ Thu, 26 Jan 2023 08:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=601168

Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“.

Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели.

Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира претходно на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Противвоздушната одбрана била активна и во јужните региони на земјата вклучувајќи ја и Одеса.

Предупредувањата за воздушен напад, кои почнаа околу 7:45 часот по киевско време, во моментов сè уште се во сила низ целата земја.

Денешниот напад доаѓа по непроспиената ноќ за многумина во Украина, бидејќи Русија во текот на ноќта лансираше бран ирански дронови камикази врз повеќе градови вклучувајќи го и Киев. Украинската воздушна одбрана ги собори сите 24, потсетува весникот.

Последниот голем ракетен напад на Русија врз Украина беше во саботата на 14 јануари, во кој ракета погоди станбена зграда во Дњепар, при што загинаа најмалку 46 луѓе

The post Голем руски напад во Украина appeared first on Република.

]]>

Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“. Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели. Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира претходно на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак. Противвоздушната одбрана била активна и во јужните региони на земјата вклучувајќи ја и Одеса. Предупредувањата за воздушен напад, кои почнаа околу 7:45 часот по киевско време, во моментов сè уште се во сила низ целата земја. Денешниот напад доаѓа по непроспиената ноќ за многумина во Украина, бидејќи Русија во текот на ноќта лансираше бран ирански дронови камикази врз повеќе градови вклучувајќи го и Киев. Украинската воздушна одбрана ги собори сите 24, потсетува весникот. Последниот голем ракетен напад на Русија врз Украина беше во саботата на 14 јануари, во кој ракета погоди станбена зграда во Дњепар, при што загинаа најмалку 46 луѓе

The post Голем руски напад во Украина appeared first on Република.

]]>
Во регионот на Лавов погодена воена инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-regionot-na-lavov-pogodena-voena-infrastruktura/ Sun, 15 May 2022 08:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=502438

Гувернерот на украинскиот регион Лавов, Максим Козицки на Телеграм објави дека во утринскиот напад на руските сили погодена е воена инфраструктура.

Тој наведе дека сè уште нема информации за евентуални жртви во нападот.

Се утврдува степенот на уништувањето, посочи Козицки.

The post Во регионот на Лавов погодена воена инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на украинскиот регион Лавов, Максим Козицки на Телеграм објави дека во утринскиот напад на руските сили погодена е воена инфраструктура. Тој наведе дека сè уште нема информации за евентуални жртви во нападот. Се утврдува степенот на уништувањето, посочи Козицки.

The post Во регионот на Лавов погодена воена инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Руските сили нападнаа психијатриска болница во украинскиот град Изум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-napadnaa-psihijatriska-bolnica-vo-ukrainskiot-grad-izum/ Fri, 11 Mar 2022 09:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=471180

Руските сили денеска извршија напад врз психијатриска болница во близина на источниот украински град Изум, јавија западните медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синегубов изјави дека 330 лица се наоѓале во болницата, а 73 се евакуирани. Тој истакна дека се утврдува бројот на жртви, опишувајќи го како „брутален напад врз цивили“.

Во текот на неделава беше извршен напад и врз детска болница и родилиште во градот Мариупол, при што загинале три лица.

The post Руските сили нападнаа психијатриска болница во украинскиот град Изум appeared first on Република.

]]>

Руските сили денеска извршија напад врз психијатриска болница во близина на источниот украински град Изум, јавија западните медиуми, повикувајќи се на регионалните власти. Гувернерот на регионот Харков, Олех Синегубов изјави дека 330 лица се наоѓале во болницата, а 73 се евакуирани. Тој истакна дека се утврдува бројот на жртви, опишувајќи го како „брутален напад врз цивили“. Во текот на неделава беше извршен напад и врз детска болница и родилиште во градот Мариупол, при што загинале три лица.

The post Руските сили нападнаа психијатриска болница во украинскиот град Изум appeared first on Република.

]]>
Убиени единаесет џихадисти во руски воздушни напади во Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubieni-edinaeset-dzihadisti-vo-ruski-vozdushni-napadi-vo-sirija/ Thu, 13 Jan 2022 17:51:46 +0000 https://republika.mk/?p=444293

Вкупно 11 џихадисти на Исламска држава се убиени во руски воздушни напади во источниот дел на Сирија.

Нападите се извршени во пустините Ал Сахне и Тадмор во централна Сирија и во пустината Деир Езора во источниот дел на земјата.

Во изминатите неколку часа 11 џихадисти се убиени во воздушните напади на руските сили против Исламска држава во сириската пустина. Џихадистите се кријат во пештерите во таа пустинска област каде што се уште има активни ограноци на Исламска држава, соопшти организацијата, додавајќи дека во тие напади се повредени 20 џихадисти - соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, се убиени речиси половина милион луѓе, а неколку милиони ги напуштиле своите домови.

Русија ги поддржува сириските владини сили од 2015 година и благодарение на таа клучна поддршка сирискиот претседател Башар ал Асад успеа да врати голем дел од територијата што ја загуби на почетокот на конфликтот.

The post Убиени единаесет џихадисти во руски воздушни напади во Сирија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 11 џихадисти на Исламска држава се убиени во руски воздушни напади во источниот дел на Сирија. Нападите се извршени во пустините Ал Сахне и Тадмор во централна Сирија и во пустината Деир Езора во источниот дел на земјата.
Во изминатите неколку часа 11 џихадисти се убиени во воздушните напади на руските сили против Исламска држава во сириската пустина. Џихадистите се кријат во пештерите во таа пустинска област каде што се уште има активни ограноци на Исламска држава, соопшти организацијата, додавајќи дека во тие напади се повредени 20 џихадисти - соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.
Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, се убиени речиси половина милион луѓе, а неколку милиони ги напуштиле своите домови. Русија ги поддржува сириските владини сили од 2015 година и благодарение на таа клучна поддршка сирискиот претседател Башар ал Асад успеа да врати голем дел од територијата што ја загуби на почетокот на конфликтот.

The post Убиени единаесет џихадисти во руски воздушни напади во Сирија appeared first on Република.

]]>