руски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-mediumi/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Apr 2022 10:30:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски медиуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-mediumi/ 32 32 Ковачевски ја обвини Русија за дезинфомациите во медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-obvini-rusija-za-dezinfomaciite-vo-mediumite/ Wed, 13 Apr 2022 10:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=487809

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“ вели дека дезинформациите што во нашата земја се пласираат во контекст на актуелните политички случувања потекнуваат од трети земји кои не сакаат оваа земја да напредува и да се развива.

– Ова е јасно финансирано од Русија. Затоа членството во ЕУ е наша стратешка цел. Тоа нуди слобода на критичко размислување, социјална правда и економски просперитет. Тоа го сакаат и луѓето во Македонија и во регионот, истакнува за „Ди Пресе“ Ковачевски.

The post Ковачевски ја обвини Русија за дезинфомациите во медиумите appeared first on Република.

]]>

EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-diplomatot-koj-ni-veti-volja-mesto-datum-ja-kritikuva-rusija-za-slobodata-na-mediumite/ Mon, 28 Mar 2022 18:07:56 +0000 https://republika.mk/?p=480019

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.

– Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел.

Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година и Ана Политковскаја која беше убиена во центарот на Москва во 2006 година, како и пет други новинари на Нова Газета кои со живот платија за нивната храбра работа.

– Европската унија ги пофалува независните медиуми во Русија и индивидуалните новинари кои ги бранат вредностите на демократијата, владеењето на правото и слободата. Оние кои се обидуваат да го информираат рускиот народ за војната што руското раководство ја води против Украина, вклучително и воените злосторства извршени од руската армија, а кои се под истрага на Меѓународниот кривичен суд, наведува Борел.

Тој заклучува дека ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на кампањите за дезинформација на Кремљ и да ги поддржува руските независни медиуми и новинари

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи.
– Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел.
Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година и Ана Политковскаја која беше убиена во центарот на Москва во 2006 година, како и пет други новинари на Нова Газета кои со живот платија за нивната храбра работа. – Европската унија ги пофалува независните медиуми во Русија и индивидуалните новинари кои ги бранат вредностите на демократијата, владеењето на правото и слободата. Оние кои се обидуваат да го информираат рускиот народ за војната што руското раководство ја води против Украина, вклучително и воените злосторства извршени од руската армија, а кои се под истрага на Меѓународниот кривичен суд, наведува Борел. Тој заклучува дека ЕУ ќе продолжи да се спротивставува на кампањите за дезинформација на Кремљ и да ги поддржува руските независни медиуми и новинари

The post EУ дипломатот кој ни вети волја место датум ја критикува Русија за слободата на медиумите appeared first on Република.

]]>