руски граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-gragjani/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 15:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски граѓани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-gragjani/ 32 32 Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-kje-plakjaat-povekje-i-kje-chekaat-podolgo-eu-predlaga-celosna-suspenzija-na-vizniot-dogovor-so-rusija/ Tue, 06 Sep 2022 15:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=548023

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго.

Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање.

Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.

Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.

Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“.

Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза.

Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега.

Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени.

Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго. Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање. Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.
Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.
Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“. Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза. Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега. Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени. Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>