руски генерал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-general/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 16:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски генерал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-general/ 32 32 Ненадејно почина руски генерал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nenadejno-pochina-ruski-general/ Tue, 09 Jul 2024 16:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=795039

Рускиот генерал Магомед Хандаев (61) познат уште и како Генералот на Путин, за кој се верува дека бил клучен сведок во големиот корупциски скандал што го зафати руското Министерство за одбрана, ненадејно почина.

Магомед Хандаев (61) беше началник на Дирекцијата за државни експертизи на руското Министерство за одбрана. Тој беше подреден на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов (48), кој беше уапсен под сомнение за корупциски шеми вредни 9 милиони фунти и останува во притвор.

Хандаев се сметаше за важен сведок во корупцискиот скандал што го погоди Министерството за одбрана. Неговата смрт е последната во низата необјаснети смртни случаи на водечки руски личности од почетокот на војната во Украина.

Претходно беше генерален директор на Главната дирекција за специјална градба.

Тој беше една од влијателните личности во изградбата на објекти на Министерството за одбрана низ земјата“, рече изворот. Причината за смртта на Хандаев не е прецизирана.

Според извештаите, неговото тело било пренесено од Москва во неговиот роден регион Дагестан каде требало да биде погребан.

Имал голем број државни одликувања, меѓу кои и Орденот на Александар Невски. Новинската агенција „Компромат груп“ објави дека Хандаев имал „блиски врски со високи функционери чии активности неодамна го привлекле вниманието на агенциите за спроведување на законот“.

Неговата смрт „покренува прашања, особено во контекст на неодамнешните „чистки“ меѓу високи претставници на Министерството за одбрана поврзани со корупциски скандали.

Не е јасно до каде планирале да одат инспекторите во нивните истраги или дали смртта на Хандаи била дел од поголема слика.

Смртта на генералот секако ќе стане згоден повод за оние кои сакаат да ги прикријат трагите од корупциските шеми во Министерството за одбрана.

Приведени се и поранешните соработници на Хандаев.

 

The post Ненадејно почина руски генерал appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Магомед Хандаев (61) познат уште и како Генералот на Путин, за кој се верува дека бил клучен сведок во големиот корупциски скандал што го зафати руското Министерство за одбрана, ненадејно почина. Магомед Хандаев (61) беше началник на Дирекцијата за државни експертизи на руското Министерство за одбрана. Тој беше подреден на заменик министерот за одбрана Тимур Иванов (48), кој беше уапсен под сомнение за корупциски шеми вредни 9 милиони фунти и останува во притвор. Хандаев се сметаше за важен сведок во корупцискиот скандал што го погоди Министерството за одбрана. Неговата смрт е последната во низата необјаснети смртни случаи на водечки руски личности од почетокот на војната во Украина. Претходно беше генерален директор на Главната дирекција за специјална градба.
Тој беше една од влијателните личности во изградбата на објекти на Министерството за одбрана низ земјата“, рече изворот. Причината за смртта на Хандаев не е прецизирана.
Според извештаите, неговото тело било пренесено од Москва во неговиот роден регион Дагестан каде требало да биде погребан. Имал голем број државни одликувања, меѓу кои и Орденот на Александар Невски. Новинската агенција „Компромат груп“ објави дека Хандаев имал „блиски врски со високи функционери чии активности неодамна го привлекле вниманието на агенциите за спроведување на законот“. Неговата смрт „покренува прашања, особено во контекст на неодамнешните „чистки“ меѓу високи претставници на Министерството за одбрана поврзани со корупциски скандали. Не е јасно до каде планирале да одат инспекторите во нивните истраги или дали смртта на Хандаи била дел од поголема слика. Смртта на генералот секако ќе стане згоден повод за оние кои сакаат да ги прикријат трагите од корупциските шеми во Министерството за одбрана. Приведени се и поранешните соработници на Хандаев.  

The post Ненадејно почина руски генерал appeared first on Република.

]]>
Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-general-zagina-vo-eksplozija-na-mina-vo-ukraina/ Fri, 01 Dec 2023 20:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=718210

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус.

Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус. Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова. Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>
Руски генерал загинал во експлозија на мина во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-general-zaginal-vo-eksplozija-na-mina-vo-ukraina/ Fri, 01 Dec 2023 08:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=718211

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус.

Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загинал во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус. Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова. Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загинал во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>
Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/visok-ruski-general-ubien-vo-ukrainski-raketen-napad/ Wed, 12 Jul 2023 17:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=660549

Заменик-командантот на рускиот јужен воен округ, генерал Олег Зоков е убиен во украински ракетен напад, објави руската државна телевизија.

За жал, тој загина херојски. Тој човек заслужува големо признание, тој имаше неверојатен авторитет во вооружените сили“, изјави пензионираниот генерал и пратеник во Думата Андреј Гуруљов за телевизијата.

Руското Министерство за одбрана официјално не потврди дека Зоков е убиен. Неколку руски Телеграмски канали претходно објавија дека Зоков е убиен во гранатирањето на окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на околу 100 километри од фронтот.

Киев значително го засили гранатирањето на руските задни командни и логистички центри и складишта за гориво и муниција во последните неколку недели, користејќи, меѓу другото, британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“.

Зоков (51) се најде на европската листа на санкционирани за учество во војната. Се верува дека тој е делумно одговорен за серијата ракетни напади врз украинските градови. Тој е шестиот руски генерал чија смрт е потврдена од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.

 

The post Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад appeared first on Република.

]]>

Заменик-командантот на рускиот јужен воен округ, генерал Олег Зоков е убиен во украински ракетен напад, објави руската државна телевизија.
За жал, тој загина херојски. Тој човек заслужува големо признание, тој имаше неверојатен авторитет во вооружените сили“, изјави пензионираниот генерал и пратеник во Думата Андреј Гуруљов за телевизијата.
Руското Министерство за одбрана официјално не потврди дека Зоков е убиен. Неколку руски Телеграмски канали претходно објавија дека Зоков е убиен во гранатирањето на окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на околу 100 километри од фронтот. Киев значително го засили гранатирањето на руските задни командни и логистички центри и складишта за гориво и муниција во последните неколку недели, користејќи, меѓу другото, британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“. Зоков (51) се најде на европската листа на санкционирани за учество во војната. Се верува дека тој е делумно одговорен за серијата ракетни напади врз украинските градови. Тој е шестиот руски генерал чија смрт е потврдена од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година.  

The post Висок руски генерал убиен во украински ракетен напад appeared first on Република.

]]>
Уште еден руски генерал убиен во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-ruski-general-ubien-vo-ukraina/ Tue, 13 Jun 2023 10:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=650802

Руските медиуми објавија во понеделникот дека искусен руски генерал загинал во украински ракетен напад во јужниот дел на Запорожје, пишува „Гардијан“.

Како резултат на непријателски ракетен напад, началникот на Генералштабот на 35-та комбинирана армија, генерал-мајор Сергеј Горјачев, беше убиен, истакна провоениот блогер Военкор во објава на Телеграм.

Според „Гардијан“, Горјачев е одликуван командант кој претходно ги предводел руските трупи во отцепениот регион Придњестровје во Молдавија.

Военкор додаде дека денеска армијата изгубила „еден од најбрилијантните и најефикасните воени лидери“.

Неколку руски воени блогери сугерираа дека Горјачев најверојатно бил убиен од крстосувачка ракета Storm Shadow испорачана од Велика Британија.

Руското министерство за одбрана се уште не ја коментирало смртта на генералот.

Се верува дека повеќе од десет руски генерали се убиени откако Москва ја нападна Украина и дека регионот Запорожје, од кој околу 80 отсто е под контрола на руските сили, е една од главните фокусни точки на украинската контраофанзива.

 

The post Уште еден руски генерал убиен во Украина appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми објавија во понеделникот дека искусен руски генерал загинал во украински ракетен напад во јужниот дел на Запорожје, пишува „Гардијан“.
Како резултат на непријателски ракетен напад, началникот на Генералштабот на 35-та комбинирана армија, генерал-мајор Сергеј Горјачев, беше убиен, истакна провоениот блогер Военкор во објава на Телеграм.
Според „Гардијан“, Горјачев е одликуван командант кој претходно ги предводел руските трупи во отцепениот регион Придњестровје во Молдавија. Военкор додаде дека денеска армијата изгубила „еден од најбрилијантните и најефикасните воени лидери“. Неколку руски воени блогери сугерираа дека Горјачев најверојатно бил убиен од крстосувачка ракета Storm Shadow испорачана од Велика Британија. Руското министерство за одбрана се уште не ја коментирало смртта на генералот. Се верува дека повеќе од десет руски генерали се убиени откако Москва ја нападна Украина и дека регионот Запорожје, од кој околу 80 отсто е под контрола на руските сили, е една од главните фокусни точки на украинската контраофанзива.  

The post Уште еден руски генерал убиен во Украина appeared first on Република.

]]>
„Замина како воин“: Руски медиуми го потврдуваат загинувањето на руски генерал во Донбас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zamina-kako-voin-ruski-mediumi-go-potvrduvaat-zaginuvanjeto-na-ruski-general-vo-donbas/ Mon, 06 Jun 2022 08:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=511621

Руските медиуми потврдуваат дека генерал-мајор, Роман Кутузов, загинал за време на руската специјална операција во Украина.

Заминавте како војник, како воин. Ова не им е дадено на сите - објави воениот дописник Александар Сладков на својат канал на Телеграм.

Истовремено, каналот на Телеграм „Воено разузнавање“ информира дека Кутузов загинал за време на борбена мисија во близина на селото Николајевка, област Попасња, во Луганската Народна Република.

Во известувањето се наведува дека за време на службата, Кутузов бил одликуван со Орденот за храброст „За воени заслуги“, како и со медалот „За храброст“.

The post „Замина како воин“: Руски медиуми го потврдуваат загинувањето на руски генерал во Донбас appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми потврдуваат дека генерал-мајор, Роман Кутузов, загинал за време на руската специјална операција во Украина.
Заминавте како војник, како воин. Ова не им е дадено на сите - објави воениот дописник Александар Сладков на својат канал на Телеграм.
Истовремено, каналот на Телеграм „Воено разузнавање“ информира дека Кутузов загинал за време на борбена мисија во близина на селото Николајевка, област Попасња, во Луганската Народна Република. Во известувањето се наведува дека за време на службата, Кутузов бил одликуван со Орденот за храброст „За воени заслуги“, како и со медалот „За храброст“.

The post „Замина како воин“: Руски медиуми го потврдуваат загинувањето на руски генерал во Донбас appeared first on Република.

]]>
Украина тврди дека е убиен уште еден руски генерал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-tvrdi-deka-e-ubien-ushte-eden-ruski-general/ Sat, 19 Mar 2022 08:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=475284

Руски генерал е убиен во украинскиот град Чернобаевка по артилериски напад, објави денеска Генералштабот на украинската армија, наведувајќи дека е убиен генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та армија на Јужниот воен округ на Оружените сили на Руската Федерација.

Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер.

Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена војна.

Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградие на југоисточниот град Мариупол

The post Украина тврди дека е убиен уште еден руски генерал appeared first on Република.

]]>

Руски генерал е убиен во украинскиот град Чернобаевка по артилериски напад, објави денеска Генералштабот на украинската армија, наведувајќи дека е убиен генерал-полковник Андреј Мордвичев, командант на 8-та армија на Јужниот воен округ на Оружените сили на Руската Федерација. Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер. Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена војна. Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградие на југоисточниот град Мариупол

The post Украина тврди дека е убиен уште еден руски генерал appeared first on Република.

]]>
Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-en-en-tret-ruski-general-e-ubien-od-ukrainskite-sili-soopshtija-zapadnite-vlasti/ Fri, 11 Mar 2022 19:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=471512

Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен.

Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ.

Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина.

Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март.

Во соопштението, властите велат дека Суховецки – заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија – загинал на 28 февруари „додека извршувал борбена мисија за време на специјална операција во Украина“.

Во вторникот, Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот  генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков.

Руското Министерство за одбрана засега не коментираше

The post Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти appeared first on Република.

]]>

Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен. Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ. Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време на целиот конфликт во Сирија и процени дека Русија во овој момент има вкупно 20 генерали во Украина. Си-Ен-Ен претходно објави дека рускиот генерал-мајор Андреј Суховецки бил убиен додека се борел во Украина, според соопштението на градската управа на Новоросијск во Русија на 3 март. Во соопштението, властите велат дека Суховецки – заменик-командант на 41-та комбинирана армија на Централниот воен округ на Русија – загинал на 28 февруари „додека извршувал борбена мисија за време на специјална операција во Украина“. Во вторникот, Министерството за одбрана на Украина соопшти дека рускиот  генерал-мајор Виталиј Герасимов – бил убиен во битка кај Харков. Руското Министерство за одбрана засега не коментираше

The post Си-Ен-Ен: Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти appeared first on Република.

]]>