руски гас и нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-gas-i-nafta/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Aug 2022 18:34:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски гас и нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-gas-i-nafta/ 32 32 Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshka-energetskata-vojna-so-rusija-shteti-na-cela-eu/ Fri, 26 Aug 2022 18:34:48 +0000 https://republika.mk/?p=544554

Европа се соочува со големо зголемување на сметките за енергија, поттикнати од силниот пораст на цените на гасот, додека војната во Украина и европските санкции против Русија ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на снабдувањето со гас. Владите разгледуваат мерки за намалување на порастот на сметките за домаќинствата и компаниите.

Чешка ќе предложи вонредна средба на европските министри за енергетика колку е можно побрзо за да се расправа за прашањето на растечките цени на енергенсите, кажа чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.

„Ние сме во енергетска војна во Русија и тоа ѝ штети на целата ЕУ. Во договор со Европската комисија и премиерот Петр Фијала ќе предложиме свикување на вонредна средба на Советот на ЕУ за енергетика што е можно побрзо“, напиша Сикела на Твитер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фијала се согласија Чешка, претседавачот со ЕУ, да свика итен вонреден состанок на министрите за енергетика на земјите-членки да се договорат како да се контролираат ​​цените на енергијата.

Ова денеска го објави Фијала на Твитер и најави „конкретни вонредни мерки за решавање на енергетската состојба“, додека министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела рече дека средбата ќе се одржи во најкраток можен рок.

Тој најави дека решението што Чешка сигурно ќе го поддржи ќе биде да се одредат максимални цени за струјата, гасот и нафтата во ЕУ.

„Исто така, би било можно да цените да се раздвојат според видот на производството на електрична енергија или да се променат системот на дозволи за емисија. Тоа се многу технички дебати и секое решение има свои поддржувачи“, рече Сикела.

Чешкиот претседател Милош Земан вчера побара да се контролираат цените на енергенсите, кои излегоа од контрола по рускиот напад на Украина, а денеска претставници на чешките регионални власти побараа од владата да започне со регулирање на цените на енергијата од следната година, без оглед на европското решение.

„Порастот на цените е таков што веќе не може да се зборува за криза туку за колапс. Русија го користи гасот како оружје. Нашиот предлог за домаќинствата е владата да премине на регулирана цена од почетокот на годината. Така би се приспособила 75 отсто од вообичаената потрошувачка во конкретниот објект. За јавниот сектор на државата треба да назначи државен продавач на енергија. Законот ќе ги обврзе енергетските компании да му продаваат од 10 до 15 проценти од своето производство“, рече претседателот на Здружението на чешки региони, Мартин Куба.

Министерот за правда Павел Блажек предупреди дека расположението во општеството е најдраматично од падот на комунистите и дека доколку не се реши енергетската криза, се закануваат социјални немири и загрозен е политичкиот систем во земјата.

Доколку не се најде заедничко европско решение, загрозена е и самата Европска унија“, изјави денеска Блажек на седницата на чешкиот Парламент. паг/

The post Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европа се соочува со големо зголемување на сметките за енергија, поттикнати од силниот пораст на цените на гасот, додека војната во Украина и европските санкции против Русија ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на снабдувањето со гас. Владите разгледуваат мерки за намалување на порастот на сметките за домаќинствата и компаниите. Чешка ќе предложи вонредна средба на европските министри за енергетика колку е можно побрзо за да се расправа за прашањето на растечките цени на енергенсите, кажа чешкиот министер за индустрија Јозеф Сикела.
„Ние сме во енергетска војна во Русија и тоа ѝ штети на целата ЕУ. Во договор со Европската комисија и премиерот Петр Фијала ќе предложиме свикување на вонредна средба на Советот на ЕУ за енергетика што е можно побрзо“, напиша Сикела на Твитер.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фијала се согласија Чешка, претседавачот со ЕУ, да свика итен вонреден состанок на министрите за енергетика на земјите-членки да се договорат како да се контролираат ​​цените на енергијата. Ова денеска го објави Фијала на Твитер и најави „конкретни вонредни мерки за решавање на енергетската состојба“, додека министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела рече дека средбата ќе се одржи во најкраток можен рок. Тој најави дека решението што Чешка сигурно ќе го поддржи ќе биде да се одредат максимални цени за струјата, гасот и нафтата во ЕУ.
„Исто така, би било можно да цените да се раздвојат според видот на производството на електрична енергија или да се променат системот на дозволи за емисија. Тоа се многу технички дебати и секое решение има свои поддржувачи“, рече Сикела.
Чешкиот претседател Милош Земан вчера побара да се контролираат цените на енергенсите, кои излегоа од контрола по рускиот напад на Украина, а денеска претставници на чешките регионални власти побараа од владата да започне со регулирање на цените на енергијата од следната година, без оглед на европското решение.
„Порастот на цените е таков што веќе не може да се зборува за криза туку за колапс. Русија го користи гасот како оружје. Нашиот предлог за домаќинствата е владата да премине на регулирана цена од почетокот на годината. Така би се приспособила 75 отсто од вообичаената потрошувачка во конкретниот објект. За јавниот сектор на државата треба да назначи државен продавач на енергија. Законот ќе ги обврзе енергетските компании да му продаваат од 10 до 15 проценти од своето производство“, рече претседателот на Здружението на чешки региони, Мартин Куба.
Министерот за правда Павел Блажек предупреди дека расположението во општеството е најдраматично од падот на комунистите и дека доколку не се реши енергетската криза, се закануваат социјални немири и загрозен е политичкиот систем во земјата.
Доколку не се најде заедничко европско решение, загрозена е и самата Европска унија“, изјави денеска Блажек на седницата на чешкиот Парламент. паг/

The post Чешка: Енергетската војна со Русија ѝ штети на цела ЕУ appeared first on Република.

]]>
Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-prestane-da-kupuva-ruski-jaglen-i-nafta-na-31-dekemvri/ Wed, 13 Jul 2022 09:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=527973

По одлуката на Москва да ја нападне Украине, Германија сакаше да стави крај на енергетското потпирање врз Русија. Па денеска конечно успеа. Падна одлука дека земјата ќе го прекине купувањето руски јаглен на 1 август, а ќе прекине да купува руска нафта од 31 декември.

Русија претходно испорачуваше 40 отсто од германскиот јаглен и 40 отсто од нејзината нафта, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

The post Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Москва да ја нападне Украине, Германија сакаше да стави крај на енергетското потпирање врз Русија. Па денеска конечно успеа. Падна одлука дека земјата ќе го прекине купувањето руски јаглен на 1 август, а ќе прекине да купува руска нафта од 31 декември. Русија претходно испорачуваше 40 отсто од германскиот јаглен и 40 отсто од нејзината нафта, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

The post Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември appeared first on Република.

]]>
Русија за 100 дена војна заработи 93 милијарди евра од нафта и гас, најголеми купувачи Германија и Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-za-100-dena-vojna-zaraboti-93-milijardi-evra-od-nafta-i-gas-najgolemi-kupuvachi-germanija-i-francija/ Tue, 14 Jun 2022 10:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=514945

Санкциите речиси и да немаат никакво влијание врз руската економија.Напротив , за 100 дена војна Русија од продажба на нафта и гас.

Според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милијарди евра.

Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра)

Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива се поврзани со сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку гасоводи, нафтени деривати, природен гас (ЛНГ) и јаглен.

Со тоа Франција стана најголем купувач на гас во светот“

Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, се вели во извештајот. Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.

 

https://republika.mk/vesti/svet/koj-tuka-gubi-i-so-sankcii-rusija-zarabotuva-milijarda-dolari-dnevno-od-nafta-i-gas/?fbclid=IwAR0NO4EEj0TEAicaS4rDq1vBRCpBxI7OIOOJnIp5VLQruZiERz9gycZ-WOE

 

The post Русија за 100 дена војна заработи 93 милијарди евра од нафта и гас, најголеми купувачи Германија и Франција appeared first on Република.

]]>

Санкциите речиси и да немаат никакво влијание врз руската економија.Напротив , за 100 дена војна Русија од продажба на нафта и гас. Според извештајот на Независниот центар за истражување на енергија и чистота на воздухот (CREA) во Финска, дури 61 отсто од рускиот извоз на фосилни горива отишол во Европската унија за околу 57 милијарди евра. Најголеми поединечни земји кои увезуваат руски фосилни горива се Кина (12,6 милијарди евра), Германија (12,1 милијарди евра) и Италија (7,8 милијарди евра) Најголем дел од приходите на Русија од фосилните горива се поврзани со сурова нафта (46 милијарди евра), а потоа следи гасот што Русија го извезува преку гасоводи, нафтени деривати, природен гас (ЛНГ) и јаглен. Со тоа Франција стана најголем купувач на гас во светот“ Цените на руските фосилни горива за извоз се во просек за 60 отсто повисоки од минатата година, се вели во извештајот. Некои земји, како Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати, го зголемија увозот на фосилни горива од Русија.   https://republika.mk/vesti/svet/koj-tuka-gubi-i-so-sankcii-rusija-zarabotuva-milijarda-dolari-dnevno-od-nafta-i-gas/?fbclid=IwAR0NO4EEj0TEAicaS4rDq1vBRCpBxI7OIOOJnIp5VLQruZiERz9gycZ-WOE  

The post Русија за 100 дена војна заработи 93 милијарди евра од нафта и гас, најголеми купувачи Германија и Франција appeared first on Република.

]]>