руски државјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-drzavjani/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Jan 2023 10:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски државјани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-drzavjani/ 32 32 Бугарија лани прогласила 84 руски државјани за непожелни во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-lani-proglasila-84-ruski-drzhavjani-za-nepozhelni-vo-zemjata/ Wed, 04 Jan 2023 10:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=593490

Бугарија минатата година прогласила за „персона нон грата“ 84 вработени во руски официјални претставништва во земјата.

Претседателот на Државната агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, во интервјуто за БТА посочува дека во моментов нема непосреден безбедносен ризик за граѓаните во Бугарија. Сепак, тој укажува на можноста од интензивирање на протокот мигранти низ земјата, како и економски потешкотии предизвикани од раст на цените и нарушување на синџирите на снабдување.

„Војната во Украина ги одразува амбициите на Руската Федерација да интервенира во светскиот поредок и да се спротивстави на САД и Западот. Настаните во изминатата година ги ставија на дневен ред темите за глобалната безбедност на храната и потребата за надминување на енергетската зависност на Европската унија (ЕУ) од Русија“, вели Тончев.

Тој уште ја нагласува и потребата од засилена заштита од поизразените, растечки закани во областа на информатичката технологија и кибер-безбедноста.

 

The post Бугарија лани прогласила 84 руски државјани за непожелни во земјата appeared first on Република.

]]>

Бугарија минатата година прогласила за „персона нон грата“ 84 вработени во руски официјални претставништва во земјата. Претседателот на Државната агенција за национална безбедност, Пламен Тончев, во интервјуто за БТА посочува дека во моментов нема непосреден безбедносен ризик за граѓаните во Бугарија. Сепак, тој укажува на можноста од интензивирање на протокот мигранти низ земјата, како и економски потешкотии предизвикани од раст на цените и нарушување на синџирите на снабдување. „Војната во Украина ги одразува амбициите на Руската Федерација да интервенира во светскиот поредок и да се спротивстави на САД и Западот. Настаните во изминатата година ги ставија на дневен ред темите за глобалната безбедност на храната и потребата за надминување на енергетската зависност на Европската унија (ЕУ) од Русија“, вели Тончев. Тој уште ја нагласува и потребата од засилена заштита од поизразените, растечки закани во областа на информатичката технологија и кибер-безбедноста.  

The post Бугарија лани прогласила 84 руски државјани за непожелни во земјата appeared first on Република.

]]>
Финска ќе го ограничи влезот на руски државјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-kje-go-ogranichi-vlezot-na-ruski-drzavjani/ Fri, 23 Sep 2022 17:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=553607

Финските власти соопштија дека „значително ќе го ограничат влезот на руски државјани“, на границата со Русија, откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зглолеми по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна воена мобилизација.

Наведувајќи ја „сериозната штета на меѓународната положба на Финска“, Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика, исто така, заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, се вели во соопштението на финската влада.

Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најави мобилизација за војната во Украина, изјави портпаролот на граничната агенција за новинската агенција „АФП“.

Во четвртокот, финската премиерка Сана Марин рече дека „туристичките патувања на Русите мора да се запрат, вклучително и транзитот низ Финска“.

Финска побара одлука од Европската унија (ЕУ) за ограничување на визите за Русите, но финскиот министер за надворешни работи во средата рече дека „не може да се гарантира дека тоа ќе се реализира брзо“.

Балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, кои се граничат со Русија, веќе ги заострија сопствените визни правила, оставајќи ја Финска како последен сосед на Русија во ЕУ каде што можат да поминат оние со шенген визи.

 

The post Финска ќе го ограничи влезот на руски државјани appeared first on Република.

]]>

Финските власти соопштија дека „значително ќе го ограничат влезот на руски државјани“, на границата со Русија, откако бројот на премини од руска страна кон Финска нагло се зглолеми по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна воена мобилизација. Наведувајќи ја „сериозната штета на меѓународната положба на Финска“, Комитетот на министри за надворешна и безбедносна политика, исто така, заклучи дека новите визи ќе бидат ограничени, се вели во соопштението на финската влада. Бројот на Руси кои влегуваат во Финска е двојно зголемен, откако Москва најави мобилизација за војната во Украина, изјави портпаролот на граничната агенција за новинската агенција „АФП“. Во четвртокот, финската премиерка Сана Марин рече дека „туристичките патувања на Русите мора да се запрат, вклучително и транзитот низ Финска“. Финска побара одлука од Европската унија (ЕУ) за ограничување на визите за Русите, но финскиот министер за надворешни работи во средата рече дека „не може да се гарантира дека тоа ќе се реализира брзо“. Балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, кои се граничат со Русија, веќе ги заострија сопствените визни правила, оставајќи ја Финска како последен сосед на Русија во ЕУ каде што можат да поминат оние со шенген визи.  

The post Финска ќе го ограничи влезот на руски државјани appeared first on Република.

]]>
Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baltichkite-zemji-kje-dozvoluvaat-vlez-za-ruski-drzavjani-samo-vo-iskluchitelni-situacii/ Wed, 07 Sep 2022 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=548328

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи.

Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.

Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.

Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи. Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.
Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>
Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litvanija-ne-saka-da-dava-vizi-za-ruski-gragjani-ako-nema-evropska-odluka-kje-insistira-na-regionalno-reshenie/ Tue, 23 Aug 2022 21:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=543436

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека доколку не се постигне договор во Европската унија за забрана за издавање туристички визи за руските граѓани, нема да ја исклучи потрагата по решение во регионот во кое покрај балтичките земји би биле вклучени и Полска и Финска.

Ландсбергис порача дека претпочита „европско решение бидејќи тоа е најодржливо и законски најправилно“.

Доколку не се најде такво решение, не исклучуваме да бараме регионално решение - порача Ландсбергис без да објасни што всушност значи тоа.

Петте земји за кои зборуваше, а сите се членки на ЕУ, бараат целата Унија да престане да издава туристички визи за руските граѓани. Сепак, ЕУ не го поддржува тоа решение со кое би имало ускратување на патувањата на Русите додека трае војната во Украина.

The post Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека доколку не се постигне договор во Европската унија за забрана за издавање туристички визи за руските граѓани, нема да ја исклучи потрагата по решение во регионот во кое покрај балтичките земји би биле вклучени и Полска и Финска. Ландсбергис порача дека претпочита „европско решение бидејќи тоа е најодржливо и законски најправилно“.
Доколку не се најде такво решение, не исклучуваме да бараме регионално решение - порача Ландсбергис без да објасни што всушност значи тоа.
Петте земји за кои зборуваше, а сите се членки на ЕУ, бараат целата Унија да престане да издава туристички визи за руските граѓани. Сепак, ЕУ не го поддржува тоа решение со кое би имало ускратување на патувањата на Русите додека трае војната во Украина.

The post Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение appeared first on Република.

]]>