руски доктор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-doktor/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Sep 2022 06:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски доктор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-doktor/ 32 32 Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-pravila-i-raspored-za-zdrav-zivot-od-ruski-doktor-koj-dochekal-103-godini-i-skoro-cel-zivot-imal-ista-tezina/ Tue, 27 Sep 2022 16:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=554596

Доктор Фјодор Григорјевич Углов живеел 103 години, а во поголем дел од својот живот имал ист број килограми, односно 63. Овој познат руски и советски доктор работел до својата 102-година и бил познат како неверојатен експерт.

Тој сметал дека прекумерната телесна тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта и предизвикува низа проблеми.

Сам осмислил 5 правила за здрав живот:

Секој ден физичка активност го јакне имунитетот.

Колку што работите толку треба и да одморате.

Секој ден туширајте се со ладна вода.

Сон најмалку 7 часа.

Ограничен внес на храна.

Според д-р Углов, сите треба да јадеме разновидна храна – јајца, немасно месо, риба, зеленчук и овошје. Тој советувал секој ден да се пие сурутка и вода.

Како што зборувал, никому од нас не му се потребни слатки работи брашно. Тој препорачувал да се јаде само интегрален леб и тоа најмногу 150 грама дневно.

Оброците треба да бидат чести – најмалку четири пати дневно да се јаде по нешто, но во помали порции.

За да ослабне, Углов секои два месеци бил на диета. Тој ја нарекувал „источна диета“. Зборувал дека со помош на оваа диета се губат од 3 до 5 килограми, а одлична е и за чистење на телото.

Диетата на д-р Углов бара броење калории и исклучително е лесна за одржување.

Секојдневна диета на д-р Углов:

9 часот – црн чај или кефир со лажичка шеќер

11 часот – 1 варено јајце, осум варени сливи натопени во вода

14 часот – 200 грама немасно, варено месо (пилешко или јунешко), 100 грама свежа или варена зелка или моркови, 1 портокал

17 часот – 30 грама тврдо сирење без маснотии, портокал или јаболко

20 часот – 250 милилитри јогурт или кефир.

Покрај диетата во губењето килограми придонесува и ова:

Станете од столот доколку ви се чини дека сте сити. Доколку се прејадувате, тоа ќе влијае на вашата телесна тежина.

Никогаш немојте да си легнувате да спиете или да одморате по јадењето. Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење, по можност да не јадете по 20 часот.

Вечерата секогаш треба да биде лесна, а се препорачува тоа да биде шолја јогурт или млеко.

Д-р Углов верувал дека постот носи една корист. Повремено би се откажал од животински производи, би намалил внесување храна и веќе би се чувствувал добро.

The post Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина appeared first on Република.

]]>

Доктор Фјодор Григорјевич Углов живеел 103 години, а во поголем дел од својот живот имал ист број килограми, односно 63. Овој познат руски и советски доктор работел до својата 102-година и бил познат како неверојатен експерт. Тој сметал дека прекумерната телесна тежина го намалува имунитетот, го менува составот на крвта и предизвикува низа проблеми.

Сам осмислил 5 правила за здрав живот:

Секој ден физичка активност го јакне имунитетот. Колку што работите толку треба и да одморате. Секој ден туширајте се со ладна вода. Сон најмалку 7 часа. Ограничен внес на храна. Според д-р Углов, сите треба да јадеме разновидна храна – јајца, немасно месо, риба, зеленчук и овошје. Тој советувал секој ден да се пие сурутка и вода. Како што зборувал, никому од нас не му се потребни слатки работи брашно. Тој препорачувал да се јаде само интегрален леб и тоа најмногу 150 грама дневно. Оброците треба да бидат чести – најмалку четири пати дневно да се јаде по нешто, но во помали порции. За да ослабне, Углов секои два месеци бил на диета. Тој ја нарекувал „источна диета“. Зборувал дека со помош на оваа диета се губат од 3 до 5 килограми, а одлична е и за чистење на телото. Диетата на д-р Углов бара броење калории и исклучително е лесна за одржување.

Секојдневна диета на д-р Углов:

9 часот – црн чај или кефир со лажичка шеќер 11 часот – 1 варено јајце, осум варени сливи натопени во вода 14 часот – 200 грама немасно, варено месо (пилешко или јунешко), 100 грама свежа или варена зелка или моркови, 1 портокал 17 часот – 30 грама тврдо сирење без маснотии, портокал или јаболко 20 часот – 250 милилитри јогурт или кефир.

Покрај диетата во губењето килограми придонесува и ова:

Станете од столот доколку ви се чини дека сте сити. Доколку се прејадувате, тоа ќе влијае на вашата телесна тежина. Никогаш немојте да си легнувате да спиете или да одморате по јадењето. Последниот оброк треба да биде неколку часа пред спиење, по можност да не јадете по 20 часот. Вечерата секогаш треба да биде лесна, а се препорачува тоа да биде шолја јогурт или млеко. Д-р Углов верувал дека постот носи една корист. Повремено би се откажал од животински производи, би намалил внесување храна и веќе би се чувствувал добро.

The post Пет правила и распоред за здрав живот од руски доктор кој дочекал 103 години и скоро цел живот имал иста тежина appeared first on Република.

]]>