руски дипломати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-diplomati/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 09:19:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски дипломати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-diplomati/ 32 32 Осум земји од ЕУ бараат да се ограничи движењето на руските дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-zemji-od-eu-baraat-da-se-ogranichi-dvizheneto-na-ruskite-diplomati/ Thu, 13 Jun 2024 09:19:02 +0000 https://republika.mk/?p=787151

Осуммина министри за надворешни работи на Европската унија повикаа Унијата да им забрани на руските дипломати слободно да се движат низ блокот и да ги ограничи во земјите каде што се акредитирани. Тоа се наведува во писмо до шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Слободното движење на сопственици на руски дипломатски и службени пасоши, акредитирани во една земја домаќин, низ целата Шенген зона ги олеснува штетните активности, се вели во писмото од 11 јуни, во кој имале увид западни медиуми.

Министрите нагласуваат дека разузнавањето, пропагандата „или дури и подготовката на диверзантски акти се главниот обем на работа за голем број руски „дипломати“ во ЕУ“, и иако протерувањата се важни, заканата останува.

Сметаме дека ЕУ треба строго да го следи принципот на реципроцитет и да го ограничи движењето на членовите на руските дипломатски претставништва и членовите на нивните семејства само на територијата на државата на нивна акредитација, велат тие.

Таа мерка значително ќе го стесни оперативниот простор за руските агенти, се додава во писмото, потпишано од министрите од Чешка, Данска, Естонија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска и Романија.

The post Осум земји од ЕУ бараат да се ограничи движењето на руските дипломати appeared first on Република.

]]>

Осуммина министри за надворешни работи на Европската унија повикаа Унијата да им забрани на руските дипломати слободно да се движат низ блокот и да ги ограничи во земјите каде што се акредитирани. Тоа се наведува во писмо до шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. Слободното движење на сопственици на руски дипломатски и службени пасоши, акредитирани во една земја домаќин, низ целата Шенген зона ги олеснува штетните активности, се вели во писмото од 11 јуни, во кој имале увид западни медиуми. Министрите нагласуваат дека разузнавањето, пропагандата „или дури и подготовката на диверзантски акти се главниот обем на работа за голем број руски „дипломати“ во ЕУ“, и иако протерувањата се важни, заканата останува. Сметаме дека ЕУ треба строго да го следи принципот на реципроцитет и да го ограничи движењето на членовите на руските дипломатски претставништва и членовите на нивните семејства само на територијата на државата на нивна акредитација, велат тие. Таа мерка значително ќе го стесни оперативниот простор за руските агенти, се додава во писмото, потпишано од министрите од Чешка, Данска, Естонија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска и Романија.

The post Осум земји од ЕУ бараат да се ограничи движењето на руските дипломати appeared first on Република.

]]>
Полска им го ограничи движењето на руските дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-im-go-ogranichi-dvizheneto-na-ruskite-diplomati/ Mon, 27 May 2024 20:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=782218

Полска одлучи да го ограничи движењето на руските дипломати поради „вмешаноста на Москва во хибридна војна“ против таа земја, изјави за новинарите во Брисел министерот за надворешни работи Радослав Сикорски.

Ограничувањата ќе ги погодат сите дипломати и другиот персонал на амбасадата во Варшава, освен амбасадорот.

Тие ќе можат да се движат само во централното војводство, како што изјави министерот, а конзулите само во провинциите каде што се на должност.

Посочувајќи дека Полска не е првата земја што воведува вакви ограничувања, Сикорски рече дека се надева дека „другите ќе го следат нашиот пример“.

Рускиот амбасадор Сергеј Андреев изјави дека сѐ уште не е официјално информиран, пренесува руската новинска агенција РИА новости.

Полска неодамна соопшти дека уапсила неколку лица осомничени за саботажа во корист на руските разузнавачки служби, обвинети за тепање и подметнување пожари.

„Има и други осомничени. Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова (ограничување) како знак на многу сериозен аларм“, рече Сикорски.

Во средината на мај премиерот Доналд Туск најави зајакнување на полските разузнавачки служби поради активностите на Москва за дестабилизација на Полска, а потоа потврди дека неколку чинови на саботажа биле спречени „благодарение на будноста на нашите служби и нашите сојузници“.

The post Полска им го ограничи движењето на руските дипломати appeared first on Република.

]]>

Полска одлучи да го ограничи движењето на руските дипломати поради „вмешаноста на Москва во хибридна војна“ против таа земја, изјави за новинарите во Брисел министерот за надворешни работи Радослав Сикорски. Ограничувањата ќе ги погодат сите дипломати и другиот персонал на амбасадата во Варшава, освен амбасадорот. Тие ќе можат да се движат само во централното војводство, како што изјави министерот, а конзулите само во провинциите каде што се на должност. Посочувајќи дека Полска не е првата земја што воведува вакви ограничувања, Сикорски рече дека се надева дека „другите ќе го следат нашиот пример“. Рускиот амбасадор Сергеј Андреев изјави дека сѐ уште не е официјално информиран, пренесува руската новинска агенција РИА новости. Полска неодамна соопшти дека уапсила неколку лица осомничени за саботажа во корист на руските разузнавачки служби, обвинети за тепање и подметнување пожари. „Има и други осомничени. Се надеваме дека Руската Федерација ќе го сфати ова (ограничување) како знак на многу сериозен аларм“, рече Сикорски. Во средината на мај премиерот Доналд Туск најави зајакнување на полските разузнавачки служби поради активностите на Москва за дестабилизација на Полска, а потоа потврди дека неколку чинови на саботажа биле спречени „благодарение на будноста на нашите служби и нашите сојузници“.  

The post Полска им го ограничи движењето на руските дипломати appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати се занимаваа со шпионажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-site-21-proterani-ruski-diplomati-se-zanimavaa-so-shpionazha/ Sat, 23 Sep 2023 14:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=684425

Сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА).

Според Пендаровски тие биле со статус на дипломати, а се занимавала со шпионажа, како и дека нашите служби со партнерските служби од НАТО го докажале тоа.

Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани, вели Пендаровски.

На прашањето за реципрочните мерки кои Руската Федерација ги најави кон Македонија, Пендаровски вели дека логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.

Сите служби кои се надлежни за тие работи кај нас и онаа за надворешно разузнавање и онаа за внатрешно имаат заеднички извештај во однос на активности на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше немионовна, нема тука избор, нема опција. Премногу е јасно дека тие не се бавеле со дипломатски активности онака како предвидуваат Виенските конвенции, додава Пендаровски.

На 15 септември амбасадата на Руската Федерација во земјава, преку објава на социјалната мрежа „X“ пренесе коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова во кој се вели дека тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата, односно за непожелни во земјава од страна на македонските власти.

Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините.

Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор.

Ден подоцна македонското Министерство за надворешни работи ја потврди веста дека тројца руски дипломати се прогласени за непожелни во земјава од страна на македонските власти. Во соопштението на МНР стои дека на ваквиот чекор се решиле по информациите што ги добиле од надлежните органи за преземени активности спротивни со Виенската конвенција за дипломатски односи.

The post Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати се занимаваа со шпионажа appeared first on Република.

]]>

Сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Според Пендаровски тие биле со статус на дипломати, а се занимавала со шпионажа, како и дека нашите служби со партнерските служби од НАТО го докажале тоа.
Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани, вели Пендаровски.
На прашањето за реципрочните мерки кои Руската Федерација ги најави кон Македонија, Пендаровски вели дека логично тоа да се случи, но нагласува дека земјава немала друг избор освен да побара дипломатите да си одат.
Сите служби кои се надлежни за тие работи кај нас и онаа за надворешно разузнавање и онаа за внатрешно имаат заеднички извештај во однос на активности на тие тројца дипломати и одлуката на државниот врв беше немионовна, нема тука избор, нема опција. Премногу е јасно дека тие не се бавеле со дипломатски активности онака како предвидуваат Виенските конвенции, додава Пендаровски.
На 15 септември амбасадата на Руската Федерација во земјава, преку објава на социјалната мрежа „X“ пренесе коментар на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова во кој се вели дека тројца руски дипломати се прогласени за персона нон грата, односно за непожелни во земјава од страна на македонските власти. Потегот на македонските власти, како што се наведува, се случил на 12 септември, без објаснување на причините. Русија прогласувањето на тројцата дипломати за непожелни го оценува како неодговорен и непријателски чин и најавува дека нема да остане без одговор. Ден подоцна македонското Министерство за надворешни работи ја потврди веста дека тројца руски дипломати се прогласени за непожелни во земјава од страна на македонските власти. Во соопштението на МНР стои дека на ваквиот чекор се решиле по информациите што ги добиле од надлежните органи за преземени активности спротивни со Виенската конвенција за дипломатски односи.  

The post Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати се занимаваа со шпионажа appeared first on Република.

]]>
Русија ќе одговори соодветно на протерувањето на нивни дипломати од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rusija-ke-odgovori-soodvetno-na-proteruvaneto-na-nivni-diplomati-od-makedonija/ Fri, 15 Sep 2023 20:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=682303

На 12 септември властите во Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за персона нон грата.

Неодговорниот и непријателски чекор на властите на  Македонија нема да остане без одговор“, објави преку Х (Твитер) портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Како што веќе објави МКД.мк пренесувајќи текст на порталот на албански јазик Алмакос, македонското Министерство за надворешни работи ја известило Амбасадата на Русија дека троцја нејзини дипломати се прогласени за персона нон грата и дека тие имаат пет дена за да ја напуштат Македонија.

Повеќе на МКД.мк

The post Русија ќе одговори соодветно на протерувањето на нивни дипломати од Македонија appeared first on Република.

]]>

На 12 септември властите во Македонија, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за персона нон грата. Неодговорниот и непријателски чекор на властите на  Македонија нема да остане без одговор“, објави преку Х (Твитер) портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Како што веќе објави МКД.мк пренесувајќи текст на порталот на албански јазик Алмакос, македонското Министерство за надворешни работи ја известило Амбасадата на Русија дека троцја нејзини дипломати се прогласени за персона нон грата и дека тие имаат пет дена за да ја напуштат Македонија. Повеќе на МКД.мк

The post Русија ќе одговори соодветно на протерувањето на нивни дипломати од Македонија appeared first on Република.

]]>
Австрија протера четворица руски дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-protera-chetvoritsa-ruski-diplomati/ Thu, 02 Feb 2023 08:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=603666

Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари.

Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското МНР.

Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа.

The post Австрија протера четворица руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи. Двајца од четворицата дипломати беа прогласени за персона нон грата и им било наредено да ја напуштат државата до 8 февруари. Тие работеле во руската амбасада во Австрија, додека другите двајца работеле во руската мисија во Обединетите нации во Виена, соопшти австриското МНР. Постапувањето на начин кој не е во согласност со меѓународните договори е причина што често се наведува во случаите на шпионажа.

The post Австрија протера четворица руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-minister-za-odbrana-proteruvanjeto-na-ruskite-diplomati-od-bugarija-e-logichen-chekor/ Fri, 01 Jul 2022 09:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=522014

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, за БНТ изави дека протерувањето на руските дипломати од земјата е логично, бидејќи кога нема почит се преземаат такви чекори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков вели дека треба да се бара како руската држава да продолжи да биде претставена во Бугарија, на начин кој го почитува достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Бугарија.

Според него, за да се дојде до ваква екстремна мерка, причините се комплексни, со претпоставка дека Државната агенција за национална безбедност има доволно податоци за активностите на тие дипломати или технички персонал на територијата на Бугарија, дека постои отворено непочитување кон Бугарија.

Руското раководство, кога размислува дали да ја затвори или не својата амбасада во Софија, треба да одлучи за шефот на руската мисија во Бугарија и да испрати некој кој ќе се однесува со почит кон бугарскиот народ - порача Заков.

Заков важи за еден од тројцата кандидати за премиер на Бугарија, кому „Продолжуваме со промените“ може да му даде можност да биде премиер.

The post Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, за БНТ изави дека протерувањето на руските дипломати од земјата е логично, бидејќи кога нема почит се преземаат такви чекори. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков вели дека треба да се бара како руската држава да продолжи да биде претставена во Бугарија, на начин кој го почитува достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Бугарија. Според него, за да се дојде до ваква екстремна мерка, причините се комплексни, со претпоставка дека Државната агенција за национална безбедност има доволно податоци за активностите на тие дипломати или технички персонал на територијата на Бугарија, дека постои отворено непочитување кон Бугарија.
Руското раководство, кога размислува дали да ја затвори или не својата амбасада во Софија, треба да одлучи за шефот на руската мисија во Бугарија и да испрати некој кој ќе се однесува со почит кон бугарскиот народ - порача Заков.
Заков важи за еден од тројцата кандидати за премиер на Бугарија, кому „Продолжуваме со промените“ може да му даде можност да биде премиер.

The post Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор appeared first on Република.

]]>
Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-proteranite-ruski-diplomati-partijata-na-ninova-im-svrte-grb-na-petkov-i-vasilev/ Wed, 29 Jun 2022 18:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=521271

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.

„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.

Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност.

Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.

The post Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев appeared first on Република.

]]>

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.
„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.
Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност. Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.

The post Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев appeared first on Република.

]]>
Бугарија ќе протера 70 руски дипломати, најави Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-kje-protera-70-ruski-diplomati-najavi-petkov/ Wed, 29 Jun 2022 08:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=520986

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска информира дека земјата ќе протера 70 руски дипломати кои работеле против интересите на Бугарија. Министерството за надворешни работи соопшти дека вербалната нота со имињата на 70-те дипломати веќе и е предадена на амбасадорката на Русија, Елеонора Митрофанова, пишува Радио Слободна Европа.

Сакам да им порачам на сите странски земји, не само на руската, дека сите оние кои работат против интересите на Бугарија ќе бидат отповикани да се вратат во земјата од која дојдоа - рече Петков.

Тој одби да даде повеќе детали за активностите на дипломатите, бидејќи, како што рече, информациите се доверливи.

Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за медиумите пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.

Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици - изјави Радев.

The post Бугарија ќе протера 70 руски дипломати, најави Петков appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска информира дека земјата ќе протера 70 руски дипломати кои работеле против интересите на Бугарија. Министерството за надворешни работи соопшти дека вербалната нота со имињата на 70-те дипломати веќе и е предадена на амбасадорката на Русија, Елеонора Митрофанова, пишува Радио Слободна Европа.
Сакам да им порачам на сите странски земји, не само на руската, дека сите оние кои работат против интересите на Бугарија ќе бидат отповикани да се вратат во земјата од која дојдоа - рече Петков.
Тој одби да даде повеќе детали за активностите на дипломатите, бидејќи, како што рече, информациите се доверливи. Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за медиумите пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид го коментираше протерувањето на руските дипломати од Бугарија.
Не можам да разговарам за ова прашање бидејќи ги немам потребните информации. Се надевам дека премиерот во оставка Кирил Петков има издржани и веродостојни информации за оваа одлука и добро ја разгледа и по обем и по последици - изјави Радев.

The post Бугарија ќе протера 70 руски дипломати, најави Петков appeared first on Република.

]]>
По протерувањето на 70 дипломати Русија затвори два конзулати во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-proteruvanjeto-na-70-diplomati-rusija-zatvori-dva-konzulati-vo-bugarija/ Wed, 29 Jun 2022 06:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=520932

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец, јави МИА од Софија.

Ова следи по вчерашната одлука на бугарските власти да протераат 70 руски дипломати кои работеле во БУгарија, за кои премиерот во оставка Кирил Петков рече дека работеле за служби, а дипломатската работа им била покритие.

https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-proteruva-70-ruski-diplomati-rabotele-za-stranski-sluzbi/

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е коалициски партнер на Петков во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука.

Владислав Панев од Демократска Бугарија, исто така коалициски партнер на Петков, рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

The post По протерувањето на 70 дипломати Русија затвори два конзулати во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Конзуларната служба на руската Амбасада во Бугарија и Генералниот конзулат во Варна ја прекинаа својата работа. Исто така, денеска и Генералниот конзулат во Русе ќе престане со работа и ќе биде затворен еден месец, јави МИА од Софија. Ова следи по вчерашната одлука на бугарските власти да протераат 70 руски дипломати кои работеле во БУгарија, за кои премиерот во оставка Кирил Петков рече дека работеле за служби, а дипломатската работа им била покритие. https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-proteruva-70-ruski-diplomati-rabotele-za-stranski-sluzbi/   Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е коалициски партнер на Петков во објава на Фејсбук напиша дека одлуката за протерување на 70 руски дипломати е чин без преседан во бугарската дипломатија, што според неа ќе има долгорочни последици. Нинова изјави дека категорично е против ваквата одлука. Владислав Панев од Демократска Бугарија, исто така коалициски партнер на Петков, рече дека ја поздравува одлуката за влез во Советот на министри пред состанокот на владејачката коалиција во Бугарија.

The post По протерувањето на 70 дипломати Русија затвори два конзулати во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Ќе превземеме мерки, протерувањето сериозно ќе влијание врз односите меѓу Русија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-prevzememe-merki-proteruvanjeto-seriozno-kje-vlijanie-vrz-odnosite-megju-rusija-i-makedonija/ Fri, 15 Apr 2022 16:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=489095

Руската Амбасада во Скопје излезе со реакција по повод протерувањето на уште шест руски дипломати од Македонија.

Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Македонија, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.

Во реакцијата на Амбасадата се додава дека „руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“.

Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи. Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата персона нон грата на 28 март годинава, велат од Амбасадата.

Македонија на 28 март прогласи за персона нон грата петмина руски дипломати, а денеска дополнителни шестмина, поради, како што наведе МНР, извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

The post Ќе превземеме мерки, протерувањето сериозно ќе влијание врз односите меѓу Русија и Македонија appeared first on Република.

Македонија прогласи уште 6 руски дипломати за „персона нон грата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-proglasi-ushte-6-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/ Fri, 15 Apr 2022 09:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=488871

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, на кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, соопштија од МНР.

The post Македонија прогласи уште 6 руски дипломати за „персона нон грата“ appeared first on Република.

]]>

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, на кому му била врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата. Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, соопштија од МНР.

The post Македонија прогласи уште 6 руски дипломати за „персона нон грата“ appeared first on Република.

]]>
Македонија прогласи дополнителни шест руски дипломати за persona non grata https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-proglasi-dopolnitelni-shest-ruski-diplomati-za-persona-non-grata/ Fri, 15 Apr 2022 09:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=488868

Денес во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата, соопштија од МНР.

Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија во наредните пет дена, стои во соопштението.

The post Македонија прогласи дополнителни шест руски дипломати за persona non grata appeared first on Република.

Руски амбасадор: Бркањето дипломати е драматична одлука на Хрватска, жалам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ruski-ambasador-brkanjeto-diplomati-e-dramatichna-odluka-na-hrvatska-zalam/ Tue, 12 Apr 2022 12:48:34 +0000 https://republika.mk/?p=487365

Поранешниот руски амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, вели дека жали за одлуката на хрватската влада со која осумнаесет руски дипломати и шестмина администратори во амбасадата на Руската Федерација во Загреб имаат два дена да ја напуштат Хрватска

Азимов го нарече таквиот хрватски потег „драматична одлука“.

Сигурен сум дека одлуката е донесена под притисок на Брисел, бидејќи Хрватска е една од последните земји во Европската унија што донесе таква одлука. Тоа покажува дека не било лесно да се одлучи така - изјави Азимов за хрватската РТЛ.

Тој вели дека Русија ќе возврати со иста мерка, а во Москва има само пет хрватски дипломати и седум административци.

Жал ми е, но повеќето хрватски дипломати ќе мора да ја напуштат мојата земја. Но, не, нема да ја затвориме амбасадата - вели Азимов.

Тој додаде дека очекува „Хрватска да ја поддржи Русија во борбата против нацистите“.

Верувам во мудроста на вашата влада и на вашиот почитуван министер за надворешни работи Радман, кого многу го почитувам, кој е голем професионалец и голем пријател на Руската Федерација - изјави Азимов.

The post Руски амбасадор: Бркањето дипломати е драматична одлука на Хрватска, жалам appeared first on Република.

]]>

Поранешниот руски амбасадор во Хрватска, Анвар Азимов, вели дека жали за одлуката на хрватската влада со која осумнаесет руски дипломати и шестмина администратори во амбасадата на Руската Федерација во Загреб имаат два дена да ја напуштат Хрватска Азимов го нарече таквиот хрватски потег „драматична одлука“.
Сигурен сум дека одлуката е донесена под притисок на Брисел, бидејќи Хрватска е една од последните земји во Европската унија што донесе таква одлука. Тоа покажува дека не било лесно да се одлучи така - изјави Азимов за хрватската РТЛ.
Тој вели дека Русија ќе возврати со иста мерка, а во Москва има само пет хрватски дипломати и седум административци.
Жал ми е, но повеќето хрватски дипломати ќе мора да ја напуштат мојата земја. Но, не, нема да ја затвориме амбасадата - вели Азимов.
Тој додаде дека очекува „Хрватска да ја поддржи Русија во борбата против нацистите“.
Верувам во мудроста на вашата влада и на вашиот почитуван министер за надворешни работи Радман, кого многу го почитувам, кој е голем професионалец и голем пријател на Руската Федерација - изјави Азимов.

The post Руски амбасадор: Бркањето дипломати е драматична одлука на Хрватска, жалам appeared first on Република.

]]>
Хрватска протерува 24 дипломати и службеници од руската амбасада во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-proteruva-24-diplomati-i-sluzbenici-od-ruskata-ambasada-vo-zagreb/ Mon, 11 Apr 2022 15:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=486886

На рускиот амбасадор во Загреб му било укажано оти вкупно 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб треба да ја напуштат земјата согласно Виенската конвенција за дипломатски односи
Хрватска побара од 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб да ја напуштат земјата, односно вкупно 24 вработени во амбасадата.

Рускиот амбасадор во Хрватска денеска бил повикан во Министерството за надворешни и европски работи каде му била врачена и нота со која бил информиран за одлуката на Хрватска да го намали бројот на вработени во Руската амбасада во Загреб, согласно Виенската конвенција за дипломатски односи.

Воедно, на руската страна и бил повторен повикот за итен прекин на воените активност и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, а укажана била и потребата за итно осигурување на патиштата за евакуација на населението.

The post Хрватска протерува 24 дипломати и службеници од руската амбасада во Загреб appeared first on Република.

]]>

На рускиот амбасадор во Загреб му било укажано оти вкупно 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб треба да ја напуштат земјата согласно Виенската конвенција за дипломатски односи Хрватска побара од 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал на руската амбасада во Загреб да ја напуштат земјата, односно вкупно 24 вработени во амбасадата. Рускиот амбасадор во Хрватска денеска бил повикан во Министерството за надворешни и европски работи каде му била врачена и нота со која бил информиран за одлуката на Хрватска да го намали бројот на вработени во Руската амбасада во Загреб, согласно Виенската конвенција за дипломатски односи. Воедно, на руската страна и бил повторен повикот за итен прекин на воените активност и повлекување на руските трупи од целата територија на Украина, а укажана била и потребата за итно осигурување на патиштата за евакуација на населението.

The post Хрватска протерува 24 дипломати и службеници од руската амбасада во Загреб appeared first on Република.

]]>
Црна Гора протера уште четворица руски дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-protera-ushte-chetvorica-ruski-diplomati/ Thu, 07 Apr 2022 15:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=484895

Црногорското Министерство за надворешни работи прогласи за персона нон грата уште четворица дипломати од Амбасадата на Руската Федерација во Подгорица. Тие имаат рок од седум дена да ја напуштат таа држава.

На рускиот амбасадор денеска му беше врачена официјална нота за оваа одлука, со која се одредува рок од седум дена за напуштање на територијата на нашата земја. Министерството ја донесе споменатата одлука врз основа на оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на руските дипломати и член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР.

Министерството на почетокот на март, врз основа на проценката на Националната агенција за безбедност, го прогласи дипломатот Виктор Антипин за непожелна личност.

The post Црна Гора протера уште четворица руски дипломати appeared first on Република.

Грција протерува 12 руски дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-proteruva-12-ruski-diplomati/ Wed, 06 Apr 2022 09:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=483982

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила.

Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина.

ЕУ и нејзините сојузници претходно соопштија дека кривично гонат 200 руски дипломати во врска со убиствата во Буча, пренесува Гардијан. Изданието забележува дека откако Москва ја нападна Украина, над 325 руски дипломати и персонал од амбасадата се протерани од земјите-домаќини.

The post Грција протерува 12 руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го известил рускиот амбасадор дека 12 дипломати се прогласени за „персона нoн грата“, бидејќи не се однесувале во согласност со меѓународните правила. Со тоа Грција се придружи на голем број европски земји кои протераа руски дипломати, по инвазијата на Москва во Украина. ЕУ и нејзините сојузници претходно соопштија дека кривично гонат 200 руски дипломати во врска со убиствата во Буча, пренесува Гардијан. Изданието забележува дека откако Москва ја нападна Украина, над 325 руски дипломати и персонал од амбасадата се протерани од земјите-домаќини.

The post Грција протерува 12 руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Австрија засега нема да протерува руски дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-zasega-nema-da-proteruva-ruski-diplomati/ Wed, 06 Apr 2022 09:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=483977

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ги критикуваше одделните постапки на членките на ЕУ во врска со протерувањето руски дипломати.

Тој додаде дека Австрија засега нема да се приклучи кон протерување руски дипломати.

Мислам дека е жално што секоја држава постапува независно по ова прашање, изјави Шаленберг за јавниот сервис ОРФ.

Тој посочи дека го задржува правото да постапува врз основа на член 11 од Виенската конвенција, кој дозволува можност да се бара да се намали бројот на дипломати на исто ниво кое земјата домаќин го има во државата чии дипломати се протерани, и укажа дека Русија ќе воведе реципрочна мерка и ќе протера исто толку австриски дипломати од Москва, што де факто ќе ја затвори Амбасадата.

Друга можност, објаснува Шаленберг, е дипломатите да бидат прогласени за непожелни поради нивните шпионски активности.

The post Австрија засега нема да протерува руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ги критикуваше одделните постапки на членките на ЕУ во врска со протерувањето руски дипломати. Тој додаде дека Австрија засега нема да се приклучи кон протерување руски дипломати. Мислам дека е жално што секоја држава постапува независно по ова прашање, изјави Шаленберг за јавниот сервис ОРФ. Тој посочи дека го задржува правото да постапува врз основа на член 11 од Виенската конвенција, кој дозволува можност да се бара да се намали бројот на дипломати на исто ниво кое земјата домаќин го има во државата чии дипломати се протерани, и укажа дека Русија ќе воведе реципрочна мерка и ќе протера исто толку австриски дипломати од Москва, што де факто ќе ја затвори Амбасадата. Друга можност, објаснува Шаленберг, е дипломатите да бидат прогласени за непожелни поради нивните шпионски активности.

The post Австрија засега нема да протерува руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-protera-33-ruski-diplomati-po-masakrot-vo-bucha/ Tue, 05 Apr 2022 16:45:59 +0000 https://republika.mk/?p=483721

Словенечката Влада денеска соопшти дека протерала 33 руски дипломати, откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили во Буча и другите градови ослободени од рускиот агресор“ и да го информира дека бројот на руските дипломати во земјата ќе биде намален.

The post Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча appeared first on Република.

]]>

Словенечката Влада денеска соопшти дека протерала 33 руски дипломати, откако во украинскиот град Буча беа пронајдени тела на убиени цивили, а Киев ги обвини руските сили за масакр. Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Тимур Ејвазов за да ја изрази „огорченоста на Словенија поради убиството на украинските цивили во Буча и другите градови ослободени од рускиот агресор“ и да го информира дека бројот на руските дипломати во земјата ќе биде намален.  

The post Словенија протера 33 руски дипломати по масакрот во Буча appeared first on Република.

]]>
Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-se-pridruzuva-na-drugite-zemji-vo-proteruvanjeto-ruski-diplomati/ Tue, 05 Apr 2022 13:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=483648

Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина.

Министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез изјави дека очекува Русија да одговори со протерувања шпански дипломати.
Одлуката на Мадрид да протера 25 дипломати и вработени во амбасадата на Русија следува по сличните потези на Германија, Франција, Италија, Шведска и Данска.

The post Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Шпанија е шестата земја од ЕУ која протерува руски дипломати, како реакција по наводните убиства на цивили од страна на руските сили во Украина. Министерот за надворешни работи на Шпанија Хозе Мануел Албарез изјави дека очекува Русија да одговори со протерувања шпански дипломати. Одлуката на Мадрид да протера 25 дипломати и вработени во амбасадата на Русија следува по сличните потези на Германија, Франција, Италија, Шведска и Данска.

The post Шпанија се придружува на другите земји во протерувањето руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Данска протера 15 руски дипломати поради шпионажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-protera-15-ruski-diplomati-poradi-shpionaza/ Tue, 05 Apr 2022 08:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=483465

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати по извештаите за пронајдени масовни гробници и за убиства на цивили во украинскиот град Буча, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод.

Данските медиуми посочуваат дека станува збор за 15 руски разузнавачи регистрирани како дипломати во земјата. Ним им е даден рок од 14 дена да ја напуштат државата.

Мора да излезат што е можно поскоро. Им се дава можност да ги земат своите работи и да ја напуштат земјата. Ова се смета за разумно предупредување, вели шефот на данската дипломатија.

Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираат од Данска, изјави Јепе Кофод.

Министерот за надворешни работи наведува дека 15-те Руси шпионирале на данска територија. Тој рече дека не може да коментира за природата на шпионажата, но ја нарече „напад врз данската безбедносна архитектура“.

Тоа е историски чекор што го правиме од данска страна. Но, тоа го правиме и во согласност со голем број европски земји, бидејќи сакаме да ја заштитиме нашата безбедност и сигурност. Не сакаме руска шпионажа во Данска, вели Јепе Кофод.

Русија веќе најави дека ќе возврати на протерувањето на руски дипломати од страна на Данска.

The post Данска протера 15 руски дипломати поради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати по извештаите за пронајдени масовни гробници и за убиства на цивили во украинскиот град Буча, соопшти денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод. Данските медиуми посочуваат дека станува збор за 15 руски разузнавачи регистрирани како дипломати во земјата. Ним им е даден рок од 14 дена да ја напуштат државата. Мора да излезат што е можно поскоро. Им се дава можност да ги земат своите работи и да ја напуштат земјата. Ова се смета за разумно предупредување, вели шефот на данската дипломатија. Не сакаме руска шпионажа на данска почва. Затоа сега ги депортираат од Данска, изјави Јепе Кофод. Министерот за надворешни работи наведува дека 15-те Руси шпионирале на данска територија. Тој рече дека не може да коментира за природата на шпионажата, но ја нарече „напад врз данската безбедносна архитектура“. Тоа е историски чекор што го правиме од данска страна. Но, тоа го правиме и во согласност со голем број европски земји, бидејќи сакаме да ја заштитиме нашата безбедност и сигурност. Не сакаме руска шпионажа во Данска, вели Јепе Кофод. Русија веќе најави дека ќе возврати на протерувањето на руски дипломати од страна на Данска.

The post Данска протера 15 руски дипломати поради шпионажа appeared first on Република.

]]>