руски банки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-banki/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 15:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски банки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-banki/ 32 32 Кина повлече потег што може да биде тежок удар за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-povleche-poteg-shto-mozhe-da-bide-tezhok-udar-za-rusija/ Thu, 18 Jan 2024 17:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=734440

Кинеските државни банки ги заоструваат ограничувањата за финансирање на руските клиенти бидејќи стравуваат дека ќе бидат предмет на секундарни американски санкции, пишува „Блумберг“. Најмалку две банки наредиле преглед на нивните планови за Русија во последните недели и планираат да ги прекинат врските со клиентите на списокот со санкции на САД.

Банките исто така ќе престанат да даваат финансиски услуги за рускиот воен сектор, велат извори за „Блумберг“.

Овој потег доаѓа откако американското Министерство за финансии минатиот месец објави дека ќе воведе секундарни санкции за странски финансиски фирми и банки што ѝ помагаат на Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша ова прашање како многу чувствителна работа за вклучените компании, но не и за руската влада.

Ова е многу, многу чувствително прашање и малку е веројатно дека некој ќе одлучи да разговара за тоа – не треба да го очекувате тоа. Продолжуваме да ги развиваме односите со Кина. Таа е наш многу важен стратешки партнер“, изјави Песков.

Кина исто така е најголемиот увозник на фосилни горива од Русија, со повеќе од двојно зголемени резерви на јаглен од 2020 година.

Повлекувањето на банките може да биде болен удар за Русија и официјален Кремљ, особено затоа што наводниот страв на Пекинг кон западните санкции ќе сигнализира дека дури и лидерите што останаа блиски со Москва се претпазливи за финансиските трошоци за поддршката на Москва.

The post Кина повлече потег што може да биде тежок удар за Русија appeared first on Република.

]]>

Кинеските државни банки ги заоструваат ограничувањата за финансирање на руските клиенти бидејќи стравуваат дека ќе бидат предмет на секундарни американски санкции, пишува „Блумберг“. Најмалку две банки наредиле преглед на нивните планови за Русија во последните недели и планираат да ги прекинат врските со клиентите на списокот со санкции на САД.
Банките исто така ќе престанат да даваат финансиски услуги за рускиот воен сектор, велат извори за „Блумберг“.
Овој потег доаѓа откако американското Министерство за финансии минатиот месец објави дека ќе воведе секундарни санкции за странски финансиски фирми и банки што ѝ помагаат на Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го опиша ова прашање како многу чувствителна работа за вклучените компании, но не и за руската влада.
Ова е многу, многу чувствително прашање и малку е веројатно дека некој ќе одлучи да разговара за тоа – не треба да го очекувате тоа. Продолжуваме да ги развиваме односите со Кина. Таа е наш многу важен стратешки партнер“, изјави Песков.
Кина исто така е најголемиот увозник на фосилни горива од Русија, со повеќе од двојно зголемени резерви на јаглен од 2020 година. Повлекувањето на банките може да биде болен удар за Русија и официјален Кремљ, особено затоа што наводниот страв на Пекинг кон западните санкции ќе сигнализира дека дури и лидерите што останаа блиски со Москва се претпазливи за финансиските трошоци за поддршката на Москва.

The post Кина повлече потег што може да биде тежок удар за Русија appeared first on Република.

]]>
Украинска амбасадорка бара од САД да ги санкционираат сите руски приватни банки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainska-ambasadorka-bara-od-sad-da-gi-sankcioniraat-site-ruski-privatni-banki/ Fri, 12 Aug 2022 16:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=539723

Претставничката на официјален Киев во Вашингтон, Оксана Маркарова, порача дека Украина ја повикува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги санкционира сите приватни руски банки.

Во интервју за „Блумберг“, Маркарова порача дека владата на претседателот Володимир Зеленски сака САД да додаваат неколку банки неделно на списокот на санкционирани руски финансиски институции.

Украинската амбасадорка истакна дека барањето го препратила до Министерството за финансии на САД.

Санкциите се исто толку важни колку и оружјето. Штом се воведат санкции на една банка, некоја друга приватна банка одеднаш станува финансиер на (руската) индустрија или војската - вели Маркарова, поранешна министерка за финансии

Таа додадсе дека секоја руска банка е легитимна цел на санкциите.

Иако неколку банки може да бидат поштедени за одредени цели, сите други треба да бидат санкционирани, бидејќи сите се ангажирани во финансирањето на нивната терористичка машина која води војна - изјави Макарова.

The post Украинска амбасадорка бара од САД да ги санкционираат сите руски приватни банки appeared first on Република.

]]>

Претставничката на официјален Киев во Вашингтон, Оксана Маркарова, порача дека Украина ја повикува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги санкционира сите приватни руски банки. Во интервју за „Блумберг“, Маркарова порача дека владата на претседателот Володимир Зеленски сака САД да додаваат неколку банки неделно на списокот на санкционирани руски финансиски институции. Украинската амбасадорка истакна дека барањето го препратила до Министерството за финансии на САД.
Санкциите се исто толку важни колку и оружјето. Штом се воведат санкции на една банка, некоја друга приватна банка одеднаш станува финансиер на (руската) индустрија или војската - вели Маркарова, поранешна министерка за финансии
Таа додадсе дека секоја руска банка е легитимна цел на санкциите.
Иако неколку банки може да бидат поштедени за одредени цели, сите други треба да бидат санкционирани, бидејќи сите се ангажирани во финансирањето на нивната терористичка машина која води војна - изјави Макарова.

The post Украинска амбасадорка бара од САД да ги санкционираат сите руски приватни банки appeared first on Република.

]]>
Седум руски банки исклучени од СВИФТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedum-ruski-banki-isklucheni-od-svift/ Wed, 02 Mar 2022 13:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=466489

Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по воената акција во Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е во службен весник на ЕУ.

Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ.

Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија.

Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.

The post Седум руски банки исклучени од СВИФТ appeared first on Република.

]]>

Како дел од зајакнувањето на санкциите на Европска Унија против Русија по воената акција во Украина, седум руски банки се исклучени од меѓународната мрежа за размена на пораки за банкарски трансакции СВИФТ (SWIFT), објавено е во службен весник на ЕУ. Исклучените банки сега имаат десет дена да го напуштат СВИФТ. Мерката се однесува и на втората по големина руска банка ВТБ, а потоа следат Банка Откритие, Новикомбанк, Промсвјазбанк, Банката Росија, Совкомбанк и ВЕБ. Најголемата руска банка, Сбербанк и Газпромбанк, трета по големина, не се на листата на санкционирани банки бидејќи преку нив се одвива најголемиот дел од плаќањата за руски гас и нафта, кои земјите-членки продолжуваат да ги увезуваат од Русија. Исклучувањето од СВИФТ не значи дека тие банки не можат да вршат плаќања и повлекувања, бидејќи тоа не е платен систем, туку систем за пораки за плаќање.

The post Седум руски банки исклучени од СВИФТ appeared first on Република.

]]>
Велика Британија „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-za-nekolku-dena-kje-gi-zamrzne-sredstvata-na-site-ruski-banki/ Mon, 28 Feb 2022 16:30:37 +0000 https://republika.mk/?p=465432

На сите руски банки во Велика Британија ќе им биде замрзнат имотот во рок од неколку дена. Тоа дeнеска го изјави министерката за надворешни работи Лиз Трас, како дел од плановите за засилување на економските санкции.

Ќе обезбедиме целосно замрзнување на средствата на сите руски банки за неколку дена, тоа е барање од координација со нашите сојузници - наглaси Трас во Парламентот.

Таа додаде дека тоа е со цел да го спречи Кремљ да ја финансира својата инвазија врз Украина.

The post Велика Британија „за неколку дена“ ќе ги замрзне средствата на сите руски банки appeared first on Република.