Руски антивоен активист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-antivoen-aktivist/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 12:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руски антивоен активист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-antivoen-aktivist/ 32 32 БИА прогласи уште еден руски антивоен активист за безбедносен ризик по Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bia-proglasi-ushte-eden-ruski-antivoen-aktivist-za-bezbednosen-rizik-po-srbija/ Tue, 25 Jul 2023 12:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=665113

Руското демократско општество во Белград (РДД) соопшти дека на неговиот соосновач Владимир Волохонски, денеска српската полицијата му врачила решение со кое се одбива неговото барање за продолжување на привремениот престој во Србија, со образложение дека е „неприфатлив безбедносен ризик“ по земјата, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението на РДД-Руси, Украинци, Белоруси и Срби зедно против војната“, барањето е одбиено со образложение дека Безбедносно информативната агенција (БИА) на 29 мај 2023 година се изјаснила дека постојат безбедносни пречки за продолжување на неговиот престој.

Од упатувањето на чл. 42(2) од Законот за странци следи дека, според мислењето на БИА, престојот на (Владимир Волохонски) на територијата на Република Србија претставува неприфатлив безбедносен ризик, се вели во соопштението на РДД.

Руското демократско општество смета дека ова е продолжување на незаконскиот притисок врз руската антивоена заедница во Србија исклучиво врз основа на јавно изразување на мислење, што е грубо кршење на Уставот, законите и меѓународните обврски на Република Србија.

Повикот за наводно постоење на „неприфатлив безбедносен ризик“ без никакво објаснување во што се состои тој ризик, не е ништо друго туку злоупотреба на државната моќ што се врши против нас денес, а утре можеби и против кој било жител на Србија чии ставови не им се допаѓаат на безбедносните служби во земјата. Во согласност со својот статут, Руското демократско друштво го поддржува Владимир Волохоски и ќе му пружи секаква помош во оспорувањето на оваа незаконска и произволна одлука пред српските и меѓународните органи и судови, се наведува во соопштенеито на РДД.

Владимир Волохонски, опозициски советник од Санкт Петербург, во Србија дојден е по почетокот на руската инвазија на Украина.

Во Србија, заедно со неколку Руси, меѓу кои и Петар Никитин, кој неодамна доживеа сличен процес кога беше спречен да се врати во Србија на аеродромот Никола Тесла, тој го основа Руското демократско друштво.

Инаку, Руското демократско друштво не се занимава со внатрешна политика во Србија, па оваа одлука е уште почудна.

Чудно е и тоа што единствените двајца руски државјани кои досега имаа проблеми со визи за престој се противници на руската агресија врз Украина и на диктатурата на Владимиер Путин во Русија, соопштуваат од РДД.

Враќањето на Владимир Волохонски во Русија секако би значело негово апсење и долгорочно затворање во работни логори, бидејќи сите противници на режимот на Путин минуваат низ истиот процес.

Владимир Волохонски за време на престојот во Република Србија не прекршил ниту еден закон, а сите антивоени акции што ги организирал или учествувал биле уредно пријавени во полиција и никогаш немало никакви поплаки или проблеми поврзани со тие активности. Затоа бараме од Министерството за внатрешни работи на Република Србија итно укинување на оваа одлука, се наведува во сооптенеито.

The post БИА прогласи уште еден руски антивоен активист за безбедносен ризик по Србија appeared first on Република.

]]>

Руското демократско општество во Белград (РДД) соопшти дека на неговиот соосновач Владимир Волохонски, денеска српската полицијата му врачила решение со кое се одбива неговото барање за продолжување на привремениот престој во Србија, со образложение дека е „неприфатлив безбедносен ризик“ по земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во соопштението на РДД-Руси, Украинци, Белоруси и Срби зедно против војната“, барањето е одбиено со образложение дека Безбедносно информативната агенција (БИА) на 29 мај 2023 година се изјаснила дека постојат безбедносни пречки за продолжување на неговиот престој.
Од упатувањето на чл. 42(2) од Законот за странци следи дека, според мислењето на БИА, престојот на (Владимир Волохонски) на територијата на Република Србија претставува неприфатлив безбедносен ризик, се вели во соопштението на РДД.
Руското демократско општество смета дека ова е продолжување на незаконскиот притисок врз руската антивоена заедница во Србија исклучиво врз основа на јавно изразување на мислење, што е грубо кршење на Уставот, законите и меѓународните обврски на Република Србија.
Повикот за наводно постоење на „неприфатлив безбедносен ризик“ без никакво објаснување во што се состои тој ризик, не е ништо друго туку злоупотреба на државната моќ што се врши против нас денес, а утре можеби и против кој било жител на Србија чии ставови не им се допаѓаат на безбедносните служби во земјата. Во согласност со својот статут, Руското демократско друштво го поддржува Владимир Волохоски и ќе му пружи секаква помош во оспорувањето на оваа незаконска и произволна одлука пред српските и меѓународните органи и судови, се наведува во соопштенеито на РДД.
Владимир Волохонски, опозициски советник од Санкт Петербург, во Србија дојден е по почетокот на руската инвазија на Украина. Во Србија, заедно со неколку Руси, меѓу кои и Петар Никитин, кој неодамна доживеа сличен процес кога беше спречен да се врати во Србија на аеродромот Никола Тесла, тој го основа Руското демократско друштво. Инаку, Руското демократско друштво не се занимава со внатрешна политика во Србија, па оваа одлука е уште почудна.
Чудно е и тоа што единствените двајца руски државјани кои досега имаа проблеми со визи за престој се противници на руската агресија врз Украина и на диктатурата на Владимиер Путин во Русија, соопштуваат од РДД.
Враќањето на Владимир Волохонски во Русија секако би значело негово апсење и долгорочно затворање во работни логори, бидејќи сите противници на режимот на Путин минуваат низ истиот процес. Владимир Волохонски за време на престојот во Република Србија не прекршил ниту еден закон, а сите антивоени акции што ги организирал или учествувал биле уредно пријавени во полиција и никогаш немало никакви поплаки или проблеми поврзани со тие активности. Затоа бараме од Министерството за внатрешни работи на Република Србија итно укинување на оваа одлука, се наведува во сооптенеито.

The post БИА прогласи уште еден руски антивоен активист за безбедносен ризик по Србија appeared first on Република.

]]>