руски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-ambasador/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 08:46:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-ambasador/ 32 32 Руски амбасадор: Бараат од мене да го изневерам Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-ambasador-baraat-od-mene-da-go-izneveram-putin/ Wed, 08 Jun 2022 08:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=512524

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека добил писмо во кое го повикува јавно да се изјасни против руската влада.

Неодамна добив писмо по пошта во кое ме повикуваа да зборувам против мојата татковина и да ги осудам постапките на рускиот претседател - изјави амбасадорот за време на гостување на руската телевизија, пренесува Тас.

The post Руски амбасадор: Бараат од мене да го изневерам Путин appeared first on Република.

]]>

Захарова: Нападот врз амбасадорот е приказ на реинкарнацијата на фашизмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-napadot-vrz-ambasadorot-e-prikaz-na-reinkarnacijata-na-fashizmot/ Mon, 09 May 2022 13:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=499979

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава е реинкарнација на фашизмот.

Уривањето на споменикот на хероите од Втората светска војна, сквернавењето на гробовите, а сега и нарушувањето на церемонијата на положување цвеќе на светиот ден за секој чесен човек го докажуваат очигледното: Западот го одреди курсот на реинкарнација на фашизмот - истакна таа на нејзината страница на Телеграм.

Ваквата реакција на Захарова доаѓа откако амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава.Тој бил полиен со црвена боја кога со неговата сопруга и група дипломати, кои го придружувале, се приближил до споменикот.

По нападот, амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето.

Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

The post Захарова: Нападот врз амбасадорот е приказ на реинкарнацијата на фашизмот appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава е реинкарнација на фашизмот.
Уривањето на споменикот на хероите од Втората светска војна, сквернавењето на гробовите, а сега и нарушувањето на церемонијата на положување цвеќе на светиот ден за секој чесен човек го докажуваат очигледното: Западот го одреди курсот на реинкарнација на фашизмот - истакна таа на нејзината страница на Телеграм.
Ваквата реакција на Захарова доаѓа откако амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава.Тој бил полиен со црвена боја кога со неговата сопруга и група дипломати, кои го придружувале, се приближил до споменикот. По нападот, амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето. Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

The post Захарова: Нападот врз амбасадорот е приказ на реинкарнацијата на фашизмот appeared first on Република.

]]>
Околу 200 хрватски платеници се борат на страната на Азов, во Мариупол се вее хрватско знаме, вели рускиот амбасадор во Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/okolu-200-hrvatski-platenici-se-borat-na-stranata-na-azov-vo-mariupol-se-vee-hrvatsko-zname-veli-ruskiot-ambasador-vo-hrvatska/ Wed, 13 Apr 2022 10:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=487825

Хрватска протера 18 руски дипломати и уште шест членови на административно-техничкиот персонал од руската амбасада во Загреб, која е речиси пет пати поголема од хрватската амбасада во Москва.

Рускиот амбасадор Андреј Нестеренко изјави за „Росија 24“ дека тоа е „политичко лудило“ и го нарече потегот на хрватските власти „нож во грб“ за руско-хрватските односи, кои досега се развиваа на општо задоволство на двете страни. Како што рече, во последната година и половина во Загреб и Москва се одржани две успешни средби меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот хрватски колега, Гордан Грлиќ Радма.

Рускиот амбасадор Нестеренко објаснува дека Хрватска како причина за протерувањето ја навела веќе воспоставената пракса на Брисел за – руска агресија и уништување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Нема ништо што досега не сме слушнале, рече Нестеренко.

На прашањето на новинарот, рускиот амбасадор изјави дека хрватските медиуми наведуваат дека во Мариупол се борат околу 200 хрватски платеници, како што рече, кои дошле таму многу пред „руската специјална операција, како нешто да очекуваат“. Нестеренко наведува и дека Хрватите се борат на страната на единицата „Азов“ и дека потврда за тоа е хрватското знаме кое се веело во Мариупол.

Очигледно не се работи за двајца или тројца, вели Нестеренко. Тој додаде дека хрватските официјални власти избегнуваат да зборуваат за хрватските платеници, но истакна и дека „ние (Русите) го следиме и внимаваме на однесувањето на хрватските официјални органи, пишува Јутарњи лист.

The post Околу 200 хрватски платеници се борат на страната на Азов, во Мариупол се вее хрватско знаме, вели рускиот амбасадор во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Хрватска протера 18 руски дипломати и уште шест членови на административно-техничкиот персонал од руската амбасада во Загреб, која е речиси пет пати поголема од хрватската амбасада во Москва. Рускиот амбасадор Андреј Нестеренко изјави за „Росија 24“ дека тоа е „политичко лудило“ и го нарече потегот на хрватските власти „нож во грб“ за руско-хрватските односи, кои досега се развиваа на општо задоволство на двете страни. Како што рече, во последната година и половина во Загреб и Москва се одржани две успешни средби меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот хрватски колега, Гордан Грлиќ Радма. Рускиот амбасадор Нестеренко објаснува дека Хрватска како причина за протерувањето ја навела веќе воспоставената пракса на Брисел за – руска агресија и уништување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Нема ништо што досега не сме слушнале, рече Нестеренко.
На прашањето на новинарот, рускиот амбасадор изјави дека хрватските медиуми наведуваат дека во Мариупол се борат околу 200 хрватски платеници, како што рече, кои дошле таму многу пред „руската специјална операција, како нешто да очекуваат“. Нестеренко наведува и дека Хрватите се борат на страната на единицата „Азов“ и дека потврда за тоа е хрватското знаме кое се веело во Мариупол.
Очигледно не се работи за двајца или тројца, вели Нестеренко. Тој додаде дека хрватските официјални власти избегнуваат да зборуваат за хрватските платеници, но истакна и дека „ние (Русите) го следиме и внимаваме на однесувањето на хрватските официјални органи, пишува Јутарњи лист.

The post Околу 200 хрватски платеници се борат на страната на Азов, во Мариупол се вее хрватско знаме, вели рускиот амбасадор во Хрватска appeared first on Република.

]]>
Рускиот амбасадор во Франција повикан на разговор во француското МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-francija-povikan-na-razgovor-vo-francuskoto-mnr/ Tue, 05 Apr 2022 09:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=483514

Рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков денеска е повикан на разговор во француското Министерство за надворешни работи, јави локалната телевизија БФМ, повикувајќи се на свој извор.

Француското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека има намера да протера руски дипломати, а во извештајот на БФМ се наведува дека се планира протерување на 35 руски дипломати.

Руското Министерство за надворешни работи веќе најави дека ќе одговори на овој демарш на француската страна.

The post Рускиот амбасадор во Франција повикан на разговор во француското МНР appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков денеска е повикан на разговор во француското Министерство за надворешни работи, јави локалната телевизија БФМ, повикувајќи се на свој извор. Француското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека има намера да протера руски дипломати, а во извештајот на БФМ се наведува дека се планира протерување на 35 руски дипломати. Руското Министерство за надворешни работи веќе најави дека ќе одговори на овој демарш на француската страна.

The post Рускиот амбасадор во Франција повикан на разговор во француското МНР appeared first on Република.

]]>
МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-go-povika-ruskiot-ambasador-bazdnikin-vrachena-mu-e-protestna-nota/ Mon, 07 Mar 2022 20:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=469242

Во Министерството за надворешни работи денеска бил одржан состанок на тема Русија, а веднаш потоа, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.

Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле вербална нота на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија.

Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.

The post МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи денеска бил одржан состанок на тема Русија, а веднаш потоа, во МНР бил повикан рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин. Како што потврдуваат извори во МНР за „Слободен печат“, претставници на министерството му упатиле вербална нота на амбасадорот, околу објавата на Руската амбасада од пред два дена, со која се евидентираат „русофобите“ во Македонија. Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и оти таа надвор од дипломатската комуникација.

The post МНР го повика рускиот амбасадор Баздникин, врачена му е протестна нота appeared first on Република.

]]>
Трас го повикала на разговор рускиот амбасадор во Лондон да ги објасни руските ппостапки во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tras-go-povikala-na-razgovor-ruskiot-ambasador-vo-london-da-gi-objasni-ruskite-ppostapki-vo-ukraina/ Thu, 24 Feb 2022 11:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=463046

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, го повика на разговор рускиот амбасадор во државата, Андреј Келин да ја „објасни руската илегална, непровоцирана инвазија врз Украина“.

Ќе воведеме строги санкции и ќе ги собереме земјите за поддршка на Украина - објави Трас на Твитер.

https://twitter.com/trussliz/status/1496795375205711874?ref_src=twsrc%5Egoogle%7Ctwcamp%5Eserp%7Ctwgr%5Etweet

The post Трас го повикала на разговор рускиот амбасадор во Лондон да ги објасни руските ппостапки во Украина appeared first on Република.

Рускиот амбасадор во ОН ја напушти седницата на Советот за безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-on-ja-napushti-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost/ Mon, 31 Jan 2022 19:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=452131

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, ја напушти седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, пред изјавата на претставникот на Украина, во која изјави дека има закажан состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Ве молам, не сметајте го ова за демонстративно заминување. Морам да ја напуштам оваа седница поради претходно закажаната средба со генералниот секретар на ОН по повод агендата на нашето претседателство - рече Небензја, пренесува ТАСС.

По заминувањето на амбасадорот Небензје, збор зеде постојаниот претставник на Украина во Обединетите нации, Сергеј Кишлица, а Русија потоа ја претставуваше Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН.

The post Рускиот амбасадор во ОН ја напушти седницата на Советот за безбедност appeared first on Република.