руски агенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-agenti/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Feb 2023 11:04:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руски агенти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruski-agenti/ 32 32 Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tana-fajon-potvrdi-deka-osomnichenite-za-shpionazha-vo-slovenija-se-chlenovi-na-ruskata-razuznavachka-sluzhba/ Wed, 01 Feb 2023 11:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=603308

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба.

Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба, рече министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.

Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши.

Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

The post Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>

Шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон потврди дека двајцата странски државјани кои се осомничени за шпионажа и беа уапсени се агенти на руска разузнавачка служба.
Во тек е официјална истрага. Осомничени се за дејствување против националните интереси на Република Словенија и според последните информации се членови на руска разузнавачка служба, рече министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
Словенечката радио-телевизија објави дека уапсените се жена и маж на 39-годишна возраст кои живееле во изнајмена куќа во Љубљана. Сопственикот на куќата во која живееле осомничените не сакал да зборува пред камерите на словенечката телевизија, но во телефонски разговор со нив рекол дека со двојката се сретнал лично и дека немал никакви проблеми со нив.
Неофицијално, РТВ Словенија дознава дека двајцата уапсени собирале општи информации за настаните во земјата, но и дека двајцата биле руски државјани и покрај нивните аргентински пасоши. Доколку бидат прогласени за виновни, на осомничените им се закануваат вкупно осум години затвор.

The post Тања Фајон потврди дека осомничените за шпионажа во Словенија се членови на руската разузнавачка служба appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-od-sosedstvoto-ni-doagjaat-ruski-agenti-nekolku-partii-se-finansiraat-od-moskva/ Thu, 28 Jul 2022 21:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=534476

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“, коментирајќи ја изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изјави дека се работи за провокативни изјави кои, според него, се дел од политичка пропаганда.

Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание - оценува Пендаровски.

Тој открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“.

Притоа, Пендаровски не открива за кои субјекти се работи, но посочува дека тоа се „неколку субјекти во директна корелација со Москва неколку години наназад“.

Сѐ додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е во ред и тоа е демократски. Но, морам да кажам дека навистина чудно е тоа што неколку дена по руската инвазија во Украина, Левица го повика рускиот амбасадор во Собрание и го одликува за неговиот придонес во билатералните односи, што е без преседан. Во ниеден европски парламент не се случило тоа - наведува Пендаровски во интервјуто за „Фокус“.

Во однос на руската воена интервенција во Украина, шефот на државата вели дека никој нема проценка кога таа војна би завршила, но додава, сите проценки упатуваат дека конфликтот ќе трае, што, како што предупредува тој, ќе предизвика верижни реакции во светот во многу области.

The post Пендаровски: Од соседството ни доаѓаат руски агенти, неколку партии се финансираат од Москва appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“, коментирајќи ја изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, изјави дека се работи за провокативни изјави кои, според него, се дел од политичка пропаганда.
Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание - оценува Пендаровски.
Тој открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“. Притоа, Пендаровски не открива за кои субјекти се работи, но посочува дека тоа се „неколку субјекти во директна корелација со Москва неколку години наназад“.