Руска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-vojska/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 13:02:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-vojska/ 32 32 Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vuchik-beshe-strashno-glupavo-da-se-pottseni-ruskata-armija/ Fri, 27 Sep 2024 13:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=819763

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека било „страшно глупаво да се потцени руската армија“.

Русите сега, со сите проблеми и тешкотии што ги имаат, не покажуваат дека се соочуваат со тоа. Покажаа дека се пожилави отколку што сите очекуваа. Зборувам за економијата, а беше страшно глупаво да се потценува руската армија, бидејќи кој и да ја потцени, ние ја знаеме што има направено руската армија низ историјата“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додадека дека изјавата на неговиот руски колега, Владимир Путин, за промена на руската нуклеарна доктрина предизвикала големо внимание во ОН.

Според Вучиќ, главна тема во Њујорк е Блискиот Исток, додека Украина, според истражувањата, е деветта или десетта тема за американските граѓани, за што знаат и американските политичари.

Трамп го виде тоа истражување и затоа му беше дозволено да оди толку отворено против Зеленски“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека „кој и да победи на американските избори, нема да му дава поддршка на Киев како порано“.

The post Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека било „страшно глупаво да се потцени руската армија“. Русите сега, со сите проблеми и тешкотии што ги имаат, не покажуваат дека се соочуваат со тоа. Покажаа дека се пожилави отколку што сите очекуваа. Зборувам за економијата, а беше страшно глупаво да се потценува руската армија, бидејќи кој и да ја потцени, ние ја знаеме што има направено руската армија низ историјата“, изјави Вучиќ. Српскиот претседател додадека дека изјавата на неговиот руски колега, Владимир Путин, за промена на руската нуклеарна доктрина предизвикала големо внимание во ОН. Според Вучиќ, главна тема во Њујорк е Блискиот Исток, додека Украина, според истражувањата, е деветта или десетта тема за американските граѓани, за што знаат и американските политичари.
Трамп го виде тоа истражување и затоа му беше дозволено да оди толку отворено против Зеленски“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека „кој и да победи на американските избори, нема да му дава поддршка на Киев како порано“.

The post Вучиќ: Беше страшно глупаво да се потцени руската армија appeared first on Република.

]]>
Зеленски тврди дека 40.000 руски војници се пренасочени во правец на Курск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-tvrdi-deka-40-000-ruski-vojnitsi-se-prenasocheni-vo-pravets-na-kursk/ Fri, 20 Sep 2024 05:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=817999

Околу 40.000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

-Веќе успеавме да пренасочиме околу 40.000 руски воен персонал во таа насока. Им благодарам на сите наши борбени бригади, на секој војник, наредник, на секој командант за нивната храброст, рече тој.

Според него, украинските сили го намалиле потенцијалот на руските војници да извршат напади во регионот на Доњецк, но тој посочи дека ситуацијата се уште е тешка во близина на градовите Покровск и Курахов

The post Зеленски тврди дека 40.000 руски војници се пренасочени во правец на Курск appeared first on Република.

]]>

Околу 40.000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск, изјави синоќа претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
-Веќе успеавме да пренасочиме околу 40.000 руски воен персонал во таа насока. Им благодарам на сите наши борбени бригади, на секој војник, наредник, на секој командант за нивната храброст, рече тој.
Според него, украинските сили го намалиле потенцијалот на руските војници да извршат напади во регионот на Доњецк, но тој посочи дека ситуацијата се уште е тешка во близина на градовите Покровск и Курахов

The post Зеленски тврди дека 40.000 руски војници се пренасочени во правец на Курск appeared first on Република.

]]>
Ќе ги надмине САД и Индија: Руската војска стана втора во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-gi-nadmine-sad-i-indija-ruskata-vojska-stana-vtora-vo-svetot/ Tue, 17 Sep 2024 11:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=817106

Рускиот претседател Владимир Путин нареди руската армија да се зголеми за 180.000 војници, соопшти Кремљ.

Со ова проширување, руската армија ќе има 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина армија во светот, веднаш по кинеската.

Зголемувањето на бројот на војници значи дека Русија ќе ја надмине армијата на САД и Индија, според податоците од воената организација „Меѓународен институт за стратешки студии“.

- Ова се должи на бројните закани кои постојат на нашите граници, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Ситуацијата на нашите западни и источни граници бара соодветни мерки, додаде тој.

Ова е третпат откако Путин го зголемува бројот на војници во руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022.

The post Ќе ги надмине САД и Индија: Руската војска стана втора во светот appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин нареди руската армија да се зголеми за 180.000 војници, соопшти Кремљ. Со ова проширување, руската армија ќе има 1,5 милиони активни војници, што ќе ја направи втора по големина армија во светот, веднаш по кинеската. Зголемувањето на бројот на војници значи дека Русија ќе ја надмине армијата на САД и Индија, според податоците од воената организација „Меѓународен институт за стратешки студии“. - Ова се должи на бројните закани кои постојат на нашите граници, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Ситуацијата на нашите западни и источни граници бара соодветни мерки, додаде тој. Ова е третпат откако Путин го зголемува бројот на војници во руската армија од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022.

The post Ќе ги надмине САД и Индија: Руската војска стана втора во светот appeared first on Република.

]]>
Украинците исфрлија течна лава од дрон врз руски војници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsite-isfrlija-techna-lava-od-dron-vrz-ruski-vojnitsi/ Thu, 05 Sep 2024 12:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=813539

На интернет се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина на кое се гледа како беспилотно летало истура течен метал врз војници кои се кријат во дрвјата.

Дронот полека прелетува преку дрворедот и остава огнена трага. Дронот е испратен од 108-та бригада за територијална одбрана и дека видеото е снимено во близина на селото Украинска во регионот Запорожје.

Огнениот столб што се гледа на видеото е стопен термит, мешавина од алуминиум и железен оксид или 'рѓа.Кога ќе се запали, достигнува температура од повеќе од 2.200 степени Целзиусови, што е двојно пожешко од растопената лава.

 

 

 

The post Украинците исфрлија течна лава од дрон врз руски војници appeared first on Република.

]]>

На интернет се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина на кое се гледа како беспилотно летало истура течен метал врз војници кои се кријат во дрвјата. Дронот полека прелетува преку дрворедот и остава огнена трага. Дронот е испратен од 108-та бригада за територијална одбрана и дека видеото е снимено во близина на селото Украинска во регионот Запорожје. Огнениот столб што се гледа на видеото е стопен термит, мешавина од алуминиум и железен оксид или 'рѓа.Кога ќе се запали, достигнува температура од повеќе од 2.200 степени Целзиусови, што е двојно пожешко од растопената лава.    
 

The post Украинците исфрлија течна лава од дрон врз руски војници appeared first on Република.

]]>
Уште овие три цели има останаа на Русите до конечната победа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-ovie-tri-tseli-ima-ostanaa-na-rusite-do-konechnata-pobeda/ Tue, 27 Feb 2024 12:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=748807

Руската војска има уште три нереализирани цели до конечната победа во војната во Украина, прогонзираат американските експерти.

1.Појдовна точка за освојување на Одеса е токму Херсонската област, каде што се наоѓаат најгусто населените подземни градови на руската армија. Оваа операција ќе ја отсече Украина од Црното Море и ќе го оневозможи нападот на руски бродови и пристаништа со пловечки дронови.

Американскиот институт за проучување на војната вели дека е веројатно дека Придњестровје, регион со словенско население што се отцепи од Молдавија, наскоро ќе бара анексија од татковината и ќе истурка низ Украина кон Одеса за да се приклучи на руската армија.


2. По падот на Авдејевка и Маринка, се отворил патот на руските сили за напад на украинската тврдина во Угљедар. Руските сили веќе го зазедоа селото Победа, важна точка на рутата што им овозможува да го опкружат Угљедар од три страни и да го освојат, исто како што го направија претходно Авдеевка и Бахмут. Падот на уште една тврдина може да предизвика колапс на целата украинска одбранбена линија.

3. Харков, град на истокот на Украина, е голем колку Белград, а населението говори руски јазик. На почетокот на војната, Русите го окупираа самиот центар на Харков, но  се повлекоа од градот бидејќи не ангажирале доволно сили да го задржат. Сега околу 40.000 руски војници се концентрирани само на рутата низ Купјанск, а украинските генерали отворено велат дека очекуваат напад од другата страна, преку старата граница со Русија.

The post Уште овие три цели има останаа на Русите до конечната победа appeared first on Република.

]]>

Руската војска има уште три нереализирани цели до конечната победа во војната во Украина, прогонзираат американските експерти. 1.Појдовна точка за освојување на Одеса е токму Херсонската област, каде што се наоѓаат најгусто населените подземни градови на руската армија. Оваа операција ќе ја отсече Украина од Црното Море и ќе го оневозможи нападот на руски бродови и пристаништа со пловечки дронови. Американскиот институт за проучување на војната вели дека е веројатно дека Придњестровје, регион со словенско население што се отцепи од Молдавија, наскоро ќе бара анексија од татковината и ќе истурка низ Украина кон Одеса за да се приклучи на руската армија. 2. По падот на Авдејевка и Маринка, се отворил патот на руските сили за напад на украинската тврдина во Угљедар. Руските сили веќе го зазедоа селото Победа, важна точка на рутата што им овозможува да го опкружат Угљедар од три страни и да го освојат, исто како што го направија претходно Авдеевка и Бахмут. Падот на уште една тврдина може да предизвика колапс на целата украинска одбранбена линија. 3. Харков, град на истокот на Украина, е голем колку Белград, а населението говори руски јазик. На почетокот на војната, Русите го окупираа самиот центар на Харков, но  се повлекоа од градот бидејќи не ангажирале доволно сили да го задржат. Сега околу 40.000 руски војници се концентрирани само на рутата низ Купјанск, а украинските генерали отворено велат дека очекуваат напад од другата страна, преку старата граница со Русија.

The post Уште овие три цели има останаа на Русите до конечната победа appeared first on Република.

]]>
Летаат дронови: Руската војска не мирува ни на Бадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/letaat-dronovi-ruskata-vojska-ne-miruva-ni-na-badnik/ Sat, 06 Jan 2024 17:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=730522

Руските власти денеска објавија дека собориле четири украински ракети насочени кон анектираниот полуостров Крим, во контекст на зголемените напади од двете страни од крајот на декември.

-ПВО пресретна и уништи четири украински ракети над полуостровот Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

Киев, од своја страна, објави дека ја погодил воздушната база Саки на западниот дел на полуостровот.

-Аеродром Саки. Сите цели се погодени, кратко соопштија украинските власти.

Руските власти во четвртокот објавија дека одбиле напад од десет украински ракети насочени кон Крим. Во тој напад е повредено едно лице.

Во последните денови двете страни ги засилија воздушните напади, додека конфликтот трае речиси две години.

Од крајот на декември, Русија двапати бомбардираше украински градови, при што загинаа околу 60 луѓе.

Украина, од своја страна, повеќепати го гаѓаше рускиот град Белгород, на 50 километри од границата. Во тие напади загинаа 25 лица.

Поради чести напади, во Белгород беа откажани божиќните прослави и литургијата

The post Летаат дронови: Руската војска не мирува ни на Бадник appeared first on Република.

]]>

Руските власти денеска објавија дека собориле четири украински ракети насочени кон анектираниот полуостров Крим, во контекст на зголемените напади од двете страни од крајот на декември. -ПВО пресретна и уништи четири украински ракети над полуостровот Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Киев, од своја страна, објави дека ја погодил воздушната база Саки на западниот дел на полуостровот.
-Аеродром Саки. Сите цели се погодени, кратко соопштија украинските власти.
Руските власти во четвртокот објавија дека одбиле напад од десет украински ракети насочени кон Крим. Во тој напад е повредено едно лице. Во последните денови двете страни ги засилија воздушните напади, додека конфликтот трае речиси две години. Од крајот на декември, Русија двапати бомбардираше украински градови, при што загинаа околу 60 луѓе. Украина, од своја страна, повеќепати го гаѓаше рускиот град Белгород, на 50 километри од границата. Во тие напади загинаа 25 лица. Поради чести напади, во Белгород беа откажани божиќните прослави и литургијата

The post Летаат дронови: Руската војска не мирува ни на Бадник appeared first on Република.

]]>
Русија ќе го зголеми бројот на регрути на 1.400 луѓе дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/rusija-ke-go-zgolemi-brojot-na-regruti-na1-400-luge-dnevno/ Tue, 04 Jul 2023 18:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=658153

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска соопшти дека во јуни бројот на регрути во руските вооружени сили се зголемил на 1.400 лица дневно.

- Само во последната недела, речиси 10.000 луѓе потпишаа договор со вооружените сили на Русија, рекол Медведев, пренесуваат руски медиуми.

Според него, од 1 јануари до 4 јули годинава во редовите на руските вооружени сили биле регрутирани повеќе од 185.000 луѓе, од кои 109.000 биле во резерва. Медведев рече дека „обидот за вооружен бунт не го променил односот на граѓаните кон договорната служба во зоната за специјални воени операции“

The post Русија ќе го зголеми бројот на регрути на 1.400 луѓе дневно appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска соопшти дека во јуни бројот на регрути во руските вооружени сили се зголемил на 1.400 лица дневно. - Само во последната недела, речиси 10.000 луѓе потпишаа договор со вооружените сили на Русија, рекол Медведев, пренесуваат руски медиуми. Според него, од 1 јануари до 4 јули годинава во редовите на руските вооружени сили биле регрутирани повеќе од 185.000 луѓе, од кои 109.000 биле во резерва. Медведев рече дека „обидот за вооружен бунт не го променил односот на граѓаните кон договорната служба во зоната за специјални воени операции“

The post Русија ќе го зголеми бројот на регрути на 1.400 луѓе дневно appeared first on Република.

]]>
Објавен е ценовникот: Војник на Вагнер заработува 3.500 долари месечно, на руската војска 1.300 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/objaven-e-tsenovnikot-vojnik-na-vagner-zarabotuva-3-500-dolari-mesechno-na-ruskata-vojska-1-300/ Wed, 28 Jun 2023 08:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=655935

Објавен е ценовиникот колку заработуваат платениците на Вагнер, а колку руските војници?
За да се приклучи на групата Вагнер дава 200.000 рубљи, што е околу 3500 американски долари. Toлку добиваат во просек и секој месец.

Просечната плата понудена на рускиот воен персонал се движи од 70.000 до 100.000 рубли, што е сума во опсег од 930 до 1330 американски долари.

Во случај да биде убиен војник на Вагнер, неговото семејство добива пет милиони рубљи, што е околу 60.000 американски долари. Минатата година, 30.000 луѓе му пришле на Вагнер при регрутирање во руските затвори. Пригожин тврди дека Вагнер регрутира од 500 до 800 војници дневно.

The post Објавен е ценовникот: Војник на Вагнер заработува 3.500 долари месечно, на руската војска 1.300 appeared first on Република.

]]>

Објавен е ценовиникот колку заработуваат платениците на Вагнер, а колку руските војници? За да се приклучи на групата Вагнер дава 200.000 рубљи, што е околу 3500 американски долари. Toлку добиваат во просек и секој месец. Просечната плата понудена на рускиот воен персонал се движи од 70.000 до 100.000 рубли, што е сума во опсег од 930 до 1330 американски долари. Во случај да биде убиен војник на Вагнер, неговото семејство добива пет милиони рубљи, што е околу 60.000 американски долари. Минатата година, 30.000 луѓе му пришле на Вагнер при регрутирање во руските затвори. Пригожин тврди дека Вагнер регрутира од 500 до 800 војници дневно.

The post Објавен е ценовникот: Војник на Вагнер заработува 3.500 долари месечно, на руската војска 1.300 appeared first on Република.

]]>
Русите на мејл ќе добиваат регрутација за во војска и мобилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-na-mejl-ke-dobivaat-regrutatsija-za-vo-vojska-i-mobilizatsija/ Tue, 11 Apr 2023 14:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=629900

Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето.

Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет.

Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет.

По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство

The post Русите на мејл ќе добиваат регрутација за во војска и мобилизација appeared first on Република.

]]>

Долниот дом на рускиот Парламент едногласно изгласа измените на законот со цел да се олесни мобилизацијата, и да се отежне избегнување на регрутирањето. Измените предвидуваат воведување електронски систем за воено регрутирање односно електронски повици преку интернет. Досега документите за регрутирање во Русија требаше да се поднесуваат лично во локална воена канцеларија или преку работодавецот. Со измените на законот, документите за регрутација би се испраќале по пошта и преку интернет. По добивањето на електронската покана, на граѓаните кои нема да се појават во воената канцеларија автоматски ќе им биде забрането да патуваат во странство

The post Русите на мејл ќе добиваат регрутација за во војска и мобилизација appeared first on Република.

]]>
Путин наредил руската армија да ги распореди најнапредните ракетни системи С-500 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-naredil-ruskata-armija-da-gi-rasporedi-najnaprednite-raketni-sistemi-s-500/ Tue, 21 Jun 2022 13:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=518112

Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека најнапредното руско противвоздушно и противракетно оружје веќе и се доставува на армијата.

Руската војска е во процес на распоредување на С-500, најнапредниот систем за противвоздушна одбрана во земјата - потврди Путин во Москва, обраќајќи им се на дипломците на руските воени колеџи, додека ги опишуваше ги плановите на Русија за поставување напредни системи на оружје.

За новот вооружување Путин истакна дека ќе ги „одреди борбените способности на армијата и морнарицата во годините и децениите што доаѓаат“.

The post Путин наредил руската армија да ги распореди најнапредните ракетни системи С-500 appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека најнапредното руско противвоздушно и противракетно оружје веќе и се доставува на армијата.
Руската војска е во процес на распоредување на С-500, најнапредниот систем за противвоздушна одбрана во земјата - потврди Путин во Москва, обраќајќи им се на дипломците на руските воени колеџи, додека ги опишуваше ги плановите на Русија за поставување напредни системи на оружје.
За новот вооружување Путин истакна дека ќе ги „одреди борбените способности на армијата и морнарицата во годините и децениите што доаѓаат“.

The post Путин наредил руската армија да ги распореди најнапредните ракетни системи С-500 appeared first on Република.

]]>
Молдавија бара руската војска да го напушти Придњестровје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-bara-ruskata-vojska-da-go-napushti-pridnjestrovje/ Tue, 10 May 2022 09:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=500346

Молдавија бара повлекување на руската војска од Придњестровје (Транснистрија) во Молдавија, бидејќи сака мирно решение на конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим, рече Гаврилица на синоќешниот брифинг.

Според неа, официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани.

Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани.

The post Молдавија бара руската војска да го напушти Придњестровје appeared first on Република.

]]>

Молдавија бара повлекување на руската војска од Придњестровје (Транснистрија) во Молдавија, бидејќи сака мирно решение на конфликтот, изјави молдавската премиерка Наталија Гаврилица.
Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим, рече Гаврилица на синоќешниот брифинг.
Според неа, официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани. Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 земји беа воздржани.

The post Молдавија бара руската војска да го напушти Придњестровје appeared first on Република.

]]>
Русите прикажуваат едни бројки, Украинците други: Колку се вистинските загуби на руската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-prikazuvaat-edni-brojki-ukraincite-drugi-kolku-se-vistinskite-zagubi-na-ruskata-vojska/ Tue, 12 Apr 2022 14:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=487459

Од почетокот на војната против Украина, руската армија загуби 157 авиони, 140 хеликоптери и 124 беспилотни летала, соопшти украинскиот Генералштаб.

Според Генералштабот, како што пренесува Украинска правда, руската војска досега во Украина загубила околу 19.600 луше,  732 тенкови, 1946 оклопни борбени возила, 349 артилериски системи и 111 повеќекратни ракетни фрлачи.

Исто така, уништени се 63 системи за противвоздушна одбрана, 157 авиони – 157 единици, 140  хеликоптери, 1.406 автомобили, седум бродови, 76 резервоари за гориво, 124  оперативно-тактички беспилотни летала, 25 единици специјална опрема и четири лансери на балистички ракети со краток дострел.

Од друга страна украинскиот весник „Киев индипендент“ објавува дека руската војска загубила 58 авиони, 83 хеликоптери, 362 тенкови, два воени бродови, 62 ракети и дури 12.000 војници.

The post Русите прикажуваат едни бројки, Украинците други: Колку се вистинските загуби на руската војска appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на војната против Украина, руската армија загуби 157 авиони, 140 хеликоптери и 124 беспилотни летала, соопшти украинскиот Генералштаб. Според Генералштабот, како што пренесува Украинска правда, руската војска досега во Украина загубила околу 19.600 луше,  732 тенкови, 1946 оклопни борбени возила, 349 артилериски системи и 111 повеќекратни ракетни фрлачи. Исто така, уништени се 63 системи за противвоздушна одбрана, 157 авиони – 157 единици, 140  хеликоптери, 1.406 автомобили, седум бродови, 76 резервоари за гориво, 124  оперативно-тактички беспилотни летала, 25 единици специјална опрема и четири лансери на балистички ракети со краток дострел. Од друга страна украинскиот весник „Киев индипендент“ објавува дека руската војска загубила 58 авиони, 83 хеликоптери, 362 тенкови, два воени бродови, 62 ракети и дури 12.000 војници.

The post Русите прикажуваат едни бројки, Украинците други: Колку се вистинските загуби на руската војска appeared first on Република.

]]>
Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-unishten-centar-za-obuka-eliminirani-80-platenici-pogodeni-vkupno-44-voeni-celi/ Mon, 21 Mar 2022 14:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=476153

Руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерска единица составена од хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н на руските воздушни сили уништиле осум тенкови на украинската армија, четири пешадиски борбени возила и три оклопни транспортери.

Руските воздушни сили со крстосувачки ракети нападнаа центар за обука на странски платеници и украински националисти во регионот Ривне. Како резултат на овој ракетен напад, во центарот за обука се елимнирани 80 платеници и националисти - се наведува во соопштението на руското министерство.

Во него се додава дека високопрецизни крстосувачки ракети уништиле складиште со муниција и оружје, како и седиштето на механизирана воена бригада во близина на местото Селец во западна Украина.

Во текот на изминатата ноќ, руските воздухопловни сили уништиле вкупно 44 украински воени објекти, меѓу кои и шест противвоздушни ракетни системи БукзМ1.

The post Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели appeared first on Република.

]]>

Руското министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерска единица составена од хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н на руските воздушни сили уништиле осум тенкови на украинската армија, четири пешадиски борбени возила и три оклопни транспортери.
Руските воздушни сили со крстосувачки ракети нападнаа центар за обука на странски платеници и украински националисти во регионот Ривне. Како резултат на овој ракетен напад, во центарот за обука се елимнирани 80 платеници и националисти - се наведува во соопштението на руското министерство.
Во него се додава дека високопрецизни крстосувачки ракети уништиле складиште со муниција и оружје, како и седиштето на механизирана воена бригада во близина на местото Селец во западна Украина. Во текот на изминатата ноќ, руските воздухопловни сили уништиле вкупно 44 украински воени објекти, меѓу кои и шест противвоздушни ракетни системи БукзМ1.

The post Русија: Уништен центар за обука, елиминирани 80 платеници, погодени вкупно 44 воени цели appeared first on Република.

]]>
Руските сили напредувале 12 километри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-sili-napreduvale-12-kilometri/ Sat, 12 Mar 2022 19:03:08 +0000 https://republika.mk/?p=471871

Оружените сили на Руската федерација напредувале 12 километри и ја преемале контролата над Новоандреевка и Кириловка, а стигнале и до линијата Новомајорское - Павловка - Николско - Владимировка - Благодатно, соопшти руското министерство за одбрана.

Истовремено, трупоте на ЛНР ги заземале населените места Молодожноје и Возгорје, а ги заземале и јужните и централните делови на градот Попаснаја.

Од Министерството додаваат дека воздушно-космичките сили на Русија срушиле во воздух украински хеликоптер Ми-24 и три дрона, вклучувајќи Бајрактар ТБ-2.

Во соопштението се додава дека од почетокот на воената акција во Украина, руската војска онеспособила 3.593 воени инфраструктурни објекти во Украина.

The post Руските сили напредувале 12 километри appeared first on Република.

]]>

Оружените сили на Руската федерација напредувале 12 километри и ја преемале контролата над Новоандреевка и Кириловка, а стигнале и до линијата Новомајорское - Павловка - Николско - Владимировка - Благодатно, соопшти руското министерство за одбрана. Истовремено, трупоте на ЛНР ги заземале населените места Молодожноје и Возгорје, а ги заземале и јужните и централните делови на градот Попаснаја. Од Министерството додаваат дека воздушно-космичките сили на Русија срушиле во воздух украински хеликоптер Ми-24 и три дрона, вклучувајќи Бајрактар ТБ-2. Во соопштението се додава дека од почетокот на воената акција во Украина, руската војска онеспособила 3.593 воени инфраструктурни објекти во Украина.

The post Руските сили напредувале 12 километри appeared first on Република.

]]>
ДПА: Руските трупи напредуваат, а Зеленски сигнализира подготвеност за компромис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dpa-ruskite-trupi-napreduvaat-a-zelenski-signalizira-podgotvenost-za-kompromis/ Wed, 09 Mar 2022 22:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=470321

Во Украина се зголемува очајот додека руските сили продолжија со напредувањето, а безбедните рути договорени за евакуација на цивилите беа спроведени само со делумен успех, јави дописникот на ДПА од Киев.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност за компромис, еден ден пред да се одржат мировните преговори во Турција.

Киев соопшти дека руските сили бомбардирале породилиште во Мариупол, при што биле повредени 17 лица. Досега само во Мариупол се убиени 1.207 цивили од почетокот на руската инвазија, според локален претставник.

До вечерва руските сили дополнително напредуваа во Донбас со помош на руската армија и отидоа уште еден километар поблиску до Мариупол, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА.

Руската армија, исто така, постигна напредок околу Харков, при што руските војници неодамна се приближија до градот, според Пентагон.

Руските трупи, исто така, постигнаа напредок околу Миколајев, рече претставник на американската одбрана, додавајќи дека се приближувале на 15 километри северно од градот.

Во конфликтот Русија уништи 81 украинска радарска станица за воздушна одбрана, што значи дека украинските системи за противвоздушна одбрана повеќе не се во можност да ги одбијат руските воздушни сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Од друга страна, официјален претставник на американската одбрана тврди дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана останува функционален.

Вашингтон, исто така, соопшти дека Русија ја гаѓа Украина со бомби без систем за прецизно наведување. „Видовме индикации дека тие фрлиле неми бомби“, рече претставник на американската одбрана, но сепак истакна дека тоа не може да се докаже во одредени случаи. Тој соопшти за „зголемена штета на цивилната инфраструктура и бројот на цивилните жртви“.

Во меѓувреме, обидите да се обезбеди безбеден премин надвор од областите што Русија ги бомбардира се покажаа бавни и неуспешни, а Москва и Киев меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето.

Претходно имаше извештаи за пукање од страна на руски војници додека цивилите се обидуваат да побегнат од опколените градови, и покрај тоа што Украина и Русија начелно се согласија за отворање на шест коридори за евакуација.

Стотици илјадници цивили, особено во пристанишниот град Мариупол, се надеваа дека ќе бидат спасени од тамошните очајни услови, но договорениот коридор сè уште не профункционира, велат сепаратистите во регионот на Доњецк, пренесува ДПА.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Русија продолжува да држи како заложници повеќе од 400.000 луѓе во Мариупол, блокирајќи ја хуманитарната помош и евакуацијата“.

Сепак, Москва ги отфрли тврдењата и вели дека Украина ги гранатира руските позиции и одбива да ги евакуира граѓаните во Русија.

Но, со продолжувањето на бомбардирањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис пред утрешните мировни преговори со руските претставници.

Во какви било преговори, мојата цел е да се стави крај на војната со Русија. И јас сум исто така подготвен да преземам одредени чекори, изјави Зеленски за германскиот весник „Билд“.

Утрешните разговори треба да се одржат меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Кулеба во Анталија. Тие ќе бидат разговори на највисоко ниво меѓу двете страни од почетокот на руската инвазија пред две недели.

Може да се направат компромиси, но тие не смеат да бидат предавство на мојата земја, рече Зеленски, без да даде дополнителни детали. Тој исто така истакна дека и другата страна треба да биде подготвена на компромис.

Зеленски рече дека сè уште не сака јавно „да зборува за деталите“, особено што сè уште немал директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Само по директните разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна, потенцираше претседателот на Украина.

The post ДПА: Руските трупи напредуваат, а Зеленски сигнализира подготвеност за компромис appeared first on Република.

]]>

Во Украина се зголемува очајот додека руските сили продолжија со напредувањето, а безбедните рути договорени за евакуација на цивилите беа спроведени само со делумен успех, јави дописникот на ДПА од Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност за компромис, еден ден пред да се одржат мировните преговори во Турција. Киев соопшти дека руските сили бомбардирале породилиште во Мариупол, при што биле повредени 17 лица. Досега само во Мариупол се убиени 1.207 цивили од почетокот на руската инвазија, според локален претставник. До вечерва руските сили дополнително напредуваа во Донбас со помош на руската армија и отидоа уште еден километар поблиску до Мариупол, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА. Руската армија, исто така, постигна напредок околу Харков, при што руските војници неодамна се приближија до градот, според Пентагон. Руските трупи, исто така, постигнаа напредок околу Миколајев, рече претставник на американската одбрана, додавајќи дека се приближувале на 15 километри северно од градот.
Во конфликтот Русија уништи 81 украинска радарска станица за воздушна одбрана, што значи дека украинските системи за противвоздушна одбрана повеќе не се во можност да ги одбијат руските воздушни сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.
Од друга страна, официјален претставник на американската одбрана тврди дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана останува функционален. Вашингтон, исто така, соопшти дека Русија ја гаѓа Украина со бомби без систем за прецизно наведување. „Видовме индикации дека тие фрлиле неми бомби“, рече претставник на американската одбрана, но сепак истакна дека тоа не може да се докаже во одредени случаи. Тој соопшти за „зголемена штета на цивилната инфраструктура и бројот на цивилните жртви“. Во меѓувреме, обидите да се обезбеди безбеден премин надвор од областите што Русија ги бомбардира се покажаа бавни и неуспешни, а Москва и Киев меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето. Претходно имаше извештаи за пукање од страна на руски војници додека цивилите се обидуваат да побегнат од опколените градови, и покрај тоа што Украина и Русија начелно се согласија за отворање на шест коридори за евакуација. Стотици илјадници цивили, особено во пристанишниот град Мариупол, се надеваа дека ќе бидат спасени од тамошните очајни услови, но договорениот коридор сè уште не профункционира, велат сепаратистите во регионот на Доњецк, пренесува ДПА. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Русија продолжува да држи како заложници повеќе од 400.000 луѓе во Мариупол, блокирајќи ја хуманитарната помош и евакуацијата“. Сепак, Москва ги отфрли тврдењата и вели дека Украина ги гранатира руските позиции и одбива да ги евакуира граѓаните во Русија. Но, со продолжувањето на бомбардирањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис пред утрешните мировни преговори со руските претставници.
Во какви било преговори, мојата цел е да се стави крај на војната со Русија. И јас сум исто така подготвен да преземам одредени чекори, изјави Зеленски за германскиот весник „Билд“.
Утрешните разговори треба да се одржат меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Кулеба во Анталија. Тие ќе бидат разговори на највисоко ниво меѓу двете страни од почетокот на руската инвазија пред две недели.
Може да се направат компромиси, но тие не смеат да бидат предавство на мојата земја, рече Зеленски, без да даде дополнителни детали. Тој исто така истакна дека и другата страна треба да биде подготвена на компромис.
Зеленски рече дека сè уште не сака јавно „да зборува за деталите“, особено што сè уште немал директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Само по директните разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна, потенцираше претседателот на Украина.

The post ДПА: Руските трупи напредуваат, а Зеленски сигнализира подготвеност за компромис appeared first on Република.

]]>
Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britancite-tvrdat-deka-ruskata-vojska-koristi-mobilni-krematoriumi-za-da-gi-prikrie-zagubite-vo-borbite-vo-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 12:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=464216

Руската армија во Украина има мобилни крематориуми, кои ги користи за да ги прикрие воените загуби во битките, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на изјава на британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Министерството за одбрана во Лондон, објави и снимка на која наводно се гледа воено возило коешто е претворено во мобилен крематориум за палење на телата.

Да сум војник и да знам дека моите генерали имаат толку малку доверба во мене и да ме праќаат по боиштата со мобичлен крематориум, би бил многу загрижен - изјави Валас.

 

The post Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина appeared first on Република.

]]>

Руската армија во Украина има мобилни крематориуми, кои ги користи за да ги прикрие воените загуби во битките, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на изјава на британскиот министер за одбрана, Бен Валас. Министерството за одбрана во Лондон, објави и снимка на која наводно се гледа воено возило коешто е претворено во мобилен крематориум за палење на телата.
Да сум војник и да знам дека моите генерали имаат толку малку доверба во мене и да ме праќаат по боиштата со мобичлен крематориум, би бил многу загрижен - изјави Валас.
 

The post Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина appeared first on Република.

]]>
Руската војска влезе во украинскиот град Мелитопол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-vojska-vleze-vo-ukrainskiot-grad-melitopol/ Fri, 25 Feb 2022 22:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=464058

Руската армија без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

По амфибискиот напад во регионот на населбата Азов, во Украина, руските единици вмаршираа и влегоа во Мелитопол без отпор, се наведува во соопштението на руското МО.

Би-Би-Си јавува дека на социјалните мрежи е објавена проверена видео снимка на која се гледаат борбите во Мелитопол.

The post Руската војска влезе во украинскиот град Мелитопол appeared first on Република.

]]>

Руската армија без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
По амфибискиот напад во регионот на населбата Азов, во Украина, руските единици вмаршираа и влегоа во Мелитопол без отпор, се наведува во соопштението на руското МО.
Би-Би-Си јавува дека на социјалните мрежи е објавена проверена видео снимка на која се гледаат борбите во Мелитопол.

The post Руската војска влезе во украинскиот град Мелитопол appeared first on Република.

]]>
Планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/planot-na-rusija-za-deneska-e-da-se-probie-do-kiev-so-tenkovi/ Fri, 25 Feb 2022 07:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=463532

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов.

– Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев, напиша Герашченко на Телеграм.

Тој додаде дека бранителите на Киев се подготвени.

– Нападите врз Киев со крстосувачки и балистички ракети продолжија, наведе Герашченко преку СМС порака до новинарите.

The post Планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови appeared first on Република.

]]>

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов. – Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев, напиша Герашченко на Телеграм. Тој додаде дека бранителите на Киев се подготвени. – Нападите врз Киев со крстосувачки и балистички ракети продолжија, наведе Герашченко преку СМС порака до новинарите.

The post Планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови appeared first on Република.

]]>
Кој е посилен?: Meѓу руската и украинската војска нема споредба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-e-posilen-megju-ruskata-i-ukrainskata-vojska-nema-sporedba/ Sat, 19 Feb 2022 20:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=460951

Споредувајќи ги двете војски Русија има поголема воена моќ и е на второ место меѓу најголемите воени сили во светот, додека Украина е на 22. место.

Кои се разликите

Односот меѓу воената моќ на овие две поранешни советски републики најдобро се одразува во годишните буџети кои се издвојуваат за потребите на армијата.

Русија има 850.000 активни војници, додека соседна Украина има четири пати помалку, околу 200.000.

Артилерија

Русија има и 7.571 парчиња артилерија, додека Киев има 2.040. Кога станува збор за оклопни возила, Москва има 30.122, а Украинците три пати помалку.

Украина има на располагање нешто повеќе од 2.500 тенкови, додека руското Министерство за одбрана има дури 12.420.

Русија има повеќе од 30.000 оклопни возила, додека Украина има три пати помалку.

Можеби бројот на воени хеликоптери би бил најдобар показател за разликата во воената готовност на овие две поранешни советски републики, бидејќи Кремљ има 544, додека Киев има само 34.

Ништо подобра не е ситуацијата со борбените авиони, каде што бројките се 772 наспроти 69 во корист на Русија.

морнарица

Делот од армијата во кој Русија има целосна доминација над Украина е дефинитивно морнарицата. Русија располага со вкупно 605 воени бродови, додека Украина има 38.

Кремљ поседува еден носач на авиони и 70 подморници, а Украина нема ниту една.

Украинската армија има 13 патролни бродови, а Русија четири пати повеќе, покажуваат податоците на „Global fire power“.

Руската армија има 15 разурнувачи и 49 минофрлачи, додека Украина во моментов нема разурнувачи и само еден минофрлач.

The post Кој е посилен?: Meѓу руската и украинската војска нема споредба appeared first on Република.

]]>

Споредувајќи ги двете војски Русија има поголема воена моќ и е на второ место меѓу најголемите воени сили во светот, додека Украина е на 22. место. Кои се разликите Односот меѓу воената моќ на овие две поранешни советски републики најдобро се одразува во годишните буџети кои се издвојуваат за потребите на армијата. Русија има 850.000 активни војници, додека соседна Украина има четири пати помалку, околу 200.000. Артилерија Русија има и 7.571 парчиња артилерија, додека Киев има 2.040. Кога станува збор за оклопни возила, Москва има 30.122, а Украинците три пати помалку. Украина има на располагање нешто повеќе од 2.500 тенкови, додека руското Министерство за одбрана има дури 12.420. Русија има повеќе од 30.000 оклопни возила, додека Украина има три пати помалку. Можеби бројот на воени хеликоптери би бил најдобар показател за разликата во воената готовност на овие две поранешни советски републики, бидејќи Кремљ има 544, додека Киев има само 34. Ништо подобра не е ситуацијата со борбените авиони, каде што бројките се 772 наспроти 69 во корист на Русија. морнарица Делот од армијата во кој Русија има целосна доминација над Украина е дефинитивно морнарицата. Русија располага со вкупно 605 воени бродови, додека Украина има 38. Кремљ поседува еден носач на авиони и 70 подморници, а Украина нема ниту една. Украинската армија има 13 патролни бродови, а Русија четири пати повеќе, покажуваат податоците на „Global fire power“. Руската армија има 15 разурнувачи и 49 минофрлачи, додека Украина во моментов нема разурнувачи и само еден минофрлач.

The post Кој е посилен?: Meѓу руската и украинската војска нема споредба appeared first on Република.

]]>
Руската војска на опозиција на „готовс“ за напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-vojska-na-opozicija-na-gotovs-za-napad/ Fri, 18 Feb 2022 23:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=460701

Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се во позиција за напад, според официјален претставник на американската одбрана запознаен со најновата проценка.

Бројот на батаљонските тактички групи се зголемил на приближно 120-125. Батаљонската тактичка група обично се состои од 1.000 војници. Официјалниот претставник рече дека руската војска продолжила да ги придвижува силите кон границата, а во последните 48 часа, бројот на силите на нападната позиција достигна 40-50отсто

Во исто време, руската кампања за дестабилизација започна, нагласи официјалниот претставник, јави Си-Ен-Ен

The post Руската војска на опозиција на „готовс“ за напад appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од руските сили што ја опкружуваат Украина се во позиција за напад, според официјален претставник на американската одбрана запознаен со најновата проценка. Бројот на батаљонските тактички групи се зголемил на приближно 120-125. Батаљонската тактичка група обично се состои од 1.000 војници. Официјалниот претставник рече дека руската војска продолжила да ги придвижува силите кон границата, а во последните 48 часа, бројот на силите на нападната позиција достигна 40-50отсто Во исто време, руската кампања за дестабилизација започна, нагласи официјалниот претставник, јави Си-Ен-Ен

The post Руската војска на опозиција на „готовс“ за напад appeared first on Република.

]]>