руска рубља Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-rublja/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 09:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска рубља Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-rublja/ 32 32 Рубљата на најниско ниво од првите денови на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rublata-na-najnisko-nivo-od-prvite-denovi-na-vojnata-vo-ukraina/ Tue, 15 Aug 2023 09:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=672233

Вредноста на руската валута, рубљата денеска го достигна најниското ниво од првите недели од војната во Украина, бидејќи Москва ги зголемува воените трошоци и санкциите на Западот го оптоваруваат нејзиниот извоз на енергенси.

Еден доларот утрово чинеше 101 рубља, па продолжува падот на вредноста на руската валута за повеќе од 25 отсто во однос на почетокот на годината.

Тоа е најниската вредност на рубљата во изминатите 17 месеци.

Економскиот советник на претседателот Владимир Путин, Максим Орешкин денеска во авторски текст за државната новинска агенција Тасс за слабата рубља ја обвини „лабавата монетарна политика“.

Орешкин изјави дека силната рубља е во интерес на руската економија и дека слабата валута „го отежнува економското преструктурирање и негативно влијае на реалните приходи на луѓето“.

Руската централна банка утре ќе има седница поради вредноста на рубљата.

Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин ја нападна Украина во февруари 2022 година, достигна 100,9950 за американски долар, што е нејзината најниска вредност во речиси 17 месеци.

The post Рубљата на најниско ниво од првите денови на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Вредноста на руската валута, рубљата денеска го достигна најниското ниво од првите недели од војната во Украина, бидејќи Москва ги зголемува воените трошоци и санкциите на Западот го оптоваруваат нејзиниот извоз на енергенси. Еден доларот утрово чинеше 101 рубља, па продолжува падот на вредноста на руската валута за повеќе од 25 отсто во однос на почетокот на годината. Тоа е најниската вредност на рубљата во изминатите 17 месеци. Економскиот советник на претседателот Владимир Путин, Максим Орешкин денеска во авторски текст за државната новинска агенција Тасс за слабата рубља ја обвини „лабавата монетарна политика“. Орешкин изјави дека силната рубља е во интерес на руската економија и дека слабата валута „го отежнува економското преструктурирање и негативно влијае на реалните приходи на луѓето“. Руската централна банка утре ќе има седница поради вредноста на рубљата. Рубљата, која изгуби околу една четвртина од својата вредност во однос на доларот откако Путин ја нападна Украина во февруари 2022 година, достигна 100,9950 за американски долар, што е нејзината најниска вредност во речиси 17 месеци.

The post Рубљата на најниско ниво од првите денови на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Руската рубља ќе биде наметната како платежно средство во украинскиот регион Херсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-rublja-kje-bide-nametnata-kako-platezno-sredstvo-vo-ukrainskiot-region-herson/ Tue, 06 Dec 2022 09:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=582433

Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи, јави ДПА.

Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, соопшти денеска преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо.

Како причина, пренесува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија“.

Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, повторно под контрола на Украина. Меѓутоа, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници.

Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија.

Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот.

Во другите анектирани региони, Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута, пренесе ДПА.

The post Руската рубља ќе биде наметната како платежно средство во украинскиот регион Херсон appeared first on Република.

]]>

Руските окупатори на украинската област Херсон го повикаа населението да ги замени своите заштеди за руски рубљи, јави ДПА. Од 1 јануари завршуваат плаќањата во украинската национална валута, гривна, соопшти денеска преку видео порака на каналот Телеграм шефот на окупаторските сили, Владимир Салдо. Како причина, пренесува ДПА, Солдо го наведува огромниот пад на вредноста на гривната поради економските проблеми на Украина, додавајќи дека украинската валута „се претвора во обична хартија“. Регонот Херсон, и истоимениот главен град, како и неколку други градови во него, повторно под контрола на Украина. Меѓутоа, поголемиот дел од регионот и натаму е окупиран од руски војници. Одлуката за промена на валутата, претходно беше објавена во октомври, и е дел од мерките за припојувањето на регионот на руска територија. Од почетокот на војната украинската национална валута – гривната изгуби околу 50 отсто од својата вредност во однос на доларот. Во другите анектирани региони, Луганск и Доњецк, рубљата веќе некое време е воведена како оицијална валута, пренесе ДПА.

The post Руската рубља ќе биде наметната како платежно средство во украинскиот регион Херсон appeared first on Република.

]]>