руска ракета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-raketa/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 08:40:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска ракета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-raketa/ 32 32 НАТО нема да пресретнува руски ракети над Украина како над Изреал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-nema-da-presretnuva-ruski-raketi-nad-ukraina-kako-nad-izreal/ Fri, 04 Oct 2024 08:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=822520

Пентагон соопшти дека НАТО нема да пресретнува руски ракети и беспилотни летала над Украина, како што тоа го прави над Израел, бидејќи тоа се „две сосема различни боишта“.

Заменичката за печат на Пентагон, Сабрина Синг, нагласи дека Украина била многу успешна во користењето на сопствената противвоздушна одбрана.

Таа, исто така, извести за разговорот меѓу шефот на Пентагон, Лојд Остин, и украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД нема директно да се вмешуваат во војната, но ќе продолжат да го поддржуваат Киев во обидите да си ја врати својата територија.

Портпаролката додаде дека САД ќе продолжат да ја обезбедуваат неопходната поддршка на Украина.

The post НАТО нема да пресретнува руски ракети над Украина како над Изреал appeared first on Република.

]]>

Пентагон соопшти дека НАТО нема да пресретнува руски ракети и беспилотни летала над Украина, како што тоа го прави над Израел, бидејќи тоа се „две сосема различни боишта“. Заменичката за печат на Пентагон, Сабрина Синг, нагласи дека Украина била многу успешна во користењето на сопствената противвоздушна одбрана. Таа, исто така, извести за разговорот меѓу шефот на Пентагон, Лојд Остин, и украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров. Американскиот претседател Џо Бајден вети дека САД нема директно да се вмешуваат во војната, но ќе продолжат да го поддржуваат Киев во обидите да си ја врати својата територија. Портпаролката додаде дека САД ќе продолжат да ја обезбедуваат неопходната поддршка на Украина.

The post НАТО нема да пресретнува руски ракети над Украина како над Изреал appeared first on Република.

]]>
Русија ја лансира ракетата Сојуз-2.1б, која носи воени сателити во орбитата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ja-lansira-raketata-sojuz-2-1b-koja-nosi-voeni-sateliti-vo-orbitata/ Thu, 21 Dec 2023 22:54:23 +0000 https://republika.mk/?p=725474

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ракетата Сојуз-2.1б била успешно лансирана во важна вселенска мисија од космодромот Плесецк во областа Архангелск.

Во соопштението се наведува дека екипажот на Воздухопловните сили лансирањето го изврши денеска, испраќајќи ја на небото ракетата-носач од средна класа Сојуз-2.1б, носејќи го товарот на леталото.

Сојуз-2.1б е надградена и напредна верзија на неговиот претходник од советската ера, дизајнирана како тристепено лансирање со капацитет да поставува товари во ниската орбита на Земјата.

Од Министерството за одбрана истакнаа дека ова лансирање е дел од планираните вселенски мисии планирани за 2023 година, кои беа најавени на почетокот на годинава.

The post Русија ја лансира ракетата Сојуз-2.1б, која носи воени сателити во орбитата appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ракетата Сојуз-2.1б била успешно лансирана во важна вселенска мисија од космодромот Плесецк во областа Архангелск. Во соопштението се наведува дека екипажот на Воздухопловните сили лансирањето го изврши денеска, испраќајќи ја на небото ракетата-носач од средна класа Сојуз-2.1б, носејќи го товарот на леталото. Сојуз-2.1б е надградена и напредна верзија на неговиот претходник од советската ера, дизајнирана како тристепено лансирање со капацитет да поставува товари во ниската орбита на Земјата. Од Министерството за одбрана истакнаа дека ова лансирање е дел од планираните вселенски мисии планирани за 2023 година, кои беа најавени на почетокот на годинава.

The post Русија ја лансира ракетата Сојуз-2.1б, која носи воени сателити во орбитата appeared first on Република.

]]>
Американски разузнувач објавил видео од моментот кога руска ракета разнесе 50 украински генерали и офицери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-razuznuvach-objavil-video-od-momentot-koga-ruska-raketa-raznese-50-ukrainski-generali-i-oficeri/ Mon, 20 Jun 2022 13:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=517640

На „темната мрежа“ (dark web) (посебен дел од интернетот до кој е невозможен пристап со класични пребарувачи и го користат оние кои сакаат да останат анонимни, од тајни агенти до најсериозните криминалци), се појави видео за кое се тврди дека го снимиле американски разузнавачи, а го прикажува моментот кога руска ракета погоди штабен центар на украинската војска при што, според информациите, загинале педесетина украински генерали и офицери.

Според тврдењата, видеото е направено во близина на селото Широка Дача во регионот Днепропетровск во Украина.

Малото село стана познато кога портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Игор Конашенков, за време на редовен дневен брифинг, изјави дека руската армија го уништила украинскиот команден центар во близина на тоа село.

Веста ја пренесоа многу светски медиуми, но се уште нема официјална потврда од украинска страна, ниту, пак, демант на случувањето.

Според лицето кое го објавило видеото, агент на терен правел видео и случајно го фатил моментот кога крстосувчка ракета „Калибар“ удрила во командниот центар и ја обезглавил украинската војска.

Засега нема независни потврди дека снимката е направена токму тогаш и на тоа место.

The post Американски разузнувач објавил видео од моментот кога руска ракета разнесе 50 украински генерали и офицери appeared first on Република.

]]>

На „темната мрежа“ (dark web) (посебен дел од интернетот до кој е невозможен пристап со класични пребарувачи и го користат оние кои сакаат да останат анонимни, од тајни агенти до најсериозните криминалци), се појави видео за кое се тврди дека го снимиле американски разузнавачи, а го прикажува моментот кога руска ракета погоди штабен центар на украинската војска при што, според информациите, загинале педесетина украински генерали и офицери. Според тврдењата, видеото е направено во близина на селото Широка Дача во регионот Днепропетровск во Украина. Малото село стана познато кога портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Игор Конашенков, за време на редовен дневен брифинг, изјави дека руската армија го уништила украинскиот команден центар во близина на тоа село. Веста ја пренесоа многу светски медиуми, но се уште нема официјална потврда од украинска страна, ниту, пак, демант на случувањето. Според лицето кое го објавило видеото, агент на терен правел видео и случајно го фатил моментот кога крстосувчка ракета „Калибар“ удрила во командниот центар и ја обезглавил украинската војска. Засега нема независни потврди дека снимката е направена токму тогаш и на тоа место.

The post Американски разузнувач објавил видео од моментот кога руска ракета разнесе 50 украински генерали и офицери appeared first on Република.

]]>
Русите пресметаа: Во Париз ракетата ќе стигне за 200 секунди, во Берлин за 106 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-presmetaa-vo-pariz-raketata-kje-stigne-za-200-sekundi-vo-berlin-za-106/ Sun, 01 May 2022 12:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=495998

Руската новинарка Олга Скабеева и пратеникот на Државната дума Алексеј Журављов разговараа за тоа колку секунди би биле потребни за балистичка ракета да ги погоди главните европски градови.

Според нив, времето на летот на ракетата „Сатана“ од Калининград до Берлин ќе биде 106 секунди, а од Калининград до Париз 200 секунди и до Лондон 202 секунди, пренесува Yahoo news.

Ако пак се употреби „сатанска ракета“, според нив никој нема да ја преживее оваа војна и никој нема да остане на планетата .

The post Русите пресметаа: Во Париз ракетата ќе стигне за 200 секунди, во Берлин за 106 appeared first on Република.

]]>

Руската новинарка Олга Скабеева и пратеникот на Државната дума Алексеј Журављов разговараа за тоа колку секунди би биле потребни за балистичка ракета да ги погоди главните европски градови. Според нив, времето на летот на ракетата „Сатана“ од Калининград до Берлин ќе биде 106 секунди, а од Калининград до Париз 200 секунди и до Лондон 202 секунди, пренесува Yahoo news. Ако пак се употреби „сатанска ракета“, според нив никој нема да ја преживее оваа војна и никој нема да остане на планетата .

The post Русите пресметаа: Во Париз ракетата ќе стигне за 200 секунди, во Берлин за 106 appeared first on Република.

]]>