руска православна црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-pravoslavna-crkva/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 09:12:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска православна црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-pravoslavna-crkva/ 32 32 Естонија се закани со затворање на православните цркви кои нема да ги прекинат врските со Руската црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/estonija-se-zakani-so-zatvorane-na-pravoslavnite-tsrkvi-koi-nema-da-gi-prekinat-vrskite-so-ruskata-tsrkva/ Sat, 04 May 2024 09:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=774033

Естонија се закани дека ќе ги затвори сите православни цркви коишто нема да ги прекинат врските со Руската православна црква (РПЦ).

Постои канонска врска меѓу Московската патријаршија и Естонската православна црква на Московската патријаршија - тие се дел од еден ентитет. Целта на Естонија е да ги прекине сите односи, канонски и правни, на локалните верски заедници со Москва“, изјави шефот на Министерството за внатрешни работи на земјата, Лаури Ланеметс.

Ланеметс додаде дека оние парохии кои ќе му останат верни на рускиот патријарх Кирил и нема да се откажат од врската со РПЦ ќе бидат принудени во одреден момент да ја прекинат својата активност.

The post Естонија се закани со затворање на православните цркви кои нема да ги прекинат врските со Руската црква appeared first on Република.

]]>

Свештеникот Михаил ја уби сопругата, телото го ставил во замрзнувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sveshtenikot-mihail-ja-ubi-soprugata-teloto-go-stavil-vo-zamrznuvach/ Thu, 02 Nov 2023 08:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=697294

Рускиот свештеник Михаил Зубарев (40) наводно ја обезглавил својата сопруга пред нивната преплашена осумгодишна ќерка во страшно убиство за „Ноќта на вештерките“.

Полицијата  соопшти дека го пронашла черепот на жената во замрзнувач, според извештаите во Русија.

Зубарев е во притвор по крвопролевањето во кое беше убиена неговата сопруга Викторија.Нивната ќерка и син Данил (17)  се хоспитализирани и добиваат психолошка помош во градот Нижнекамск, во регионот на Татарстан.

Зубарев „претрчал со сечилото преку вратот на Викторија“ пред да го распарчи нејзиното тело.Облеена во крв почнала да се моли повикувајќи ја својата ќерка да им се придружи.

Вознемиреното девојче телефонски му се јавила на постариот брат за да го замоли да се врати во семејната куќа, а тој набрзо пристигнал.Свештеникот ја ставил отсечената глава на сопругата во замрзнувач и ја пронашла неговата ќерка.

The post Свештеникот Михаил ја уби сопругата, телото го ставил во замрзнувач appeared first on Република.

]]>

Рускиот свештеник Михаил Зубарев (40) наводно ја обезглавил својата сопруга пред нивната преплашена осумгодишна ќерка во страшно убиство за „Ноќта на вештерките“. Полицијата  соопшти дека го пронашла черепот на жената во замрзнувач, според извештаите во Русија. Зубарев е во притвор по крвопролевањето во кое беше убиена неговата сопруга Викторија.Нивната ќерка и син Данил (17)  се хоспитализирани и добиваат психолошка помош во градот Нижнекамск, во регионот на Татарстан. Зубарев „претрчал со сечилото преку вратот на Викторија“ пред да го распарчи нејзиното тело.Облеена во крв почнала да се моли повикувајќи ја својата ќерка да им се придружи. Вознемиреното девојче телефонски му се јавила на постариот брат за да го замоли да се врати во семејната куќа, а тој набрзо пристигнал.Свештеникот ја ставил отсечената глава на сопругата во замрзнувач и ја пронашла неговата ќерка.

The post Свештеникот Михаил ја уби сопругата, телото го ставил во замрзнувач appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓевски: Посетата на рускиот митрополит Антониј е дел од процесот на признавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgevski-posetata-na-ruskiot-mitropolit-antonij-e-del-od-protsesot-na-priznavane-na-avtokefalniot-status-na-mpts-oa/ Wed, 11 Jan 2023 20:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=595935

Позицијата на Руската православна црква (РПЦ) во однос на процесот на признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) била во центарот на посетата на рускиот митрополит Антониј, смета новинарот со повеќегодишен стаж во известување за црковни прашања Бранко Ѓорѓевски.

Ако се види составот на руската делегација, кој според Ѓорѓевски, е речиси половина од одделот за надворешни работи на Руската православна црква, тогаш, како што посочи тој во гостувањето на Сител, сигурно се разговарало нешто сериозно, а тоа не е честитка на именденот на г.г. Стефан.

Знаеме дека СПЦ издаде томос со кој ја призна автокефалноста на нашата црква, меѓутоа треба да се каже, дека тој томос не може да се смета како легитимен, зошто се знае дека конечниот томос треба да го даде Вселенската патријаршија. Но, сега меѓу православните цркви како да е во тек еден „референдум“ околу тој томос, па на една страна имате блок каде влегуваат руската, бугарската и српската, кои што го признаваат тој томос како легитимен. Односно се смета дека нема потреба Вселенската патријаршија да издава некаков томос и потребно е само да се изјаснат позитивно и другите православни цркви и автокефалноста се подразбира, посочува Ѓорѓевски.

Стратегијата во овој поглед, според Ѓорѓевски, е да се оддалечи Вселенската патријаршија од процесот на давање автокефалност на православни цркви, односно да се намали нејзината улога.

Многу е важно каков став во овој поглед ќе заземат македонските владици, кои што, се во процес на барање и очекување на томосот за автокефалност од Вселенската патријаршија, изјави Ѓорѓевски.

Последна посета од овој ранг на Руската православна црква, посочи Ѓорѓевски, е во 2015 година кога во посета дојде Иларион Алфеев.

The post Ѓорѓевски: Посетата на рускиот митрополит Антониј е дел од процесот на признавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Позицијата на Руската православна црква (РПЦ) во однос на процесот на признавањето на автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) била во центарот на посетата на рускиот митрополит Антониј, смета новинарот со повеќегодишен стаж во известување за црковни прашања Бранко Ѓорѓевски. Ако се види составот на руската делегација, кој според Ѓорѓевски, е речиси половина од одделот за надворешни работи на Руската православна црква, тогаш, како што посочи тој во гостувањето на Сител, сигурно се разговарало нешто сериозно, а тоа не е честитка на именденот на г.г. Стефан.
Знаеме дека СПЦ издаде томос со кој ја призна автокефалноста на нашата црква, меѓутоа треба да се каже, дека тој томос не може да се смета како легитимен, зошто се знае дека конечниот томос треба да го даде Вселенската патријаршија. Но, сега меѓу православните цркви како да е во тек еден „референдум“ околу тој томос, па на една страна имате блок каде влегуваат руската, бугарската и српската, кои што го признаваат тој томос како легитимен. Односно се смета дека нема потреба Вселенската патријаршија да издава некаков томос и потребно е само да се изјаснат позитивно и другите православни цркви и автокефалноста се подразбира, посочува Ѓорѓевски.
Стратегијата во овој поглед, според Ѓорѓевски, е да се оддалечи Вселенската патријаршија од процесот на давање автокефалност на православни цркви, односно да се намали нејзината улога.
Многу е важно каков став во овој поглед ќе заземат македонските владици, кои што, се во процес на барање и очекување на томосот за автокефалност од Вселенската патријаршија, изјави Ѓорѓевски.
Последна посета од овој ранг на Руската православна црква, посочи Ѓорѓевски, е во 2015 година кога во посета дојде Иларион Алфеев.

The post Ѓорѓевски: Посетата на рускиот митрополит Антониј е дел од процесот на признавање на автокефалниот статус на МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>
Медведев: Властите во Киев станаа непријатели на православната вера https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-vlastite-vo-kiev-stanaa-neprijateli-na-pravoslavnata-vera/ Fri, 02 Dec 2022 18:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=581084

Коментирајќи ги постапките на украинските власти во однос на Украинската православна црква (УПЦ), заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека тие станале непријатели на православната вера, пренесуваат руските медиуми.

-Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква, тие бараат врски со рускиот свет. Го конфискуваат црковниот имот. Тие тепаа свештеници и парохјани. Меѓутоа, прогонот на УПЦ почна многу порано. Кога извесен Порошенко ги жртвуваше УПЦ и Договорот од Минск заради неговиот неуспешен реизбор, рече Медведев.

Претходно, во текот на денот, официјален Киев соопшти дека украинската Влада ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, во согласност со потезите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги смета за неопходни за да се спречи Москва „да ја ослаби Украина одвнатре”, јавија денеска британските медиуми.

Украинскиот Совет за национална безбедност и Советот за одбрана ја овластија владата да подготви ваков закон по серијата рации во парохиите за кои Киев вели дека можеби добиваат наредби од Москва.

Во Украина постои Православна Црква на Украина, под ингеренции на Киев, и Украинска православна црква, под власт на Москва, што се разделени од пред три години.

The post Медведев: Властите во Киев станаа непријатели на православната вера appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ги постапките на украинските власти во однос на Украинската православна црква (УПЦ), заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека тие станале непријатели на православната вера, пренесуваат руските медиуми.
-Киевските сатанисти дојдоа во Украинската православна црква, тие бараат врски со рускиот свет. Го конфискуваат црковниот имот. Тие тепаа свештеници и парохјани. Меѓутоа, прогонот на УПЦ почна многу порано. Кога извесен Порошенко ги жртвуваше УПЦ и Договорот од Минск заради неговиот неуспешен реизбор, рече Медведев.
Претходно, во текот на денот, официјален Киев соопшти дека украинската Влада ќе подготви закон за забрана на црквите поврзани со Русија, во согласност со потезите што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги смета за неопходни за да се спречи Москва „да ја ослаби Украина одвнатре”, јавија денеска британските медиуми. Украинскиот Совет за национална безбедност и Советот за одбрана ја овластија владата да подготви ваков закон по серијата рации во парохиите за кои Киев вели дека можеби добиваат наредби од Москва. Во Украина постои Православна Црква на Украина, под ингеренции на Киев, и Украинска православна црква, под власт на Москва, што се разделени од пред три години.

The post Медведев: Властите во Киев станаа непријатели на православната вера appeared first on Република.

]]>
Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pismo-od-ruskiot-patrijarh-g-g-kiril-do-arhiepiskopot-ohridski-i-makedonski-g-g-stefan/ Fri, 09 Sep 2022 16:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=549236

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија. Истото Ви го пренесуваме во целост, преведено на македонски јазик.

До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски

Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол!

Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од Светејшиот Патријарх Српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15)

Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви.

Светиот Патријарх Српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни Цркви.

На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската Православна Црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната Црква во Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како Поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство.

Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската Православна Црква, се надевам дека Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание.

Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите Цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие.

Со братска љубов во Христа Исуса,

+КИРИЛ, ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА СИТЕ РУСИ

The post Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија. Истото Ви го пренесуваме во целост, преведено на македонски јазик. До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол! Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од Светејшиот Патријарх Српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15) Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви. Светиот Патријарх Српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни Цркви. На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската Православна Црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната Црква во Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како Поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство. Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската Православна Црква, се надевам дека Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание. Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите Цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие. Со братска љубов во Христа Исуса, +КИРИЛ, ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА СИТЕ РУСИ

The post Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>
Руската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-prizna-avtokefalnosta-na-makedonskata-pravoslavna-crkva-ohridskata-arhiepiskopija/ Thu, 25 Aug 2022 17:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=544107

На 25 август 2022 година, за време на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, се вели во соопштението на Руската православна црква кое го пренесуваме во продолжение:

Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископија како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси.

Членовите на Синодот изразија надеж дека најмладите во семејството на автокефалните православни цркви, Македонската православна црква – Охридската архиепископија, цврсто ќе ја зачуваат светата православна вера во чистота и чесност и ќе ја почитуваат верноста на православната канонска традиција.

Учесниците на состанокот, исто така, одлучија да ги известат Неговата Светост Патријарх српски Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, за одлуката на Светиот Синод.

Светиот синод на Руската православна црква на седницата на 27 мај (Дневник бр. 43) со благодарност кон Бога ја прифати веста за обновувањето на заедништвото меѓу Српската патријаршија и Македонската православна црква, Архиепископијата Охрид, што се одржа на 16 мај, во статус на автономна Црква, кој и е доделен во 1959 г. Исто така, беше објавено дека Архиерејскиот собор на СПЦ на 15-21 мај 2022 година, како одговор на петицијата на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, едногласно ја благослови нејзината автокефалност.

На 5 јуни 2022 година, во катедралната црква „Архангел Михаил“ во Белград, Неговата Светост Патријарх Србија Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Стефан отслужија Божествена Литургија, во сослужение на архиереите на Српската православна црква и г. Македонска православна црква — Охридска архиепископија. На крајот од Литургијата, Неговата Светост Патријархот Порфириј, исполнувајќи ја одлуката на Архиерејскиот собор на Српската православна црква, на своето блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан свечено му го врачи томосот, потврдувајќи ја автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Неговата Светост Патријарх Србија Порфириј ја известил Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за настанот во писмо од 8 август 2022 година, изразувајќи ја својата желба и барање до Руската православна црква „да ја прифатите и целосно канонската црква веќе спомената како најмладата сестринска автокефална православна црква, давајќи пример на овој начин за останатите помесни православни цркви“.

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, исто така, испрати писмо од 13 јули 2022 година до Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил во кое го информира за наведените „радосни настани што Бог ја удостоил нашата Помесна Црква“. Извор: Официјален сајт на Руската православна црква

The post Руската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>

На 25 август 2022 година, за време на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, се вели во соопштението на Руската православна црква кое го пренесуваме во продолжение: Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископија како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси. Членовите на Синодот изразија надеж дека најмладите во семејството на автокефалните православни цркви, Македонската православна црква – Охридската архиепископија, цврсто ќе ја зачуваат светата православна вера во чистота и чесност и ќе ја почитуваат верноста на православната канонска традиција. Учесниците на состанокот, исто така, одлучија да ги известат Неговата Светост Патријарх српски Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, за одлуката на Светиот Синод. Светиот синод на Руската православна црква на седницата на 27 мај (Дневник бр. 43) со благодарност кон Бога ја прифати веста за обновувањето на заедништвото меѓу Српската патријаршија и Македонската православна црква, Архиепископијата Охрид, што се одржа на 16 мај, во статус на автономна Црква, кој и е доделен во 1959 г. Исто така, беше објавено дека Архиерејскиот собор на СПЦ на 15-21 мај 2022 година, како одговор на петицијата на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, едногласно ја благослови нејзината автокефалност. На 5 јуни 2022 година, во катедралната црква „Архангел Михаил“ во Белград, Неговата Светост Патријарх Србија Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски Стефан отслужија Божествена Литургија, во сослужение на архиереите на Српската православна црква и г. Македонска православна црква — Охридска архиепископија. На крајот од Литургијата, Неговата Светост Патријархот Порфириј, исполнувајќи ја одлуката на Архиерејскиот собор на Српската православна црква, на своето блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан свечено му го врачи томосот, потврдувајќи ја автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Неговата Светост Патријарх Србија Порфириј ја известил Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за настанот во писмо од 8 август 2022 година, изразувајќи ја својата желба и барање до Руската православна црква „да ја прифатите и целосно канонската црква веќе спомената како најмладата сестринска автокефална православна црква, давајќи пример на овој начин за останатите помесни православни цркви“. Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, исто така, испрати писмо од 13 јули 2022 година до Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил во кое го информира за наведените „радосни настани што Бог ја удостоил нашата Помесна Црква“. Извор: Официјален сајт на Руската православна црква

The post Руската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија appeared first on Република.

]]>
Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskata-pravoslavna-crkva-go-pozdravi-priznavanjeto-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa-od-strana-na-spc/ Wed, 25 May 2022 10:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=506654

Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

The post Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ appeared first on Република.

Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонско единство со МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskata-pravoslavna-crkva-ja-pozdravi-odlukata-na-spc-za-kanonsko-edinstvo-so-mpc-oa/ Mon, 16 May 2022 16:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=503020

Руската православна црква (РПЦ) ја поздравува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да го обнови канонското единство со Македонската православна црква – Охридска архепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов, нагласувајќи дека тоа претставува „надминување на половина век стариот црковен раскол“.

Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

Во соопштенеито се наведува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок.

По одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук минатата недела изјави дека РПЦ „ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Македонија“.

The post Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонско единство со МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>

Руската православна црква (РПЦ) ја поздравува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да го обнови канонското единство со Македонската православна црква – Охридска архепископија, јави дописникот на МИА од Белград.
Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов, нагласувајќи дека тоа претставува „надминување на половина век стариот црковен раскол“.
Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година. Во соопштенеито се наведува дека во дијалогот за идниот и конечен канонски статус на МПЦ, раководството на СПЦ ќе постапува исклучиво согласно канонските и црковните норми и принципи, не грижејќи се за „реалполитички“, „геополитички“, „црковнополитички“ или за еднострани иницијативи и не потпаѓајќи под на ничие влијание или притисок. По одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук минатата недела изјави дека РПЦ „ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Македонија“.  

The post Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за канонско единство со МПЦ-ОА appeared first on Република.

]]>