руска нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-nafta/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 17:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-nafta/ 32 32 Русија во целост ги замени изгубените приходи од стопираната продажба на нафта во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-vo-tselost-gi-zameni-izgubenite-prihodi-od-stopiranata-prodazhba-na-nafta-vo-eu/ Mon, 11 Mar 2024 18:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=753770

Русија практично во целост ги заменила изгубените приходи од продажбата на нафта во ЕУ. За време на тој процес, Русија успеала да заработи дополнителни 2,7 милијарди долари.

Во 2023 година, Русија заработила 32,2 милијарди долари од снабдувањето со нафтени деривати на главните клиенти, целосно компензирајќи за изгубените приходи од испораките кон европските земји, покажуваат бројките.

Најголеми купувачи на руска нафта минатата година биле Турција, Кина, Индија и Бразил, кои го зголемиле обемот на набавки за 5,5 пати во однос на просекот 2019-2021 година. Вкупната продажба на нафта од Русија во овие земји изнесува 28,8 милијарди долари.

The post Русија во целост ги замени изгубените приходи од стопираната продажба на нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Русија практично во целост ги заменила изгубените приходи од продажбата на нафта во ЕУ. За време на тој процес, Русија успеала да заработи дополнителни 2,7 милијарди долари. Во 2023 година, Русија заработила 32,2 милијарди долари од снабдувањето со нафтени деривати на главните клиенти, целосно компензирајќи за изгубените приходи од испораките кон европските земји, покажуваат бројките. Најголеми купувачи на руска нафта минатата година биле Турција, Кина, Индија и Бразил, кои го зголемиле обемот на набавки за 5,5 пати во однос на просекот 2019-2021 година. Вкупната продажба на нафта од Русија во овие земји изнесува 28,8 милијарди долари.

The post Русија во целост ги замени изгубените приходи од стопираната продажба на нафта во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blumberg-i-pokraj-sanktsiite-ruskiot-prihod-od-nafta-i-gas-se-zgolemil-za-80/ Wed, 06 Mar 2024 08:40:32 +0000 https://republika.mk/?p=751772

И покрај западните санкции, приходите на Русија од нафта и гас во февруари се зголемиле за 80% во однос на минатата година.

Како што пишува „Блумберг“ приходите на Русија од продажбата на јаглеводороди надминале 10 милијарди долари благодарение на поскапувањето на руската нафта, што се случува и покрај санкциите од Западот. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваат 84% од сите приходи од нафта и гас, се зголемени повеќе од двојно.

Официјална Москва го ограничи влијанието на плафонот на цените (земјите од Г7 поставија плафон од 60 долари за барел) користејќи огромна флота танкери во сенка и работејќи со незападни купувачи, посредници и даватели на услуги.

The post „Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% appeared first on Република.

]]>

И покрај западните санкции, приходите на Русија од нафта и гас во февруари се зголемиле за 80% во однос на минатата година. Како што пишува „Блумберг“ приходите на Русија од продажбата на јаглеводороди надминале 10 милијарди долари благодарение на поскапувањето на руската нафта, што се случува и покрај санкциите од Западот. Даноците на нафтата и нафтените деривати, кои сочинуваат 84% од сите приходи од нафта и гас, се зголемени повеќе од двојно. Официјална Москва го ограничи влијанието на плафонот на цените (земјите од Г7 поставија плафон од 60 долари за барел) користејќи огромна флота танкери во сенка и работејќи со незападни купувачи, посредници и даватели на услуги.

The post „Блумберг“: И покрај санкциите, рускиот приход од нафта и гас се зголемил за 80% appeared first on Република.

]]>
Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-ignoriraat-gornata-granitsa-od-sanktsiite-sad-go-obnovuvaat-kupuvaneto-nafta-od-rusija-po-edna-i-pol-godina-pauza/ Sun, 14 Jan 2024 11:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=732857

На Соединетите Држави им беа потребни една и пол година за да продолжат со купувањето на руска нафта. Згора на тоа, „црното злато“ е купено по цени значително повисоки од „плафонот“ од 60 долари што го постави Вашингтон, пишува РИА Новости на 11 јануари, повикувајќи се на царинските власти на САД.

Податоците цитирани од медиумите покажуваат дека увозот на нафта почнала во октомври 2023 година. Тогаш САД купиле околу 37 илјади барели нафта по цена од 74 долари, плаќајќи 2,7 милиони долари за увоз.

Во ноември била извршена втора набавка. Износот изнесувал 750 илјади долари, но горивото било купено веќе по цена од 76 долари, а неговиот волумен изнесувал 9,9 илјади барели, според изданието.

The post Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза appeared first on Република.

]]>

На Соединетите Држави им беа потребни една и пол година за да продолжат со купувањето на руска нафта. Згора на тоа, „црното злато“ е купено по цени значително повисоки од „плафонот“ од 60 долари што го постави Вашингтон, пишува РИА Новости на 11 јануари, повикувајќи се на царинските власти на САД. Податоците цитирани од медиумите покажуваат дека увозот на нафта почнала во октомври 2023 година. Тогаш САД купиле околу 37 илјади барели нафта по цена од 74 долари, плаќајќи 2,7 милиони долари за увоз. Во ноември била извршена втора набавка. Износот изнесувал 750 илјади долари, но горивото било купено веќе по цена од 76 долари, а неговиот волумен изнесувал 9,9 илјади барели, според изданието.

The post Ја игнорираат „горната граница“ од санкциите: САД го обновуваат купувањето нафта од Русија по една и пол година пауза appeared first on Република.

]]>
Годинава Турција драстично го зголеми увозот на руска нафта и деривати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/godinava-turtsija-drastichno-go-zgolemi-uvozot-na-ruska-nafta-i-derivati/ Mon, 25 Dec 2023 21:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=726066

И покрај тоа што е членка на НАТО, Турција одлучи да не ги прекинува врските со Русија поради конфликтот во Украина, а наместо тоа, ја продолжи, па и ја продлабочи економската соработка и билатералната трговија.

Испораките на руска сурова нафта од типот Урал во Турција скокнале на рекордни 400.000 барели дневно во ноември 2023 година, што претставува околу 14 отсто од вкупниот извоз на нафта на Русија минатиот месец, покажуваат податоците.

Со зголемување на увозот на руска, наместо нафта од други производители, турските компании би можеле да заштедат околу 2 милијарди долари на сметки за енергија во 2023 година, според податоците на лондонската берза и проценките на трговците, со што ќе се подобри економската ситуација на земјата која долго време се бори со инфлацијата.

Ваквата политика на Турција и заинтересираните страни наиде на негодување во официјален Вашингтон, од каде веќе подолго време ја критикуваат Анкара, но засега нема конкретен одговор.

The post Годинава Турција драстично го зголеми увозот на руска нафта и деривати appeared first on Република.

]]>

И покрај тоа што е членка на НАТО, Турција одлучи да не ги прекинува врските со Русија поради конфликтот во Украина, а наместо тоа, ја продолжи, па и ја продлабочи економската соработка и билатералната трговија. Испораките на руска сурова нафта од типот Урал во Турција скокнале на рекордни 400.000 барели дневно во ноември 2023 година, што претставува околу 14 отсто од вкупниот извоз на нафта на Русија минатиот месец, покажуваат податоците. Со зголемување на увозот на руска, наместо нафта од други производители, турските компании би можеле да заштедат околу 2 милијарди долари на сметки за енергија во 2023 година, според податоците на лондонската берза и проценките на трговците, со што ќе се подобри економската ситуација на земјата која долго време се бори со инфлацијата. Ваквата политика на Турција и заинтересираните страни наиде на негодување во официјален Вашингтон, од каде веќе подолго време ја критикуваат Анкара, но засега нема конкретен одговор.

The post Годинава Турција драстично го зголеми увозот на руска нафта и деривати appeared first on Република.

]]>
Бугарија веќе нема да увезува сурова руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-veke-nema-da-uvezuva-surova-ruska-nafta/ Tue, 19 Dec 2023 15:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=724598

Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1 март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1 октомври.

Вчерашната одлука на Парламентот беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на производи од руска сурова нафта од 1 јануари.

Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата Лукоил Нефтохим во мнозинска сопственост на Русија, што се наоѓа западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црното Море.

Исклучокот од Брисел за увоз на руска нафта досега ја немаше наведено рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи.

Забраната за увоз на сурова нафта од Русија ќе го спречи Лукоил, а со тоа и Кремљ, од дополнителни профити за финансирање на воените операции во Украина, изјави Дељан Добрев, шеф на парламентарната комисија за енергетика.

Руската нафтена компанија Лукоил извести дека ќе ја разгледа својата стратегија во Бугарија поради променетото деловно опкружување, вклучително и потенцијална продажба на рафинерија и бензински пумпи во Бугарија.

Рафинеријата за нафта, која работи од 1963 година, е најголема во Југоисточна Европа, а е приватизирана во 1999 година.

The post Бугарија веќе нема да увезува сурова руска нафта appeared first on Република.

]]>

Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1 март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1 октомври. Вчерашната одлука на Парламентот беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на производи од руска сурова нафта од 1 јануари. Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата Лукоил Нефтохим во мнозинска сопственост на Русија, што се наоѓа западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црното Море. Исклучокот од Брисел за увоз на руска нафта досега ја немаше наведено рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи. Забраната за увоз на сурова нафта од Русија ќе го спречи Лукоил, а со тоа и Кремљ, од дополнителни профити за финансирање на воените операции во Украина, изјави Дељан Добрев, шеф на парламентарната комисија за енергетика. Руската нафтена компанија Лукоил извести дека ќе ја разгледа својата стратегија во Бугарија поради променетото деловно опкружување, вклучително и потенцијална продажба на рафинерија и бензински пумпи во Бугарија. Рафинеријата за нафта, која работи од 1963 година, е најголема во Југоисточна Европа, а е приватизирана во 1999 година.

The post Бугарија веќе нема да увезува сурова руска нафта appeared first on Република.

]]>
Грците го прекинаа транспортот на руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grtsite-go-prekinaa-transportot-na-ruska-nafta/ Sun, 26 Nov 2023 09:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=716309

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа пратките на руска нафта за да ги избегнат американските санкции, изјавија четворица трговци, потврдувајќи ги податоците за испораката.

Добивај вести на вибер
Според трговците, „Минерва Марин“, „Тенамарис“ и „ТМС Танкерс“ веќе неколку недели не превезуваат нафта од Русија.

Тенамарис објави дека не коментира за комерцијални прашања, а Минерва Марин и ТМС Танкерс не одговорија на барањето на Ројтерс да ги коментираат наводите на неименувани извори, пренесува Мина повикувајќи се на SEEbiz.

Од септември или октомври, трите бродски компании прифаќаат сè помалку руска нафта, според податоците на трговците и бродските агенти, а во ноември ги отстраниле барањата за изнајмување танкери, велат трговците кои претходно работеле со нив.

Повлекувањето на грчките транспортери уследи по построгиот режим на санкции на САД за превозниците и осигурителите кои опслужуваат руска нафта над 60 долари, како што беше договорено од групата на големи економии Г7.

Ограничувањето на цената беше воведено за да се намали приходот на Русија за финансирање на војната во Украина.

Во средината на октомври, американското Министерство за финансии воведе санкции за турската компанија Ice Pearl Navigation SA, сопственик на танкерот Yasa Golden Bosphorus и Lumber Marine SA со седиште во Обединетите Арапски Емирати, сопственик на танкерот SCF Primoyre.

Еден месец подоцна, министерството наведе уште три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати, Kazan Shipping Incorporated, Progress Shipping Company Limited и Gallion Navigation Incorporated и три брода во нивна сопственост.

The post Грците го прекинаа транспортот на руска нафта appeared first on Република.

]]>

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа пратките на руска нафта за да ги избегнат американските санкции, изјавија четворица трговци, потврдувајќи ги податоците за испораката. Добивај вести на вибер Според трговците, „Минерва Марин“, „Тенамарис“ и „ТМС Танкерс“ веќе неколку недели не превезуваат нафта од Русија. Тенамарис објави дека не коментира за комерцијални прашања, а Минерва Марин и ТМС Танкерс не одговорија на барањето на Ројтерс да ги коментираат наводите на неименувани извори, пренесува Мина повикувајќи се на SEEbiz. Од септември или октомври, трите бродски компании прифаќаат сè помалку руска нафта, според податоците на трговците и бродските агенти, а во ноември ги отстраниле барањата за изнајмување танкери, велат трговците кои претходно работеле со нив. Повлекувањето на грчките транспортери уследи по построгиот режим на санкции на САД за превозниците и осигурителите кои опслужуваат руска нафта над 60 долари, како што беше договорено од групата на големи економии Г7. Ограничувањето на цената беше воведено за да се намали приходот на Русија за финансирање на војната во Украина. Во средината на октомври, американското Министерство за финансии воведе санкции за турската компанија Ice Pearl Navigation SA, сопственик на танкерот Yasa Golden Bosphorus и Lumber Marine SA со седиште во Обединетите Арапски Емирати, сопственик на танкерот SCF Primoyre. Еден месец подоцна, министерството наведе уште три компании со седиште во Обединетите Арапски Емирати, Kazan Shipping Incorporated, Progress Shipping Company Limited и Gallion Navigation Incorporated и три брода во нивна сопственост.

The post Грците го прекинаа транспортот на руска нафта appeared first on Република.

]]>
Германија сè уште увезува руска нафта преку Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/germanija-se-ushte-uvezuva-ruska-nafta-preku-indija/ Tue, 12 Sep 2023 13:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=681311

И покрај ограничувањата на увозот, Германија очигледно сè уште увезува големи количини нафта од Русија преку Индија, објави денесла германската Федерална статистичка служба.

„Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија.

Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека, и покрај овие ограничувања, Русија сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија.

Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан.

„Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика.

Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија.

Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина.

Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека Русија, и покрај овие ограничувања, сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија.

Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан.

The post Германија сè уште увезува руска нафта преку Индија appeared first on Република.

]]>

И покрај ограничувањата на увозот, Германија очигледно сè уште увезува големи количини нафта од Русија преку Индија, објави денесла германската Федерална статистичка служба. „Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија. Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина. Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека, и покрај овие ограничувања, Русија сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија. Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан. „Увозот на нафтени деривати од Индија се зголеми во првите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, за повеќе од дванаесет пати“, објави Федералното биро за статистика. Според Обединетите нации, Индија во истиот период увезла големи количини сурова нафта од Русија. Кога станува збор за увоз од Индија, првенствено се работи за деривати кои се користат во производството на дизел или масло за греење. Според Федералното биро за статистика, Индија увезува сурова нафта за производство на овие деривати исклучиво од Русија од почетокот на рускиот напад врз Украина. Поради нападот на Украина, Германија го прекина директниот увоз на нафта од Русија, а западните земји воведоа ограничувања на цената на нафтата од Русија. Неделникот „Шпигел“ објави дека Русија, и покрај овие ограничувања, сè уште добива многу повеќе од 60 долари за барел нафта, што е горната цена што ја одредуваат земјите од Г7 за нафтата од Русија. Во последниве недели, германските медиуми се почесто известуваат за тоа како Русија ги заобиколува западните економски санкции со увоз и извоз преку соседните земји како Казахстан.

The post Германија сè уште увезува руска нафта преку Индија appeared first on Република.

]]>
„Конфликтен парадокс“: Украинските тенкови се напојуваат со руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konflikten-paradoks-ukrainskite-tenkovi-se-napojuvaat-so-ruska-nafta/ Wed, 26 Jul 2023 18:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=665610

Откако новинари на германскиот весник „Ханделзблат“ стигнале до податоци на украинската царина, медиумот објави дека во Украина се повеќе се увезува дизел гориво од Унгарија и Турција, односно од оние земји кои користат руска нафта во своите рафинерии.

На пример, унгарската национална компанија за нафта и гас „МОЛ“, која добива значителен обем на суровини од Руската Федерација, ја удвоила продажбата на гориво во Украина во последните шест месеци. Компанијата има специјална дозвола од ЕУ да продолжи да ги снабдува своите рафинерии со руска нафта.

Истата дозвола ја добија и Чешката Република и Словачка. А, за да се даде приближен волумен: минатата година, 95% од целата нафта што дошла во сопственост на словачкаѕа фирма-ќерка на „МОЛ“ - „Словнафт“, била руска.

Но, како што пишува германскиот весник, Бугарија, Полска и Романија, исто така се вклучени во испораките. Во написот се додава дека тоа се само оние земји за кои со сигурност се знае дека испорачуваат гориво во Украина.

Така на пример, во февруари се покажало дека извозот на гориво од Романија во Украина во 2022 година се зголемил за рекордни 30 пати. Во исто време, плановите на добавувачите вклучуваат зголемување на испораките и оваа година, како што велат „целосно земајќи го предвид ембаргото на ЕУ за морски испораки на руска нафта и нафтени производи“.

На тој начин, излегува дека Украина, иако целосно зависна од увозот на гориво, практично не доживува негов недостиг. Покрај тоа, некои европски рафинерии се всушност подружници на руски нафтени компании.

Како што заклучува весникот, ова покажува дека бизнисот е бизнис, а претпријатијата продолжуваат да заработуваат пари од снабдувањето во зоната на конфликтот, додека европските земји, кои ги напуштија руските енергетски превозници, продолжуваат да ги купуваат користејќи различни шеми.

The post „Конфликтен парадокс“: Украинските тенкови се напојуваат со руска нафта appeared first on Република.

]]>

Откако новинари на германскиот весник „Ханделзблат“ стигнале до податоци на украинската царина, медиумот објави дека во Украина се повеќе се увезува дизел гориво од Унгарија и Турција, односно од оние земји кои користат руска нафта во своите рафинерии. На пример, унгарската национална компанија за нафта и гас „МОЛ“, која добива значителен обем на суровини од Руската Федерација, ја удвоила продажбата на гориво во Украина во последните шест месеци. Компанијата има специјална дозвола од ЕУ да продолжи да ги снабдува своите рафинерии со руска нафта. Истата дозвола ја добија и Чешката Република и Словачка. А, за да се даде приближен волумен: минатата година, 95% од целата нафта што дошла во сопственост на словачкаѕа фирма-ќерка на „МОЛ“ - „Словнафт“, била руска. Но, како што пишува германскиот весник, Бугарија, Полска и Романија, исто така се вклучени во испораките. Во написот се додава дека тоа се само оние земји за кои со сигурност се знае дека испорачуваат гориво во Украина. Така на пример, во февруари се покажало дека извозот на гориво од Романија во Украина во 2022 година се зголемил за рекордни 30 пати. Во исто време, плановите на добавувачите вклучуваат зголемување на испораките и оваа година, како што велат „целосно земајќи го предвид ембаргото на ЕУ за морски испораки на руска нафта и нафтени производи“. На тој начин, излегува дека Украина, иако целосно зависна од увозот на гориво, практично не доживува негов недостиг. Покрај тоа, некои европски рафинерии се всушност подружници на руски нафтени компании. Како што заклучува весникот, ова покажува дека бизнисот е бизнис, а претпријатијата продолжуваат да заработуваат пари од снабдувањето во зоната на конфликтот, додека европските земји, кои ги напуштија руските енергетски превозници, продолжуваат да ги купуваат користејќи различни шеми.

The post „Конфликтен парадокс“: Украинските тенкови се напојуваат со руска нафта appeared first on Република.

]]>
Пакистан ја потпиша првата нарачка на руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pakistan-ja-potpisha-prvata-narachka-na-ruska-nafta/ Fri, 21 Apr 2023 06:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=632643

Пакистан ја заокружи првата нарачка на руска нафта по поволна цена во рамките на договорот меѓу Исламабад и Москва, објави во четвртокот пакистанскиот министер за енергетика и додаде дека првиот танкер со руска сирова нафта се очекува во мај во пристаништето во Карачи.

Склучената зделка со Пакистан и отвора на Русија, којашто веќе има слични договори склучени со големите потрошувачи на нафта Индија и Кина, откако по нејзината инвазија во Украина, ткн колективниот Запад под закана со санкции го одреди плафонот на цената на руската нафта која ја купуваат западните компании а потоа по повисоки пазарни цени им ја продаваат на трети страни.

Пакистан е долгогодишен сојузник на САД, кој има историја на воени судири со соседна Индија која е историски поблиска на Русија, па западните аналитичари сметаа дека Исламабад тешко ќе ја прифати руската понуда.

Меѓутоа, последната деценија Исламабад сѐ повеќе се оддалечуваше од Вашингтон и склучуваше скапи стратешки договори со Кина, којашто, пак, има тензични односи со Индија. Поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кому во 2022 година му изгласа недоверба, за што тој ги обвинува САД поради неговото приближување со Кина.

Меѓутоа, Пакистан сега е соочен со тешка финансиска ситуација, па нафтата по пониска цена од пазарната според плафонот за руската нафта која ја донесоа ЕУ и земјите од групата Г7 по иницијатива на САД, се покажа како добра можност во периодот кога на Исламабад му се заканува неможност да ги сервисира своите долгови, а не добива помош од западните сојузници.

Резервите во странска валута на пакистанската централна банка одвај се доволни за покривање на четири седмици увоз на нафта, пишува агенцијата Reuters. Меѓутоа, Русија сѐ почесто успева да склучува договори кои вклучуваат исплати во националните валути на двете страни или во други валути исклучувајќи го американскиот долар како досега вообичаеното средство на нафтените пазари.

Пакистан во рамките на договорот ќе купува само сирова нафта. Министерот за енергетика Мусадик Малик за Reuters рекол дека очекува дека увозот ќе се зголеми на 100.000 барели дневно, доколку првата трансакција мине добро. Пакистан минатата 2022 година увезувал 154.000 барели нафта дневно, според податоците на аналитичката компанија „Kpler“.

Пакистан досега главно ја купуваше нафтата од Саудиска Арабија, а на второ место беа Обединетите Арапски Емирати. Така, како и во случајот со Индија и со Кина, овие 100.000 барели дневно од Русија би значело дека и Пакистан значително би ја намалил зависноста од блискоисточната нафта.

The post Пакистан ја потпиша првата нарачка на руска нафта appeared first on Република.

]]>

Пакистан ја заокружи првата нарачка на руска нафта по поволна цена во рамките на договорот меѓу Исламабад и Москва, објави во четвртокот пакистанскиот министер за енергетика и додаде дека првиот танкер со руска сирова нафта се очекува во мај во пристаништето во Карачи. Склучената зделка со Пакистан и отвора на Русија, којашто веќе има слични договори склучени со големите потрошувачи на нафта Индија и Кина, откако по нејзината инвазија во Украина, ткн колективниот Запад под закана со санкции го одреди плафонот на цената на руската нафта која ја купуваат западните компании а потоа по повисоки пазарни цени им ја продаваат на трети страни. Пакистан е долгогодишен сојузник на САД, кој има историја на воени судири со соседна Индија која е историски поблиска на Русија, па западните аналитичари сметаа дека Исламабад тешко ќе ја прифати руската понуда. Меѓутоа, последната деценија Исламабад сѐ повеќе се оддалечуваше од Вашингтон и склучуваше скапи стратешки договори со Кина, којашто, пак, има тензични односи со Индија. Поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кому во 2022 година му изгласа недоверба, за што тој ги обвинува САД поради неговото приближување со Кина. Меѓутоа, Пакистан сега е соочен со тешка финансиска ситуација, па нафтата по пониска цена од пазарната според плафонот за руската нафта која ја донесоа ЕУ и земјите од групата Г7 по иницијатива на САД, се покажа како добра можност во периодот кога на Исламабад му се заканува неможност да ги сервисира своите долгови, а не добива помош од западните сојузници. Резервите во странска валута на пакистанската централна банка одвај се доволни за покривање на четири седмици увоз на нафта, пишува агенцијата Reuters. Меѓутоа, Русија сѐ почесто успева да склучува договори кои вклучуваат исплати во националните валути на двете страни или во други валути исклучувајќи го американскиот долар како досега вообичаеното средство на нафтените пазари. Пакистан во рамките на договорот ќе купува само сирова нафта. Министерот за енергетика Мусадик Малик за Reuters рекол дека очекува дека увозот ќе се зголеми на 100.000 барели дневно, доколку првата трансакција мине добро. Пакистан минатата 2022 година увезувал 154.000 барели нафта дневно, според податоците на аналитичката компанија „Kpler“. Пакистан досега главно ја купуваше нафтата од Саудиска Арабија, а на второ место беа Обединетите Арапски Емирати. Така, како и во случајот со Индија и со Кина, овие 100.000 барели дневно од Русија би значело дека и Пакистан значително би ја намалил зависноста од блискоисточната нафта.

The post Пакистан ја потпиша првата нарачка на руска нафта appeared first on Република.

]]>
Владата забранува увоз на руска нафта во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-zabranuva-uvoz-na-ruska-nafta-vo-makedonija/ Tue, 07 Feb 2023 14:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=606083

Владата ќе забрани увоз на руска нафта во Македонија. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека санкцијата кон Русија која ја објави Европската Унија ќе ја спроведува и земјава. Бектеши вели дека само се чека протокуларно тоа да го стори неговиот колега од министерството за надворешни работи Бујар Османи. Бектеши уверува дека недостаток од дизел гориво во земјава нема да се случи.

Како влада политиката е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија, генерално Европската унија тие се нашите стратешки партнери и така најверојатно и ќе продолжиме, рече Бектеши.

Со оваа одлука цената на дизел горивото нема да се зголеми, вели за Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Во Македонија има една компанија која набавува нафта и нафтени деривати од руска рафинерија, но количеството што го увезува е мало и нема да предизвика корекција на пазарот со деривати во земјава, уверува Бислимовски.

Не очекувам дека ќе има сериозни импликации во однос на цената на дизелот во следниот период, но тоа треба и да го почекаме. Она што го знаеме од вчерашниот ден кога е прв ден на примена на оваа мерка, вчера на нашата или на медитеранската берза од каде ние црпиме податоци имаше намалување на цената на дизелот, рече Бислимовски.

Европската Унија како нова санкција кон Русија заради воената агресија врз Украина реши да ја ги спушти рампите за руската нафта и деривати. Според информациите, 15 отсто од потрошувачката на дизел гориво се набавува од руските рафинерии. Замената за ова гориво, Европа веќе го договори со Кувајт од каде ќе се набавува количеството кое до пред некој ден пристигнуваше од Руската федерација. Освен за дизел, забрана има и за увоз на руски мазут, екстра лесното масло за домаќинства и керозинот.

The post Владата забранува увоз на руска нафта во Македонија appeared first on Република.

Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/andrij-jermak-ogranichuvanjeto-na-cenata-na-naftata-kje-ja-unishti-ruskata-ekonomija/ Sat, 03 Dec 2022 11:47:15 +0000 https://republika.mk/?p=581316

Претставникот на украинското претседателство, Андриј Јермак, изјави дека економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија.

Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша Јермак на Телеграм.

Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“.

Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина.

Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

The post Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија appeared first on Република.

]]>

Претставникот на украинското претседателство, Андриј Јермак, изјави дека економија на Русија ќе биде уништена со претстојното ограничувања на цената на руската нафта на 60 долари за барел, според договорот што го постигнаа земјите од ЕУ, Г7 и Австралија.
Ние секогаш ја постигнуваме нашата цел и руската економија ќе биде уништена и ќе плати, ќе одговара за сите свои злосторства, напиша Јермак на Телеграм.
Тој додаде дека цената на нафтата требало да се ограничи на 30 долари за барел за „побрзо да се уништи Русија“. Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел, што е клучен чекор во опсегот на западните санкции, кои имаат за цел да го преобликуваат светскиот пазар, како и да и отежнат на Русија со приходите од нафтата да ја финансира војната против Украина. Ограничувањето на цената од 60 долари за барел беше прифатено и од Г7 и од Австралија.

The post Андриј Јермак: Oграничувањето на цената на нафтата ќе ја уништи руската економија appeared first on Република.

]]>
Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-se-soglasi-da-ja-ogranichi-cenata-na-ruskata-nafta-na-60-dolari-za-barel-2/ Sat, 03 Dec 2022 07:44:57 +0000 https://republika.mk/?p=581207

Полска се согласи со договорот на Европската унија за ограничување на цената на морската нафта од 60 долари за барел за Русија, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ Анджеј Садош.

Варшава инсистираше при одобрувањето на договорот да го испита механизмот за прилагодување на цената за да ја задржи границата под пазарот, дури и да ја стави цената што е можно на најниско ниво, што ќе го ограничи приходот на Москва за финансирање на војната во Украина.

Садош рече дека механизмот во конечниот договор ќе го задржи горното ниво на цената најмалку пет отсто под пазарот.

Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од групата Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на глобалните цени на нафтата по ембаргото на ЕУ за руските енергетски испораки, што ќе стапи на сила на 5 декември.

Садош рече дека ЕУ сега може да покрене писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото.

The post Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>

Полска се согласи со договорот на Европската унија за ограничување на цената на морската нафта од 60 долари за барел за Русија, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ Анджеј Садош. Варшава инсистираше при одобрувањето на договорот да го испита механизмот за прилагодување на цената за да ја задржи границата под пазарот, дури и да ја стави цената што е можно на најниско ниво, што ќе го ограничи приходот на Москва за финансирање на војната во Украина. Садош рече дека механизмот во конечниот договор ќе го задржи горното ниво на цената најмалку пет отсто под пазарот. Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од групата Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на глобалните цени на нафтата по ембаргото на ЕУ за руските енергетски испораки, што ќе стапи на сила на 5 декември. Садош рече дека ЕУ сега може да покрене писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото.

The post Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>
Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-se-soglasi-da-ja-ogranichi-cenata-na-ruskata-nafta-na-60-dolari-za-barel/ Fri, 02 Dec 2022 19:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=581117

Полска се согласи со договорот на Европската унија за ограничување на цената на морската нафта од 60 долари за барел за Русија, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ Анджеј Садош.
Варшава инсистираше при одобрувањето на договорот да го испита механизмот за прилагодување на цената за да ја задржи границата под пазарот, дури и да ја стави цената што е можно на најниско ниво, што ќе го ограничи приходот на Москва за финансирање на војната во Украина.
Садош рече дека механизмот во конечниот договор ќе го задржи горното ниво на цената најмалку пет отсто под пазарот.
Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од групата Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на глобалните цени на нафтата по ембаргото на ЕУ за руските енергетски испораки, што ќе стапи на сила на 5 декември.

Садош рече дека ЕУ сега може да покрене писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото.

The post Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>

Полска се согласи со договорот на Европската унија за ограничување на цената на морската нафта од 60 долари за барел за Русија, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ Анджеј Садош. Варшава инсистираше при одобрувањето на договорот да го испита механизмот за прилагодување на цената за да ја задржи границата под пазарот, дури и да ја стави цената што е можно на најниско ниво, што ќе го ограничи приходот на Москва за финансирање на војната во Украина. Садош рече дека механизмот во конечниот договор ќе го задржи горното ниво на цената најмалку пет отсто под пазарот. Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од групата Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на глобалните цени на нафтата по ембаргото на ЕУ за руските енергетски испораки, што ќе стапи на сила на 5 декември. Садош рече дека ЕУ сега може да покрене писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават во недела, ден пред да стапи на сила ембаргото.

The post Полска се согласи да ја ограничи цената на руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>
ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-postigna-nachelen-dogovor-da-ja-ogranichi-ruskata-nafta-na-60-dolari-za-barel/ Thu, 01 Dec 2022 19:37:56 +0000 https://republika.mk/?p=580613

Владите на земјите од Европската Унија начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ.

Според дипломатот, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена.

Полска, која се залага за многу построга граница на цените, има рок до 15:00 часот по Гринич да го прифати договорот, кој потоа ќе биде одобрен од сите влади на ЕУ во писмена процедура до петок, додава изворот на „Ројтерс“.

„Блумберг“, исто така, објави дека е постигнат рамковен договор за ограничување на цената на 60 долари.

Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Русија и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари.

Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

The post ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>

Владите на земјите од Европската Унија начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ. Според дипломатот, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена. Полска, која се залага за многу построга граница на цените, има рок до 15:00 часот по Гринич да го прифати договорот, кој потоа ќе биде одобрен од сите влади на ЕУ во писмена процедура до петок, додава изворот на „Ројтерс“. „Блумберг“, исто така, објави дека е постигнат рамковен договор за ограничување на цената на 60 долари. Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Русија и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари. Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

The post ЕУ постигна начелен договор да ја ограничи руската нафта на 60 долари за барел appeared first on Република.

]]>
Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-planira-izgradba-i-povrzuvanje-so-naftovodot-druzba-vo-ungarija/ Fri, 07 Oct 2022 16:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=558515

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави дописникот на МИА од Белград.

– За Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика.

Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“.

Како што се објаснува во соопштението, постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегед, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија.

Друга опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра.

Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.

Двете опции се анализираат и во согласност со ефикасноста и вредноста на инвестицијата, временските рамки и условите под кои може да се изврши диверзификација, очекуваме Владата на Србија да донесе соодветни одлуки за изградба на нов нафтовод. Капацитетот на нафтоводот би бил усогласен со преработувачкиот капацитет на домашната рафинерија во Панчево, посочуваат од Министерството за рударство и енергетика.

Нафтоводот „Дружба“ е најдолгиот нафтовод во Европа и во светот. Започнува во регионот Самара во Русија, поминува низ Брајанс и потоа се дели на северни и јужни цевководи, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија, наведуваат од Министерството за енергетика.

The post Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија appeared first on Република.

]]>

Министерството за рударство и енергетика на Србија соопшти дека по усвојувањето на осмиот пакет санкции на ЕУ во кои земјите од Западен Балкан не се изземени од забраната за увоз на сурова нафта од Русија по морски пат, ги разгледува сите можности да се обезбеди диверзификација на полето на снабдување со сурова нафта, јави дописникот на МИА од Белград.
– За Србија да има сигурност во снабдувањето со сирова нафта која се преработува во рафинеријата Панчево и ги задоволува потребите на домашниот пазар, неопходно е да се има можност за набавка на нафта од повеќе правци. Министерството веќе ја предвиде оваа можност и во својот инвестициски план вклучи соодветни проекти кои вклучуваат изградба на нови нафтоводи, покрај постојниот Јадрански нафтовод (ЈАНАФ), се наведува во соопштението од Министерството за енергетика.
Планот е да се обезбеди диверзификација на снабдувањето со сурова нафта преку поврзување со нафтоводот „Дружба“. Како што се објаснува во соопштението, постојат две опции за приклучување на нафтоводот „Дружба“. Првата е изградба на нафтовод до Сегед, до Алџа. Трасата на тој нафтовод, кој би обезбедил делумен капацитет за снабдување на рафинеријата во Панчево, би била долга околу 128 километри, од кои 104 километри се на територијата на Србија, а проценетата вредност на инвестицијата е 83 милиони евра или 64 милиони за изградба на територијата на Србија. Друга опција за приклучување на нафтоводот „Дружба“ кај Будимпешта е изградбата на нафтовод долг 400 километри од Нови Сад до Шазсаломбата, а проценетата вредност на инвестицијата е околу 240 милиони евра. Поврзувањето со нафтоводот „Дружба“ значи и можност пазарот во Србија и понатаму да може да купува само руска сурова нафта.
Двете опции се анализираат и во согласност со ефикасноста и вредноста на инвестицијата, временските рамки и условите под кои може да се изврши диверзификација, очекуваме Владата на Србија да донесе соодветни одлуки за изградба на нов нафтовод. Капацитетот на нафтоводот би бил усогласен со преработувачкиот капацитет на домашната рафинерија во Панчево, посочуваат од Министерството за рударство и енергетика.
Нафтоводот „Дружба“ е најдолгиот нафтовод во Европа и во светот. Започнува во регионот Самара во Русија, поминува низ Брајанс и потоа се дели на северни и јужни цевководи, поминувајќи низ териториите на Белорусија, Украина, Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгарија, Латвија и Литванија, наведуваат од Министерството за енергетика.

The post Србија планира изградба и поврзување со нафтоводот „Дружба“ во Унгарија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-pobaravme-zapaden-balkan-da-bide-izzemen-od-odlukite-za-naftata-hrvatska-samo-go-praveshe-toa-shto-go-pravi-so-decenii/ Thu, 06 Oct 2022 13:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=558013

Србија побара Западен Балкан да биде изземен од забраната за увоз на руска нафта преку гасоводот Јанаф, но „тогаш нашите соседи се пофалија дека тие се заслужни што тоа не се случи“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пристигнувајќи на самитот на Европската политичка заедница во Прага, јави дописникот на МИА од Белград.

Имам информации дека оваа одлука е донесена многу порано, а ние баравме да се изземе Западен Балкан и во нацртот требаше да биде така. Тогаш нашите соседи се пофалија дека се заслужни за тоа што не дојде до изземање од таа норма за општо воведување санкции за увоз на руска нафта, рече Вучиќ.

Тој истакна дека некои земји од ЕУ, како Бугарија и Унгарија, се изземени, додека Србија не е и дека „Хрватска само си ја вршеше својата работа, што го прави со децении“.

Што се однесува до нас, во наредниот период ќе зборувам за длабински, стратешки важни и економски и политички далекусежни одлуки, рече претседателот на Србија, а како одговор на прашање на хрватските новинари „зошто ја обвинува Хрватска, а Србија не воведува санкции кон Русија“, тој додаде: – А што се однесува до Хрватска, вие самите се пофаливте во вашите медиуми дека стоите зад тоа против Србија и ние ви честитаме за тоа.

Како што наведе, Србија ќе мора да се снаоѓа на друг начин, да плати повисока цена и тука „нема филозофија“.

A, во однос на воведувањето или невоведувањето санкции, уште еднаш ќе ви повторам, не сте вие тие од Хрватска, ниту вие, ниту вашето раководство, кои ќе ја водите политиката на Република Србија. Политиката на Србија ќе биде предводена од граѓаните на Србија преку слободно избрани претставници и против сите оние кои мислат дека можат да и ја наметнат својата волја на Србија, рече тој.

На новинарско прашање дали може да има целосен прекин на преговорите со ЕУ, Вучиќ рече: „Не. Зошто? Мислите затоа што Хрватска инсистира на тоа? Ви посакувам многу успех по тоа прашање“.

The post Вучиќ: Побаравме Западен Балкан да биде изземен од одлуките за нафтата, Хрватска само го правеше тоа што го прави со децении appeared first on Република.

Филипините преговараат со Русија за купување нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/filipinite-pregovaraat-so-rusija-za-kupuvanje-nafta/ Tue, 27 Sep 2022 10:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=554753

Филипини преговараат со Русија за купување нафта и други артикли, изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор.

Како што тој нагласи, националните интереси на земјата мора да бидат пред политиката.

Тој за Блумберг ТВ појасни дека Филипините „преговараат со многу потенцијални добавувачи” и оти близу се до постигнување договор.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека ќе пропаднат обидите на САД и Европа да ја изолираат Русија со економски санкции, затоа што таа ќе се сврти кон Азија во потрага по нови трговски партнери.

Изминатите месеци, Русија ги нудеше своите суровини во повеќе земји во Азија, првенствено нафта по пониски цени.

Индонезија, наводно, исто така ја разгледува можноста за набавка на руска нафта.

На прашање за санкциите против Русија, филипинскиот претседател истакна дека политичката страна од договор со Русија е „малку комплицирана”. Но, тој веднаш додаде оти „националните интереси се на прво место”.

The post Филипините преговараат со Русија за купување нафта appeared first on Република.

]]>

Филипини преговараат со Русија за купување нафта и други артикли, изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор. Како што тој нагласи, националните интереси на земјата мора да бидат пред политиката. Тој за Блумберг ТВ појасни дека Филипините „преговараат со многу потенцијални добавувачи” и оти близу се до постигнување договор. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека ќе пропаднат обидите на САД и Европа да ја изолираат Русија со економски санкции, затоа што таа ќе се сврти кон Азија во потрага по нови трговски партнери. Изминатите месеци, Русија ги нудеше своите суровини во повеќе земји во Азија, првенствено нафта по пониски цени. Индонезија, наводно, исто така ја разгледува можноста за набавка на руска нафта. На прашање за санкциите против Русија, филипинскиот претседател истакна дека политичката страна од договор со Русија е „малку комплицирана”. Но, тој веднаш додаде оти „националните интереси се на прво место”.

The post Филипините преговараат со Русија за купување нафта appeared first on Република.

]]>
САД ќе и забранат на Русија морски транспорт на нафта ако не ја продава по ограничена цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-kje-i-zabranat-na-rusija-morski-transport-na-nafta-ako-ne-ja-prodava-po-ogranichena-cena/ Sat, 10 Sep 2022 10:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=549383

САД, заедно со своите сојузници од Г7 и Европската Унија, ќе воведат забрана за поморски транспорт на руска нафта од 5 декември, а нафтени деривати од 5 февруари следната година, потврди американското Министерство за финансии.

Испораките што се во согласност со ценовните ограничувања утврдени од сојузниците ќе бидат изземени од забраната - се вели во соопштението.

Минатата недела министрите за финансии на „големата седумка“ (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција, Јапонија) го потврдија планот за воведување „ценовна граница“ за руската нафта и забрана на услугите за поморски транспорт на нафта и нафтените деривати од Русија, ако не бидат продавани по ограничена цена.

The post САД ќе и забранат на Русија морски транспорт на нафта ако не ја продава по ограничена цена appeared first on Република.

На Русија одлично ѝ оди со приходите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-rusija-odlichno-odi-so-prihodite/ Thu, 18 Aug 2022 07:57:41 +0000 https://republika.mk/?p=541576

Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми.

Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите.

Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите.

„Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи.

Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат.

Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година.

Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. зш/

The post На Русија одлично ѝ оди со приходите appeared first on Република.

]]>

Поголемиот обем на извоз на нафта, заедно со зголемувањето на цените на гасот, ќе ја зголемат заработката на Русија од извозот на енергенси на 337,5 милијарди долари оваа година, што е раст од 38 отсто во однос на 2021 година. Тоа се нагласува во документ од Министерството за економија на Русија во кој имале увид западни медиуми. Скокот на приходите, доколку се оствари, ќе помогне да се зајакне руската економија пред брановите на западните санкции. Тоа ќе му обезбеди на претседателот Владимир Путин готовина за финансирање на воените трошоци или за зголемување на платите и пензиите во време кога економијата западна во рецесија, а инфлацијата го намалува животниот стандард, јавија медиумите. Но, бумот на заработката од енергијата само делумно ја компензира штетата од санкциите за економијата во целост, велат аналитичарите.
„Влијанието на санкциите врз руската економија е многу нерамномерно. Во некои сектори беше катастрофално, како што е автомобилската индустрија. Нафтениот сектор засега е релативно неповреден“, вели Јанис Клуге, виш соработник во Германскиот институт за меѓународни и Безбедносни работи.
Покрај автомобилите, тој ги наведе ИТ и финансиите како два од најтешко погодените сектори. „Овие сектори имаа најсилни врски со Западот и, следствено, најмногу страдаат. Документот на министерството проектира дека приходите од извозот на енергенси ќе бидат 255,8 милијарди долари следната година, што е сепак повисока од бројката од 244,2 милијарди долари во 2021 година. Просечната цена на извозот на гас ќе се удвои оваа година на 730 долари за 1.000 кубни метри, пред постепено да падне до крајот на 2025 година, според прогнозите на аналитичари. зш/

The post На Русија одлично ѝ оди со приходите appeared first on Република.

]]>
Русија се надева дека САД нема да се обидат да спроведат санкции за извоз на руска нафта во Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-nadeva-deka-sad-nema-da-se-obidat-da-sprovedat-sankcii-za-izvoz-na-ruska-nafta-vo-kina/ Wed, 27 Jul 2022 13:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=527167

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека официјална Москва се надева дека иницијативата на американските пратеници за воведување санкции за испораките на руски енергетски производи во Кина нема да биде спроведена.

Да се ​​надеваме дека оваа иницијатива ќе остане во почетната фаза - порача Песков.

Тој посочи дека тоа е иницијатива на американски сенатор, а не на американската влада.

The post Русија се надева дека САД нема да се обидат да спроведат санкции за извоз на руска нафта во Кина appeared first on Република.