руска фудбалска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-fudbalska-reprezentacija/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Sep 2022 08:23:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска фудбалска репрезентација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-fudbalska-reprezentacija/ 32 32 Руските фудбалери добиле повик за војска? Репрезентативците биле сопрени на граница! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-fudbaleri-dobile-povik-za-vojska-reprezentativcite-bile-sopreni-na-granica/ Sun, 25 Sep 2022 08:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=553967

Руската фудбалска репрезентација одигра пријателски натпревар против Киргистан, кој не го признава ФИФА, а при преминувањето на границата дел од играчи беа прашани за служење на воениот рок. Одлуката на Владимир Путин да прогласи делумна мобилизација на населението за војната во Украина беше загрижувачка, па се почесто во тамошната јавност се поставува прашањето дали може и фудбалерите да бидат „резерва“.

Судејќи според информациите на рускиот новинар Максим Аланазаров, инаку заменик уредник на угледниот „Спорт Експрес“, дел од репрезентацијата би можела да заврши во војска, бидејќи поканите наводно ги добил адвокатот на Здружението, физиотерапевтот и луѓе задолжени за организација на натпреварите, а прашање е дали тука е крајот на списокот.

Медиумскиот директор на руската репрезентација, Јегор Кретсан, објасни дека на играчите им биле поставувани прашања на границата за „способност за воена служба и поседување воена книшка“, но уверува дека тоа е случај со сите мажи и дека никој немал проблем.

„Тешки времиња, многу тешки… Мислите ми беа нефудбалски, зборувам за себе и за некои мои соиграчи. Прашаа „дали служеше, не служеше“. Секако, тоа беше многу неочекувано. Но, тоа е нивна работа, ништо што не можете“, изјави по натпреварот Баринов, играчот за врска на Локомотив Москва.

Украинскиот спортски портал „Спорт 24“ пренесува дека некои фудбалери од пониските лиги веќе морале да се јават поради повикот за мобилизација, но дека засега тоа се „чува во тајност“ за да не предизвика уште поголема тензија во Русија.

Преземено од Спортмедија

The post Руските фудбалери добиле повик за војска? Репрезентативците биле сопрени на граница! appeared first on Република.

]]>

Руската фудбалска репрезентација одигра пријателски натпревар против Киргистан, кој не го признава ФИФА, а при преминувањето на границата дел од играчи беа прашани за служење на воениот рок. Одлуката на Владимир Путин да прогласи делумна мобилизација на населението за војната во Украина беше загрижувачка, па се почесто во тамошната јавност се поставува прашањето дали може и фудбалерите да бидат „резерва“. Судејќи според информациите на рускиот новинар Максим Аланазаров, инаку заменик уредник на угледниот „Спорт Експрес“, дел од репрезентацијата би можела да заврши во војска, бидејќи поканите наводно ги добил адвокатот на Здружението, физиотерапевтот и луѓе задолжени за организација на натпреварите, а прашање е дали тука е крајот на списокот. Медиумскиот директор на руската репрезентација, Јегор Кретсан, објасни дека на играчите им биле поставувани прашања на границата за „способност за воена служба и поседување воена книшка“, но уверува дека тоа е случај со сите мажи и дека никој немал проблем.
„Тешки времиња, многу тешки… Мислите ми беа нефудбалски, зборувам за себе и за некои мои соиграчи. Прашаа „дали служеше, не служеше“. Секако, тоа беше многу неочекувано. Но, тоа е нивна работа, ништо што не можете“, изјави по натпреварот Баринов, играчот за врска на Локомотив Москва.
Украинскиот спортски портал „Спорт 24“ пренесува дека некои фудбалери од пониските лиги веќе морале да се јават поради повикот за мобилизација, но дека засега тоа се „чува во тајност“ за да не предизвика уште поголема тензија во Русија. Преземено од Спортмедија

The post Руските фудбалери добиле повик за војска? Репрезентативците биле сопрени на граница! appeared first on Република.

]]>