Руска црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-crkva/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 15:02:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руска црква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-crkva/ 32 32 Главната украинска црква ОЦУ го менува календарот и се одалечува од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavnata-ukrainska-tsrkva-otsu-go-menuva-kalendarot-i-se-odalechuva-od-rusija/ Wed, 24 May 2023 15:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=644293

Главната православна црква во Украина денеска соопшти дека одлучила да го промени календарот, така што отсега Божиќ ќе се слави на 25 декември, потег што дополнително ќе ја оддалечи од Русија.

Украинските христијани, претежно православни, традиционално го прославуваа Божиќ на 7 јануари, како што е обичај во повеќето православни земји како Русија, која минатата година започна инвазија на Украина.

Ова прашање се наметна како резултат на руската агресија, напиша Украинската православна црква (ОЦУ) на Фејсбук и објави дека повеќе нема да го користи јулијанскиот календар.

„Денеска Јулијанскиот календар се поврзува со руската црковна култура“, се наведува во соопштението на ОЦУ.

Црквата соопшти дека од 1 септември ќе почне да го користи реформираниот јулијански календар, што се смета за почеток на литургиската година. Црквата соопшти дека парохиите, доколку сакаат, ќе можат да продолжат да го користат стариот јулијански календар.

Резултатите од истражувањето спроведено минатиот декември од страна на украинската Влада покажаа дека 59 отсто од над 1,5 милиони анкетирани верници го поддржале преместувањето на прославата на Божиќ на 25 декември.

Украинскиот министер за култура претходно изрази поддршка за промената на календарот, опишувајќи ја како „погодна за барањата на нашето време и јавното мислење“.

The post Главната украинска црква ОЦУ го менува календарот и се одалечува од Русија appeared first on Република.

]]>

Главната православна црква во Украина денеска соопшти дека одлучила да го промени календарот, така што отсега Божиќ ќе се слави на 25 декември, потег што дополнително ќе ја оддалечи од Русија. Украинските христијани, претежно православни, традиционално го прославуваа Божиќ на 7 јануари, како што е обичај во повеќето православни земји како Русија, која минатата година започна инвазија на Украина.
Ова прашање се наметна како резултат на руската агресија, напиша Украинската православна црква (ОЦУ) на Фејсбук и објави дека повеќе нема да го користи јулијанскиот календар.
„Денеска Јулијанскиот календар се поврзува со руската црковна култура“, се наведува во соопштението на ОЦУ. Црквата соопшти дека од 1 септември ќе почне да го користи реформираниот јулијански календар, што се смета за почеток на литургиската година. Црквата соопшти дека парохиите, доколку сакаат, ќе можат да продолжат да го користат стариот јулијански календар. Резултатите од истражувањето спроведено минатиот декември од страна на украинската Влада покажаа дека 59 отсто од над 1,5 милиони анкетирани верници го поддржале преместувањето на прославата на Божиќ на 25 декември. Украинскиот министер за култура претходно изрази поддршка за промената на календарот, опишувајќи ја како „погодна за барањата на нашето време и јавното мислење“.  

The post Главната украинска црква ОЦУ го менува календарот и се одалечува од Русија appeared first on Република.

]]>
Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sinodot-na-mpc-go-pozdravi-priznavanjeto-na-aftokefalnosta-od-strana-na-ruskata-pravoslavna-crkva/ Tue, 30 Aug 2022 13:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=545675

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.

Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх - се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

The post Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква appeared first on Република.

]]>

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.
Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Руската Православна Црква – Московска Патријаршија (РПЦ – МП) на заседанието на Синодот на РПЦ од 25 август 2022 година, запишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан во свештениот диптих.   Одлуката на Синодот на Руската Православна Црква следи по обраќањето на Српскиот Патријарх г. г. Порфириј соопштувајќи ја веста на Рускиот Патријарх г. г. Кирил за автокефалниот статус на сестринската Македонска Православна Црква. Исто така, Синодот на МПЦ – ОА им благодари на сите други Помесни Православни Цркви кои го прифатија актот на Цариградскиот Патријарх - се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.
Истовремено Синодот апелира да не се наштетува на процесот на признавањето на автокефалниот статус на МПЦ – ОА преку, како што се наведува, неупатени и злонамерни коментари и нецелосни и умислено искривени информации на поедини таканаречени експерти и аналитичари.

The post Синодот на МПЦ го поздрави признавањето на афтокефалноста од страна на Руската Православна Црква appeared first on Република.

]]>
Украинската православна црква прогласи независност од Москва и руската црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-pravoslavna-crkva-proglasi-nezavisnost-od-moskva-i-ruskata-crkva/ Sat, 28 May 2022 11:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=507949

Украинската православна црква на Московската патријаршија денес прогласи „целосна автономија и независност“ од Москва, објаснувајќи дека не се согласува со ставовите на московскиот патријарх Кирил кон конфликтот.

Украинската црква соопшти дека ја осудува војната и ги повика Украина и Русија да го продолжат процесот на преговори и да престанат со крвопролевањето.

Кирил, поглавар на Руската православна црква, силно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин во неговата инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

По последно време се зголемил притисокот во црквата за да се одвои од Москва, додека конфликтот сè уште беснее. Стотици свештеници дури и повикаа патријархот да биде повикан пред црковниот суд. Украинската православна црква на Московската патријаршија по бројот на свештеници е најголемата од трите главни цркви во Украина.И покрај претходната поврзаност со Москва, црковниот поглавар Онуфриј јасно ја осуди војната.

Московската црква традиционално ја држи Украина во рамките на својата сфера на влијание.

The post Украинската православна црква прогласи независност од Москва и руската црква appeared first on Република.

]]>

Украинската православна црква на Московската патријаршија денес прогласи „целосна автономија и независност“ од Москва, објаснувајќи дека не се согласува со ставовите на московскиот патријарх Кирил кон конфликтот. Украинската црква соопшти дека ја осудува војната и ги повика Украина и Русија да го продолжат процесот на преговори и да престанат со крвопролевањето. Кирил, поглавар на Руската православна црква, силно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин во неговата инвазија на Украина, која започна на 24 февруари. По последно време се зголемил притисокот во црквата за да се одвои од Москва, додека конфликтот сè уште беснее. Стотици свештеници дури и повикаа патријархот да биде повикан пред црковниот суд. Украинската православна црква на Московската патријаршија по бројот на свештеници е најголемата од трите главни цркви во Украина.И покрај претходната поврзаност со Москва, црковниот поглавар Онуфриј јасно ја осуди војната. Московската црква традиционално ја држи Украина во рамките на својата сфера на влијание.

The post Украинската православна црква прогласи независност од Москва и руската црква appeared first on Република.

]]>
Украинската црква прогласи целосна независнот од Руската https://arhiva3.republika.mk/vesti/ukrainskata-crkva-proglasi-celosna-nezavisnot-od-ruskata/ Fri, 27 May 2022 18:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=507778

Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела Русија, Кирил во однос на конфликтот во Украина и усвои измени на уставот на УПЦ, што значи нејзина целосна независност.

„Ние не се согласуваме со ставот на московскиот патријарх Кирил… за војната“, се вели во соопштението на црквата по одржувањето на соборот фокусиран на руската „агресија“ против Украина, каде што прогласи „целосна независност и автономија на Украинската православна Црква“.

Соборот усвои соодветни измени на уставот за управување со УПС, што значи негова целосна независност и самостојност, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на УПС

The post Украинската црква прогласи целосна независнот од Руската appeared first on Република.

Рускиот патријарх го благослови договорот меѓу СПЦ и МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ruskiot-patrijarh-go-blagoslovi-dogovorot-megju-spc-i-mpc/ Fri, 27 May 2022 17:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=507765

Патријархот московски и на цела Русија Кирил го поздрави денеска, како што наведе, повторното обединување на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Српската православна црква (СПЦ), оценувајќи го како „значаен историски настан“.

-Ќе ве информирам за еден ваков добар и важен историски настан – обновувањето на комуникацијата меѓу Српската патријаршија и Охридската архиепископија, рече патријархот Кирил на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, јавија руските медиуми.

Патријархот Кирил напомена дека се работи за долга поделба, што „конечно е исцелена“

The post Рускиот патријарх го благослови договорот меѓу СПЦ и МПЦ appeared first on Република.

Руската црква ја поздрави автокефалноста на МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskata-crkva-ja-pozdravi-avtokefalnosta-na-mpc/ Wed, 25 May 2022 07:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=506597

Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

– Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС во врска со вчерашното обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката ариерејска литургија во црквата Свети Климент Охридски во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.

Патријархот Порфириј кажа дека за оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА

The post Руската црква ја поздрави автокефалноста на МПЦ appeared first on Република.

Руската црква застана на страната на српската: Го признаваме канонското право на СПЦ во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ruskata-crkva-zastana-na-stranata-na-srpskata-go-priznavame-kanonskoto-pravo-na-spc-vo-makedonija/ Mon, 09 May 2022 19:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=500118

Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија.

– Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

[caption id="attachment_9204" align="alignnone" width="560"] Свештеници од СПЦ (фото: илустрација)[/caption]

Од Вселенската патријаршија, по денешното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа.

Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.

The post Руската црква застана на страната на српската: Го признаваме канонското право на СПЦ во Македонија appeared first on Република.

]]>

Откако денеска Вселенската патријаршија ја призна за канонска и ја отстрани повеќедецинската шизма наложена врз Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, Руската православна црква (РПЦ) излезе со став дека ги признава само канонските права на Српската православна црква (СПЦ) во Македонија.
– Руската православна црква ги признава исклучителните канонски права на СПЦ во Македонија. Ставот на РПЦ, пред се ќе го земе предвид пристапот на тој проблем на Српската црква, на која и натаму и ги признаваме исклучителните канонски права во Македонија, изјави секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.
[caption id="attachment_9204" align="alignnone" width="560"] Свештеници од СПЦ (фото: илустрација)[/caption] Од Вселенската патријаршија, по денешното заседание на Светиот Синод соопштија дека одлучиле да ја отстранат повеќедецениската шизма наложена врз Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ, односно да ја признаат црковната јерархија предвоена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и да се воспостави канонско и литургиско општење со неа. Вселенската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква во 2019 година, додека Русија не ја признава нејзината автокефалност.

The post Руската црква застана на страната на српската: Го признаваме канонското право на СПЦ во Македонија appeared first on Република.

]]>
Владика од грчката црква бара да и се одземе автокефалноста на Руската црква https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladika-od-grchkata-crkva-bara-da-i-se-odzeme-avtokefalnosta-na-ruskata-crkva/ Sun, 20 Feb 2022 13:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=461058

Митрополитот на ГПЦ Григориј предлага да и се одземе автокефалноста на Руската православна црква на пет години како „казна“ за „создавање раскол“ и воспоставување егзархија во Африка. пренесува „Религија.мк.

Тој предлага и да се симне од тронот епископот, кој со одлука на синодот на Руската православна црква е поставен за патријаршиски егзарх во Африка.

Во интервју, Григориј го опиша создавањето на Егзархијата на Руската православна црква во Африка како расколничка акција, а не како инвазија, бидејќи одлуката официјално беше донесена од Светиот синод во Москва. Тој смета дека доделувањето автокефалност на Украина е само изговор, а не причина.

Според него, овие акции за проширување влијанието биле планирани во Москва три децении, од 1988 година.

„Тоа што го прават во Африка, ќе го направат на територијата на Цариградската патријаршија, а потоа и на Грчката црква. Само треба да почекаме додека не дојдат“, смета Григориј.

Според него, овие постапки на РПЦ го поткопуваат целокупниот еклисиолошки и канонски систем на Црквата.

„Мораме да собереме сеправославна катедрала“, смета тој.

The post Владика од грчката црква бара да и се одземе автокефалноста на Руската црква appeared first on Република.

]]>

Митрополитот на ГПЦ Григориј предлага да и се одземе автокефалноста на Руската православна црква на пет години како „казна“ за „создавање раскол“ и воспоставување егзархија во Африка. пренесува „Религија.мк. Тој предлага и да се симне од тронот епископот, кој со одлука на синодот на Руската православна црква е поставен за патријаршиски егзарх во Африка. Во интервју, Григориј го опиша создавањето на Егзархијата на Руската православна црква во Африка како расколничка акција, а не како инвазија, бидејќи одлуката официјално беше донесена од Светиот синод во Москва. Тој смета дека доделувањето автокефалност на Украина е само изговор, а не причина. Според него, овие акции за проширување влијанието биле планирани во Москва три децении, од 1988 година.
„Тоа што го прават во Африка, ќе го направат на територијата на Цариградската патријаршија, а потоа и на Грчката црква. Само треба да почекаме додека не дојдат“, смета Григориј.
Според него, овие постапки на РПЦ го поткопуваат целокупниот еклисиолошки и канонски систем на Црквата. „Мораме да собереме сеправославна катедрала“, смета тој.

The post Владика од грчката црква бара да и се одземе автокефалноста на Руската црква appeared first on Република.

]]>