руска база Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-baza/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 09:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска база Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-baza/ 32 32 Украински дрон погодил руска воена база на Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-dron-pogodil-ruska-voena-baza-na-krim/ Sat, 26 Aug 2023 09:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=675959

Украинската воена разузнавачка агенција (ГРУ) утринава соопшти дека украински дрон ноќеска погодил руска воена база на Крим, додека локалното население тврди дека има жртви, јавуваат британските медиуми.

Претставници на ГРУ изјавија дека во нападот била нападната и погодена 126-та крајбрежна одбранбена бригада, чие седиште се наоѓа во градот Перевалњоје, на повеќе од 200 километри од територијата контролирана од Киев.

Потврдуваме дека дојде до погодок – изјави портпаролот на ГРУ, Андриј Јусов за порталот Лига.Нет, пренесен од британските медиуми.

Жителите на Перевалњоје на Телеграм пишуваат дека слушнале експлозии од воената база и тврдат дека има жртви.

„Две лица загинаа на полигонот, а едно е префрлено во болница во тешка состојба“, напишал еден од корисниците на Телеграм, додека друг изјавил дека влезот во градот е затворен.

Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава уништила украинско беспилотно летало над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што се наведува во соопштението, дронот бил соборен над московската населба Истра, јави Тасс.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм, потврди дека дронот бил соборен додека се приближувал кон центарот на руската престолнина и дека во овој настан нема повредени.

По инцидентот, трите главни московски аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ги прекинаа летовите.

 

The post Украински дрон погодил руска воена база на Крим appeared first on Република.

]]>

Украинската воена разузнавачка агенција (ГРУ) утринава соопшти дека украински дрон ноќеска погодил руска воена база на Крим, додека локалното население тврди дека има жртви, јавуваат британските медиуми. Претставници на ГРУ изјавија дека во нападот била нападната и погодена 126-та крајбрежна одбранбена бригада, чие седиште се наоѓа во градот Перевалњоје, на повеќе од 200 километри од територијата контролирана од Киев.
Потврдуваме дека дојде до погодок – изјави портпаролот на ГРУ, Андриј Јусов за порталот Лига.Нет, пренесен од британските медиуми.
Жителите на Перевалњоје на Телеграм пишуваат дека слушнале експлозии од воената база и тврдат дека има жртви. „Две лица загинаа на полигонот, а едно е префрлено во болница во тешка состојба“, напишал еден од корисниците на Телеграм, додека друг изјавил дека влезот во градот е затворен. Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава уништила украинско беспилотно летало над Москва, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што се наведува во соопштението, дронот бил соборен над московската населба Истра, јави Тасс. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на својот канал Телеграм, потврди дека дронот бил соборен додека се приближувал кон центарот на руската престолнина и дека во овој настан нема повредени. По инцидентот, трите главни московски аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково ги прекинаа летовите.  

The post Украински дрон погодил руска воена база на Крим appeared first on Република.

]]>
Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/intsident-i-eksplozija-vo-ruskata-vozduhoplovna-baza-engels-kade-shto-ima-strateshki-bombarderi/ Mon, 26 Dec 2022 19:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=590256

Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета врз цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите за експлозии во базата.

Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот“, изјави Бусаргин.

Новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“, цитирајќи локални жители, објави дека биле активирани сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија.

На 5 декември, Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, била цел на напади со украински беспилотни летала.

Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија.

Украинската агенција „Укринформ“, која јави за експлозии во базата Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. „Укринформ“ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.

The post Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери appeared first on Република.

]]>

Извештаите за инцидент во воздухопловната база Енгелс во руската област Саратов се проверуваат, но нема штета врз цивилната инфраструктура, изјави локалниот гувернер Роман Бусаргин по извештаите на медиумите за експлозии во базата.
Нема апсолутно никаква опасност за жителите. Нема оштетени цивилни инфраструктурни локации. Информациите за инцидент на воена локација се проверуваат од органите на редот“, изјави Бусаргин.
Новинската агенција „РБЦ-Украина“ објави дека се случиле две експлозии. Руското издание „База“, цитирајќи локални жители, објави дека биле активирани сирени за воздушен напад и дека одекнала експлозија. На 5 декември, Русија соопшти дека оваа воздухопловна база, која се наоѓа на околу 730 километри југоисточно од Москва во близина на градот Саратов, била цел на напади со украински беспилотни летала. Украина никогаш јавно не презеде одговорност за нападите во Русија. Украинската агенција „Укринформ“, која јави за експлозии во базата Енгелс, повикувајќи се на руски канали на социјалната мрежа Телеграм, забележува дека токму од оваа база се извршуваат сите масовни руски ракетни напади против Украина. „Укринформ“ додава дека таму се сместени руски стратешки бомбардери Ту-95 и Ту-160.

The post Инцидент и експлозија во руската воздухопловна база „Енгелс“ каде што има стратешки бомбардери appeared first on Република.

]]>
Избил бунт во руска база: Војници ја скршиле капијата и ја напуштиле касарната поради лошите услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbil-bunt-vo-ruska-baza-vojnici-ja-skrshile-kapijata-i-ja-napushtile-kasarnata-poradi-loshite-uslovi/ Sun, 04 Dec 2022 08:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=581565

На социјалните мрежи се појави снимка која наводно е направена во руска воена база.

Според западните и украинските медиуми, на видеото се гледа како руски војници се бунтуваат против лошите услови во воената база покриена со снег.

Десетици војници одлучиле да ја напуштат базата, при што ја урнале оградата и го напуштиле дворот, а во еден момент избила и тепачка.

Руските војници ја напуштија воената база“, тврди „Скај њуз“.

Снимката ја пренесоа и многу западни медиумски куќи, тврдејќи дека ја прикажува ситуацијата на руската армија во Украина.

Изворот на видеото, локацијата, како тоа дали навистина се работи за руски војници, засега не е е независно потврдено.

The post Избил бунт во руска база: Војници ја скршиле капијата и ја напуштиле касарната поради лошите услови appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави снимка која наводно е направена во руска воена база. Според западните и украинските медиуми, на видеото се гледа како руски војници се бунтуваат против лошите услови во воената база покриена со снег. Десетици војници одлучиле да ја напуштат базата, при што ја урнале оградата и го напуштиле дворот, а во еден момент избила и тепачка.
Руските војници ја напуштија воената база“, тврди „Скај њуз“.
Снимката ја пренесоа и многу западни медиумски куќи, тврдејќи дека ја прикажува ситуацијата на руската армија во Украина. Изворот на видеото, локацијата, како тоа дали навистина се работи за руски војници, засега не е е независно потврдено.

The post Избил бунт во руска база: Војници ја скршиле капијата и ја напуштиле касарната поради лошите услови appeared first on Република.

]]>