руска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-ambasadorka/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Dec 2022 08:22:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruska-ambasadorka/ 32 32 Во МНР на Бугарија повикана руската амбасадорка во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-mnr-na-bugarija-povikana-ruskata-ambasadorka-vo-sofija/ Thu, 29 Dec 2022 08:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=591302

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугариоја по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев.

Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа Bellingcat, чии активности Москва ги прогласи за непожелни.

Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската Федерација“.

 

The post Во МНР на Бугарија повикана руската амбасадорка во Софија appeared first on Република.

]]>

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугариоја по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев. Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа Bellingcat, чии активности Москва ги прогласи за непожелни. Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската Федерација“.  

The post Во МНР на Бугарија повикана руската амбасадорка во Софија appeared first on Република.

]]>
Повеќето бугарски партии не сакаат руската амбасадорка да присуствува на конститутивната седница на новото Народно собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povekjeto-bugarski-partii-ne-sakaat-ruskata-ambasadorka-da-prisustvuva-na-konstitutivnata-sednica-na-novoto-narodno-sobranie/ Wed, 12 Oct 2022 08:03:58 +0000 https://republika.mk/?p=559961

Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, една недела пред конститутивната седница на 48. Народно собрание, на неформален состанок, претставници на седумте парламентарни партии разговарале за тоа како ќе се одвива првата седница, закажана за 19 октомври.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за сериозен проблем меѓу нив станало прашањето дали на свеченото отворање треба да присуствува и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.

Традиционално, сите странски амбасадори во Бугарија добиваат покана за церемонијата на отворање на работата на новоизбраното Народно собрание.

Десислава Атанасова од ГЕРБ коментира дека нејзината партија цврсто се противела на присуството на Митрофанова. Според неа, руската страна е агресор во војната со Украина, а ГЕРБ категорично смета дека за амбасадорката Елеонора Митрофанова не треба да има место на првата седница на 48. Народно собрание.

„Промените продолжуваат“ се цврсто против присуството на руската амбасадорка - коментира Нестимир Ананиев.

Според информации на социјалните мрежи, бугарските социјалисти и популистичкиот и пропутинистички „Преродба“ се против ставот рускиот амбасадор да не биде поканет на првата средба.

Од „Демократска Бугарија“ коментираат дека тие биле иницијатори за разговорот на темата, изразувајќи ја позицијата дека се категорично против присуството на руската амбасадорка во Бугарија на свеченото отворање на новоизбраното Народно собрание.

Засега се уште не се познати позициите на Движењето за права и слободи и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев.

 

The post Повеќето бугарски партии не сакаат руската амбасадорка да присуствува на конститутивната седница на новото Народно собрание appeared first on Република.

]]>

Како што пренесуваат повеќето бугарски електронски медиуми, една недела пред конститутивната седница на 48. Народно собрание, на неформален состанок, претставници на седумте парламентарни партии разговарале за тоа како ќе се одвива првата седница, закажана за 19 октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за сериозен проблем меѓу нив станало прашањето дали на свеченото отворање треба да присуствува и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова. Традиционално, сите странски амбасадори во Бугарија добиваат покана за церемонијата на отворање на работата на новоизбраното Народно собрание. Десислава Атанасова од ГЕРБ коментира дека нејзината партија цврсто се противела на присуството на Митрофанова. Според неа, руската страна е агресор во војната со Украина, а ГЕРБ категорично смета дека за амбасадорката Елеонора Митрофанова не треба да има место на првата седница на 48. Народно собрание.
„Промените продолжуваат“ се цврсто против присуството на руската амбасадорка - коментира Нестимир Ананиев.
Според информации на социјалните мрежи, бугарските социјалисти и популистичкиот и пропутинистички „Преродба“ се против ставот рускиот амбасадор да не биде поканет на првата средба. Од „Демократска Бугарија“ коментираат дека тие биле иницијатори за разговорот на темата, изразувајќи ја позицијата дека се категорично против присуството на руската амбасадорка во Бугарија на свеченото отворање на новоизбраното Народно собрание. Засега се уште не се познати позициите на Движењето за права и слободи и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев.  

The post Повеќето бугарски партии не сакаат руската амбасадорка да присуствува на конститутивната седница на новото Народно собрание appeared first on Република.

]]>
Бугарската министерка за изјавата на руската амбасадорка: Тоа е мешање во внатрешните работи на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskata-ministerka-za-izjavata-na-ruskata-ambasadorka-toa-e-meshanje-vo-vnatreshnite-raboti-na-zemjata/ Wed, 23 Mar 2022 17:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=477295

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјавите на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова ги опиша како „мешање во внатрешните работи на земјата“. Генчовска, ова го кажа по учеството на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова за руски ТВ канал изјави дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската влада против Москва. Министерката Генчовска, коментира дека на денешната работна седница на бугарската Влада се разговарало на темата, која ја соопштил и премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Се разговараше за последните изјави на Митрофанова, кои се мешање во внатрешната политика на земјата. Ништо конкретно не се разговараше за неа, рече шефот на бугарската дипломатија.

 

The post Бугарската министерка за изјавата на руската амбасадорка: Тоа е мешање во внатрешните работи на земјата appeared first on Република.

]]>

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјавите на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова ги опиша како „мешање во внатрешните работи на земјата“. Генчовска, ова го кажа по учеството на состанокот на парламентарната комисија за надворешна политика. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова за руски ТВ канал изјави дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската влада против Москва. Министерката Генчовска, коментира дека на денешната работна седница на бугарската Влада се разговарало на темата, која ја соопштил и премиерот на Бугарија Кирил Петков.
Се разговараше за последните изјави на Митрофанова, кои се мешање во внатрешната политика на земјата. Ништо конкретно не се разговараше за неа, рече шефот на бугарската дипломатија.
 

The post Бугарската министерка за изјавата на руската амбасадорка: Тоа е мешање во внатрешните работи на земјата appeared first on Република.

]]>