Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 11:55:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija/ 32 32 Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/penzionerka-so-ruska-natsionalnost-ke-bide-deportirana-od-litvanija-poradi-pogreshen-odgovor-za-krim/ Sun, 25 Feb 2024 10:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=747954

Пензионерка со руска националност и државјанство е депортирана од Литванија поради „погрешен“ одговор за Крим.

75-годишната Валентина Ватутина цел живот работи во Литванија, но минатото лето, по усвојувањето на русофобниот закон за миграција, на пензионерката и било одбиено продолжување на дозволата за престој.

Причина за таквата одлука бидејќи на прашањето: „Чиј е Крим?,  жената одговорила дека не знае. Таквиот одговор, Судот го сметал за очигледна лојалност кон Русија.

Валентина се изјаснила и против варварското рушење на спомениците на советските војници кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна, што им дало на властите причина дури и да ја наречат „закана за националната безбедност“. Порад сето тоа сега жената се соочува со депортација.

Ваквата одлука ги продолжува серијата протерувања на луѓе со руска националност од балтичките земји. Така, во Летонија на списокот за депортација е додадена слепа старица која од очигледни причини не можела да го положи испитот по летонски јазик.

The post Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ appeared first on Република.

]]>

Пензионерка со руска националност и државјанство е депортирана од Литванија поради „погрешен“ одговор за Крим. 75-годишната Валентина Ватутина цел живот работи во Литванија, но минатото лето, по усвојувањето на русофобниот закон за миграција, на пензионерката и било одбиено продолжување на дозволата за престој. Причина за таквата одлука бидејќи на прашањето: „Чиј е Крим?,  жената одговорила дека не знае. Таквиот одговор, Судот го сметал за очигледна лојалност кон Русија. Валентина се изјаснила и против варварското рушење на спомениците на советските војници кои се бореа против нацизмот во Втората светска војна, што им дало на властите причина дури и да ја наречат „закана за националната безбедност“. Порад сето тоа сега жената се соочува со депортација. Ваквата одлука ги продолжува серијата протерувања на луѓе со руска националност од балтичките земји. Така, во Летонија на списокот за депортација е додадена слепа старица која од очигледни причини не можела да го положи испитот по летонски јазик.

The post Пензионерка со руска националност ќе биде депортирана од Литванија поради „погрешен одговор за Крим“ appeared first on Република.

]]>
14-годишно момче почнало да одгледува лалиња во гаражата за да си купи Плејстејшн, заработило 20 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/14-godishno-momche-pochnalo-da-odgleduva-lalina-vo-garazhata-za-da-si-kupi-plejstejshn-zarabotilo-20-iljadi-evra/ Sun, 25 Feb 2024 09:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=748050

14-годишнo момче од Ленинградската област во Русија, во ренот на Санкт Петербург, одгледувал 35.000 лалиња во гаражата на својот татко и ги продал на Денот на вљубените за околу 20 илјади евра (два милиони рубљи).

Момчето било мотивирано да почне бизнис од неговите родители откако тие одбиле да му купат Плејстејшн 5. Татко му го советувал самиот да заработи за конзолата и му помогнал да постави стаклена градина во гаражата.

Момчето планира следната година да одгледува 200.000 цвеќиња и да заработи најмалку пет пати повеќе од досега.

The post 14-годишно момче почнало да одгледува лалиња во гаражата за да си купи Плејстејшн, заработило 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>

14-годишнo момче од Ленинградската област во Русија, во ренот на Санкт Петербург, одгледувал 35.000 лалиња во гаражата на својот татко и ги продал на Денот на вљубените за околу 20 илјади евра (два милиони рубљи). Момчето било мотивирано да почне бизнис од неговите родители откако тие одбиле да му купат Плејстејшн 5. Татко му го советувал самиот да заработи за конзолата и му помогнал да постави стаклена градина во гаражата. Момчето планира следната година да одгледува 200.000 цвеќиња и да заработи најмалку пет пати повеќе од досега.

The post 14-годишно момче почнало да одгледува лалиња во гаражата за да си купи Плејстејшн, заработило 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trgovskata-razmena-megu-indija-i-rusija-dostigna-rekordno-nivo/ Sun, 25 Feb 2024 09:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=747958

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија пораснал 1,8 пати во 2023 година, достигнувајќи рекордни 65 милијарди долари, покажуваат податоците на индиската статистичка служба.

Таквите бројки покажуваат дека минатата година, Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на официјален Њу Делхи, надминувајќи ја Саудиска Арабија.

Со тоа, Русија станала вториот најголем снабдувач на стоки во Индија, додека извозот на индиски стоки во Русија се зголемил за 1,4 пати.

Истовремено, пад на трговскиот промет е забележан со останатите земји кои беа вклучени во првите пет по обем на трговска размена со Индија: САД -9%; Кина -2%; ОАЕ -7%; Саудиска Арабија -17%.

Во овој период, Русија и Индија го интензивирале напуштањето на доларот и еврото во меѓусебната трговија и се движат кон трговија во националните валути.

The post Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво appeared first on Република.

]]>

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија пораснал 1,8 пати во 2023 година, достигнувајќи рекордни 65 милијарди долари, покажуваат податоците на индиската статистичка служба. Таквите бројки покажуваат дека минатата година, Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на официјален Њу Делхи, надминувајќи ја Саудиска Арабија. Со тоа, Русија станала вториот најголем снабдувач на стоки во Индија, додека извозот на индиски стоки во Русија се зголемил за 1,4 пати. Истовремено, пад на трговскиот промет е забележан со останатите земји кои беа вклучени во првите пет по обем на трговска размена со Индија: САД -9%; Кина -2%; ОАЕ -7%; Саудиска Арабија -17%. Во овој период, Русија и Индија го интензивирале напуштањето на доларот и еврото во меѓусебната трговија и се движат кон трговија во националните валути.

The post Трговската размена меѓу Индија и Русија достигна рекордно ниво appeared first on Република.

]]>
Авиони СУ-75 и МиГ-35, оклопни возила, автомати и снајпери: На светскиот саем за оружје Русија ги претстави своите најнови борбени системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avioni-su-75-i-mig-35-oklopni-vozila-avtomati-i-snajperi-na-svetskiot-saem-za-oruzhje-rusija-gi-pretstavi-svoite-najnovi-borbeni-sistemi/ Sun, 25 Feb 2024 08:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=747990

За време на меѓународна изложба за одбрана и безбедност во Саудиска Арабија - Светското одбранбено шоу 2024, рускиот национален концерн „Ростех“ се претстави со повеќе од 100 модерни оружја и воени системи.

„Ростех“ за прв пат на јавноста и го претстави системот против дронови „Серп-ВС6“ (Serp-VS6), а еден од главните експонати беше и модернизираниот транспортен авион Ил-76МД-90А - претходникот на Ил-76. Овој авион се карактеризира со тоа што опсегот на лет му е зголемен на четири илјади километри, а носивоста му е до 60 илјади тони.

Руската компанија ги претстави и најновите модели на борбени авиони Су-75 „шах мат“ и МиГ-35, за кои има голем интерес во земјите од Блискиот Исток.

https://republika.mk/vesti/svet/podobar-odnos-kvalitet-tsena-etiopija-se-otkazha-od-frantsuskite-lovtsi-rafal-i-odluchi-da-kupi-ruski-su-30/

Државната корпорација изложи различни примероци на оклопни возила, муниција и малокалибарско оружје. Сериозно внимание привлекоа новите автомати „Калашников“ и снајперската пушка „Чукавин“, а во Саудиска Арабија беше претставен и противвоздушниот систем „Панцир-С1М“.

https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-vo-ukraina-ke-go-testira-mokniot-nov-snajper-ubietsot-na-amerikanskite-pushki/

Меѓународната изложба на оружје во Ријад го покажа развој на руската воена опрема, која во изминатите неколку години направи вистински скок напред во одбранбената индустрија.

The post Авиони СУ-75 и МиГ-35, оклопни возила, автомати и снајпери: На светскиот саем за оружје Русија ги претстави своите најнови борбени системи appeared first on Република.

]]>

За време на меѓународна изложба за одбрана и безбедност во Саудиска Арабија - Светското одбранбено шоу 2024, рускиот национален концерн „Ростех“ се претстави со повеќе од 100 модерни оружја и воени системи. „Ростех“ за прв пат на јавноста и го претстави системот против дронови „Серп-ВС6“ (Serp-VS6), а еден од главните експонати беше и модернизираниот транспортен авион Ил-76МД-90А - претходникот на Ил-76. Овој авион се карактеризира со тоа што опсегот на лет му е зголемен на четири илјади километри, а носивоста му е до 60 илјади тони. Руската компанија ги претстави и најновите модели на борбени авиони Су-75 „шах мат“ и МиГ-35, за кои има голем интерес во земјите од Блискиот Исток. https://republika.mk/vesti/svet/podobar-odnos-kvalitet-tsena-etiopija-se-otkazha-od-frantsuskite-lovtsi-rafal-i-odluchi-da-kupi-ruski-su-30/ Државната корпорација изложи различни примероци на оклопни возила, муниција и малокалибарско оружје. Сериозно внимание привлекоа новите автомати „Калашников“ и снајперската пушка „Чукавин“, а во Саудиска Арабија беше претставен и противвоздушниот систем „Панцир-С1М“. https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-armija-vo-ukraina-ke-go-testira-mokniot-nov-snajper-ubietsot-na-amerikanskite-pushki/ Меѓународната изложба на оружје во Ријад го покажа развој на руската воена опрема, која во изминатите неколку години направи вистински скок напред во одбранбената индустрија.

The post Авиони СУ-75 и МиГ-35, оклопни возила, автомати и снајпери: На светскиот саем за оружје Русија ги претстави своите најнови борбени системи appeared first on Република.

]]>
Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-eu-vo-2023-godina-i-platile-na-rusija-29-1-milijardi-dolari-za-kupuvane-nafta-i-gas/ Sat, 24 Feb 2024 20:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=747638

Европските земји во 2023 година исплатиле во Русија 29,1 милијарди евра за набавка на нафта и гас.

Анализата на европската статистика за 2023 година покажува дека земјите од ЕУ продолжуваат да увезуваат нафта, петрохемикалии и природен гас од Русија (во износ од 29,1 милијарди евра).

Истовремено, податоците покажуваат дека Европа од Русија купува и црни метали, никел, алуминиум, метали од платинската група, ѓубрива и неоргански хемиски производи (вклучувајќи нуклеарно гориво, амонијак, итн.).

The post Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас appeared first on Република.

]]>

Европските земји во 2023 година исплатиле во Русија 29,1 милијарди евра за набавка на нафта и гас. Анализата на европската статистика за 2023 година покажува дека земјите од ЕУ продолжуваат да увезуваат нафта, петрохемикалии и природен гас од Русија (во износ од 29,1 милијарди евра). Истовремено, податоците покажуваат дека Европа од Русија купува и црни метали, никел, алуминиум, метали од платинската група, ѓубрива и неоргански хемиски производи (вклучувајќи нуклеарно гориво, амонијак, итн.).

The post Земјите од ЕУ во 2023 година и платиле на Русија 29,1 милијарди долари за купување нафта и гас appeared first on Република.

]]>
Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rusija-ostanuva-suspendirana-od-megunarodniot-olimpiski-komitet/ Sat, 24 Feb 2024 07:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=747672

Судот за спортска арбитража во Лозана денеска ја отфрли жалбата на Русија против суспензијата од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), пренесува „Ројтерс“.

Како што е наведено, ИОК ја суспендираше Русија во октомври минатата година, откако Рускиот олимписки комитет ги додаде во своето членство Олимписките совети на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.

Во образложението на ИОК следуваше суспензијата бидејќи претставува кршење на Олимписката повелба и повреда на територијалниот интегритет на Украинскиот национален олимписки комитет.

The post Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет appeared first on Република.

]]>

Судот за спортска арбитража во Лозана денеска ја отфрли жалбата на Русија против суспензијата од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), пренесува „Ројтерс“. Како што е наведено, ИОК ја суспендираше Русија во октомври минатата година, откако Рускиот олимписки комитет ги додаде во своето членство Олимписките совети на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Во образложението на ИОК следуваше суспензијата бидејќи претставува кршење на Олимписката повелба и повреда на територијалниот интегритет на Украинскиот национален олимписки комитет.

The post Русија останува суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет appeared first on Република.

]]>
Го викаат „Руско злато“: Ова се деталите за луксузниот автомобил што Путин му го подари на Ким Џонг Ун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/go-vikaat-rusko-zlato-ova-se-detalite-za-luksuzniot-avtomobil-shto-putin-mu-go-podari-na-kim-dhong-un/ Fri, 23 Feb 2024 19:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=747518

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, му подари луксузен автомобил „Аурус“, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, севернокорејските медиуми објавија дека Путин му подарил на Ким луксузен автомобил од руско производство како „јасна демонстрација на посебниот личен однос“ меѓу двајцата лидери.

„Аурус“ е водечки руски бренд за луксузни автомобили, кој стана храбар симбол на издржливост и триумф против западните санкции. Овој автомобил служи како врвен пример за успехот на Русија наспроти проблемите.

Еве повеќе детали за овој премиум автомобилски бренд:

▪️ Семејството „Аурус“ вклучува лимузина и седан „Сенат“, минивен „Арсенал“ и СУВ „Комендант“, кои сите се изградени на модуларна платформа и содржат компоненти од руско производство;

▪️ Овие возила со погон на четири тркала се користат во колоните на претседателот и премиерот на Русија, како и за голем број високи руски функционери;

▪️ Лимузината „Сенат“ првпат ја користеше рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на инаугурација на 7 мај 2018 година;

▪️ Од 2021 година, автомобилите „Аурус“ примарно се произведуваат во Специјалната економска зона Алабуга во руски Татарстан, а фабриката има годишен производствен капацитет до 5.000 автомобили;

▪️ Доколку обични купувачи сакаат да набават од  овие премиум возила, од нив би се очекувало да издвојат 38,5 милиони рубљи (416.570 долари) за седан и 37,5 милиони рубли (405.750 долари) за СУВ;

▪️ Се смета дека името „Аурус“ е комбинација од латинскиот збор „аурум“ (злато) и скратен збор што се однесува на Русија, поради што името може да се толкува како „Златна Русија“ или „Руско злато“.

The post Го викаат „Руско злато“: Ова се деталите за луксузниот автомобил што Путин му го подари на Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, му подари луксузен автомобил „Аурус“, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, севернокорејските медиуми објавија дека Путин му подарил на Ким луксузен автомобил од руско производство како „јасна демонстрација на посебниот личен однос“ меѓу двајцата лидери. „Аурус“ е водечки руски бренд за луксузни автомобили, кој стана храбар симбол на издржливост и триумф против западните санкции. Овој автомобил служи како врвен пример за успехот на Русија наспроти проблемите. Еве повеќе детали за овој премиум автомобилски бренд: ▪️ Семејството „Аурус“ вклучува лимузина и седан „Сенат“, минивен „Арсенал“ и СУВ „Комендант“, кои сите се изградени на модуларна платформа и содржат компоненти од руско производство; ▪️ Овие возила со погон на четири тркала се користат во колоните на претседателот и премиерот на Русија, како и за голем број високи руски функционери; ▪️ Лимузината „Сенат“ првпат ја користеше рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата на инаугурација на 7 мај 2018 година; ▪️ Од 2021 година, автомобилите „Аурус“ примарно се произведуваат во Специјалната економска зона Алабуга во руски Татарстан, а фабриката има годишен производствен капацитет до 5.000 автомобили; ▪️ Доколку обични купувачи сакаат да набават од  овие премиум возила, од нив би се очекувало да издвојат 38,5 милиони рубљи (416.570 долари) за седан и 37,5 милиони рубли (405.750 долари) за СУВ; ▪️ Се смета дека името „Аурус“ е комбинација од латинскиот збор „аурум“ (злато) и скратен збор што се однесува на Русија, поради што името може да се толкува како „Златна Русија“ или „Руско злато“.

The post Го викаат „Руско злато“: Ова се деталите за луксузниот автомобил што Путин му го подари на Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>
Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/elitna-ukrainska-prostitutka-vo-italija-pretepala-ruska-koleshka-poradi-vojnata/ Fri, 23 Feb 2024 18:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=745640

Елитна украинска проститутка се соочува со кривична постапка во Италија затоа што претепала и ограбила своја колешка од Русија.

Инцидентот се сличил коа извесен 57-годишен бизнисмен повикал две ескорт девојки - една од Русија и една од Украина, но наместо да го задоволат клиентот, тие две почнале да ањ пцујат и да се навредуваат. Состојбата ексалирала по што Украинката ја претепала Русинката и и го земала паричникот со повеќе од 400 евра.

Како што пишуваат локални медимуи, Украинката својата постапка ја објаснила со војната во нејзината земја обвинувајќи ја Русинката за страдањата на Украина.

The post Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната appeared first on Република.

]]>

Елитна украинска проститутка се соочува со кривична постапка во Италија затоа што претепала и ограбила своја колешка од Русија. Инцидентот се сличил коа извесен 57-годишен бизнисмен повикал две ескорт девојки - една од Русија и една од Украина, но наместо да го задоволат клиентот, тие две почнале да ањ пцујат и да се навредуваат. Состојбата ексалирала по што Украинката ја претепала Русинката и и го земала паричникот со повеќе од 400 евра. Како што пишуваат локални медимуи, Украинката својата постапка ја објаснила со војната во нејзината земја обвинувајќи ја Русинката за страдањата на Украина.

The post Елитна украинска проститутка во Италија претепала руска колешка поради војната appeared first on Република.

]]>
Растот на руската економија го „изненади“ ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rastot-na-ruskata-ekonomija-go-iznenadi-mmf/ Fri, 23 Feb 2024 13:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=747452

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозира дека руската економија ќе порасне 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите.

Во октомври минатата година тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера директорката за комуникации на ММФ, Џули Козак, во Вашингтон.

Значајните социјални трансфери ѝ помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на прегревање на економијата, како што е зголемената инфлација.

Во среднорочна перспектива растот треба да забави, со оглед на исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето дел од висококвалификуваната работна сила, наведува. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.

The post Растот на руската економија го „изненади“ ММФ appeared first on Република.

]]>

Растот на руската економија го „изненади“ Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со оглед на санкциите воведени кон Москва поради војната во Украина. Во јануари ММФ прогнозира дека руската економија ќе порасне 2,6 отсто оваа година поради големите воени и лични трошоци поддржани од зголемувањето на платите. Во октомври минатата година тие очекуваа раст од 1,1 отсто во 2024 година, што сега го предвидуваат во 2025 година, изјави вчера директорката за комуникации на ММФ, Џули Козак, во Вашингтон. Значајните социјални трансфери ѝ помагаат и на потрошувачката, додаде Козак, предупредувајќи на знаци на прегревање на економијата, како што е зголемената инфлација. Во среднорочна перспектива растот треба да забави, со оглед на исклучувањето на Русија од меѓународниот финансиски систем, ограничениот пристап до технологијата и губењето дел од висококвалификуваната работна сила, наведува. Сите овие фактори значително ќе влијаат на растот и перспективите на економијата на среден рок, заклучи претставникот на ММФ.

The post Растот на руската економија го „изненади“ ММФ appeared first on Република.

]]>
Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusko-amerikanski-odnosi-so-detsenii-nema-da-se-podobrat/ Thu, 22 Feb 2024 19:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=747146

Руско-американските односи нема да се подобрат во наредните години, па дури и децении, изјави во четвртокот заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за локалните медиуми.

„Мојата моментална позиција ми овозможува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во други периоди“, рекол Медведев, додавајќи дека, според неговото мислење, за Русија и САД ќе биде невозможно да ги подобрат односните во годините кои доаѓаат.

Изјавил дека двете земји нема да можат да развијат нормални врски во наредните години по тоа што се случило, без оглед кој е на власт во Вашингтон.

Медведев повторил дека Москва никогаш не одбила да преговара со Киев бидејќи Украина е таа која забранува разговори, но обидите на западните земји да ја насочат Украина во таа насока останале безуспешни.

Тој рекол дека руски предуслови за такви преговори ќе бидат „признавање на резултатите од специјалната воена операција“, додавајќи дека Украина се обидува да го одложи преговарачкиот процес од страв од моментален пораз.

The post Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат appeared first on Република.

]]>

Руско-американските односи нема да се подобрат во наредните години, па дури и децении, изјави во четвртокот заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во интервју за локалните медиуми. „Мојата моментална позиција ми овозможува да зборувам покатегорично и поотворено отколку во други периоди“, рекол Медведев, додавајќи дека, според неговото мислење, за Русија и САД ќе биде невозможно да ги подобрат односните во годините кои доаѓаат. Изјавил дека двете земји нема да можат да развијат нормални врски во наредните години по тоа што се случило, без оглед кој е на власт во Вашингтон. Медведев повторил дека Москва никогаш не одбила да преговара со Киев бидејќи Украина е таа која забранува разговори, но обидите на западните земји да ја насочат Украина во таа насока останале безуспешни. Тој рекол дека руски предуслови за такви преговори ќе бидат „признавање на резултатите од специјалната воена операција“, додавајќи дека Украина се обидува да го одложи преговарачкиот процес од страв од моментален пораз.

The post Медведев: Руско-американски односи со децении нема да се подобрат appeared first on Република.

]]>
Нови британски санкции кон Русија: „Тие ги исцрпуваат ресурсите што очајно му се потребни на Путин“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-britanski-sanktsii-kon-rusija-tie-gi-istsrpuvaat-resursite-shto-ochajno-mu-se-potrebni-na-putin/ Thu, 22 Feb 2024 19:10:31 +0000 https://republika.mk/?p=747144

Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија во обид да го ограничи воениот арсенал и финансирањето на воената машина на претседателот Владимир Путин.

Новиот пакет мерки вклучува повеќе од 50 поединци и субјекти и е последен во низата координирани напори на Западот да и нанесе удар на руската економија.

„Нашиот меѓународен економски притисок значи дека Русија не може да си ја дозволи оваа нелегална инвазија. Нашите санкции ги исцрпуваат ресурсите што на Путин очајно му се потребни за финансирање на војната“, рече министерот за надворешни работи Дејвид Камерон.

Велика Британија ја санкционираше руската индустрија за муниција, вклучително и државната компанија Свердлов. Мета на санкциите се и изворите на приходи во металуршката индустрија, енергијата и трговијата со дијаманти.

На листата санкции се и руските увозници и производители на машински алати кои се користат во производството на одбранбени системи и компоненти, од проектили и мотори до тенкови и борбени авиони.

The post Нови британски санкции кон Русија: „Тие ги исцрпуваат ресурсите што очајно му се потребни на Путин“ appeared first on Република.

]]>

Велика Британија денеска објави нов пакет санкции против Русија во обид да го ограничи воениот арсенал и финансирањето на воената машина на претседателот Владимир Путин. Новиот пакет мерки вклучува повеќе од 50 поединци и субјекти и е последен во низата координирани напори на Западот да и нанесе удар на руската економија.
„Нашиот меѓународен економски притисок значи дека Русија не може да си ја дозволи оваа нелегална инвазија. Нашите санкции ги исцрпуваат ресурсите што на Путин очајно му се потребни за финансирање на војната“, рече министерот за надворешни работи Дејвид Камерон.
Велика Британија ја санкционираше руската индустрија за муниција, вклучително и државната компанија Свердлов. Мета на санкциите се и изворите на приходи во металуршката индустрија, енергијата и трговијата со дијаманти. На листата санкции се и руските увозници и производители на машински алати кои се користат во производството на одбранбени системи и компоненти, од проектили и мотори до тенкови и борбени авиони.

The post Нови британски санкции кон Русија: „Тие ги исцрпуваат ресурсите што очајно му се потребни на Путин“ appeared first on Република.

]]>
Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-ruskite-sili-bi-mozhele-da-stignat-do-kiev/ Thu, 22 Feb 2024 11:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=746966

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат.

Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.

Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“.

- Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС.

Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување.

Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“.

- Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украинаќе  мора да си заминат. Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД. Медведев тврди дека „режимот во Киев е претставен од марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина“. - Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе го изберат тоа, а некои ќе бидат принудени, изјави Медведев за руските медиуми, пренесува РТС. Медведев тврди дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и поради тоа тој град би можел да биде цел на руско освојување. Тој, исто така, рече дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, но „тие се принудени тоа да го повторуваат во јавноста за да ги оправдаат огромните трошоци за воената помош за Киев“. - Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении, смета Медведев.

The post Медведев: Руските сили би можеле да стигнат до Киев appeared first on Република.

]]>
Литвански функционер: Руската армија е посилна сега отколку што беше пред конфликтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litvanski-funktsioner-ruskata-armija-e-posilna-sega-otkolku-shto-beshe-pred-konfliktot-vo-ukraina/ Tue, 20 Feb 2024 21:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=746346

Директорот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Литванија, Ваидотас Урбелис, вели дека вооружените сили на Руската Федерација се подобро подготвени за конфликт од поголеми размери отколку што биле пред три години.

Како што анализира Урбелис, напредокот во воената подготвеност се должи на стекнатото богато воено искуство во Украина.

Во интервју за „Бизнис инсајдер“, Урбелис предупредува дека официјален Вилнус треба да се подготви за „најлошото можно сценарио“ кога станува збор за потенцијален руски напад.

Ако само ги погледнете бројките, Русија сега има повеќе луѓе во вооружените сили отколку што имаше пред конфликтот. Москва може многу брзо да се опорави од сите загуби на ресурси што ги претрпе за време на борбите“, вели Урбелис.

The post Литвански функционер: Руската армија е посилна сега отколку што беше пред конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Директорот за одбранбена политика во министерството за одбрана на Литванија, Ваидотас Урбелис, вели дека вооружените сили на Руската Федерација се подобро подготвени за конфликт од поголеми размери отколку што биле пред три години. Како што анализира Урбелис, напредокот во воената подготвеност се должи на стекнатото богато воено искуство во Украина. Во интервју за „Бизнис инсајдер“, Урбелис предупредува дека официјален Вилнус треба да се подготви за „најлошото можно сценарио“ кога станува збор за потенцијален руски напад.
Ако само ги погледнете бројките, Русија сега има повеќе луѓе во вооружените сили отколку што имаше пред конфликтот. Москва може многу брзо да се опорави од сите загуби на ресурси што ги претрпе за време на борбите“, вели Урбелис.

The post Литвански функционер: Руската армија е посилна сега отколку што беше пред конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>
За само 10 месеци лани Британија во Русија извезла компоненти за клучна технологија и дронови во вредност од 100 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-samo-10-mesetsi-lani-britanija-vo-rusija-izvezla-komponenti-za-kluchna-tehnologija-i-dronovi-vo-vrednost-od-100-milioni-dolari/ Tue, 20 Feb 2024 19:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=746289

Компании од Велика Британија извезле во Русија клучна технологија и опрема вредни 100 милиони долари, вклучувајќи полупроводници и делови за беспилотни летала“, објави „Тајмс“.

Како што пишува весникот, во руското оружје биле пронајдени вкупно 28 британски компоненти и 2.000 американски компоненти.

Според пишувањето на „Тајмс“, во првите 10 месеци од 2023 година од Британија во Русија била извршена испорака од 100 милиони долари.

The post За само 10 месеци лани Британија во Русија извезла компоненти за клучна технологија и дронови во вредност од 100 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Компании од Велика Британија извезле во Русија клучна технологија и опрема вредни 100 милиони долари, вклучувајќи полупроводници и делови за беспилотни летала“, објави „Тајмс“. Како што пишува весникот, во руското оружје биле пронајдени вкупно 28 британски компоненти и 2.000 американски компоненти. Според пишувањето на „Тајмс“, во првите 10 месеци од 2023 година од Британија во Русија била извршена испорака од 100 милиони долари.

The post За само 10 месеци лани Британија во Русија извезла компоненти за клучна технологија и дронови во вредност од 100 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Фабриката за кокс во Авдеевка беше најголемото украинско утврдување во Доњецк, опремено со бункери и подзмени тунели https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fabrikata-za-koks-vo-avdeevka-beshe-najgolemoto-ukrainsko-utvrduvane-vo-donetsk-opremeno-so-bunkeri-i-podzmeni-tuneli/ Tue, 20 Feb 2024 19:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=746275

Со заземањето на фабриката за кокс и хемиски производи во градот, руските сили официјално под своја контрола ја ставија Авдеевка, клучното стратешко утврдување на украинските сили во областа на Доњецк. Фабриката во Авдеевка е изградена со типична подготвеност за вонредни ситуации од советската ера и е опремена со бункери и подземни тунели.

Во неа има седум засолништа за случај на бомбардирање во кои можат да се сместат 2.500 луѓе, таквите бункери се опремени со генератори, гориво, вода, храна и лекови.

Со таквата конфигурација, се очекуваше дека комплексот во Авдеевка ќе стане вториот „Азовстал“ - фабриката во Мариупол каде што над 2.000 украински војници и борци на нацистичкиот баталјон „Азов“ беа заробени од руските сили во април 2022 година. Сепак, до такво нешто не дојде, а руските сили ефикасно и брзо го освоија ова упориште.

https://republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-avdeevka-s-okolu-e-storeno-pepel-osven-tsrkvata/

Освена како силно утврдување на украибнските сили, оваа фабрика, како и самата Авдеевка има голема стратешка вредност.

Заземањето на Авдеевка значи дека може да се спречат понатамошните напади на украинските сили врз руските градови и станбените области на Доњецк, соопшти Министерството за одбрана.

https://republika.mk/vesti/svet/zoshto-e-vazhen-padot-na-avdeevka-rusite-napreduvaat-na-teritorija-od-1-000-kilometri-i-ja-zazedoa-najgolemata-fabrika-za-koks/

Пред војната оваа фабрика важеше за еден од најголемите производители на кокс во Европа.

Изградена е во 1963 година и порано вработуваше 4.000 луѓе. Зафаќа 340 хектари (3,4 квадратни километри), во неа има над 40 работилници и водат 84 километри железнички пруги на лице место. Има девет батерии со печки за кокс кои произведуваат 6,8 милиони тони годишно. Со таквиот капацитет, фабриката може да преработува 6,4 милиони тони суров јаглен годишно.

https://republika.mk/vesti/svet/britantsite-dva-pati-go-umrea-ruskiot-komandat-shto-ja-osvoi-avdeevka/

Фабриката за кокс и хемикалии во Авдеевка е дел од групацијата „Метинвест“, која е под контрола на украинскиот милијардер, Ринат Ахметов.

Суд во Москва, минатото лето пресуди дека имотот на руската филијала на „Метинвест“ треба да биде запленет како дел од кривичната постапка против Ахметов за финансирање на украинската војска, вклучувајќи го и баталјонот „Азов“ (терористичка организација забранета во Русија).

The post Фабриката за кокс во Авдеевка беше најголемото украинско утврдување во Доњецк, опремено со бункери и подзмени тунели appeared first on Република.

]]>

Со заземањето на фабриката за кокс и хемиски производи во градот, руските сили официјално под своја контрола ја ставија Авдеевка, клучното стратешко утврдување на украинските сили во областа на Доњецк. Фабриката во Авдеевка е изградена со типична подготвеност за вонредни ситуации од советската ера и е опремена со бункери и подземни тунели. Во неа има седум засолништа за случај на бомбардирање во кои можат да се сместат 2.500 луѓе, таквите бункери се опремени со генератори, гориво, вода, храна и лекови. Со таквата конфигурација, се очекуваше дека комплексот во Авдеевка ќе стане вториот „Азовстал“ - фабриката во Мариупол каде што над 2.000 украински војници и борци на нацистичкиот баталјон „Азов“ беа заробени од руските сили во април 2022 година. Сепак, до такво нешто не дојде, а руските сили ефикасно и брзо го освоија ова упориште. https://republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-avdeevka-s-okolu-e-storeno-pepel-osven-tsrkvata/ Освена како силно утврдување на украибнските сили, оваа фабрика, како и самата Авдеевка има голема стратешка вредност. Заземањето на Авдеевка значи дека може да се спречат понатамошните напади на украинските сили врз руските градови и станбените области на Доњецк, соопшти Министерството за одбрана. https://republika.mk/vesti/svet/zoshto-e-vazhen-padot-na-avdeevka-rusite-napreduvaat-na-teritorija-od-1-000-kilometri-i-ja-zazedoa-najgolemata-fabrika-za-koks/ Пред војната оваа фабрика важеше за еден од најголемите производители на кокс во Европа. Изградена е во 1963 година и порано вработуваше 4.000 луѓе. Зафаќа 340 хектари (3,4 квадратни километри), во неа има над 40 работилници и водат 84 километри железнички пруги на лице место. Има девет батерии со печки за кокс кои произведуваат 6,8 милиони тони годишно. Со таквиот капацитет, фабриката може да преработува 6,4 милиони тони суров јаглен годишно. https://republika.mk/vesti/svet/britantsite-dva-pati-go-umrea-ruskiot-komandat-shto-ja-osvoi-avdeevka/ Фабриката за кокс и хемикалии во Авдеевка е дел од групацијата „Метинвест“, која е под контрола на украинскиот милијардер, Ринат Ахметов. Суд во Москва, минатото лето пресуди дека имотот на руската филијала на „Метинвест“ треба да биде запленет како дел од кривичната постапка против Ахметов за финансирање на украинската војска, вклучувајќи го и баталјонот „Азов“ (терористичка организација забранета во Русија).

The post Фабриката за кокс во Авдеевка беше најголемото украинско утврдување во Доњецк, опремено со бункери и подзмени тунели appeared first on Република.

]]>
Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sergej-lavrov-vo-kuba-prva-stanitsa-od-turnejata-po-sredna-i-juzhna-amerika/ Tue, 20 Feb 2024 18:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=746257

Шефот на руската дипломатија при официјалната посета на Куба се сретна со претседателот на земјата Мануел Дијаз-Канел Бермудез, а официјални разговори имал и со министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез.

На средбите, одржани во традиционално пријателска, конструктивна атмосфера, била остварена значајна размена на мислења на теми од политичка, трговска, економска, културна и хуманитарна соработка.

Забележани се клучните достигнувања на двете земји во изминатата година во материјалната сфера, кои ќе придонесат за поактивно учество на руските стопански субјекти во спроведувањето на обемните планови за социо-економскиот развој на Куба за периодот до 2030 година.

Детално се разговарало за параметрите за зајакнување на блиската координација на двете земји на светската сцена и на регионалните платформи. Потврдена е взаемната посветеност на сеопфатното зајакнување на руско-кубанското стратешко партнерство.

Постојаниот став на Русија и Куба во однос на категоричната недозволивост на употреба на еднострани нелегитимни ограничувања, желбата заеднички да напредуваат во изградбата на мултиполарен свет заснован на вистинската еднаквост на државите, почитувањето на заедничките интереси, основните принципи и норми на евидентирано е меѓународното право, се вели во заедничко соопштение.

Руската страна ја потврдила својата континуирана поддршка на Хавана во нејзиното праведно барање за целосно и итно укинување на американското ембарго и отстранување на Куба од списокот на американскиот Стејт департмент на држави спонзори на тероризмот.

По посета на Хавана, Лавров ја продолжи својата дипломатска мисија со патување во Венецуела.

The post Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија при официјалната посета на Куба се сретна со претседателот на земјата Мануел Дијаз-Канел Бермудез, а официјални разговори имал и со министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригез. На средбите, одржани во традиционално пријателска, конструктивна атмосфера, била остварена значајна размена на мислења на теми од политичка, трговска, економска, културна и хуманитарна соработка. Забележани се клучните достигнувања на двете земји во изминатата година во материјалната сфера, кои ќе придонесат за поактивно учество на руските стопански субјекти во спроведувањето на обемните планови за социо-економскиот развој на Куба за периодот до 2030 година. Детално се разговарало за параметрите за зајакнување на блиската координација на двете земји на светската сцена и на регионалните платформи. Потврдена е взаемната посветеност на сеопфатното зајакнување на руско-кубанското стратешко партнерство.
Постојаниот став на Русија и Куба во однос на категоричната недозволивост на употреба на еднострани нелегитимни ограничувања, желбата заеднички да напредуваат во изградбата на мултиполарен свет заснован на вистинската еднаквост на државите, почитувањето на заедничките интереси, основните принципи и норми на евидентирано е меѓународното право, се вели во заедничко соопштение.
Руската страна ја потврдила својата континуирана поддршка на Хавана во нејзиното праведно барање за целосно и итно укинување на американското ембарго и отстранување на Куба од списокот на американскиот Стејт департмент на држави спонзори на тероризмот. По посета на Хавана, Лавров ја продолжи својата дипломатска мисија со патување во Венецуела.

The post Сергеј Лавров во Куба, прва станица од турнејата по Средна и Јужна Америка appeared first on Република.

]]>
Кадиров: Ќе продолжиме да одиме со големи чекори кон Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-ke-prodolzhime-da-odime-so-golemi-chekori-kon-kiev/ Tue, 20 Feb 2024 14:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=746214

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров по заземањето на градот Авдијивка во источна Украина изјави дека Русија со уште поголеми чекори оди кон Киев.

– Авдијивка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори кон Киев – изјави Кадиров пред новинарите.

Тој тврди дека украински сили „пукале врз цивили во Донбас“ од Авдијивка и оти поради тоа било многу важно да се преземе контролата врз тој град, кок се наоѓа северно од Доњецк.

Не е само Авдијивка. Заземени се и неколку други села. Секој сантиметар земја што го заземаме ни е неопходен затоа што има бандити, терористи, ѓаволи… Тие немаат ништо свето, затоа мора да бидат уништени. Гаѓаат цивили… А врховниот командант не ни дава можност да извршиме специјална операција во полн ек поради фактот што таму има цивили, вели Кадиров.

The post Кадиров: Ќе продолжиме да одиме со големи чекори кон Киев appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров по заземањето на градот Авдијивка во источна Украина изјави дека Русија со уште поголеми чекори оди кон Киев. – Авдијивка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори кон Киев – изјави Кадиров пред новинарите. Тој тврди дека украински сили „пукале врз цивили во Донбас“ од Авдијивка и оти поради тоа било многу важно да се преземе контролата врз тој град, кок се наоѓа северно од Доњецк. Не е само Авдијивка. Заземени се и неколку други села. Секој сантиметар земја што го заземаме ни е неопходен затоа што има бандити, терористи, ѓаволи… Тие немаат ништо свето, затоа мора да бидат уништени. Гаѓаат цивили… А врховниот командант не ни дава можност да извршиме специјална операција во полн ек поради фактот што таму има цивили, вели Кадиров.

The post Кадиров: Ќе продолжиме да одиме со големи чекори кон Киев appeared first on Република.

]]>
Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskiot-novinar-gershkovich-ke-ostane-vo-pritvor/ Tue, 20 Feb 2024 14:30:21 +0000 https://republika.mk/?p=746200

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“.

Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа.

32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>

Рускиот суд соопшти дека американскиот новинар Еван Гершкович ќе остане во притвор до 30 март, пишува „Гласот на Америка“. Судот ја отфрли жалбата на претходната одлука за продолжување на притворот на новинарот на Волстрит журнал до тој датум додека тој се соочува со обвиненија за шпионажа. 32-годишниот Гершкович беше уапсен додека бил на патување за известување во рускиот град Екатеринбург во март 2023 година.

The post Aмериканскиот новинар Гершкович ќе остане во притвор appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Би било неправда кон рускиот народ ако воведеме санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-bi-bilo-nepravda-kon-ruskiot-narod-ako-vovedeme-sanktsii/ Tue, 20 Feb 2024 08:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=745969

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за руската агенција ТАСС изјави дека има намера да одржи независна политика кога станува збор за невоведување антируски санкции и покрај огромниот притисок од Западот, јави дописникот на МИА.

Ние не си чукаме во гради или нешто слично, но како што гледате, мојот одговор и понатаму ќе продолжи да биде дека ќе се трудиме да ја браниме нашата позиција што е можно подолго. Тоа успеавме да го направиме две години. Дали ќе продолжиме тоа да го правам - не знам, но се надевам - изјави Вучиќ во интервју за ТАСС.

Тој истакна дека кога почна конфликтот во Украина, кажал дека не знае како ќе се развиваат настаните и дека на државно ниво е донесена одлука Србија да го осуди конфликтот, како и сите други, но дека ставот на Србија е да не наметнува санкции кон Русија.

Тоа го кажав затоа што од сопственото искуство знаеме какво е чувството кога ви се воведуваат санкции. Имаме пријателски народ и би било неправедно да се однесуваме така кон рускиот народ - додаде Вучиќ.

Но, им кажав на Србите дека не можам да го гарантирам тоа бидејќи не знаев каков ќе биде притисокот во иднина. Не сакав да играм херој еден, два или три дена, а потоа да ја сменам одлуката. Но, она што јас го велам е „не знам“, а кога велам дека не знам, мојот збор е повреден од чие било цврсто ветување, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека по точно две години од почетокот на конфликтот во Украина, Србија е единствената земја во Европа која нема воведено никакви санкции.

Имате многу пријатели во сите европски земји и сите воведоа санкции кон Русија. Некои ќе ви кажат дека ви се воведени од централната власт и дека тие се против тоа, некои ќе кажат дека ви воведовме санкции, но ви помагаме во други работи. Единствена земја што не воведе санкции е малата Србија - истакна Вучиќ и додаде дека на секој меѓународен настан на кој присуствува „главна тема се санкциите против Русија“.

Одговарајќи на прашањето за природата на пријателството и братството на рускиот и српскиот народ, Вучиќ ја спомена поговорката „Пријателот во неволја се познава“.

Тој додаде дека како претседател мора да има рационален пристап, но и да ја разбере емоцијата што постои кај мнозинството Срби.

The post Вучиќ: Би било неправда кон рускиот народ ако воведеме санкции appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за руската агенција ТАСС изјави дека има намера да одржи независна политика кога станува збор за невоведување антируски санкции и покрај огромниот притисок од Западот, јави дописникот на МИА.
Ние не си чукаме во гради или нешто слично, но како што гледате, мојот одговор и понатаму ќе продолжи да биде дека ќе се трудиме да ја браниме нашата позиција што е можно подолго. Тоа успеавме да го направиме две години. Дали ќе продолжиме тоа да го правам - не знам, но се надевам - изјави Вучиќ во интервју за ТАСС.
Тој истакна дека кога почна конфликтот во Украина, кажал дека не знае како ќе се развиваат настаните и дека на државно ниво е донесена одлука Србија да го осуди конфликтот, како и сите други, но дека ставот на Србија е да не наметнува санкции кон Русија.
Тоа го кажав затоа што од сопственото искуство знаеме какво е чувството кога ви се воведуваат санкции. Имаме пријателски народ и би било неправедно да се однесуваме така кон рускиот народ - додаде Вучиќ.
Но, им кажав на Србите дека не можам да го гарантирам тоа бидејќи не знаев каков ќе биде притисокот во иднина. Не сакав да играм херој еден, два или три дена, а потоа да ја сменам одлуката. Но, она што јас го велам е „не знам“, а кога велам дека не знам, мојот збор е повреден од чие било цврсто ветување, истакна Вучиќ. Тој посочи дека по точно две години од почетокот на конфликтот во Украина, Србија е единствената земја во Европа која нема воведено никакви санкции.
Имате многу пријатели во сите европски земји и сите воведоа санкции кон Русија. Некои ќе ви кажат дека ви се воведени од централната власт и дека тие се против тоа, некои ќе кажат дека ви воведовме санкции, но ви помагаме во други работи. Единствена земја што не воведе санкции е малата Србија - истакна Вучиќ и додаде дека на секој меѓународен настан на кој присуствува „главна тема се санкциите против Русија“.
Одговарајќи на прашањето за природата на пријателството и братството на рускиот и српскиот народ, Вучиќ ја спомена поговорката „Пријателот во неволја се познава“. Тој додаде дека како претседател мора да има рационален пристап, но и да ја разбере емоцијата што постои кај мнозинството Срби.

The post Вучиќ: Би било неправда кон рускиот народ ако воведеме санкции appeared first on Република.

]]>
Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierkata-na-estonija-bara-da-se-zaplenat-zamrznatite-sredstva-na-rusija-pred-pretsedatelskite-izbori-vo-sad/ Mon, 19 Feb 2024 09:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=745590

Каја Калас, премиерката на Естонија, изјави дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Доналд Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина.

Изборите се секогаш турбулентни времиња, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. - Секогаш е подобро да направиме се што можеме пред важни избори, додаде таа.

Изгледите Доналд Трамп да стане кандидат на Републиканската партија за овогодинешните претседателски избори во САД исплаши многумина во Европа, особено откако тој рече дека ќе и каже на Русија да направи „што по ѓаволите сака“ со земјите од НАТО кои не потрошиле доволно за одбрана, наведува весникот.

Вашингтон досега ги притискаше своите сојузници да најдат начини да се запленат 260 милијарди евра од средствата на руската централна банка, кои беа замрзнати како одговор на руската инвазија на Украина пред речиси две години. Околу 191 милијарда евра од имотот на Москва се чуваат во Euroclear, депозитар за хартии од вредност со седиште во Брисел.

Естонија долго време се залага за конфискација на имот. Но, Париз и Берлин се претпазливи поради загриженоста за законитоста, финансиската стабилност и можната одмазда.

Калас истакна дека запленувањето на руските средства ќе биде дополнителна алатка која може, заедно со воената помош за Украина и чекорите за политичка изолација на Русија, да помогне да се стави крај на војната.

Ова е економскиот притисок што можеме да го извршиме врз руската економија за да се забрза пресвртната точка на оваа војна, изјави Калас.

Минатата година, ЕУ во Ден Хаг воспостави Регистар за штети заради евиденција на докази и барања за штети, загуби или повреди предизвикани на поединци, компании и на украинската држава од руската инвазија. Калас рече дека замрзнатите средства може да се искористат за покривање на тие загуби: „Ако остане нешто, можеме да и го вратиме на Русија“, додаде таа.

Калас разговараше со ФТ пет дена откако Русија издаде потерница по неа, што е првпат Кремљ да поднесе кривична пријава против западен лидер откако  ја започна инвазијата на Украина.

Овој потег очигледно беше поврзан со напорите на естонската влада да ги отстрани спомениците од советската ера. - Путин сака да испрати порака дека Естонија е всушност руска територија и дека тој има јурисдикција над нас, изјави таа за ФТ. „Тоа е империјалистички начин на размислување“.

Таа го поврза потегот на Русија против неа, кој предизвика „многу честитки и поздрави“, со смртта во руски затвор на Алексеј Навални, руски опозициски лидер, .

Целта е да нè преплашат мене и западните земји да се воздржиме од одлуките што инаку би ги донеле, посочи таа.

 

The post Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД appeared first on Република.

]]>

Каја Калас, премиерката на Естонија, изјави дека Западот треба да ги заплени замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД, што е дополнителен знак на европска загриженост за влијанието што може да го има втората победа на Доналд Трамп врз западната политика кон Русија и поддршката за Украина.
Изборите се секогаш турбулентни времиња, изјави Калас за Фајненшл Тајмс на маргините на Минхенската безбедносна конференција. - Секогаш е подобро да направиме се што можеме пред важни избори, додаде таа.
Изгледите Доналд Трамп да стане кандидат на Републиканската партија за овогодинешните претседателски избори во САД исплаши многумина во Европа, особено откако тој рече дека ќе и каже на Русија да направи „што по ѓаволите сака“ со земјите од НАТО кои не потрошиле доволно за одбрана, наведува весникот. Вашингтон досега ги притискаше своите сојузници да најдат начини да се запленат 260 милијарди евра од средствата на руската централна банка, кои беа замрзнати како одговор на руската инвазија на Украина пред речиси две години. Околу 191 милијарда евра од имотот на Москва се чуваат во Euroclear, депозитар за хартии од вредност со седиште во Брисел. Естонија долго време се залага за конфискација на имот. Но, Париз и Берлин се претпазливи поради загриженоста за законитоста, финансиската стабилност и можната одмазда. Калас истакна дека запленувањето на руските средства ќе биде дополнителна алатка која може, заедно со воената помош за Украина и чекорите за политичка изолација на Русија, да помогне да се стави крај на војната.
Ова е економскиот притисок што можеме да го извршиме врз руската економија за да се забрза пресвртната точка на оваа војна, изјави Калас.
Минатата година, ЕУ во Ден Хаг воспостави Регистар за штети заради евиденција на докази и барања за штети, загуби или повреди предизвикани на поединци, компании и на украинската држава од руската инвазија. Калас рече дека замрзнатите средства може да се искористат за покривање на тие загуби: „Ако остане нешто, можеме да и го вратиме на Русија“, додаде таа. Калас разговараше со ФТ пет дена откако Русија издаде потерница по неа, што е првпат Кремљ да поднесе кривична пријава против западен лидер откако  ја започна инвазијата на Украина.
Овој потег очигледно беше поврзан со напорите на естонската влада да ги отстрани спомениците од советската ера. - Путин сака да испрати порака дека Естонија е всушност руска територија и дека тој има јурисдикција над нас, изјави таа за ФТ. „Тоа е империјалистички начин на размислување“.
Таа го поврза потегот на Русија против неа, кој предизвика „многу честитки и поздрави“, со смртта во руски затвор на Алексеј Навални, руски опозициски лидер, .
Целта е да нè преплашат мене и западните земји да се воздржиме од одлуките што инаку би ги донеле, посочи таа.
 

The post Премиерката на Естонија бара да се запленат замрзнатите средства на Русија пред претседателските избори во САД appeared first on Република.

]]>