русија - турција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-turcija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 08:01:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - турција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-turcija/ 32 32 Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-veruvam-na-rusija-isto-kolku-i-na-zapadot/ Tue, 19 Sep 2023 09:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=683091

Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН.

Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго.

Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.

-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.

The post Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот appeared first on Република.

]]>

Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН. Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува. Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго. Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.
-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.

The post Ердоган: Ѝ верувам на Русија исто колку и на Западот appeared first on Република.

]]>
Големи шатори, шпорети, oблека: Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/golemi-shatori-shporeti-obleka-rusija-isprati-36-toni-humanitarna-pomosh-za-turtsija/ Tue, 14 Feb 2023 10:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=608776

Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за граѓаните на Турција кои настрадаа во земјотресите, јавија руските медиуми.

Авион Ил-76 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета со хуманитарен товар за Турција. По наредба на претседателот и Владата на Руската Федерација, собрани се 36 тони хуманитарна помош за турските граѓани кои настрадаа во разорниот земјотрес, се наведува во соопштението на Министерството.

Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети. Во наредните часови тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција.

The post Големи шатори, шпорети, oблека: Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за Турција appeared first on Република.

]]>

Министерството за вонредни ситуации на Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за граѓаните на Турција кои настрадаа во земјотресите, јавија руските медиуми. Авион Ил-76 на Министерството за вонредни ситуации на Русија полета со хуманитарен товар за Турција. По наредба на претседателот и Владата на Руската Федерација, собрани се 36 тони хуманитарна помош за турските граѓани кои настрадаа во разорниот земјотрес, се наведува во соопштението на Министерството. Хуманитарната помош вклучува над 100 зимски шатори со капацитет за по 30 лица и шпорети. Во наредните часови тие ќе бидат испорачани во Малатија, Источна Турција.

The post Големи шатори, шпорети, oблека: Русија испрати 36 тони хуманитарна помош за Турција appeared first on Република.

]]>
Русија испраќа спасувачки тимови во Сирија и Турција по земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ispraka-spasuvachki-timovi-vo-sirija-i-turtsija-po-zemjotresot/ Mon, 06 Feb 2023 19:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=605639

Руски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој досега е регистрирано дека загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници се повредени, соопшти денеска Кремљ, пренесе Хина.

Претседателот Владимир Путин во текот на денот телефонски разговарал со сирискиот претседател Башар ал-Асад и турскиот колега Таип Ердоган и изразил сочувство за смртта и уништувањата од земјотресот, чија јачина на ударот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, и е најлошиот земјотрес што ја погодил Турција во овој век.

Притоа рускиот претседател понуди да испрати спасувачки тимови и во Турција и во Сирија.

Башар ал Асад со благодарност ја прифаќа понудата и во следните неколку часа спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ќе летаат за Сирија“, соопшти Кремљ, пренесе хрватската агенција.

Турскиот претседател срдечно му се заблагодари на Владимир Путин за неговата брза и искрена реакција и рече дека дава инструкции до надлежните органи во земјата да ја прифатат помошта од руските спасувачи“, се додава во соопштението.

Русија соопшти дека во готовност за полетување во двете земји има спасувачки авиони „Иљушин-76“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили во Сирија да помогнат во спасувачките напори. Министерството за одбрана соопшти дека 300 руски војници и 60 возила веќе помагаат во расчистувањето на урнатините во погодените подрачја во близина на турската граница.

Русија има поморска база во Тартус, на сирискиот брег, и управува со воздухопловната база „Хамејм“, северно од Тартус.

The post Русија испраќа спасувачки тимови во Сирија и Турција по земјотресот appeared first on Република.

]]>

Руски спасувачи ќе полетаат за Сирија и Турција по катастрофалниот земјотрес во кој досега е регистрирано дека загинаа околу 2.300 луѓе, а илјадници се повредени, соопшти денеска Кремљ, пренесе Хина.

Претседателот Владимир Путин во текот на денот телефонски разговарал со сирискиот претседател Башар ал-Асад и турскиот колега Таип Ердоган и изразил сочувство за смртта и уништувањата од земјотресот, чија јачина на ударот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, и е најлошиот земјотрес што ја погодил Турција во овој век. Притоа рускиот претседател понуди да испрати спасувачки тимови и во Турција и во Сирија.
Башар ал Асад со благодарност ја прифаќа понудата и во следните неколку часа спасувачите од руското Министерство за вонредни ситуации ќе летаат за Сирија“, соопшти Кремљ, пренесе хрватската агенција. „Турскиот претседател срдечно му се заблагодари на Владимир Путин за неговата брза и искрена реакција и рече дека дава инструкции до надлежните органи во земјата да ја прифатат помошта од руските спасувачи“, се додава во соопштението.
Русија соопшти дека во готовност за полетување во двете земји има спасувачки авиони „Иљушин-76“. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им нареди на руските сили во Сирија да помогнат во спасувачките напори. Министерството за одбрана соопшти дека 300 руски војници и 60 возила веќе помагаат во расчистувањето на урнатините во погодените подрачја во близина на турската граница. Русија има поморска база во Тартус, на сирискиот брег, и управува со воздухопловната база „Хамејм“, северно од Тартус.

The post Русија испраќа спасувачки тимови во Сирија и Турција по земјотресот appeared first on Република.

]]>
Ердоган: Русија не треба да се потценува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/erdogan-rusija-ne-treba-da-se-potcenuva/ Wed, 07 Sep 2022 15:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=548407

На прашањето кој е виновен за тешката енергетска ситуација во Европа и како да се надмине таа ситуација, Ердоган рече дека Турција секогаш водела балансирана политика кон Русија и Украина и ќе продолжи да го прави тоа, пренесува Танјуг.

„Не морам да споменувам имиња, но има неколку земји на Запад за кои мислиме дека нивниот пристап не е точен. Тие водат политика заснована на провокации. Кога водите политика на провокација, не можете да постигнете резултати. “ рече турскиот претседател во резиденцијата на српскиот претседател на прес-конференција во рамки на тридневната посета на регионот.

Според него, грешат оние кои ја потценуваат Русија. „Русија престана да испорачува гас и цената на гасот се зголеми, а сега сите се обидуваат да најдат начини да ја преживеат зимата. Русија има важен адут во своите раце, и никој претходно не размислуваше за тоа, предупреди Ердоган.

Според него, не може да се именува победник од таа војна бидејќи нема, има само голем број губитници. Тој рече и дека не гледа како е можно војната наскоро да заврши. Турскиот претседател рече дека не се гледаат резултати од приказните на оние кои велат дека со голема сума пари ја поддржале Украина.

Во врска со испораката на муниција и оружје, Ердоган рече дека тоа се остатоци кои Западот ги испраќа. Тој изрази надеж дека ќе се дојде до решение и војната ќе заврши, а по нејзиниот крај светот повторно ќе живее во мир.

The post Ердоган: Русија не треба да се потценува appeared first on Република.

]]>

На прашањето кој е виновен за тешката енергетска ситуација во Европа и како да се надмине таа ситуација, Ердоган рече дека Турција секогаш водела балансирана политика кон Русија и Украина и ќе продолжи да го прави тоа, пренесува Танјуг. „Не морам да споменувам имиња, но има неколку земји на Запад за кои мислиме дека нивниот пристап не е точен. Тие водат политика заснована на провокации. Кога водите политика на провокација, не можете да постигнете резултати. “ рече турскиот претседател во резиденцијата на српскиот претседател на прес-конференција во рамки на тридневната посета на регионот. Според него, грешат оние кои ја потценуваат Русија. „Русија престана да испорачува гас и цената на гасот се зголеми, а сега сите се обидуваат да најдат начини да ја преживеат зимата. Русија има важен адут во своите раце, и никој претходно не размислуваше за тоа, предупреди Ердоган. Според него, не може да се именува победник од таа војна бидејќи нема, има само голем број губитници. Тој рече и дека не гледа како е можно војната наскоро да заврши. Турскиот претседател рече дека не се гледаат резултати од приказните на оние кои велат дека со голема сума пари ја поддржале Украина. Во врска со испораката на муниција и оружје, Ердоган рече дека тоа се остатоци кои Западот ги испраќа. Тој изрази надеж дека ќе се дојде до решение и војната ќе заврши, а по нејзиниот крај светот повторно ќе живее во мир.

The post Ердоган: Русија не треба да се потценува appeared first on Република.

]]>
Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-po-sredbata-so-erdogan-evropskite-partneri-da-se-zablagodarat-na-ankara-za-funkcioniranjeto-na-turski-tek/ Fri, 05 Aug 2022 20:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=537250

Гасоводот Турски тек работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.

– Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас до европскиот пазар, рече Путин.

Тој изрази очекување дека меморандумот за развој на трговијата и економските врски меѓу двете земји ќе бидат потпишани денеска.

Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган и за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.

Од своја страна, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка. – Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.

– Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања, рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.

Според претходните најави, Путин и Ердоган прво имаа тет-а-тет средба во Сочи, а потоа ќе им се придружат и делегациите. Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба.

Кремљ претходно најави дека ќе се разговара за енергетиката и за проширување на трговските и економските врски. „Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка, вклучително и перспективите за натамошно проширување на трговските и економските врски и спроведувањето на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

The post Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек appeared first on Република.

]]>

Гасоводот Турски тек работи без прекин и европските партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган во Сочи.
– Верувам дека нашите европски партнери мора да ѝ бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас до европскиот пазар, рече Путин.
Тој изрази очекување дека меморандумот за развој на трговијата и економските врски меѓу двете земји ќе бидат потпишани денеска. Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган и за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина. Од своја страна, Ердоган истакна дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка. – Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.
– Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања, рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.
Според претходните најави, Путин и Ердоган прво имаа тет-а-тет средба во Сочи, а потоа ќе им се придружат и делегациите. Во турската делегација се и министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба. Кремљ претходно најави дека ќе се разговара за енергетиката и за проширување на трговските и економските врски. „Во согласност со договорите постигнати на билатералната средба на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско-турска мултилатерална соработка, вклучително и перспективите за натамошно проширување на трговските и економските врски и спроведувањето на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ. Ова е втора средба меѓу Ердоган и Путин за 17 дена, откако претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерална средба со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

The post Путин по средбата со Ердоган: Европските партнери да ѝ се заблагодарат на Анкара за функционирањето на Турски тек appeared first on Република.

]]>
Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-i-erdogan-deneska-na-sredba-vo-sochi-vtora-za-17-dena/ Fri, 05 Aug 2022 06:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=536906

жПретседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско–економските врски, соопшти Кремљ.

„Согласно со договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско-економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда.

Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија.

The post Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена appeared first on Република.

]]>

жПретседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско–економските врски, соопшти Кремљ.
„Согласно со договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско-економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда. Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија.

The post Путин и Ердоган денеска на средба во Сочи, втора за 17 дена appeared first on Република.

]]>