русија - нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-nato/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 06:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - нато Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-nato/ 32 32 Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemji-na-nato-shto-granichat-so-rusija-ke-podignat-zid-od-dronovi/ Sat, 25 May 2024 06:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=781557

Шест земји членки на НАТО, што се соседи на Русија, се согласија да изградат „ѕид од беспилотни летала“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, соопшти синоќа литванската влада.

Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници, рече литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите.

Таа го изјави ова по разговорите со колегите од другите балтички земји, Естонија и Латвија, како и Финска, Норвешка и Полска.

Не се работи само за физичка инфраструктура, системи за надзор, туку и за беспилотни летала и други технологии, што ќе ни овозможат да се заштитиме од провокации од непријателски земји и да го спречиме шверцот, додаде таа.

Покрај распоредувањето на дронови за следење на границата, тие земји би користеле системи за пресретнување непријателски беспилотни летала.

Литванската министерка не спомна временска рамка за проектот, што беше одобрен поради актуелните безбедносни грижи во регионот во време на руската војна во Украина.

The post Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“ appeared first on Република.

]]>

Шест земји членки на НАТО, што се соседи на Русија, се согласија да изградат „ѕид од беспилотни летала“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, соопшти синоќа литванската влада.
Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници, рече литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите.
Таа го изјави ова по разговорите со колегите од другите балтички земји, Естонија и Латвија, како и Финска, Норвешка и Полска.
Не се работи само за физичка инфраструктура, системи за надзор, туку и за беспилотни летала и други технологии, што ќе ни овозможат да се заштитиме од провокации од непријателски земји и да го спречиме шверцот, додаде таа.
Покрај распоредувањето на дронови за следење на границата, тие земји би користеле системи за пресретнување непријателски беспилотни летала. Литванската министерка не спомна временска рамка за проектот, што беше одобрен поради актуелните безбедносни грижи во регионот во време на руската војна во Украина.

The post Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“ appeared first on Република.

]]>
Песков: НАТО ја покажува својата агресивна природа, одлуката да се започне специјалната операција била правилна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-nato-ja-pokazhuva-svojata-agresivna-priroda-odlukata-da-se-zapochne-spetsijalnata-operatsija-bila-pravilna/ Sat, 22 Apr 2023 08:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=632916

Говорејќи во пресрет на состанокот на контакт групата за помош на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Столтенберг нагласи дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да има сили за да спречи нови напади, пренесе Ројтерс.

Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да ѝ пружат дополнителна воена помош на Украина.

„НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот“, изјави Дмитриј Песков портпаролот на Кремљ.

https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-vleguva-vo-nato/

„Имаме работа со агресивен блок кој посегнува по нашата безбедност“, изјави Песков.

„И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што беше започната специјалната воена операција, а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката да се започне специјалната операција била правилна, бидејќи се обидуваме да ја обезбедиме безбедноста на Русија“, рече Песков.

The post Песков: НАТО ја покажува својата агресивна природа, одлуката да се започне специјалната операција била правилна appeared first on Република.

]]>

Говорејќи во пресрет на состанокот на контакт групата за помош на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Столтенберг нагласи дека откако ќе заврши војната во Украина, Киев мора да има сили за да спречи нови напади, пренесе Ројтерс. Одбранбените лидери на НАТО и партнерските земји се собраа денеска во Рамштајн за да ѝ пружат дополнителна воена помош на Украина. „НАТО ја покажува својата агресивна природа и ја продолжува својата политика на приклучување на Украина во НАТО блокот“, изјави Дмитриј Песков портпаролот на Кремљ. https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-vleguva-vo-nato/ „Имаме работа со агресивен блок кој посегнува по нашата безбедност“, изјави Песков. „И претседателот Путин зборуваше за тенденциите на блокот да се прошири кон исток, поради што беше започната специјалната воена операција, а таквите изјави само потврдуваат дека одлуката да се започне специјалната операција била правилна, бидејќи се обидуваме да ја обезбедиме безбедноста на Русија“, рече Песков.

The post Песков: НАТО ја покажува својата агресивна природа, одлуката да се започне специјалната операција била правилна appeared first on Република.

]]>
Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ja-povika-juzhna-koreja-da-ja-zajakne-voenata-poddrshka-za-ukraina/ Mon, 30 Jan 2023 07:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=602431

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика денеска Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина, наведувајќи други земји кои ја промениле својата политика на недавање оружје за земјите во конфликт по руската инвазија.

Столтенберг пристигна во Јужна Кореја вчера во рамки на патувањето, чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници во услови на војна во Украина и растечкото ривалство со Кина, а денеска ќе ја посети Јапонија.

На состаноците со високи јужнокорејски претставници, Столтенберг тврдеше дека настаните во Европа и Северна Америка се меѓусебно поврзани со други региони и дека Алијансата сака да помогне во управувањето со глобалните закани преку зајакнување на партнерствата во Азија.

Говорејќи во Институтот за напредни студии Чеј во Сеул, тој и се заблагодари на Јужна Кореја за досегашната за Украина, која не вклучува оружје, но ја повика да направи повеќе, велејќи дека има „итна потреба“ од муниција. Русија инвазијата ја нарекува „специјална операција“.

Јужна Кореја има потпишано големи договори за снабдување со стотици тенкови, авиони и друго оружје за членката на НАТО, Полска од почетокот на војната, но јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека законот на неговата земја против снабдувањето со оружје на земјите во конфликт го отежнува снабдувањето Украина со оружје.

Столтенберг истакна дека земји како Германија, Шведска и Норвешка имале слични политики, но ги промениле.

Ако не сакаме победа на автократијата и тиранијата, тогаш (Украинците) имаат потреба од оружје, тоа е реалноста, рече тој.

Во изјавата што ја пренесоа државните медиуми, Северна Кореја ја нарече посетата на Столтенберг „увертира за конфликт и војна бидејќи ги носи темните облаци на „нова студена војна“ во азиско-пацифичкиот регион.

Минатата година, Јужна Кореја ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во неширење оружје, сајбер одбрана, борба против тероризмот, одговор при катастрофи и други безбедносни области. рп/

The post Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика денеска Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина, наведувајќи други земји кои ја промениле својата политика на недавање оружје за земјите во конфликт по руската инвазија. Столтенберг пристигна во Јужна Кореја вчера во рамки на патувањето, чија цел е зајакнување на врските со американските сојузници во услови на војна во Украина и растечкото ривалство со Кина, а денеска ќе ја посети Јапонија. На состаноците со високи јужнокорејски претставници, Столтенберг тврдеше дека настаните во Европа и Северна Америка се меѓусебно поврзани со други региони и дека Алијансата сака да помогне во управувањето со глобалните закани преку зајакнување на партнерствата во Азија. Говорејќи во Институтот за напредни студии Чеј во Сеул, тој и се заблагодари на Јужна Кореја за досегашната за Украина, која не вклучува оружје, но ја повика да направи повеќе, велејќи дека има „итна потреба“ од муниција. Русија инвазијата ја нарекува „специјална операција“. Јужна Кореја има потпишано големи договори за снабдување со стотици тенкови, авиони и друго оружје за членката на НАТО, Полска од почетокот на војната, но јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол рече дека законот на неговата земја против снабдувањето со оружје на земјите во конфликт го отежнува снабдувањето Украина со оружје. Столтенберг истакна дека земји како Германија, Шведска и Норвешка имале слични политики, но ги промениле.
Ако не сакаме победа на автократијата и тиранијата, тогаш (Украинците) имаат потреба од оружје, тоа е реалноста, рече тој.
Во изјавата што ја пренесоа државните медиуми, Северна Кореја ја нарече посетата на Столтенберг „увертира за конфликт и војна бидејќи ги носи темните облаци на „нова студена војна“ во азиско-пацифичкиот регион. Минатата година, Јужна Кореја ја отвори својата прва дипломатска мисија во НАТО, ветувајќи дека ќе ја продлабочи соработката во неширење оружје, сајбер одбрана, борба против тероризмот, одговор при катастрофи и други безбедносни области. рп/

The post Столтенберг ја повика Јужна Кореја да ја зајакне воената поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>
НАТО денеска ќе одржи итен состанок за експлозијата во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-deneska-kje-odrzi-iten-sostanok-za-eksplozijata-vo-polska/ Wed, 16 Nov 2022 07:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=574288

Денеска ќе се одржи итен состанок на лидерите на НАТО по експлозијата што се случи во полското село Пжеводов, на полско-украинската граница, во која загинаа две лица.

Се уште нема официјална потврда од Алијансата дека се работи за руска ракета, иако одредени извори наведуваат токму такво сценарио. Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека проектилот што падна во Полска е руски.

Европски дипломати изјавиле дека НАТО во овој случај ќе постапи крајно претпазливо и оти е потребно време за целосно да се утврди овој инцидент.

Во членот 4 од НАТО се вели дека една од членките може да го активира доколку почувствува дека нејзиниот територијален интегритет, независност и безбедност се загрозени од друга земја или терористичка организација.

The post НАТО денеска ќе одржи итен состанок за експлозијата во Полска appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе се одржи итен состанок на лидерите на НАТО по експлозијата што се случи во полското село Пжеводов, на полско-украинската граница, во која загинаа две лица. Се уште нема официјална потврда од Алијансата дека се работи за руска ракета, иако одредени извори наведуваат токму такво сценарио. Руското Министерство за одбрана ги демантираше информациите дека проектилот што падна во Полска е руски. Европски дипломати изјавиле дека НАТО во овој случај ќе постапи крајно претпазливо и оти е потребно време за целосно да се утврди овој инцидент. Во членот 4 од НАТО се вели дека една од членките може да го активира доколку почувствува дека нејзиниот територијален интегритет, независност и безбедност се загрозени од друга земја или терористичка организација.

The post НАТО денеска ќе одржи итен состанок за експлозијата во Полска appeared first on Република.

]]>
НАТО: Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-rusija-itno-da-go-obnovi-uchestvoto-vo-dogovorot-za-zito/ Sun, 30 Oct 2022 21:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=567574

НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, а пренесе Ројтерс.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

The post НАТО: Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито appeared first on Република.

Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/smit-nato-ne-ja-menuva-pozicijata-ne-e-del-od-konfliktot-so-rusija/ Tue, 11 Oct 2022 17:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=559779

Постојаната претставничка на САД во НАТО попладнево ги брифираше новинарите за претстојниот министерски состанок за одбрана кој ќе се одржи утре и задутре во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Американската амбасадорка при НАТО, Џулиен Смит, порача дека клучен дел од разговорите на министрите за одбрана на 30-те земји сојузнички на НАТО утре и задутре ќе се фокусира на потребите на украинската војска на терен.

-Специфично тоа што може да се направи повеќе ќе биде клучот на разговорите, рече таа, како на министерскиот, така и во рамките на контакт групата за Украина.

Смит потврди, како што се очекуваше, дека фокусот ќе биде на потребите во областа на воздушната одбрана на Украина, и додаде дека НАТО ја поздрави веста дека САД и Германија ќе праќаат повеќе опрема во овој дел. Амбасадорката изрази надеж дека ќе има и повеќе понуди утре од страна на земјите.

Нападите со кои се соочува Украина од вчера во повеќе градови од страна на Русија наидоа на силна осуда, но ова сепак не ја менува позицијата на НАТО во однос на инволвираноста во конфликтот, вклучително и за барањата да се затвори небото над Украина од страна на Алијансата, како што бара Киев уште од почетокот на војната.

-Сојузниците се јасни, генералниот секретар е јасен, обединет е ставот дека НАТО не треба да стане страна во овој конфликт, ова е конфликт меѓу Украина и Русија, НАТО е дефанзивен воен сојуз, а Украина има целосно право да ја брани својата територија, рече амбасадорката.

Земјите сојузници испраќаат секаков вид на поддршка на терен, рече таа, воена, економска и хуманитарна.

-НАТО останува уверен дека треба да ја даде сета потребна поддршка, исто така единство има за тоа дека НАТО не треба да стане страна, така што овде нема промена на позицијата, рече Џулијен Смит.

Таа увери дека сите 30 земји членки на НАТО се силно обединети во поддршката за Украина до крај и осудата на Русија и покрај одредени ставови и медиумски текстови, таа рече дека секој ден се среќава со земјите членки и не насетува ни најмала разединетост.

За САД е јасно дека рускиот претседател Путин направил погрешна проценка во обидите да ги подели сојузниците, без разлика што ќе одлучи да направи, земјите сојузнички остануваат солидарни со Украина до крајот и на повидок нема никаква промена во обединетоста, изјави Смит.

Министрите за одбрана на НАТО се состануваат утре и задутре во седиштето на НАТО во Брисел ќе им се придружат и украинскиот министер за одбрана, како и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

The post Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија appeared first on Република.

]]>

Постојаната претставничка на САД во НАТО попладнево ги брифираше новинарите за претстојниот министерски состанок за одбрана кој ќе се одржи утре и задутре во седиштето на Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. Американската амбасадорка при НАТО, Џулиен Смит, порача дека клучен дел од разговорите на министрите за одбрана на 30-те земји сојузнички на НАТО утре и задутре ќе се фокусира на потребите на украинската војска на терен.
-Специфично тоа што може да се направи повеќе ќе биде клучот на разговорите, рече таа, како на министерскиот, така и во рамките на контакт групата за Украина.
Смит потврди, како што се очекуваше, дека фокусот ќе биде на потребите во областа на воздушната одбрана на Украина, и додаде дека НАТО ја поздрави веста дека САД и Германија ќе праќаат повеќе опрема во овој дел. Амбасадорката изрази надеж дека ќе има и повеќе понуди утре од страна на земјите. Нападите со кои се соочува Украина од вчера во повеќе градови од страна на Русија наидоа на силна осуда, но ова сепак не ја менува позицијата на НАТО во однос на инволвираноста во конфликтот, вклучително и за барањата да се затвори небото над Украина од страна на Алијансата, како што бара Киев уште од почетокот на војната.
-Сојузниците се јасни, генералниот секретар е јасен, обединет е ставот дека НАТО не треба да стане страна во овој конфликт, ова е конфликт меѓу Украина и Русија, НАТО е дефанзивен воен сојуз, а Украина има целосно право да ја брани својата територија, рече амбасадорката.
Земјите сојузници испраќаат секаков вид на поддршка на терен, рече таа, воена, економска и хуманитарна.
-НАТО останува уверен дека треба да ја даде сета потребна поддршка, исто така единство има за тоа дека НАТО не треба да стане страна, така што овде нема промена на позицијата, рече Џулијен Смит.
Таа увери дека сите 30 земји членки на НАТО се силно обединети во поддршката за Украина до крај и осудата на Русија и покрај одредени ставови и медиумски текстови, таа рече дека секој ден се среќава со земјите членки и не насетува ни најмала разединетост. За САД е јасно дека рускиот претседател Путин направил погрешна проценка во обидите да ги подели сојузниците, без разлика што ќе одлучи да направи, земјите сојузнички остануваат солидарни со Украина до крајот и на повидок нема никаква промена во обединетоста, изјави Смит. Министрите за одбрана на НАТО се состануваат утре и задутре во седиштето на НАТО во Брисел ќе им се придружат и украинскиот министер за одбрана, како и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

The post Смит: НАТО не ја менува позицијата, не е дел од конфликтот со Русија appeared first on Република.

]]>
Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-kje-odgovorime-na-vlezot-na-finska-i-shvedska-vo-nato/ Thu, 30 Jun 2022 06:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=521350

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, кажа претседателот на државата, Владимир Путин.

Доколку НАТО воспостави своја инфраструктура во Финска и Шведска, откако државите ќе ѝ се приклучат на алијансата, Русија ќе одговори со иста мера.

Руските медиуми го цитираат Путин, кој кажа дека не може да се исклучат тензии во иднина меѓу Москва, Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

The post Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, кажа претседателот на државата, Владимир Путин. Доколку НАТО воспостави своја инфраструктура во Финска и Шведска, откако државите ќе ѝ се приклучат на алијансата, Русија ќе одговори со иста мера. Руските медиуми го цитираат Путин, кој кажа дека не може да се исклучат тензии во иднина меѓу Москва, Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

The post Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Русија: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-artikot-moze-da-stane-bojno-pole-po-odlukata-na-finska-i-shvedska-za-chlenstvo-vo-nato/ Mon, 23 May 2022 08:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=505729

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле.

Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион.

-Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов.

Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот.

-Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

The post Русија: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО може да го претвори арктичкиот регион во меѓународно бојно поле. Рускиот дипломат Николај Корчунов изјави дека Шведска и Финска претходно биле одговорни за безбедноста на Арктикот, но нагласи дека нивниот влез во НАТО воопшто нема да придонесе за мирот и безбедноста во арктичкиот регион. -Гледаме дека меѓународната воена активност се зголемува на Арктикот. Постои таканаречена интернационализација на воените активности. Ова е, се разбира, многу вознемирувачки тренд што го претвора Арктикот во меѓународна арена на воени операции. Тоа не може а да не не’ загрижи, рече Корчунов. Тој, меѓудругото, нагласи дека фактот што Шведска и Финска се неутрални држави придонесе за мирот и стабилноста во регионот на Арктикот. -Традиционалните политики на Финска и Шведска, политиките на неврзаност, одамна создадоа цврста основа за мир и стабилност во овој дел од светот. Потенцијално е малку веројатно дека пристапувањето на овие земји во НАТО ќе придонесе за оваа цел, заклучи рускиот дипломат.

The post Русија: Артикот може да стане бојно поле по одлуката на Финска и Шведска за членство во НАТО appeared first on Република.

]]>
НАТО: БиХ наскоро би можела да стане цел на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nato-bih-naskoro-bi-mozela-da-stane-cel-na-rusija/ Wed, 18 May 2022 08:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=503686

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, предупреди дека Русија може да се обиде да ја нападне критичната дигитална инфраструктура на Грузија и Босна и Херцеговина, како што направи кога ја нападна Украина, пишуваат агенциите.

Џоана изјави дека Грузија и Босна и Херцеговина наскоро би можеле да станат мета на Русија. Тој прецизираше дека нападот може да биде на пример во форма на голем сајбер напад.

Тој додаде дека НАТО ја засилува својата поддршка за двете земји за да ги зајакне своите одбранбени способности, вклучително и оние против сајбер војната.

Како што објасни Џоана, Украина докажа „колку е важно зајакнувањето на сајбер безбедноста со помош на НАТО за одбрана и одвраќање“, и отиде дотаму што го нарече „приоритет на НАТО“, пишува „Кликс“.

Тој укажа на големи сајбер напади врз украинската влада и војска, како и друга критична инфраструктура на денот на руската инвазија, заклучувајќи дека сајбер нападите, заедно со дезинформациите и дигиталната шпионажа, се дел од новиот тип на војување.

Медиумите потсетуваат дека Русија на 24 февруари започна инвазија на Украина која ја промени безбедносната ситуација во Европа, ги обедини сојузниците и укажа на потребата од зајакнување на заедничкиот безбедносен чадор на Европа.

Босна и Херцеговина, заедно со Грузија, често се споменува како особено ранлива точка, место каде Москва би можела да се обиде да ги оствари своите интереси преку марионети локални политичари, стои во написите. Затоа, веднаш по инвазијата на Украина, НАТО соопшти дека е подготвен да понуди дополнителни безбедносни гаранции и да ја зајакне соработката со земјите каде Русија би можела да се обиде да го прошири своето влијание.

Слична е ситуацијата и во другите делови на Европа. Шведска и Финска, традиционално воено неутрални земји, одлучија да аплицираат за членство во НАТО поради страв од руска агресија, се потсетува во новинарските извештаи.

The post НАТО: БиХ наскоро би можела да стане цел на Русија appeared first on Република.

]]>

Заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, предупреди дека Русија може да се обиде да ја нападне критичната дигитална инфраструктура на Грузија и Босна и Херцеговина, како што направи кога ја нападна Украина, пишуваат агенциите. Џоана изјави дека Грузија и Босна и Херцеговина наскоро би можеле да станат мета на Русија. Тој прецизираше дека нападот може да биде на пример во форма на голем сајбер напад. Тој додаде дека НАТО ја засилува својата поддршка за двете земји за да ги зајакне своите одбранбени способности, вклучително и оние против сајбер војната. Како што објасни Џоана, Украина докажа „колку е важно зајакнувањето на сајбер безбедноста со помош на НАТО за одбрана и одвраќање“, и отиде дотаму што го нарече „приоритет на НАТО“, пишува „Кликс“. Тој укажа на големи сајбер напади врз украинската влада и војска, како и друга критична инфраструктура на денот на руската инвазија, заклучувајќи дека сајбер нападите, заедно со дезинформациите и дигиталната шпионажа, се дел од новиот тип на војување. Медиумите потсетуваат дека Русија на 24 февруари започна инвазија на Украина која ја промени безбедносната ситуација во Европа, ги обедини сојузниците и укажа на потребата од зајакнување на заедничкиот безбедносен чадор на Европа. Босна и Херцеговина, заедно со Грузија, често се споменува како особено ранлива точка, место каде Москва би можела да се обиде да ги оствари своите интереси преку марионети локални политичари, стои во написите. Затоа, веднаш по инвазијата на Украина, НАТО соопшти дека е подготвен да понуди дополнителни безбедносни гаранции и да ја зајакне соработката со земјите каде Русија би можела да се обиде да го прошири своето влијание. Слична е ситуацијата и во другите делови на Европа. Шведска и Финска, традиционално воено неутрални земји, одлучија да аплицираат за членство во НАТО поради страв од руска агресија, се потсетува во новинарските извештаи.

The post НАТО: БиХ наскоро би можела да стане цел на Русија appeared first on Република.

]]>
Путин беше смирен и студен кога го информирав дека влегуваме во НАТО, вели финскиот претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-beshe-smiren-i-studen-koga-go-informirav-deka-vleguvame-vo-nato-veli-finskiot-pretsedatel/ Sun, 15 May 2022 19:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=502646

Одлуката на Русија да ја нападне Украина „покажа дека е подготвена да нападне независна соседна земја“, изјави финскиот претседател Саули Ниинисто за Си-Ен-Ен.

Претседателот ја објаснуваше одлуката на Финска да аплицира за членство во НАТО, воена алијанса предводена од САД.

Иако тој не верува дека Русија би можела да ја нападне Финска сега или во иднина, Ниинисто рече дека поделениот политички пејзаж на Европа и светот не остава многу простор за неврзаните.

Додека ја информирал Русија за одлуката на Финска да аплицира за членство во НАТО, Ниинисто рече дека бил изненаден од смирената реакција на претседателот Владимир Путин.

„Всушност, изненадувањето беше што тој го сфати толку смирено“, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Но, во безбедносната политика, особено во разговорите со Русија, треба да имате на ум дека она што го велите не значи дека тие не се постојано сосема свесни.“

„Но, досега, се чини дека нема непосредни проблеми“, додаде тој.

Ниинисто, исто така, рече дека иако е „зачуден“ од коментарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тој „не е загрижен“ поради тоа што Турција го блокира членството на Финска во НАТО.

„Верувам дека сè уште ќе има многу дискусии и не сум толку загрижен за тоа“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

The post Путин беше смирен и студен кога го информирав дека влегуваме во НАТО, вели финскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Русија да ја нападне Украина „покажа дека е подготвена да нападне независна соседна земја“, изјави финскиот претседател Саули Ниинисто за Си-Ен-Ен. Претседателот ја објаснуваше одлуката на Финска да аплицира за членство во НАТО, воена алијанса предводена од САД. Иако тој не верува дека Русија би можела да ја нападне Финска сега или во иднина, Ниинисто рече дека поделениот политички пејзаж на Европа и светот не остава многу простор за неврзаните. Додека ја информирал Русија за одлуката на Финска да аплицира за членство во НАТО, Ниинисто рече дека бил изненаден од смирената реакција на претседателот Владимир Путин.
„Всушност, изненадувањето беше што тој го сфати толку смирено“, изјави тој за Си-Ен-Ен. „Но, во безбедносната политика, особено во разговорите со Русија, треба да имате на ум дека она што го велите не значи дека тие не се постојано сосема свесни.“ „Но, досега, се чини дека нема непосредни проблеми“, додаде тој.
Ниинисто, исто така, рече дека иако е „зачуден“ од коментарите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тој „не е загрижен“ поради тоа што Турција го блокира членството на Финска во НАТО.
„Верувам дека сè уште ќе има многу дискусии и не сум толку загрижен за тоа“, изјави тој за Си-Ен-Ен.

The post Путин беше смирен и студен кога го информирав дека влегуваме во НАТО, вели финскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mozna-e-nuklearna-vojna-megju-rusija-i-nato-predupredi-medvedev/ Thu, 12 May 2022 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=501474

Снабдувањето на Украина со оружје ја зголемува веројатноста за конфликт меѓу Русија и НАТО, кој може да прерасне во нуклеарна војна, предупреди денеска рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев.

Обидите на НАТО земјите да ја преплават Украина со оружје, да ја обучат украинската армија со западна опрема, да испратат платеници и да одржуваат вежби во близина на нашите граници, само ги зголемуваат шансите за директен и отворен конфликт меѓу Русија и НАТО, наместо постојната посредничка војна, напиша Медведев на Телеграм.

Тој смета дека „секогаш постои ризик таквиот конфликт да се претвори во целосна нуклеарна војна“.

Тоа ќе биде катастрофално сценарио за сите, предупреди Медведев.

The post Можна е нуклеарна војна меѓу Русија и НАТО, предупреди Медведев appeared first on Република.

Бајден: Ако Путин употреби оружје за масовно уништување, и ние ќе употребиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-ako-putin-upotrebi-oruzje-za-masovno-unishtuvanje-i-nie-kje-upotrebime/ Thu, 24 Mar 2022 18:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=477890

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе одговорат доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби оружје за масовно уништување, но дека одговорот ќе зависи од ситуацијата.

Бајден одговори дека не може да даде информации за разузнавачки информации, но додаде за прашањето за хемиското оружје:

„Ние би одговориле доколку тој го користи. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата“.

The post Бајден: Ако Путин употреби оружје за масовно уништување, и ние ќе употребиме appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД ќе одговорат доколку рускиот претседател Владимир Путин употреби оружје за масовно уништување, но дека одговорот ќе зависи од ситуацијата. Бајден одговори дека не може да даде информации за разузнавачки информации, но додаде за прашањето за хемиското оружје:
„Ние би одговориле доколку тој го користи. Природата на одговорот ќе зависи од природата на употребата“.

The post Бајден: Ако Путин употреби оружје за масовно уништување, и ние ќе употребиме appeared first on Република.

]]>
Пентагон им вртел на руските воени лидери, никој не кренал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-im-vrtel-na-ruskite-voeni-lideri-nikoj-ne-krenal/ Thu, 24 Mar 2022 17:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=477840

Пентагон во изминатиот месец во повеќе наврати барал комуникација со руските воени лидери со цел да се избегне ненамерно прелевање на конфлктот на територијата на НАТО, но повиците од руска страна останале неодговорени, пренесува денешен Вашингтон пост.

Со ова, наведува весникот, двете најголеми нуклеарни сили немаат објаснувања за армиските движења со што се стравува дека може да се случат погрешни проценки и несреќи на бојното поле во Украина.

Од почетокот на руската инвазија на земјата, министерот за одбрана Лојд Остин и раководителот на Генералштабот на воените сили на САД, Марк Мили, се обиделе да договорат телефонски повици со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, и со генералот Валериј Герасимов, но Русите „досега одбиваат да се ангажираат“ изјави синоќа портпаролот на Пентаон Џон Кирби.

Американците стравуваат дека кога Русија изведува оперативни воени дејствија во близина на границите на членките на НАТО Полска и Романија, може да се случат погрешни проценки со што случајно би се навлегло на територијата на НАТО и да се создаде „непотребна ескалација или конфузија“, па алијансата во тој случај да возврати.

Постои голем ризик од ескалација, изјави пензионираниот генерал Џон Ставридис, кој служеше како главен командант на НАТО од 2009 до 2013 година.

Тој смета дека САД треба да избегнат сценарио кога НАТО и Русија „започнуваат војна бидејќи воените лидери не можат да одговорат телефонски и да објаснат еден на друг што се случува“ на бојното поле.

Русија неодамна употреби суперсонични проектили и друго софистицирано оружје против цели во западниот дел на Украина, а со тоа заканата од прелевање на конфликтот во поширока конфронтација меѓу Русија и НАТО станува сѐ поголема, наведува весникот.

The post Пентагон им вртел на руските воени лидери, никој не кренал appeared first on Република.

]]>

Пентагон во изминатиот месец во повеќе наврати барал комуникација со руските воени лидери со цел да се избегне ненамерно прелевање на конфлктот на територијата на НАТО, но повиците од руска страна останале неодговорени, пренесува денешен Вашингтон пост. Со ова, наведува весникот, двете најголеми нуклеарни сили немаат објаснувања за армиските движења со што се стравува дека може да се случат погрешни проценки и несреќи на бојното поле во Украина. Од почетокот на руската инвазија на земјата, министерот за одбрана Лојд Остин и раководителот на Генералштабот на воените сили на САД, Марк Мили, се обиделе да договорат телефонски повици со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, и со генералот Валериј Герасимов, но Русите „досега одбиваат да се ангажираат“ изјави синоќа портпаролот на Пентаон Џон Кирби. Американците стравуваат дека кога Русија изведува оперативни воени дејствија во близина на границите на членките на НАТО Полска и Романија, може да се случат погрешни проценки со што случајно би се навлегло на територијата на НАТО и да се создаде „непотребна ескалација или конфузија“, па алијансата во тој случај да возврати.
Постои голем ризик од ескалација, изјави пензионираниот генерал Џон Ставридис, кој служеше како главен командант на НАТО од 2009 до 2013 година.
Тој смета дека САД треба да избегнат сценарио кога НАТО и Русија „започнуваат војна бидејќи воените лидери не можат да одговорат телефонски и да објаснат еден на друг што се случува“ на бојното поле. Русија неодамна употреби суперсонични проектили и друго софистицирано оружје против цели во западниот дел на Украина, а со тоа заканата од прелевање на конфликтот во поширока конфронтација меѓу Русија и НАТО станува сѐ поголема, наведува весникот.

The post Пентагон им вртел на руските воени лидери, никој не кренал appeared first on Република.

]]>
НАТО кова нов план https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-kova-nov-plan/ Wed, 16 Mar 2022 10:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=473655

НАТО денеска ќе им каже на своите воени команданти да подготват нови планови за заштита од Русија откако земјата започна инвазија на Украина.

Таквите планови ќе вклучуваат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа, објави Ројтерс.

Целта на новите планови е да се подигне подготвеноста за одвраќање на Русија од каква било агресија против НАТО.

„Треба да го ресетираме нашиот воен став за оваа нова реалност“, рече во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Денеска се одржува вонреден состанок на министрите за одбрана на НАТО.

„Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области“, рече Столтенберг.

The post НАТО кова нов план appeared first on Република.

]]>

НАТО денеска ќе им каже на своите воени команданти да подготват нови планови за заштита од Русија откако земјата започна инвазија на Украина. Таквите планови ќе вклучуваат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа, објави Ројтерс. Целта на новите планови е да се подигне подготвеноста за одвраќање на Русија од каква било агресија против НАТО.
„Треба да го ресетираме нашиот воен став за оваа нова реалност“, рече во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Денеска се одржува вонреден состанок на министрите за одбрана на НАТО.
„Министрите ќе започнат важна дебата за конкретни мерки за зајакнување на нашата безбедност на долг рок во сите области“, рече Столтенберг.

The post НАТО кова нов план appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: Русија може да употреби хемиско оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-rusija-moze-da-upotrebi-hemisko-oruzje/ Sun, 13 Mar 2022 07:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=471936

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство.

Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.

Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство, рече Столтенберг.

Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

The post Столтенберг: Русија може да употреби хемиско оружје appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство. Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје.
Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за лаборатории за хемиско и биолошко оружје. Сега кога се изнесени овие лажни тврдења, мора да бидеме внимателни бидејќи е можно Русија да планира операции со хемиско оружје под превезот на овие измислици и лаги. Тоа би било воено злосторство, рече Столтенберг.
Тој додаде дека иако украинскиот народ досега храбро се спротивставува на руската инвазија, следните денови најверојатно ќе донесат уште поголеми неволји.

The post Столтенберг: Русија може да употреби хемиско оружје appeared first on Република.

]]>
Османи на итен состанок на НАТО во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-iten-sostanok-na-nato-vo-brisel/ Thu, 03 Mar 2022 18:27:20 +0000 https://republika.mk/?p=467334

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

Како што соопшти МНР, на состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија врз земјата, како и за пошироките импликации врз евроатлантската безбедност.

– Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина, се додава во соопштението.

Од МНР посочуваат и дека министерот Османи ќе го искористи присуството на состанокот на Северноатлантскиот совет да оствари и неколку билатерални средби со негови колеги од земјите членки на Алијансата и партнери.

The post Османи на итен состанок на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. Како што соопшти МНР, на состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија врз земјата, како и за пошироките импликации врз евроатлантската безбедност. – Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина, се додава во соопштението. Од МНР посочуваат и дека министерот Османи ќе го искористи присуството на состанокот на Северноатлантскиот совет да оствари и неколку билатерални средби со негови колеги од земјите членки на Алијансата и партнери.

The post Османи на итен состанок на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Заклучокот на состанокот на НАТО е дека Русија е агресор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-zakluchokot-na-sostanokot-na-nato-e-deka-rusija-e-agresor/ Fri, 25 Feb 2022 09:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=463658

Вчера имаше вонредна седница на Советот на НАТО со заклучок дека има напад врз цела територија на една суверена земја, што е без преседан, а тоа е сериозен обид да се нарушу архитектурата на безбедноста во Европа, вели за Утрински брифинг претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски.

Ние сме членки на НАТО, индикативно ми е што состанокот на ЕУ траел долго, а состанокот на НАТО траеше точно 60 минути, говореа сите и заклучокот беше еден: Русија е агресор. Во однос на санкциите, тоа се главно финансиски санкции и не нерувам дека ќе имаат поголем ефект. Голем дел од операциите во Украина се финансирани и со биткоини а тоа не може да се сопре, вели претседателот Пендаровски за Утрински брифинг.

The post Пендаровски: Заклучокот на состанокот на НАТО е дека Русија е агресор appeared first on Република.

САД ќе го брани секој сантиметар од територијата на НАТО, но нема да распореди американски војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-kje-go-brani-sekoj-santimetar-od-teritorijata-na-nato-no-nema-da-rasporedi-amerikanski-vojnici-vo-ukraina/ Thu, 24 Feb 2022 21:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=463456

Американскиот претседател Џо Бајден денеска вети дека ќе се брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО откако Русија испрати сили во Украина – но потврди дека нема да бидат распоредени американски војници кај сојузникот на Вашингтон.

„Како што кажав кристално јасно, САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО со целосна американска моќ“, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Белата куќа.

Претседателот на САД сепак додаде: „Нашите сили нема да бидат ангажирани во конфликт со Русија во Украина“.

The post САД ќе го брани секој сантиметар од територијата на НАТО, но нема да распореди американски војници во Украина appeared first on Република.

Бајден со лидерите на Г-7 го договара одговорот за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-so-liderite-na-g-7-go-dogovara-odgovorot-za-rusija/ Thu, 24 Feb 2022 16:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=463302

Белата куќа соопшти дека лидерите на седумте индустриски најразвиени земји (Г-7) во моментов разовараат за заедничкиот одговор на денешниот неиспровоциран и неоправдан руски напад врз Украина, пренесува Гардијан.

Британските медиуми пренесуваат дека станува збор за виртуелна средба на САД и сојузниците, која е во тек, додаваат од Белата куќа.

The post Бајден со лидерите на Г-7 го договара одговорот за Русија appeared first on Република.

]]>

Белата куќа соопшти дека лидерите на седумте индустриски најразвиени земји (Г-7) во моментов разовараат за заедничкиот одговор на денешниот неиспровоциран и неоправдан руски напад врз Украина, пренесува Гардијан. Британските медиуми пренесуваат дека станува збор за виртуелна средба на САД и сојузниците, која е во тек, додаваат од Белата куќа.

The post Бајден со лидерите на Г-7 го договара одговорот за Русија appeared first on Република.

]]>
Столтенберг: НАТО сака сериозен разговор со Русија за контрола на оружјето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-nato-saka-seriozen-razgovor-so-rusija-za-kontrola-na-oruzjeto/ Wed, 26 Jan 2022 20:26:00 +0000 https://republika.mk/?p=449982

НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.

Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“.

Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа.

Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните тензии.

The post Столтенберг: НАТО сака сериозен разговор со Русија за контрола на оружјето appeared first on Република.

]]>

НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА. Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“. Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа. Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните тензии.

The post Столтенберг: НАТО сака сериозен разговор со Русија за контрола на оружјето appeared first on Република.

]]>