русија - молдавија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-moldavija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - молдавија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-moldavija/ 32 32 Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozivi-postaveni-vo-najgolemoto-skladishte-za-oruzhje-vo-evropa-eksplozijata-bi-bila-kako-vo-hiroshima/ Tue, 28 Feb 2023 08:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=614033

Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.

Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт.

Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година.

Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро.

Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“.

Во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година.

Москва ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“.

Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје. Повикувајќи се на разузнавачки информации руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје.

Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.

 

The post Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима appeared first on Република.

]]>

Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција во Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина. Инаку, складиштето за муниција Кобасна е најголемо во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера. Се верува дека го обезбедуваат околу 1.500 руски војници. Уште од почетокот на рускиот конфликт со Украина, во Молдавија расте загриженоста за складиштето за муниција во Кобасна, а некои веруваат дека оружјето таму би можело да се користи во потенцијален иден воен конфликт. Дополнително, Академијата на науките на Молдавија утврди дека експлозијата на оружјето, кое се наоѓа во складиштето за муниција, на кое одамна му истекол рокот, ќе биде еквивалентно на атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки. Загриженоста за таков настан се зголеми по експлозијата во Бејрут во 2020 година. Министерството за одбрана во Кишињев во петокот објави дека „нема директни закани за воената безбедност на земјата“, откако Москва повторно ја обвини Украина дека подготвува „инвазија“ во Придњестровје и предупреди дека секоја закана за руските војници таму ќе предизвика соодветeн „ воен одговор од страна на Русија, пишува Њуз.ро. Министерството за одбрана на Молдавија дала низа објаснувања за „информациите кои кружат онлајн, за можни предизвици на Украина во левиот Днестарски регион“ и уверува дека ги следи „сите настани, акции и промени кои се случуваат во регионот и на територијата контролирана од режимот на Придњестровје“. Во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје Русија чува околу 1.500 војници, откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година. Москва ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во сепаратистичкиот молдавски проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“. Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје. Повикувајќи се на разузнавачки информации руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која ќе ја обвинат Русија за инвазија врз Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје. Тензиите меѓу Русија и Молдавија се зголемија неодамна откако руските ракети насочени кон Украина навлегоа во воздушниот простор на Молдавија.  

The post Експлозиви поставени во најголемото складиште за оружје во Европа, експлозијата би била како во Хирошима appeared first on Република.

]]>
Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-prankeri-vovan-i-leksus-po-razgovorot-so-maja-sandu-otkrija-moldavija-saka-da-dade-del-od-svojata-teritorija-na-ukraina/ Tue, 04 Oct 2022 19:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=557365

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години.

Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.

Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“.

Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија.

Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство.

Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години. Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.
Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.
Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“. Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија. Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство. Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>
Молдавија сака мирно решение и побара руската војска да го напушти Придњестровје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moldavija-saka-mirno-reshenie-i-pobara-ruskata-vojska-da-go-napushti-pridnjestrovje/ Tue, 10 May 2022 15:14:03 +0000 https://republika.mk/?p=500585

Руската војска да го напушти Придњестровје, порачаа властите во Молдавија.

Земјата сака мирно решение на конфликтот, вели молдавската премиерка Наталија Гаврилица.

„Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим“, рече Гаврилица.

Вели дека официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани.

Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 држави беа воздржани.

Молдавија на почетокот на месецот објави дека се подготвува за можни итни случаи. Таа ќе добие воена помош од Еврпската Унија(ЕУ).
Проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, неодамна тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, и се јави стравот дека и Молдавија може да биде вовлечена во конфликтот.

Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен.

The post Молдавија сака мирно решение и побара руската војска да го напушти Придњестровје appeared first on Република.

]]>

Руската војска да го напушти Придњестровје, порачаа властите во Молдавија. Земјата сака мирно решение на конфликтот, вели молдавската премиерка Наталија Гаврилица. „Молдавија ја користи платформата на ОН за да побара повлекување на руската армија од молдавската територија Придњестровје и да го сврти вниманието кон кршењето на човековите права во регионот, кој е под контрола на непризнаен режим“, рече Гаврилица. Вели дека официјален Кишињев сака да изнајде мирно решение за конфликтот, што ќе овозможи развој на земјата за доброто на сите граѓани. Придњестровје не е под контрола на Кишињев од почетокот на 1990-тите. Генералното собрание на ОН во јуни 2018 година ја повика Русија да ги повлече своите сили од Придњестровје. Резолуцијата беше поддржана од 64 држави, 14 беа против, а други 83 држави беа воздржани. Молдавија на почетокот на месецот објави дека се подготвува за можни итни случаи. Таа ќе добие воена помош од Еврпската Унија(ЕУ). Проруските сепаратисти од самопрогласената Придњестровска Молдавска Република, неодамна тврдеа дека украинските сили се одговорни за бројни напади и експлозии, и се јави стравот дека и Молдавија може да биде вовлечена во конфликтот. Прорускиот регион од 420.000 луѓе е отцепен од Молдавија и е доста сиромашен.

The post Молдавија сака мирно решение и побара руската војска да го напушти Придњестровје appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Загрижени сме дека Русија би можела да ја нападне Молдавија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-zagrizeni-sme-deka-rusija-bi-mozela-da-ja-napadne-moldavija/ Sat, 07 May 2022 08:02:12 +0000 https://republika.mk/?p=498906

Русија би можела да ја прошири војната со инвазија на Молдавија, мала нација што се граничи со јужна Украина. Ова го соопшти високиот претставник за безбедност и надворешни работи Жозеп Борел. Тој ја даде оваа изјава на форум во Фиренца.

„Да, ние сме многу загрижени за тоа што може да се случи со Молдавија. Искушението на Путин да ја прошири војната и да влијае на Молдавија е можно“, рече Борел.

Тој потсети на неодамнешните експлозии во земјата и присуството на руски војници.

Минатиот месец, две експлозии во близина на границата со Украина деактивираа две моќни радиодифузни антени во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје.

Придњестровје е тесен појас на земја контролиран од сепаратистичките власти од војната со Молдавија во 1992.

Русија има околу 1.500 војници во отцепениот регион, а присуството таму го оправдува со „мировни мисии“.

The post ЕУ: Загрижени сме дека Русија би можела да ја нападне Молдавија appeared first on Република.

]]>

Русија би можела да ја прошири војната со инвазија на Молдавија, мала нација што се граничи со јужна Украина. Ова го соопшти високиот претставник за безбедност и надворешни работи Жозеп Борел. Тој ја даде оваа изјава на форум во Фиренца.
„Да, ние сме многу загрижени за тоа што може да се случи со Молдавија. Искушението на Путин да ја прошири војната и да влијае на Молдавија е можно“, рече Борел.
Тој потсети на неодамнешните експлозии во земјата и присуството на руски војници. Минатиот месец, две експлозии во близина на границата со Украина деактивираа две моќни радиодифузни антени во молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје. Придњестровје е тесен појас на земја контролиран од сепаратистичките власти од војната со Молдавија во 1992. Русија има околу 1.500 војници во отцепениот регион, а присуството таму го оправдува со „мировни мисии“.

The post ЕУ: Загрижени сме дека Русија би можела да ја нападне Молдавија appeared first on Република.

]]>
Имаат своја рубља и пасош, со референдум побараа соединување со Русија – ова е молдавскиот регион каде во секој момент може да се прелее војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/imaat-svoja-rublja-i-pasosh-so-referendum-pobaraa-soedinuvanje-so-rusija-ova-e-moldavskiot-region-kade-vo-sekoj-moment-moze-da-se-prelee-vojnata/ Wed, 27 Apr 2022 17:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=494395

Приднестровие (или Транснитрија) – е името на регион во Молдавија (на границата со Украина) за кој постои огромен страв дека може да се вклучи во војната во Украина. Односно дека може да биде вовлечен во неа, пишува денеска Гардијан.

Имено, таму имаше неколку експлозии, кои биле насочени кон Министерството за безбедност на Молдавија, радио кула и една воена единица, а се се случија само неколку дена откако Русите почнаа да зборуваат дека нивните луѓе во Молдавија имаат проблеми. Истото сценарио се случи и во пресрет на нападот на Украина.

Приднестровие е претежно рускојазичен регион кој водеше војна во 1992 година против западната централна влада. Таа војна заврши со стотици мртви и со интервенција на Русија, која им помогна на бунтовниците.

Потоа, во 2006 година се одржа референдум на кој 97,1 отсто од луѓето гласаа за присоединување на Приднестровие кон Русија, но референдумот не беше прифатен од меѓународната заедница.

Денес Приднестровие е под контрола на проруските сепаратисти, а таму има постојано стационирани околу 1.500 руски војници. Има 465.000 жители кои главно зборуваат руски, додека во остатокот од Молдавија (која има вкупно околу 2,6 милиони жители) се зборува романски. Приднестровие користи кирилицата и има своја валута (Приднестровска рубља), свои безбедносни сили и пасош, иако повеќето од нејзините околу 465.000 жители имаат двојно или тројно молдавско, руско или украинско државјанство.

Москва ја поддржува економијата на Приднестровие, снабдувајќи го регионот со бесплатен гас и задржувајќи ги трупите стационирани таму, всушност создавајќи руски сателит на границите на ЕУ, потенцира Гардијан.

Приднестровие исто така е преплавено со советски симболи. Нивното знаме е украсено со срп и чекан, огромна статуа на Ленин се наѕира над центарот на главниот град Тираспол, а биста на болшевичкиот водач седи пред градското собрание или Домот на Советите.

По експлозиите во тој регион, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека е загрижен поради вестите кои доаѓаат од Приднестровие, додека лидерот на самопрогласената република Доњецк, Денис Пушилин, рече дека Москва треба да ги земе предвид настаните во Приднестровие кога ќе го планира продолжението на војната.

Молдавската претседателка Маја Санду јасно стави до знаење дека се противи на отцепувањето на Приднестровие. Таа бара руските трупи стационирани таму да бидат заменети со меѓународни набљудувачи, што Русите го одбиваат.

Од Приднестровие денеска пристигна информација дека некој од Украина пукал во селото во кое се наоѓа складиштето за муниција и дека дронови лансирани од Украина ја надлетувале областа. Киев ја обвинува Москва дека ги организирала нападите. Кремљ соопшти дека е сериозно загрижен поради тие настани.

Во своето денешно обраќање пред германскиот парламент, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека сè уште не е јасно кој стои зад неодамнешните напади во одметнатиот проруски регион Приднестровие во Молдавија.

Таа ја опиша ситуацијата во Молдавија како „екстремно критична“.

The post Имаат своја рубља и пасош, со референдум побараа соединување со Русија – ова е молдавскиот регион каде во секој момент може да се прелее војната appeared first on Република.

]]>

Приднестровие (или Транснитрија) – е името на регион во Молдавија (на границата со Украина) за кој постои огромен страв дека може да се вклучи во војната во Украина. Односно дека може да биде вовлечен во неа, пишува денеска Гардијан. Имено, таму имаше неколку експлозии, кои биле насочени кон Министерството за безбедност на Молдавија, радио кула и една воена единица, а се се случија само неколку дена откако Русите почнаа да зборуваат дека нивните луѓе во Молдавија имаат проблеми. Истото сценарио се случи и во пресрет на нападот на Украина. Приднестровие е претежно рускојазичен регион кој водеше војна во 1992 година против западната централна влада. Таа војна заврши со стотици мртви и со интервенција на Русија, која им помогна на бунтовниците. Потоа, во 2006 година се одржа референдум на кој 97,1 отсто од луѓето гласаа за присоединување на Приднестровие кон Русија, но референдумот не беше прифатен од меѓународната заедница. Денес Приднестровие е под контрола на проруските сепаратисти, а таму има постојано стационирани околу 1.500 руски војници. Има 465.000 жители кои главно зборуваат руски, додека во остатокот од Молдавија (која има вкупно околу 2,6 милиони жители) се зборува романски. Приднестровие користи кирилицата и има своја валута (Приднестровска рубља), свои безбедносни сили и пасош, иако повеќето од нејзините околу 465.000 жители имаат двојно или тројно молдавско, руско или украинско државјанство. Москва ја поддржува економијата на Приднестровие, снабдувајќи го регионот со бесплатен гас и задржувајќи ги трупите стационирани таму, всушност создавајќи руски сателит на границите на ЕУ, потенцира Гардијан. Приднестровие исто така е преплавено со советски симболи. Нивното знаме е украсено со срп и чекан, огромна статуа на Ленин се наѕира над центарот на главниот град Тираспол, а биста на болшевичкиот водач седи пред градското собрание или Домот на Советите. По експлозиите во тој регион, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека е загрижен поради вестите кои доаѓаат од Приднестровие, додека лидерот на самопрогласената република Доњецк, Денис Пушилин, рече дека Москва треба да ги земе предвид настаните во Приднестровие кога ќе го планира продолжението на војната. Молдавската претседателка Маја Санду јасно стави до знаење дека се противи на отцепувањето на Приднестровие. Таа бара руските трупи стационирани таму да бидат заменети со меѓународни набљудувачи, што Русите го одбиваат. Од Приднестровие денеска пристигна информација дека некој од Украина пукал во селото во кое се наоѓа складиштето за муниција и дека дронови лансирани од Украина ја надлетувале областа. Киев ја обвинува Москва дека ги организирала нападите. Кремљ соопшти дека е сериозно загрижен поради тие настани. Во своето денешно обраќање пред германскиот парламент, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека сè уште не е јасно кој стои зад неодамнешните напади во одметнатиот проруски регион Приднестровие во Молдавија. Таа ја опиша ситуацијата во Молдавија како „екстремно критична“.

The post Имаат своја рубља и пасош, со референдум побараа соединување со Русија – ова е молдавскиот регион каде во секој момент може да се прелее војната appeared first on Република.

]]>