русија - кина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-kina/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 10:45:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - кина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-kina/ 32 32 Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-od-hiroshima-ja-povikaa-kina-da-ja-ubedi-rusija-da-ja-prekine-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 20 May 2023 10:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=642951

Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина.

Во заедничкото соопштение лидерите на Г7 нагласиле дека не сакаат да и нанесат штета на Кина и дека бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина.

„Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението. 

The post Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Групата седум најбогати земји во светот (Г7) денеска ја повика Кина да изврши притисок врз својот стратешки партнер Русија за да ја прекине војната против Украина. Во заедничкото соопштение лидерите на Г7 нагласиле дека не сакаат да и нанесат штета на Кина и дека бараат „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг, препознавајќи ја важноста на искрениот ангажман и изразувајќи загриженост директно до Кина. „Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре својата воена агресија и веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите трупи од Украина“, се вели во соопштението. 

The post Г7 од Хирошима ја повикаа Кина да ја убеди Русија да ја прекине војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Кина во ОН гласаше за резолуција во која Русија е означена за „агресор“ во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-vo-on-glasashe-za-rezolutsija-vo-koja-rusija-e-oznachena-za-agresor-vo-ukraina/ Mon, 01 May 2023 14:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=635775

Кина одлучи да се откаже од практиката на „воздржани“ при гласањето во ОН за документи со силна формулација во врска со руската инвазија на Украина.

Кинеската делегација гласаше за резолуцијата на Генералното собрание, каде Русија ја нарекуваат „агресор“, произлегува од податоците што ги објави исландското претставништво во ОН.

Документот А/77/Л.65 „Соработка меѓу ОН и Советот на Европа“ се однесува на „предизвиците без преседан“ со кои се соочува Европа „по агресијата на Руската Федерација против Украина, а претходно и против Грузија“.

Резолуцијата, исто така, повикува на „поправка на штетите“ предизвикани за жртвите на руската воена агресија и „изведување пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за кршење на нормите на меѓународното право“.

Покрај Кина, за документот гласаа и Казахстан и сите други постсоветски републики, освен Таџикистан и Узбекистан (кои беа воздржани), како и земјите кои руските власти ги нарекуваат „пријателски“. Меѓу нив се Индија, Бразил и Турција.

Само пет држави гласаа против. Покрај Русија, тоа се Белорусија, Демократска Република Конго, Никарагва и Сирија. „За“ беа 122 земји.

Руските дипломати се обидоа да ја отстранат формулацијата за агресија од резолуцијата, но не успеаја, изјави постојаниот претставник на Украина во ОН Серхиј Кислица.

Во официјалното соопштение на руската постојана мисија се вели дека соодветниот став „нема никаква врска со прашањата од резолуцијата, а исто така е крајно политизиран“.

„Авторите на текстот намерно молчат за осумгодишната војна на Украина против жителите на Донбас“, инсистираше во својата изјава рускиот постојан претставник Васил Небензја, додавајќи дека „агресијата на НАТО врз поранешната Република Југославија во 1999 година била исто така игнорирана од ОН.

The post Кина во ОН гласаше за резолуција во која Русија е означена за „агресор“ во Украина appeared first on Република.

]]>

Кина одлучи да се откаже од практиката на „воздржани“ при гласањето во ОН за документи со силна формулација во врска со руската инвазија на Украина. Кинеската делегација гласаше за резолуцијата на Генералното собрание, каде Русија ја нарекуваат „агресор“, произлегува од податоците што ги објави исландското претставништво во ОН. Документот А/77/Л.65 „Соработка меѓу ОН и Советот на Европа“ се однесува на „предизвиците без преседан“ со кои се соочува Европа „по агресијата на Руската Федерација против Украина, а претходно и против Грузија“. Резолуцијата, исто така, повикува на „поправка на штетите“ предизвикани за жртвите на руската воена агресија и „изведување пред лицето на правдата сите оние кои се виновни за кршење на нормите на меѓународното право“. Покрај Кина, за документот гласаа и Казахстан и сите други постсоветски републики, освен Таџикистан и Узбекистан (кои беа воздржани), како и земјите кои руските власти ги нарекуваат „пријателски“. Меѓу нив се Индија, Бразил и Турција. Само пет држави гласаа против. Покрај Русија, тоа се Белорусија, Демократска Република Конго, Никарагва и Сирија. „За“ беа 122 земји. Руските дипломати се обидоа да ја отстранат формулацијата за агресија од резолуцијата, но не успеаја, изјави постојаниот претставник на Украина во ОН Серхиј Кислица. Во официјалното соопштение на руската постојана мисија се вели дека соодветниот став „нема никаква врска со прашањата од резолуцијата, а исто така е крајно политизиран“. „Авторите на текстот намерно молчат за осумгодишната војна на Украина против жителите на Донбас“, инсистираше во својата изјава рускиот постојан претставник Васил Небензја, додавајќи дека „агресијата на НАТО врз поранешната Република Југославија во 1999 година била исто така игнорирана од ОН.

The post Кина во ОН гласаше за резолуција во која Русија е означена за „агресор“ во Украина appeared first on Република.

]]>
Заврши посетата на Син Џинпинг на Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavrshi-posetata-na-sin-dhinping-na-moskva/ Wed, 22 Mar 2023 06:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=622230

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши државната посета на Москва и утрово ја напушти Русија.

Неговиот авион полета од московскиот аеродром Внуково-2 по преполната дводневна програма разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија е првата земја што Си ја посети по неговиот реизбор за трет мандат во Кинескиот национален народен конгрес (парламент) на 10 март.

Пред заминувањето на кинескиот претседател на аеродромот се одржа церемонија на која беа подигнати кинеското и руското знаме, а воен оркестар ги свиреше националните химни на двете земји.

Државната посета на Си Џинпинг на Русија почна во понеделникот. На неформалниот состанок со Путин, кинескиот лидер го покани својот руски колега оваа година да ја посети Кина. По разговорите на високо ниво беше објавено заедничко соопштение за продлабочување на сеопфатното партнерство и стратешката интеракција кои влегуваат во нова ера.

The post Заврши посетата на Син Џинпинг на Москва appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши државната посета на Москва и утрово ја напушти Русија. Неговиот авион полета од московскиот аеродром Внуково-2 по преполната дводневна програма разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Русија е првата земја што Си ја посети по неговиот реизбор за трет мандат во Кинескиот национален народен конгрес (парламент) на 10 март. Пред заминувањето на кинескиот претседател на аеродромот се одржа церемонија на која беа подигнати кинеското и руското знаме, а воен оркестар ги свиреше националните химни на двете земји. Државната посета на Си Џинпинг на Русија почна во понеделникот. На неформалниот состанок со Путин, кинескиот лидер го покани својот руски колега оваа година да ја посети Кина. По разговорите на високо ниво беше објавено заедничко соопштение за продлабочување на сеопфатното партнерство и стратешката интеракција кои влегуваат во нова ера.

The post Заврши посетата на Син Џинпинг на Москва appeared first on Република.

]]>
Венбин: САД немаат надлежност да ја критикуваат посетата на Џинпинг на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/venbin-sad-nemaat-nadlezhnost-da-ja-kritikuvaat-posetata-na-dhinping-na-rusija/ Tue, 21 Mar 2023 12:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=622045

Американскиот државен секретар Антони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

https://republika.mk/vesti/svet/blinken-pretsedatelot-si-ne-misli-deka-putin-treba-da-odgovara-za-zlostorstvata-vo-ukraina/

Запрашан да ја коментира изјавата на Блинкен дека Кина и обезбедила „дипломатско покривање“ на Русија, Ванг рече дека Кина не ја предизвикала украинската криза и не е страна во конфликтот.

Никогаш не сме испорачале оружје на ниту една страна во конфликтот.САД немаат овластување да ја критикуваат Кина, а камоли да ја обвинуваат за ситуацијата во Украина, рече Венбин.

https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-si-i-putin-se-vo-brak-od-interes-a-ne-od-lubov/

Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг се противи на какви било дејствија што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и нагласи дека САД продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје.

САД треба објективно да гледаат на напорите на Кина и меѓународната заедница за постигнување мирен дијалог“, нагласи Венбин.

The post Венбин: САД немаат надлежност да ја критикуваат посетата на Џинпинг на Русија appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Антони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

https://republika.mk/vesti/svet/blinken-pretsedatelot-si-ne-misli-deka-putin-treba-da-odgovara-za-zlostorstvata-vo-ukraina/

Запрашан да ја коментира изјавата на Блинкен дека Кина и обезбедила „дипломатско покривање“ на Русија, Ванг рече дека Кина не ја предизвикала украинската криза и не е страна во конфликтот.

Никогаш не сме испорачале оружје на ниту една страна во конфликтот.САД немаат овластување да ја критикуваат Кина, а камоли да ја обвинуваат за ситуацијата во Украина, рече Венбин.

https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-si-i-putin-se-vo-brak-od-interes-a-ne-od-lubov/

Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг се противи на какви било дејствија што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и нагласи дека САД продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје.

САД треба објективно да гледаат на напорите на Кина и меѓународната заедница за постигнување мирен дијалог“, нагласи Венбин.

The post Венбин: САД немаат надлежност да ја критикуваат посетата на Џинпинг на Русија appeared first on Република.

]]>
Си го покани Путин да ја посети Кина оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-go-pokani-putin-da-ja-poseti-kina-ovaa-godina/ Tue, 21 Mar 2023 09:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=621936

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна државна посета на Русија, изјави дека го поканил рускиот претседател Владимир Путин оваа година да ја посети Кина.

Кинескиот лидер ова го изјавил на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесуваат руските медиуми.

Си Џинпинг го покани и Мишустин што поскоро да ја посети Кина, со цел да се врати механизмот за редовни средби меѓу шефовите на владите на двете земји.

Тој објасни дека избрал прво да ја посети Русија откако по третпат е избран за претседател на Кина бидејќи, како што наведе, тоа одговара на историската логика.

Ние сме најголеми земји и стратешки партнери, рече Си.

The post Си го покани Путин да ја посети Кина оваа година appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна државна посета на Русија, изјави дека го поканил рускиот претседател Владимир Путин оваа година да ја посети Кина. Кинескиот лидер ова го изјавил на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин, пренесуваат руските медиуми. Си Џинпинг го покани и Мишустин што поскоро да ја посети Кина, со цел да се врати механизмот за редовни средби меѓу шефовите на владите на двете земји. Тој објасни дека избрал прво да ја посети Русија откако по третпат е избран за претседател на Кина бидејќи, како што наведе, тоа одговара на историската логика.
Ние сме најголеми земји и стратешки партнери, рече Си.

The post Си го покани Путин да ја посети Кина оваа година appeared first on Република.

]]>
Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-si-i-putin-se-vo-brak-od-interes-a-ne-od-lubov/ Mon, 20 Mar 2023 20:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=621791

Белата куќа денеска го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја искористи посетата на Москва за да му каже на рускиот претседател Владимир Путин да го почитува суверенитетот на Украина и да стави крај на војната.
Џон Кирби, портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, им рече на новинарите дека САД се загрижени дека Си, кој моментално е на патување во Москва, ќе ги повтори повиците за примирје.

Кирби рече дека Си треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за влијанието на војната врз Украина.

„Го охрабруваме претседателот Си директно да го притисне претседателот Путин за потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Светот и соседите на Кина сигурно внимателно ќе го следат.“

„Си и Путин се чини дека се во „брак“ од интерес, а не од љубов. Тоа се две земји кои долго време негодуваат на американското лидерство во светот“, рече Кирби.

The post Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов appeared first on Република.

]]>

Белата куќа денеска го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да ја искористи посетата на Москва за да му каже на рускиот претседател Владимир Путин да го почитува суверенитетот на Украина и да стави крај на војната. Џон Кирби, портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, им рече на новинарите дека САД се загрижени дека Си, кој моментално е на патување во Москва, ќе ги повтори повиците за примирје. Кирби рече дека Си треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за влијанието на војната врз Украина. „Го охрабруваме претседателот Си директно да го притисне претседателот Путин за потребата од почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Светот и соседите на Кина сигурно внимателно ќе го следат.“ „Си и Путин се чини дека се во „брак“ од интерес, а не од љубов. Тоа се две земји кои долго време негодуваат на американското лидерство во светот“, рече Кирби.

The post Белата куќа: Си и Путин се во „брак“ од интерес, а не од љубов appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Претседателот Си не мисли дека Путин треба да одговара за злосторствата во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-pretsedatelot-si-ne-misli-deka-putin-treba-da-odgovara-za-zlostorstvata-vo-ukraina/ Mon, 20 Mar 2023 20:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=621786

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, изјави дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.

-Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, им соопшти Блинкен на новинарите, пренесе Би-би-си.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот на средбата со Си изјави дека Москва е свесна и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина.

-Внимателно ги разгледавме вашите предлози за решавање на акутната криза во Украина. Се разбира, ќе имаме можност да разговараме за тоа, рече Путин, обраќајќи му се на кинескиот лидер, кој денеска пристигна во Москва во државна посета.

The post Блинкен: Претседателот Си не мисли дека Путин треба да одговара за злосторствата во Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, изјави дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот лидер Владимир Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.

-Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, им соопшти Блинкен на новинарите, пренесе Би-би-си.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на почетокот на средбата со Си изјави дека Москва е свесна и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина.

-Внимателно ги разгледавме вашите предлози за решавање на акутната криза во Украина. Се разбира, ќе имаме можност да разговараме за тоа, рече Путин, обраќајќи му се на кинескиот лидер, кој денеска пристигна во Москва во државна посета.

The post Блинкен: Претседателот Си не мисли дека Путин треба да одговара за злосторствата во Украина appeared first on Република.

]]>
Путин и Си: Состанокот ги продлабочува пријателските односи меѓу Кина и Русија и испраќа порака до Западот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-i-si-sostanokot-gi-prodlabochuva-prijatelskite-odnosi-megu-kina-i-rusija-i-ispraka-poraka-do-zapadot/ Mon, 20 Mar 2023 19:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=621783

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг денеска заклучија дека нивната средба во Москва е можност двете земји да го продлабочат „пријателството без граници“ и да испратат силна порака до западните лидери дека нивните напори да ја изолираат Москва поради војната во Украина не успеаја.

На почетокот на средбата, Путин му честита на Си за неговиот реизбор за претседател и рекол дека е „малку љубоморен“ на фактот што во последните неколку години Кина направила „колосален чекор напред во својот развој што предизвикува вистински интерес ширум светот“, пренесува Бета.

Рускиот лидер истакна дека во изминатите 10 години трговскиот промет на двете земји е повеќе од двојно зголемен. Тој исто така рече дека Москва е запознаена и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина и дека за тоа ќе разговара со Си.

Си на средбата рече дека „кинеската страна високо ги цени односите со Русија, кои имаат историска логика“. Тој му се заблагодари на Путин што „позитивно го оцени развојот и изградбата на Кина“ и што продолжи да го поддржува Пекинг.

- Во светот кој станува сè повеќе мултиполарен, САД и нивните сојузници не беа во можност да изградат широк фронт против Путин. Додека 141 земја ја осудија Москва на гласањето во Обединетите нации на првата годишнина од влегувањето на руските трупи во Украина, неколку членки на Г-20, меѓу кои Индија, Кина и Јужна Африка останаа воздржани, рече Си.

Коментирајќи ги претстојните претседателски избори во Русија во 2024 година, кинескиот лидер рече дека е уверен оти рускиот народ ќе продолжи да го поддржува Путин „под чие цврсто водство Русија се развиваше и напредуваше“.

Во интервју за кинеските медиуми пред средбата, Путин ја опиша посетата на Си како „значаен настан“ кој ја потврдува посебната природа на руско-кинеското партнерство и испраќа порака до Вашингтон дека двете земји не ги прифаќаат неговите обиди да ги ослабне.

- Политиката на САД за истовремено одвраќање на Русија и Кина, како и на сите оние кои не ги почитуваат американските диктати, станува се пожестока и поагресивна, рече рускиот лидер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.

- Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, рече Блинкен, пренесува Би-би-си.

За утре е закажана средба на кинескиот лидер со рускиот премиер Михаил Мишустин, а предвидени се и официјални разговори во проширен формат со Путин и членовите на руската влада.

The post Путин и Си: Состанокот ги продлабочува пријателските односи меѓу Кина и Русија и испраќа порака до Западот appeared first on Република.

]]>

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг денеска заклучија дека нивната средба во Москва е можност двете земји да го продлабочат „пријателството без граници“ и да испратат силна порака до западните лидери дека нивните напори да ја изолираат Москва поради војната во Украина не успеаја. На почетокот на средбата, Путин му честита на Си за неговиот реизбор за претседател и рекол дека е „малку љубоморен“ на фактот што во последните неколку години Кина направила „колосален чекор напред во својот развој што предизвикува вистински интерес ширум светот“, пренесува Бета. Рускиот лидер истакна дека во изминатите 10 години трговскиот промет на двете земји е повеќе од двојно зголемен. Тој исто така рече дека Москва е запознаена и ја почитува кинеската иницијатива за мирно решавање на конфликтот во Украина и дека за тоа ќе разговара со Си. Си на средбата рече дека „кинеската страна високо ги цени односите со Русија, кои имаат историска логика“. Тој му се заблагодари на Путин што „позитивно го оцени развојот и изградбата на Кина“ и што продолжи да го поддржува Пекинг.
- Во светот кој станува сè повеќе мултиполарен, САД и нивните сојузници не беа во можност да изградат широк фронт против Путин. Додека 141 земја ја осудија Москва на гласањето во Обединетите нации на првата годишнина од влегувањето на руските трупи во Украина, неколку членки на Г-20, меѓу кои Индија, Кина и Јужна Африка останаа воздржани, рече Си.
Коментирајќи ги претстојните претседателски избори во Русија во 2024 година, кинескиот лидер рече дека е уверен оти рускиот народ ќе продолжи да го поддржува Путин „под чие цврсто водство Русија се развиваше и напредуваше“. Во интервју за кинеските медиуми пред средбата, Путин ја опиша посетата на Си како „значаен настан“ кој ја потврдува посебната природа на руско-кинеското партнерство и испраќа порака до Вашингтон дека двете земји не ги прифаќаат неговите обиди да ги ослабне.
- Политиката на САД за истовремено одвраќање на Русија и Кина, како и на сите оние кои не ги почитуваат американските диктати, станува се пожестока и поагресивна, рече рускиот лидер.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека денешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, откако Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на Путин, сугерира дека Пекинг не мисли дека Кремљ треба да одговара за злосторствата во Украина.
- Светот не треба да биде измамен со каков било тактички потег на Русија, поддржан од Кина или која било друга земја, за да ја замрзне војната по свои услови, рече Блинкен, пренесува Би-би-си.
За утре е закажана средба на кинескиот лидер со рускиот премиер Михаил Мишустин, а предвидени се и официјални разговори во проширен формат со Путин и членовите на руската влада.

The post Путин и Си: Состанокот ги продлабочува пријателските односи меѓу Кина и Русија и испраќа порака до Западот appeared first on Република.

]]>
Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-kina-ima-pravo-da-prezeme-chekori-za-zashtita-na-svojot-suverenitet-i-teritorijalen-integritet/ Wed, 03 Aug 2022 06:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=536274

Русија соопшти дека Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“, посочувајќи ја како „јасна провокација“ посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.

Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР истовремено го повика Вашингтон „да се воздржи од акции што ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“.

Претходно синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата ги подгрева „зголемените тензии” во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.

Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме целосно солидарни со Кина, нејзиното однесување по однос проблемот е разбирливо и целосно оправдано, рече тој.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот, ниту еден разрешен конфликт со децении, а многу поттикнати судири“.

Независно од силното противење и негодување на Кина, Пелоси синоќа пристигна во Тајван, што е прва посета на висок американски функционер на островот последните 25 години.

Пекинг предупреди дека нејзиното доаѓање ќе го смета за голема провокација. Кинеската армија соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор” на таа посета.

The post Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет appeared first on Република.

]]>

Русија соопшти дека Кина има право да ги преземе „неопходните мерки за заштита на својот суверенитет“, посочувајќи ја како „јасна провокација“ посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.
Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Руското МНР истовремено го повика Вашингтон „да се воздржи од акции што ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“. Претходно синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека посетата ги подгрева „зголемените тензии” во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.
Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме целосно солидарни со Кина, нејзиното однесување по однос проблемот е разбирливо и целосно оправдано, рече тој.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека „Вашингтон внесува дестабилизација во светот, ниту еден разрешен конфликт со децении, а многу поттикнати судири“. Независно од силното противење и негодување на Кина, Пелоси синоќа пристигна во Тајван, што е прва посета на висок американски функционер на островот последните 25 години. Пекинг предупреди дека нејзиното доаѓање ќе го смета за голема провокација. Кинеската армија соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор” на таа посета.

The post Москва: Кина има право да преземе чекори за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет appeared first on Република.

]]>
Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-za-posetata-na-pelosi-na-tajvan-ova-e-ochigledna-provokacija-kina-ima-pravo-da-prezeme-merki/ Tue, 02 Aug 2022 20:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=536257

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг.

„Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот.

Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина.

Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг. „Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот. Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина. Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>
Кина „тајно“ и со попуст купува руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-tajno-i-so-popust-kupuva-ruska-nafta/ Sun, 22 May 2022 06:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=505351

Кина тајно го зголемува купувањето нафта од Русија по поволни цени, пополнувајќи ја празнината што ја оставија западните купувачи кои се повлекуваат од бизнисот со Русија поради војната во Украина, пишува Ројтерс.

Потегот на најголемиот светски увозник на нафта следи еден месец откако Кина првично го намали увозот од Русија, поради страв да не изгледа дека отворено ја поддржува Москва и потенцијално да ги изложи нејзините државни нафтени компании на санкции.

Кинескиот прекуморски увоз на руска нафта ќе скокне на речиси рекордни 1,1 милиони барели дневно во мај, во споредба со 750.000 барели во првиот квартал и 800.000 барели во 2021 година, според специјализираниот консултант Vortex.

Unipec, трговската филијала на најголемата азиска рафинерија Sinopec, го предводи купувањето заедно со Zhenhua Oil, која е дел од кинескиот одбранбен конгломерат Norinco, според податоците од бродските компании и трговците до кои имал пристап Ројтерс.

Трговски извори велат дека компанијата е регистрирана во Hong Kong Livna Shipping, од неодамна главен дистрибутер на руската нафта во Кина.

Ниската цена на руската нафта – спот цените на физичкиот пазар се, според трговски извори, за околу 29 долари пониски за барел во споредба со оние пред инвазијата и се вистински благодет за кинеските рафинерии. Цената е значително под конкурентните барели од Блискиот Исток, Африка, Европа и САД.

Кинеските компании ја пополнуваат новосоздадената дупка што ја оставија западните купувачи по руската инвазија на Украина, бидејќи САД, Велика Британија и некои други клучни купувачи на нафта го забранија увозот на руска нафта веднаш по инвазијата.

Европската унија го финализира планот за понатамошна рунда санкции, вклучително и забрана за купување руска нафта. Многу европски рафинерии веќе престанаа да купуваат од Русија поради страв да не наидат на санкции или да привлечат негативен публицитет.

Витол и Трафигура, големи светски трговци, постепено престанаа да купуваат од Роснефт, најголемиот руски производител на нафта, пред 15 мај и стапувањето во сила на правилата на ЕУ за забрана за купување руска нафта, освен ако не е „строго неопходно“ за енергетските потреби на ЕУ.

The post Кина „тајно“ и со попуст купува руска нафта appeared first on Република.

]]>

Кина тајно го зголемува купувањето нафта од Русија по поволни цени, пополнувајќи ја празнината што ја оставија западните купувачи кои се повлекуваат од бизнисот со Русија поради војната во Украина, пишува Ројтерс. Потегот на најголемиот светски увозник на нафта следи еден месец откако Кина првично го намали увозот од Русија, поради страв да не изгледа дека отворено ја поддржува Москва и потенцијално да ги изложи нејзините државни нафтени компании на санкции. Кинескиот прекуморски увоз на руска нафта ќе скокне на речиси рекордни 1,1 милиони барели дневно во мај, во споредба со 750.000 барели во првиот квартал и 800.000 барели во 2021 година, според специјализираниот консултант Vortex. Unipec, трговската филијала на најголемата азиска рафинерија Sinopec, го предводи купувањето заедно со Zhenhua Oil, која е дел од кинескиот одбранбен конгломерат Norinco, според податоците од бродските компании и трговците до кои имал пристап Ројтерс. Трговски извори велат дека компанијата е регистрирана во Hong Kong Livna Shipping, од неодамна главен дистрибутер на руската нафта во Кина. Ниската цена на руската нафта – спот цените на физичкиот пазар се, според трговски извори, за околу 29 долари пониски за барел во споредба со оние пред инвазијата и се вистински благодет за кинеските рафинерии. Цената е значително под конкурентните барели од Блискиот Исток, Африка, Европа и САД. Кинеските компании ја пополнуваат новосоздадената дупка што ја оставија западните купувачи по руската инвазија на Украина, бидејќи САД, Велика Британија и некои други клучни купувачи на нафта го забранија увозот на руска нафта веднаш по инвазијата. Европската унија го финализира планот за понатамошна рунда санкции, вклучително и забрана за купување руска нафта. Многу европски рафинерии веќе престанаа да купуваат од Русија поради страв да не наидат на санкции или да привлечат негативен публицитет. Витол и Трафигура, големи светски трговци, постепено престанаа да купуваат од Роснефт, најголемиот руски производител на нафта, пред 15 мај и стапувањето во сила на правилата на ЕУ за забрана за купување руска нафта, освен ако не е „строго неопходно“ за енергетските потреби на ЕУ.

The post Кина „тајно“ и со попуст купува руска нафта appeared first on Република.

]]>