русија - германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-germanija/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Sep 2022 09:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-germanija/ 32 32 Шолц: Русија не е сигурен снабдувач на енергијa. Медведев: Германија води хибридна војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-rusija-ne-e-siguren-snabduvach-na-energija-medvedev-germanija-vodi-hibridna-vojna/ Mon, 05 Sep 2022 09:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=547575

Германската влада објави дека ќе обезбеди пакет помош во вредност од повеќе од 65 милијарди евра за своите граѓани за да им помогне да се справат со зголемените трошоци за енергија но и со инфлацијата објавуваќи го новиот пакет мерки Шолц вината за економските тешкотии со кои се соочува германија, ја лоцираше во рускиот претседател Владимир Путин, кој како што изјави Шолц ги прекршил договорите.

Путин извесно време не ги исполнува обврските околу испораките и Русија веќе не е сигурен снабдувач на енергија, истакна Шолц.

Смртта и уништувањето во Украина се најлошите последици од путиновата војна,но ќе ја пребродиме зимата“, бидејќи Берлин долго се подготвуваше за тоа, изјави германскиот канцелар.

Коментирајќи ја изјавата на Шолц поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја обвини Германија дека води „хибридна војна“ против Русија, оправдувајќи го прекинот на испораката на гас за Берлин, со како што порача „непријателското“ однесување на Германија во екот на конфликтот во Украина.

Германската влада со пакет од 65 милијарди евра за справување со кризата и инфлацијата.

The post Шолц: Русија не е сигурен снабдувач на енергијa. Медведев: Германија води хибридна војна appeared first on Република.

]]>

Германската влада објави дека ќе обезбеди пакет помош во вредност од повеќе од 65 милијарди евра за своите граѓани за да им помогне да се справат со зголемените трошоци за енергија но и со инфлацијата објавуваќи го новиот пакет мерки Шолц вината за економските тешкотии со кои се соочува германија, ја лоцираше во рускиот претседател Владимир Путин, кој како што изјави Шолц ги прекршил договорите.
Путин извесно време не ги исполнува обврските околу испораките и Русија веќе не е сигурен снабдувач на енергија, истакна Шолц.
Смртта и уништувањето во Украина се најлошите последици од путиновата војна,но ќе ја пребродиме зимата“, бидејќи Берлин долго се подготвуваше за тоа, изјави германскиот канцелар. Коментирајќи ја изјавата на Шолц поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја обвини Германија дека води „хибридна војна“ против Русија, оправдувајќи го прекинот на испораката на гас за Берлин, со како што порача „непријателското“ однесување на Германија во екот на конфликтот во Украина. Германската влада со пакет од 65 милијарди евра за справување со кризата и инфлацијата.

The post Шолц: Русија не е сигурен снабдувач на енергијa. Медведев: Германија води хибридна војна appeared first on Република.

]]>
Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-situacijata-so-gasot-e-napnata-no-snabduvanjeto-e-zagarantirano/ Fri, 02 Sep 2022 21:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=546968

Германските власти соопштија дека снабдувањето со гас е загарантирано, иако руски „Гаспром“ реши да го продолжи прекинот на испорака преку Северен ток.

„Ситуацијата на пазарот со гас е напната, но снабдувањето е загарантирано“, соопштија властите.

https://republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/

„Гаспром“ објави дека Северен тек 1, кој требаше да почне со работа утре, нема да биде активиран додека не се поправи турбината на гасоводот.

https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/

The post Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано appeared first on Република.

]]>

Германските власти соопштија дека снабдувањето со гас е загарантирано, иако руски „Гаспром“ реши да го продолжи прекинот на испорака преку Северен ток. „Ситуацијата на пазарот со гас е напната, но снабдувањето е загарантирано“, соопштија властите. https://republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/ „Гаспром“ објави дека Северен тек 1, кој требаше да почне со работа утре, нема да биде активиран додека не се поправи турбината на гасоводот. https://republika.mk/vesti/svet/gazprom-utre-nema-da-distribuira-gas-kon-eu-preku-severen-potok-1-nema-informacii-koga-kje-pochne/

The post Германија: Ситуацијата со гасот е напната, но снабдувањето е загарантирано appeared first on Република.

]]>
Германија ќе ја поддржува Украина и во текот на зимата, па макар Германците излегле на улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-ja-poddrzuva-ukraina-i-vo-tekot-na-zimata-pa-makar-germancite-izlegle-na-ulica/ Fri, 02 Sep 2022 21:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=546961

Германија мора да ја поддржи Украина, па дури и Германците да излезат на улица поради растечките цени на енергенсите, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Ако им ветам на луѓето во Украина – ние сме со вас додека сме ви потребни – тогаш сакам тоа и да го исполнам. Без оглед на тоа што моите германски избирачи ќе помислат, јас сакам тоа да му го понудам на украинскиот народ, истакна Бербок.

Таа додаде дека санкциите против Русија ќе останат на сила и во зимскиот период, дури и политичарите да бидат соочени со незадоволни граѓани.

– Сега се соочуваме со зимата, кога ќе бидеме предизвикани како демократски политичари. Луѓе ќе излезат на улица и ќе кажат: Не можеме да ги платиме нашите цени на енергенсите. А јас ќе речам: Да, знам, ние ќе ви помогнеме со социјални мерки. Но, не сакам да одговорам: Океј, тогаш ги запираме санкциите против Русија. Ние ќе бидеме покрај Украина, а тоа значи оти санкциите ќе останат и зимата, дури и да им биде многу тешко на политичарите, појасни Бербок.

Медиуми пишуваат дека наводите на министерката од редовите на Зелените, предизвикале бројни критики од десничарската Алтернатива за Германија и левичарски партии, сметајќи оти на Бербок поважни ѝ се украинските од германските граѓани.

The post Германија ќе ја поддржува Украина и во текот на зимата, па макар Германците излегле на улица appeared first on Република.

Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-kje-prestane-da-kupuva-ruski-jaglen-i-nafta-na-31-dekemvri/ Wed, 13 Jul 2022 09:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=527973

По одлуката на Москва да ја нападне Украине, Германија сакаше да стави крај на енергетското потпирање врз Русија. Па денеска конечно успеа. Падна одлука дека земјата ќе го прекине купувањето руски јаглен на 1 август, а ќе прекине да купува руска нафта од 31 декември.

Русија претходно испорачуваше 40 отсто од германскиот јаглен и 40 отсто од нејзината нафта, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

The post Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември appeared first on Република.

]]>

По одлуката на Москва да ја нападне Украине, Германија сакаше да стави крај на енергетското потпирање врз Русија. Па денеска конечно успеа. Падна одлука дека земјата ќе го прекине купувањето руски јаглен на 1 август, а ќе прекине да купува руска нафта од 31 декември. Русија претходно испорачуваше 40 отсто од германскиот јаглен и 40 отсто од нејзината нафта, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес денеска на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

The post Германија ќе престане да купува руски јаглен и нафта на 31 декември appeared first on Република.

]]>
И Шолц одби руски ПЦР тест на Ковид-19 за средбата со Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-sholc-odbi-ruski-pcr-test-na-kovid-19-za-sredbata-so-putin/ Tue, 15 Feb 2022 09:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=458758

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Москва, на разговор со рускиот претседател околу деескалација на тензиите на руско – украинската граница, но пред средбата го одби ПЦР тестот, понуден од домаќините.

Наместо руски тест, Шолц одлучи лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, информираат извори од германската делегација.

И францускиот претседател Емануел Макрон, минатата недела, исто така, одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин.

Затоа, разговорот на Макрон и Путин се одвиваше на маса долга шест метри, како би се запазила физичката дистанца. На прес конференцијата по средбата, двајцата стоеја оддалечени еден од друг неколку метри.

Шолц е последниот во низата западни шефови на држави и влади, кои се вклучени во силната дипломатска офанзива за спречување на војната во Украина. Мисијата е чувствителна, бидејќи Германија е рускиот најголем трговски партнер во Европа.

Предвидено е состанокот во Кремљ да трае неколку часа, што ќе заврши со заедничка прес конференција.

Посетата е во време кога германско – руските односи се на најниско ниво. Украинската криза веројатно ќе ги засени неколкуте нерешени билатерални конфликти меѓу Берлин и Москва.

Шолц, за време на вчерашната посета во Киев, изјави дека сака да лобира кај Путин за смирување на кризата во Украина. Акумулацијата на десетици илјади руски војници долж украинската граница, Шолц ја опиша како нешто „несфатливо“.

Тој ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, па нагласи дека ЕУ и САД се подготвени да одговорат со остри економски санкции.

The post И Шолц одби руски ПЦР тест на Ковид-19 за средбата со Путин appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Москва, на разговор со рускиот претседател околу деескалација на тензиите на руско – украинската граница, но пред средбата го одби ПЦР тестот, понуден од домаќините. Наместо руски тест, Шолц одлучи лекар од германската амбасада да направи ПЦР тест, нешто што е предуслов за влез во Кремљ на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, информираат извори од германската делегација. И францускиот претседател Емануел Макрон, минатата недела, исто така, одби да се тестира со руски ПЦР тест, пред состанок со Путин. Затоа, разговорот на Макрон и Путин се одвиваше на маса долга шест метри, како би се запазила физичката дистанца. На прес конференцијата по средбата, двајцата стоеја оддалечени еден од друг неколку метри. Шолц е последниот во низата западни шефови на држави и влади, кои се вклучени во силната дипломатска офанзива за спречување на војната во Украина. Мисијата е чувствителна, бидејќи Германија е рускиот најголем трговски партнер во Европа. Предвидено е состанокот во Кремљ да трае неколку часа, што ќе заврши со заедничка прес конференција. Посетата е во време кога германско – руските односи се на најниско ниво. Украинската криза веројатно ќе ги засени неколкуте нерешени билатерални конфликти меѓу Берлин и Москва. Шолц, за време на вчерашната посета во Киев, изјави дека сака да лобира кај Путин за смирување на кризата во Украина. Акумулацијата на десетици илјади руски војници долж украинската граница, Шолц ја опиша како нешто „несфатливо“. Тој ја предупреди Русија да не ја напаѓа Украина, па нагласи дека ЕУ и САД се подготвени да одговорат со остри економски санкции.

The post И Шолц одби руски ПЦР тест на Ковид-19 за средбата со Путин appeared first on Република.

]]>
Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина, нема потреба да се драматизира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-germanskite-diplomati-ostanuvaat-vo-ukraina-nema-potreba-da-se-dramatizira/ Mon, 24 Jan 2022 14:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=448843

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев.

Ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има највисок приоритет - изјави Бербок пред самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Дипломатите, како и членовите на нивните семејства, нема да ги повлекува ниту Европската Унија.

Мислам дека не треба да драматизираме - изјави шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел.

Тој смета дека Украина не треба да се остави сама додека траат преговорите со Русија, но признава и дека ситуацијата може да се промени.

Вашингтон претходно најави дека поради тензичната ситуација ќе го намали бројот на вработени во амбасадата во Киев, но дека амбасадата ќе остане отворена.

https://republika.mk/vesti/svet/sad-i-dade-oruzje-na-ukrainskata-vojska-i-im-preporacha-na-svoite-gragjani-da-ja-napushtat-zemjata/

Велика Британија, исто така, ги повлекува вработените од својата амбасада во Киев.

The post Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина, нема потреба да се драматизира appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, изјави дека персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев.
Ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има највисок приоритет - изјави Бербок пред самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Дипломатите, како и членовите на нивните семејства, нема да ги повлекува ниту Европската Унија.
Мислам дека не треба да драматизираме - изјави шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел.
Тој смета дека Украина не треба да се остави сама додека траат преговорите со Русија, но признава и дека ситуацијата може да се промени. Вашингтон претходно најави дека поради тензичната ситуација ќе го намали бројот на вработени во амбасадата во Киев, но дека амбасадата ќе остане отворена. https://republika.mk/vesti/svet/sad-i-dade-oruzje-na-ukrainskata-vojska-i-im-preporacha-na-svoite-gragjani-da-ja-napushtat-zemjata/ Велика Британија, исто така, ги повлекува вработените од својата амбасада во Киев.

The post Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина, нема потреба да се драматизира appeared first on Република.

]]>