русија - еу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-eu/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Mar 2023 10:29:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png русија - еу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rusija-eu/ 32 32 ЕУ основа трибунал за гонење на руските злосторства во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-osnova-tribunal-za-gonene-na-ruskite-zlostorstva-vo-ukraina/ Wed, 15 Mar 2023 10:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=619813

Европската Унија основа Центар за судско гонење на руските злосторства на агресија врз Украина (ICPA) – нов трибунал специјализиран за истраги и процесуирање на руските злосторства извршени за време на агресијата врз Украина. Новиот центар ќе биде ќе биде составен дел од Европравда и веќе формираниот заедничкиот истражен тим за Украина
Неговата главна цел, како што објави Европската комисија, е да ги зајакне истрагите за кривичните дела произлезени од агресијата преку обезбедување клучни докази и олеснување на процесот на градење на случаи во рана фаза.

The post ЕУ основа трибунал за гонење на руските злосторства во Украина appeared first on Република.

]]>

Европската Унија основа Центар за судско гонење на руските злосторства на агресија врз Украина (ICPA) – нов трибунал специјализиран за истраги и процесуирање на руските злосторства извршени за време на агресијата врз Украина. Новиот центар ќе биде ќе биде составен дел од Европравда и веќе формираниот заедничкиот истражен тим за Украина Неговата главна цел, како што објави Европската комисија, е да ги зајакне истрагите за кривичните дела произлезени од агресијата преку обезбедување клучни докази и олеснување на процесот на градење на случаи во рана фаза.

The post ЕУ основа трибунал за гонење на руските злосторства во Украина appeared first on Република.

]]>
Членки на ЕУ формално изразија загриженост за коментарите на Макрон за потребата од безбедносни гаранции за Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chlenki-na-eu-formalno-izrazija-zagrizenost-za-komentarite-na-makron-za-potrebata-od-bezbednosni-garancii-za-rusija/ Tue, 13 Dec 2022 07:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=584986

Балтичките и други европски земји, кои беа вознемирени од коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносни гаранции за Русија, синоќа официјално го изразија своето неодобрување и ѝ ја објаснија својата позиција на Франција.

Во интервју за француската TEF1 емитувано на 3 декември, Макрон рече дека Европа мора да ја подготви својата идна безбедносна архитектура и да размисли „како да ѝ даде на Русија гаранции за нејзината безбедност на денот кога ќе се врати на преговарачка маса“.

Украина и балтичките земји веднаш ги осудија зборовите на шефот на француската држава. Француското претседателство и Министерството за надворешни работи се обидоа да ги минимизираат, но се чини дека во некои кругови несогласувањето сè уште не е исчезнато, јавија западни медиуми.

Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, помогна да се организира поддршка за формална дипломатска изјава позната како „демарш“.

Според дипломатски извори, за демаршот се залагале балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија, како и Полска и Словачка. Западни медиуми не можеле да утврдат колку земји вкупно го поддржале тој потег, ниту дали Чешка е меѓу нив.

Според дипломатите, минатата недела Чешка испратила предлог за демарш до земјите-членки на Европската унија. Во документот се вели дека претходните обиди на Русија за европска безбедносна архитектура имале за цел да ја поделат и ослабат Европа.

Во неофицијалниот документ се наведени аспектите на соработката и дијалогот со Русија, почнувајќи од договорот НАТО-Русија од 1997 година и завршувајќи со предлозите од декември минатата година, кои вклучуваат гаранции што ги бара Москва, велат дипломатите.

Чесите заедно со уште неколку претставници на земјите од ЕУ синоќа ја доставија конечната верзија на демаршот на шефот на директоратот „Континентална Европа“ во француското Министерство за надворешни работи.

Претставник на француското претседателство во петокот изјави дека нема ништо ново во зборовите на Макрон, додавајќи дека тие се во согласност со ставот на Украина дека ќе има преговори на крајот на војната.

The post Членки на ЕУ формално изразија загриженост за коментарите на Макрон за потребата од безбедносни гаранции за Русија appeared first on Република.

]]>

Балтичките и други европски земји, кои беа вознемирени од коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносни гаранции за Русија, синоќа официјално го изразија своето неодобрување и ѝ ја објаснија својата позиција на Франција. Во интервју за француската TEF1 емитувано на 3 декември, Макрон рече дека Европа мора да ја подготви својата идна безбедносна архитектура и да размисли „како да ѝ даде на Русија гаранции за нејзината безбедност на денот кога ќе се врати на преговарачка маса“. Украина и балтичките земји веднаш ги осудија зборовите на шефот на француската држава. Француското претседателство и Министерството за надворешни работи се обидоа да ги минимизираат, но се чини дека во некои кругови несогласувањето сè уште не е исчезнато, јавија западни медиуми. Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, помогна да се организира поддршка за формална дипломатска изјава позната како „демарш“. Според дипломатски извори, за демаршот се залагале балтичките земји Естонија, Летонија и Литванија, како и Полска и Словачка. Западни медиуми не можеле да утврдат колку земји вкупно го поддржале тој потег, ниту дали Чешка е меѓу нив. Според дипломатите, минатата недела Чешка испратила предлог за демарш до земјите-членки на Европската унија. Во документот се вели дека претходните обиди на Русија за европска безбедносна архитектура имале за цел да ја поделат и ослабат Европа. Во неофицијалниот документ се наведени аспектите на соработката и дијалогот со Русија, почнувајќи од договорот НАТО-Русија од 1997 година и завршувајќи со предлозите од декември минатата година, кои вклучуваат гаранции што ги бара Москва, велат дипломатите. Чесите заедно со уште неколку претставници на земјите од ЕУ синоќа ја доставија конечната верзија на демаршот на шефот на директоратот „Континентална Европа“ во француското Министерство за надворешни работи. Претставник на француското претседателство во петокот изјави дека нема ништо ново во зборовите на Макрон, додавајќи дека тие се во согласност со ставот на Украина дека ќе има преговори на крајот на војната.

The post Членки на ЕУ формално изразија загриженост за коментарите на Макрон за потребата од безбедносни гаранции за Русија appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори  https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-gi-povikuvaat-na-razgovor-ruskite-ambasadori/ Sun, 02 Oct 2022 17:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=556589

Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ.

Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник се повикани руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска. Во петокот веќе беше повикан рускиот амбасадор во Белгија.

Повикувањето го координира Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), дипломатската служба на ЕУ.

The post Членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори  appeared first on Република.

]]>

Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник се повикани руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска. Во петокот веќе беше повикан рускиот амбасадор во Белгија. Повикувањето го координира Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), дипломатската служба на ЕУ.

The post Членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори  appeared first on Република.

]]>
Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-eu-razmisluva-za-novi-sankcii-protiv-rusija/ Thu, 22 Sep 2022 06:14:29 +0000 https://republika.mk/?p=553040

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, доцна синоќа во Њујорк изјави дека ЕУ размислува за нови санкции против Русија по „ескалацијата“ што ја најави Москва.

Борел ова го изјави по неформалниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Њујорк, одржан на маргините на генералната дебата на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Министрите на средбата изјавија дека најостро ја осудуваат „последната ескалација на Русија“.

– Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата воена помош и проучуваме нови рестриктивни мерки против Русија, рече Борел.

Во Русија вчера стапи во сила наредба на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација на резервистите за пополнување на силите во војната во Украина.

Путин вети и поддршка за одржување референдуми во сепаратистичките републики Луганск и Доњецк, како и во регионите Херсон и Запорожје во Украина за приклучување кон Русија. Тој додаде дека руското оружје е помодерно од она на НАТО и оти доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства.

The post Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, доцна синоќа во Њујорк изјави дека ЕУ размислува за нови санкции против Русија по „ескалацијата“ што ја најави Москва. Борел ова го изјави по неформалниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Њујорк, одржан на маргините на генералната дебата на заседанието на Генералното собрание на ОН. Министрите на средбата изјавија дека најостро ја осудуваат „последната ескалација на Русија“.
– Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата воена помош и проучуваме нови рестриктивни мерки против Русија, рече Борел.
Во Русија вчера стапи во сила наредба на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација на резервистите за пополнување на силите во војната во Украина. Путин вети и поддршка за одржување референдуми во сепаратистичките републики Луганск и Доњецк, како и во регионите Херсон и Запорожје во Украина за приклучување кон Русија. Тој додаде дека руското оружје е помодерно од она на НАТО и оти доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства.

The post Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија appeared first on Република.

]]>
Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-do-zapadot-nema-da-dochekate-raspad-na-rusija/ Sat, 17 Sep 2022 09:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=551660

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска, по завршувањето на самитот на Шангајската организација за соработка, одговараше на актуелните прашања на новинарите.

„Со децении Западот ја негува идејата за распаѓање на Русија“, рече Путин.

„Западот нема да чека распад на Русија“, додаде рускиот претседател.

Тој рече дека Западот се обидел да создаде „антируска енклава во Украина со цел да ја собори Русија“. За да се спречи тоа, беше почната специјална воена операција, додаде тој.

„Русија засега воздржано одговара на украинските напади врз нејзината инфраструктура и терористичките напади во Киев“, изјави рускиот лидер, пренесува РТРС.

Во врска со контраофанзивата на Киев, Путин рече: „Ќе видиме како ќе заврши“.

За да се одржи средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Киев мора да се согласи на преговори.

„Ердоган предлага средба со Зеленски мислејќи дека таа може да има позитивен резултат“, рече Путин.

„Киев не сака преговори, туку сака да ги решава проблемите со воени средства – продолжи“, рече Путин.

Тој исто така додаде дека основната цел на руската агресија или, како што вели, специјалните воени операции, е ослободување на Донбас.

„Руската офанзива во Донбас не запира, но не брзаме“, рече Путин, пренесуваат медиумите.

The post Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска, по завршувањето на самитот на Шангајската организација за соработка, одговараше на актуелните прашања на новинарите.
„Со децении Западот ја негува идејата за распаѓање на Русија“, рече Путин. „Западот нема да чека распад на Русија“, додаде рускиот претседател.
Тој рече дека Западот се обидел да создаде „антируска енклава во Украина со цел да ја собори Русија“. За да се спречи тоа, беше почната специјална воена операција, додаде тој.
„Русија засега воздржано одговара на украинските напади врз нејзината инфраструктура и терористичките напади во Киев“, изјави рускиот лидер, пренесува РТРС.
Во врска со контраофанзивата на Киев, Путин рече: „Ќе видиме како ќе заврши“. За да се одржи средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Киев мора да се согласи на преговори.
„Ердоган предлага средба со Зеленски мислејќи дека таа може да има позитивен резултат“, рече Путин. „Киев не сака преговори, туку сака да ги решава проблемите со воени средства – продолжи“, рече Путин.
Тој исто така додаде дека основната цел на руската агресија или, како што вели, специјалните воени операции, е ослободување на Донбас.
„Руската офанзива во Донбас не запира, но не брзаме“, рече Путин, пренесуваат медиумите.

The post Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија appeared first on Република.

]]>
Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-im-zabrani-vlez-vo-rusija-na-voeni-funkcioneri-od-eu/ Wed, 07 Sep 2022 21:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=548488

Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје.

Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија.

Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.

The post Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Русија денеска соопшти дека вовела санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на „непријателската антируска политика на Западот“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени функционери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје. Меѓу санкционираните има вработени во компании кои ја снабдуваат Украина со оружје. Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им е забранет влез во Русија. Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.

The post Москва им забрани влез во Русија на воени функционери од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Долг процес плус 80 евра, ЕУ им го усложнува влезот на Русите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolg-proces-plus-80-evra-eu-im-go-usloznuva-vlezot-na-rusite/ Wed, 07 Sep 2022 20:42:12 +0000 https://republika.mk/?p=548513

Русите кои сакаат да влезат во ЕУ ќе се соочат со подолг процес на аплицирање и зголемување на таксите од 35 на 80 евра, што значи дека ќе треба да издвојат уште 45 евра, пишува Би-би-си.

„Ова треба да продолжи се додека Москва ја води својата агресивна војна против Украина“, објави Комисијата на ЕУ.

Повеќе од милион Руси отпатувале во земјите на ЕУ од инвазијата на Украина која започна во февруари, додава Би-Би-Си.

Маргаритис Шинас, потпретседател на Комисијата на ЕУ, рече дека Русија „целосно ја поткопа“ довербата на која се заснова постојниот договор за визи меѓу ЕУ и Русија.

Според тој договор, Русите веќе 15 години уживаат поефикасен процес на виза за ЕУ.

Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, на Твитер напиша дека визниот договор треба да биде суспендиран бидејќи „не може да биде бизнис како и обично“ со Русија.

Некои земји од ЕУ кои граничат со Русија веќе почнаа да ги зајакнуваат граничните контроли.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела призна дека одлуката на ЕУ ќе им го отежне животот на руските патници, нарекувајќи го предлогот „уште една смешна одлука во низата актуелни апсурди“.

Покрај тоа, Комисијата на ЕУ предлага земјите-членки да одбијат да ги признаат руските пасоши издадени во окупирана Украина, пишува Би-Би-Си.

The post Долг процес плус 80 евра, ЕУ им го усложнува влезот на Русите appeared first on Република.

]]>

Русите кои сакаат да влезат во ЕУ ќе се соочат со подолг процес на аплицирање и зголемување на таксите од 35 на 80 евра, што значи дека ќе треба да издвојат уште 45 евра, пишува Би-би-си. „Ова треба да продолжи се додека Москва ја води својата агресивна војна против Украина“, објави Комисијата на ЕУ. Повеќе од милион Руси отпатувале во земјите на ЕУ од инвазијата на Украина која започна во февруари, додава Би-Би-Си. Маргаритис Шинас, потпретседател на Комисијата на ЕУ, рече дека Русија „целосно ја поткопа“ довербата на која се заснова постојниот договор за визи меѓу ЕУ и Русија. Според тој договор, Русите веќе 15 години уживаат поефикасен процес на виза за ЕУ. Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон дер Лајен, на Твитер напиша дека визниот договор треба да биде суспендиран бидејќи „не може да биде бизнис како и обично“ со Русија. Некои земји од ЕУ кои граничат со Русија веќе почнаа да ги зајакнуваат граничните контроли. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела призна дека одлуката на ЕУ ќе им го отежне животот на руските патници, нарекувајќи го предлогот „уште една смешна одлука во низата актуелни апсурди“. Покрај тоа, Комисијата на ЕУ предлага земјите-членки да одбијат да ги признаат руските пасоши издадени во окупирана Украина, пишува Би-Би-Си.

The post Долг процес плус 80 евра, ЕУ им го усложнува влезот на Русите appeared first on Република.

]]>
ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-za-odlukata-na-gasprom-ova-e-dokaz-za-ruskiot-cinizam/ Fri, 02 Sep 2022 21:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=546967

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа.

Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“.

„Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“.

„Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки.

Според Би-би-си, кој се повикува на анализа на компанијата Рајстад енерџи, на руската граница со Финска секој ден се согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти.

Научниците се загрижени поради количествата јаглерод диоксид и чадот кој го создава новата постројка за течен природен гас (ЛНГ) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург.

Граѓани на Финска претходно ова лето на хоризонтот виделе голем пламен, а научниците известиле за значителното зголемување на топлина кое доаѓа од објектот. Иако палењето, односно согорувањето на гасот е нормален процес, размерите на согорување гас во објектот биле без преседан, тврдат експертите.

„Никогаш не сум видела некој објект за ЛНГ толку да гори. Во јуни забележавме големо ниво на согорување. И не престанува. Останува ненормално високо“, вели Џесика Мекарти, експертка за анализа на сателитски податоци на Универзитетот Мајами.

The post ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам appeared first on Република.

]]>

Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа. Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“. „Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“. „Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки. Според Би-би-си, кој се повикува на анализа на компанијата Рајстад енерџи, на руската граница со Финска секој ден се согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти. Научниците се загрижени поради количествата јаглерод диоксид и чадот кој го создава новата постројка за течен природен гас (ЛНГ) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург. Граѓани на Финска претходно ова лето на хоризонтот виделе голем пламен, а научниците известиле за значителното зголемување на топлина кое доаѓа од објектот. Иако палењето, односно согорувањето на гасот е нормален процес, размерите на согорување гас во објектот биле без преседан, тврдат експертите. „Никогаш не сум видела некој објект за ЛНГ толку да гори. Во јуни забележавме големо ниво на согорување. И не престанува. Останува ненормално високо“, вели Џесика Мекарти, експертка за анализа на сателитски податоци на Универзитетот Мајами.

The post ЕУ за одлуката на „Гаспром“: Ова е доказ за рускиот цинизам appeared first on Република.

]]>
Борел: Не е добра идејата да им ја затвориме вратата на сите Руси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/borel-ne-e-dobra-idejata-da-im-ja-zatvorime-vratata-na-site-rusi/ Mon, 22 Aug 2022 20:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=543035

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека не ја поддржува идејата за целосна забрана за издавање визи за Русите.

-Тоа е многу контроверзен предлог. Некои земји веќе презедоа мерки во овој поглед, други нема да го поддржат. Мислам дека не е добра идеја да им се забрани влез во ЕУ на сите Руси. Треба да бидеме поселективни – рече Борел на почетокот на дебатата за иднината на Европа во Сантандер, Шпанија.

Тој вели дека не треба да им се дозволи влез во ЕУ на најголемите руски бизнисмени, но дека има многу Руси „кои сакаат да ја напуштат земјата и кои не се подготвени да бидат таму во таква ситуација“.

-Не можеме да им ја затвориме вратата на овие Руси. Мислам дека тоа не е добра идеја – рече Борел.

The post Борел: Не е добра идејата да им ја затвориме вратата на сите Руси appeared first on Република.

Блумберг: Западот е уморен од санкциите против Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blumberg-zapadot-e-umoren-od-sankciite-protiv-putin/ Tue, 07 Jun 2022 18:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=512217

Ефектот на западните санкции против Владимир Путин е слаб. Иако Европската унија се издвојува со своите најстроги мерки досега против руската воена машина – вклучително и делумна забрана за увоз на нафта – има се поголем број на отстапки, од отстранување на нафтата од гасоводот од санкции до отстранување на омилениот свештеник на Путин од листата на санкции.

Унгарскиот лидер Виктор Орбан, фан на Путин, очигледно игра голема улога во разбивањето на обединетиот фронт. Сепак, ризикот од замор и опаѓање на моралот оди подалеку од Будимпешта. Цената на ударот на Путин таму каде што боли – енергијата – ги заробува главите на многу национални лидери во време на висока инфлација и економско забавување, како и мрачна сцена на руски напредок што повторно добива на интензитет по 100 дена борба, пишува Блумберг.

Со оглед на тоа што разликите во мислењата се шират внатре и надвор од ЕУ за тоа како може да изгледа крајот на кризата, ова не навестува добро за краток рок. Естонската премиерка Каја Калас, која сега мора повторно да ја собере својата владејачка коалиција по минатонеделниот распад, сака да го продолжи притисокот врз Москва. Но, тој признава дека отсега ќе биде сè потешко, со мали шанси за ембарго за гас во следниот сет на ограничувања.

Не постои едноставно решение за заморот од санкции. Финансиското оружје е несовршена алатка која е склона кон нерамномерна имплементација и несакани последици. Невидениот опсег на санкции против потесното опкружување на Путин, како и финансискиот систем, авиокомпаниите и трговијата на Русија, ќе придонесат за пад од 10% на бруто домашниот производ на Русија оваа година.

Но, тоа не го одврати ниту го собори Путин.

Уште полошо, имаше и некои контрапродуктивни ефекти. Зголемените цени на енергијата ги наполнија џебовите на Путин додека ги осиромашија увозниците. Приходите на Русија од нафта и гас ќе бидат околу 285 милијарди долари оваа година, според проценките на Bloomberg Economics. Кога на тоа ќе се додадат и други стоки, бројката надминува 300 милијарди долари во девизните резерви на Русија замрзнати поради санкциите.

И додека запленувањето на јахти и вили на богати олигарси дава добро чувство, непријатно е да се гледаат западните компании како заминуваат од Русија како продаваат имот на оние милијардери кои се всушност преголеми за да бидат санкционирани.

Дури и ако долгорочниот одговор е да се преземат посилни и побрзи мерки против Русија, ќе биде од витално значење прво да се зајакне економската одбрана дома. Barclays проценува дека целосното ембарго на рускиот природен гас може да го намали БДП на еврозоната за 4% во споредба со основното сценарио. Без дополнителна економска поддршка за домаќинствата, реториката на Орбан, која невкусно ги споредува енергетските санкции со економска „нуклеарна бомба“, ќе се прошири.

Веќе, анкетата на YouG во април покажа дека европското јавно мислење е донекаде контрадикторно: повеќе од 30% од испитаниците во седум земји, вклучувајќи ги Шпанија и Италија, се залагаат за инвестирање во трговијата и дипломатијата со Русија, наместо во одбраната и безбедноста.

Без светлината на крајот од економскиот тунел, расположението на јавноста може целосно да се промени. Ако оваа војна се одолговлекува и стане тест за моралот, Западот и ЕУ имаат предност во однос на ресурсите и човечкиот капитал, како што забележа Мигел Отеро Иглесијас од Кралскиот институт Елкано. Но, тоа доаѓа со потребата да се заштитат најранливите во општеството и фискалната поддршка ќе биде неизбежна, пишува Блумберг.

Мерките за поддршка во стилот на пандемијата треба да ги поттикнат следните чекори на европската политика, или преку заедничка структура за задолжување на Фондот за закрепнување на ЕУ или сигурни заеми што им се нудат на членките за заштита на вработувањето. Единството навистина ќе биде сила во време на зголемени каматни стапки и кревки јавни финансии, особено кога Путин почнува да го ограничува снабдувањето со гас на земјите кои не играат според неговите правила.

Лесно е да се претпостави, како што направија некои, дека линијата на поделба е во овој конфликт меѓу оние кои сакаат да му попуштат на Путин и оние кои се на страната на Украина. Ова не е ниту точно ниту корисно. Италијанскиот пример е особено поучен. Пред инвазијата на Путин, Марио Драги размислуваше за подлабоки гасни врски со Русија. Оттогаш тој ја поддржа забраната за увоз на руска нафта и го поддржа испраќањето тешко оружје во Украина и покрај домашниот политички отпор.

The post Блумберг: Западот е уморен од санкциите против Путин appeared first on Република.

]]>

Ефектот на западните санкции против Владимир Путин е слаб. Иако Европската унија се издвојува со своите најстроги мерки досега против руската воена машина – вклучително и делумна забрана за увоз на нафта – има се поголем број на отстапки, од отстранување на нафтата од гасоводот од санкции до отстранување на омилениот свештеник на Путин од листата на санкции.
Унгарскиот лидер Виктор Орбан, фан на Путин, очигледно игра голема улога во разбивањето на обединетиот фронт. Сепак, ризикот од замор и опаѓање на моралот оди подалеку од Будимпешта. Цената на ударот на Путин таму каде што боли – енергијата – ги заробува главите на многу национални лидери во време на висока инфлација и економско забавување, како и мрачна сцена на руски напредок што повторно добива на интензитет по 100 дена борба, пишува Блумберг.
Со оглед на тоа што разликите во мислењата се шират внатре и надвор од ЕУ за тоа како може да изгледа крајот на кризата, ова не навестува добро за краток рок. Естонската премиерка Каја Калас, која сега мора повторно да ја собере својата владејачка коалиција по минатонеделниот распад, сака да го продолжи притисокот врз Москва. Но, тој признава дека отсега ќе биде сè потешко, со мали шанси за ембарго за гас во следниот сет на ограничувања. Не постои едноставно решение за заморот од санкции. Финансиското оружје е несовршена алатка која е склона кон нерамномерна имплементација и несакани последици. Невидениот опсег на санкции против потесното опкружување на Путин, како и финансискиот систем, авиокомпаниите и трговијата на Русија, ќе придонесат за пад од 10% на бруто домашниот производ на Русија оваа година. Но, тоа не го одврати ниту го собори Путин. Уште полошо, имаше и некои контрапродуктивни ефекти. Зголемените цени на енергијата ги наполнија џебовите на Путин додека ги осиромашија увозниците. Приходите на Русија од нафта и гас ќе бидат околу 285 милијарди долари оваа година, според проценките на Bloomberg Economics. Кога на тоа ќе се додадат и други стоки, бројката надминува 300 милијарди долари во девизните резерви на Русија замрзнати поради санкциите. И додека запленувањето на јахти и вили на богати олигарси дава добро чувство, непријатно е да се гледаат западните компании како заминуваат од Русија како продаваат имот на оние милијардери кои се всушност преголеми за да бидат санкционирани. Дури и ако долгорочниот одговор е да се преземат посилни и побрзи мерки против Русија, ќе биде од витално значење прво да се зајакне економската одбрана дома. Barclays проценува дека целосното ембарго на рускиот природен гас може да го намали БДП на еврозоната за 4% во споредба со основното сценарио. Без дополнителна економска поддршка за домаќинствата, реториката на Орбан, која невкусно ги споредува енергетските санкции со економска „нуклеарна бомба“, ќе се прошири. Веќе, анкетата на YouG во април покажа дека европското јавно мислење е донекаде контрадикторно: повеќе од 30% од испитаниците во седум земји, вклучувајќи ги Шпанија и Италија, се залагаат за инвестирање во трговијата и дипломатијата со Русија, наместо во одбраната и безбедноста.
Без светлината на крајот од економскиот тунел, расположението на јавноста може целосно да се промени. Ако оваа војна се одолговлекува и стане тест за моралот, Западот и ЕУ имаат предност во однос на ресурсите и човечкиот капитал, како што забележа Мигел Отеро Иглесијас од Кралскиот институт Елкано. Но, тоа доаѓа со потребата да се заштитат најранливите во општеството и фискалната поддршка ќе биде неизбежна, пишува Блумберг.
Мерките за поддршка во стилот на пандемијата треба да ги поттикнат следните чекори на европската политика, или преку заедничка структура за задолжување на Фондот за закрепнување на ЕУ или сигурни заеми што им се нудат на членките за заштита на вработувањето. Единството навистина ќе биде сила во време на зголемени каматни стапки и кревки јавни финансии, особено кога Путин почнува да го ограничува снабдувањето со гас на земјите кои не играат според неговите правила. Лесно е да се претпостави, како што направија некои, дека линијата на поделба е во овој конфликт меѓу оние кои сакаат да му попуштат на Путин и оние кои се на страната на Украина. Ова не е ниту точно ниту корисно. Италијанскиот пример е особено поучен. Пред инвазијата на Путин, Марио Драги размислуваше за подлабоки гасни врски со Русија. Оттогаш тој ја поддржа забраната за увоз на руска нафта и го поддржа испраќањето тешко оружје во Украина и покрај домашниот политички отпор.

The post Блумберг: Западот е уморен од санкциите против Путин appeared first on Република.

]]>
Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/naftenoto-embargo-vrz-rusija-kje-vazi-za-site-osven-za-zemjite-bez-izlez-na-more/ Tue, 31 May 2022 06:00:09 +0000 https://republika.mk/?p=509012

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит.

Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.

До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел.

Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба.

Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа објасни и дека Хрватска се нуди да ѝ помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод.

Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез  на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта  различен од јадранската нафта, рече Фон дер Лајен.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта.

Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море.

Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми.

Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.

The post Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море appeared first on Република.

]]>

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа политички договор синоќа за ембарго од околу 90 отсто врз руската нафта, Унгарија го доби исклучокот што го бараше, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај песимизмот во одредени кругови во ЕУ, лидерите сепак изнајдоа начелен политички договор за руската нафта. До крајот на годината сировата нафта и нафтените производи од Русија ќе подлежат на ембарго, освен во случај на испораката на нафтоводот Дружба кон југот, објаснија претседателите Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по првиот ден од вонредниот лидерски самит. Целата нафта што се пренесува преку море ќе подлежи на ембарго, како и делот од нафтата што се пренесува преку нафтоводот Дружба кон северните земји, односно Полска и Германија. Нафтата пак што Дружба ја носи кон јужните земји, Унгарија и Словачка пред сѐ, ќе биде изземена согласно политичкиот договор склучен денеска на лидерско ниво. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда овој договор ќе го преточат во законски текст, најави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Изземањето на земјите без излез на море е исто така привремено, потенцираше Мишел.
До крајот на годината 90 отсто од руската нафта ќе биде забранета, а ќе се навратиме што поскоро на привремениот исклучок, рече Мишел.
Идејата е на земјите без излез на море да им се даде време да ги адаптираат своите инфраструктури за да можат да увезуваат друг вид на нафта од руската и од нафтоводот Дружба.
Десетте отсто што остануваат се јужниот дел на Дружба и се договоривме да се навратиме на ова што поскоро на еден или друг начин, ќе се навратиме, ова е голем чекор напред, веќе се ослободивме од јагленот, сега имаме договор за одвикнување од нафтата со јасен временски рок, рече претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа објасни и дека Хрватска се нуди да ѝ помогне на Унгарија во транзицијата од Дружба кон јадранскиот нафтовод.
Има јадрански нафтовод чиј капацитет може да се зголеми како што објасни хрватскиот премиер, и навремено да испорача нафта во Унгарија, временскиот рок потребен за да се зголеми капацитетот е 45 до 60 дена, потребни се неколку инвестиции, исто така рафинериите во земјите без излез  на море ќе треба да се прилагодат бидејќи квалитетот на руската нафта  различен од јадранската нафта, рече Фон дер Лајен.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан исто така бараше гаранции во случај на оштетување на нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, дека ќе му биде дозволено да продолжи да добива руска нафта.
Ова е фер за европските граѓани, ја земаме предвид безбедноста на набавка на енергија, затоа и толку е тешко, на овој начин ќе биде помалку болно, помалку ризично, помалку тешко, рече Мишел, додавајќи дека овој исклучок не се однесува само на Унгарија туку на сите земји без излез на море.
Освен ембаргото врз нафтата, лидерите денеска се согласија да ја исклучат најголемата комерцијална руска банка, Сбербанк, од системот СВИФТ, да се забранат низа руски компании во ЕУ и да се забранат уште три руски државни медиуми. Постигнат е и политички договор да и се обезбедат девет милијарди евра макрофинансиска помош на Украина.

The post Нафтеното ембарго врз Русија ќе важи за сите освен за земјите без излез на море appeared first on Република.

]]>
ЕК нема информации дека некоја земја платила руски гас во рубли https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-nema-informacii-deka-nekoja-zemja-platila-ruski-gas-vo-rubli/ Mon, 02 May 2022 20:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=496534

Европската комисија нема информации дека некоја европска компанија платила за рускиот гас во рубљи, откако Москва побара од странските купувачи да се придржуваат до механизмот за плаќање со претворање на евра или долари во рубљи, изјави денеска европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон.

Комисијата нема информации за која било земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа, рече Симсон по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ во Брисел.

Еврокомесарот за енергетика рече и дека Комисијата нема информации за некоја земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа.

https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-i-drugi-plakjaat-vo-rublji-za-ruskiot-gas-ama-za-niv-se-molchi/

The post ЕК нема информации дека некоја земја платила руски гас во рубли appeared first on Република.

]]>

Европската комисија нема информации дека некоја европска компанија платила за рускиот гас во рубљи, откако Москва побара од странските купувачи да се придржуваат до механизмот за плаќање со претворање на евра или долари во рубљи, изјави денеска европскиот комесар за енергетика Кадри Симсон.
Комисијата нема информации за која било земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа, рече Симсон по пристигнувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ во Брисел.
Еврокомесарот за енергетика рече и дека Комисијата нема информации за некоја земја или приватна компанија што е подготвена да го стори тоа. https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-i-drugi-plakjaat-vo-rublji-za-ruskiot-gas-ama-za-niv-se-molchi/

The post ЕК нема информации дека некоја земја платила руски гас во рубли appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Банкротот на Русија е само прашање на време https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-bankrotot-na-rusija-e-samo-prashanje-na-vreme/ Mon, 18 Apr 2022 06:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=489729

Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ. Ова денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела продираат подлабоко во руската економија и дека извозот во Русија опаѓа за 70%.

„700 руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го свртуваат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне за 11 отсто”, рече таа.

Запрашана за подготовките за воведување на шестиот пакет санкции против Русија, Фон дер Лајен рече дека ЕУ продолжува да го следи банкарскиот сектор, особено Сбербанк, која сама сочинува 37% од рускиот банкарски сектор, но дека, се разбира, има енергетски проблеми.

Истакнувајќи дека земјите од ЕУ и плаќаат на Русија по 450 милиони евра секој ден само за испорака на нафта, таа изјави дека примарна цел е да се намалат приходите на Путин.

„Но, нафтата се тргува на глобално ниво. Она што не треба да се случи е тоа што Путин наплаќа уште повисоки цени на другите пазари… Затоа во моментов развиваме паметни механизми за нафтата да може да биде вклучена во следниот чекор од санкциите“, вели тaa.

Таа изјави дека Украина може да победи во војната и дека храброста и отпорот на Украина се импресивни.

https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-bankrotot-na-rusija-moze-da-predizvika-bankrot-na-evropa-2/

На прашањето дали победата значи повторно протерување на Русија од источна Украина, фон дер Лајен рече дека победата значи повторно мир во Украина и под кои услови Украина одлучува сама.

На изјавата на „Билд“ дека во Украина се собираат докази за воени злосторства, Фон дер Лајен истакна дека е цврсто убедена дека сторителите за злосторствата ќе бидат казнети од меѓународниот суд.

„Формиравме истражен тим со Украина за да обезбедиме информации до Меѓународниот суд на правдата. Има многу докази за злосторства извршени од руски војници. Но, не само директните извршители треба да бидат изведени пред лицето на правдата, туку и оние кои се одговорни за оваа скапа војна коа чини илјадници цивили. Путин е одговорен за оваа војна, тој нареди инвазија и ги влече сите конци“, рече таа.

Фон дер Лајен посочи дека мора да направиме се за да заврши војната што е можно поскоро, но истовремено да се подготвиме за фактот дека, во најлош случај, војната може да трае со месеци, па дури и со години.

The post ЕУ: Банкротот на Русија е само прашање на време appeared first on Република.

]]>

Банкротот на Русија е само прашање на време, а со оваа војна рускиот претседател Владимир Путин ја уништува сопствената држава и иднината на нејзиниот народ. Ова денеска го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа во интервју за германскиот весник „Билд“ рече дека санкциите секоја недела продираат подлабоко во руската економија и дека извозот во Русија опаѓа за 70%.
„700 руски авиони ги загубија своите лиценци поради недостиг на резервни делови и ажурирања на софтверот. Стотици големи компании и илјадници експерти и го свртуваат грбот на таа земја. Според сегашните прогнози, бруто домашниот производ на Русија ќе падне за 11 отсто”, рече таа.
Запрашана за подготовките за воведување на шестиот пакет санкции против Русија, Фон дер Лајен рече дека ЕУ продолжува да го следи банкарскиот сектор, особено Сбербанк, која сама сочинува 37% од рускиот банкарски сектор, но дека, се разбира, има енергетски проблеми. Истакнувајќи дека земјите од ЕУ и плаќаат на Русија по 450 милиони евра секој ден само за испорака на нафта, таа изјави дека примарна цел е да се намалат приходите на Путин.
„Но, нафтата се тргува на глобално ниво. Она што не треба да се случи е тоа што Путин наплаќа уште повисоки цени на другите пазари… Затоа во моментов развиваме паметни механизми за нафтата да може да биде вклучена во следниот чекор од санкциите“, вели тaa.
Таа изјави дека Украина може да победи во војната и дека храброста и отпорот на Украина се импресивни. https://republika.mk/vesti/svet/medvedev-bankrotot-na-rusija-moze-da-predizvika-bankrot-na-evropa-2/ На прашањето дали победата значи повторно протерување на Русија од источна Украина, фон дер Лајен рече дека победата значи повторно мир во Украина и под кои услови Украина одлучува сама. На изјавата на „Билд“ дека во Украина се собираат докази за воени злосторства, Фон дер Лајен истакна дека е цврсто убедена дека сторителите за злосторствата ќе бидат казнети од меѓународниот суд.
„Формиравме истражен тим со Украина за да обезбедиме информации до Меѓународниот суд на правдата. Има многу докази за злосторства извршени од руски војници. Но, не само директните извршители треба да бидат изведени пред лицето на правдата, туку и оние кои се одговорни за оваа скапа војна коа чини илјадници цивили. Путин е одговорен за оваа војна, тој нареди инвазија и ги влече сите конци“, рече таа.
Фон дер Лајен посочи дека мора да направиме се за да заврши војната што е можно поскоро, но истовремено да се подготвиме за фактот дека, во најлош случај, војната може да трае со месеци, па дури и со години.

The post ЕУ: Банкротот на Русија е само прашање на време appeared first on Република.

]]>
Медведев: Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-bankrotot-na-rusija-moze-da-predizvika-bankrot-na-evropa-2/ Mon, 18 Apr 2022 06:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=489723

Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод тврдењето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „банкротот на Русија е само прашање на време“.

Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа, морален и материјален, напиша Медведев на Телеграм, додавајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е толку стабилен и оти граѓаните ја губат довербата.

Медведев смета и дека властите на ЕУ треба да очекуваат „голема благодарност од Европејците за хиперинфлацијата за која не може да се обвинува Русија, за недостигот на основни прехранбени производи во продавниците и приливот на бегалци што ќе предизвика бран на насилен криминал“.

The post Медведев: Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа appeared first on Република.

ЕУ утре најверојатно ќе усвои нови санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-utre-najverojatno-kje-usvoi-novi-sankcii-protiv-rusija/ Tue, 05 Apr 2022 07:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=483393

Европската унија утре најверојатно ќе усвои нова рунда санкции против Русија по извештаите за убиства на цивили во северна Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања Клемен Бон.

Новите санкции веројатно ќе бидат усвоени утре, изјави тој денеска за радиото РФИ, додавајќи дека ЕУ треба брзо да дејствува и за увозот на гас и јаглен од Русија.

Русија негираше какви било обвинувања поврзани со убиства на цивили, вклучително и во Буча. Нејзиниот претставник во ОН, Василиј Небензја, рече дека Русија денеска ќе претстави „емпириски докази“ до Советот за безбедност на ОН што покажуваат дека нејзините сили не биле вклучени во злосторства.

The post ЕУ утре најверојатно ќе усвои нови санкции против Русија appeared first on Република.

Германија, Франција и Велика Британија не сакаат рускиот гас да го плаќаат во рубли https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-francija-i-velika-britanija-ne-sakaat-ruskiot-gas-da-go-plakjaat-vo-rubli/ Thu, 31 Mar 2022 17:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=481576

Три европски земји не сакаат гасот да го плаќаат во рубли.

Станува збор за Германија, Франција и Велика Британија. Најавата на рускиот претседател Владимир Путин е дека од утре,  „непријателските земји“ ќе треба да отворат сметки во руската банка „Гаспром“ и да плаќаат во рубли за испораката на гас.

Германија, земјата која е најголем увезувач на руски гас во ЕУ, одговори дека нема да дозволат Путин да ги уценува.

И францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, по разговорот со Хебек, порача дека и Франција и Германија се подготвуваат за намалување на увозот на руски гас.

Велика Британија исто така не сака да плаќа во руска валута.

Путин кажа дека секоја земја што ќе одбие да го користи механизмот за плаќање ќе ги прекрши нивните договори и ќе се соочи со „соодветни реперкусии“.

The post Германија, Франција и Велика Британија не сакаат рускиот гас да го плаќаат во рубли appeared first on Република.

]]>

Три европски земји не сакаат гасот да го плаќаат во рубли. Станува збор за Германија, Франција и Велика Британија. Најавата на рускиот претседател Владимир Путин е дека од утре,  „непријателските земји“ ќе треба да отворат сметки во руската банка „Гаспром“ и да плаќаат во рубли за испораката на гас. Германија, земјата која е најголем увезувач на руски гас во ЕУ, одговори дека нема да дозволат Путин да ги уценува. И францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, по разговорот со Хебек, порача дека и Франција и Германија се подготвуваат за намалување на увозот на руски гас. Велика Британија исто така не сака да плаќа во руска валута. Путин кажа дека секоја земја што ќе одбие да го користи механизмот за плаќање ќе ги прекрши нивните договори и ќе се соочи со „соодветни реперкусии“.

The post Германија, Франција и Велика Британија не сакаат рускиот гас да го плаќаат во рубли appeared first on Република.

]]>
По разговорот со Шолц Путин предложил формула Европа сепак да го плаќа рускиот гас во евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-razgovorot-so-sholc-putin-predlozil-formula-evropa-sepak-da-go-plakja-ruskiot-gas-vo-evra/ Thu, 31 Mar 2022 06:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=481161

Во одвоени телефонски разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, рускиот претседател Владимир Путин објаснил дека од 1 април испорачаниот руски гас ќе се плаќа во евра на Газпром банката, која не е под санкции и таа ќе ги конвертира во рубли.

Според прес-службата на Кремљ, а пренесе Спутник, процедурата за плаќање е променета бидејќи членките на Европската унија, „прекршувајќи ги нормите на меѓународното право“, ги замрзнале девизните резерви на Банката на Русија.

Путин и Шолц се согласиле експертите од двете земји да разговараат за дополнителните плаќања за рускиот гас во рубли и дека одлуката на Кремљ не треба да резултира со „влошување на договорните услови за европските компании кои увезуваат руски гас“.

Се посочува дека слично објаснување Путн дал и на италијанскиот премиер.

-Разменети се мислења и за последната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, како прашања за обезбедување хуманитарни коридори за цивилите во областите каде што се водат борбите, „пред се од Мариупол“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Кабинетот на италијанскиот премиер истакна дека тој го информирал Путин за подготвеноста на Италија да придонесе за мировниот процес во Украина.

Во соопштението на германската влада се вели дека Путин го информирал Шолц дека испораката на гас ќе се плаќа во рубли од 1 април и „укажал дека ништо нема да се промени за европските увозници, имајќи предвид дека сметките ќе се плаќаат во евра и, како и досега, ќе ѝ се уплаќа на Газпром банката која не е санкционирана и таа ќе ги претвори во рубли“.

Владата во Берлин наведува дека Шолц „за подобро да ја разбере процедурата на плаќање во рубли“, писмено побарал информации од Путин и дека тој додал дека останува на сила одлуката Г7 да плаќа за снабдување со енергија се плаќа исклучиво во евра и долари, што е предвидено и во договорите.

На 23 март Путин потпиша одлука дека „непријателските земји“ во иднина ќе плаќаат гас во рубли.

The post По разговорот со Шолц Путин предложил формула Европа сепак да го плаќа рускиот гас во евра appeared first on Република.

]]>

Во одвоени телефонски разговори со германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги, рускиот претседател Владимир Путин објаснил дека од 1 април испорачаниот руски гас ќе се плаќа во евра на Газпром банката, која не е под санкции и таа ќе ги конвертира во рубли. Според прес-службата на Кремљ, а пренесе Спутник, процедурата за плаќање е променета бидејќи членките на Европската унија, „прекршувајќи ги нормите на меѓународното право“, ги замрзнале девизните резерви на Банката на Русија. Путин и Шолц се согласиле експертите од двете земји да разговараат за дополнителните плаќања за рускиот гас во рубли и дека одлуката на Кремљ не треба да резултира со „влошување на договорните услови за европските компании кои увезуваат руски гас“. Се посочува дека слично објаснување Путн дал и на италијанскиот премиер.
-Разменети се мислења и за последната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, како прашања за обезбедување хуманитарни коридори за цивилите во областите каде што се водат борбите, „пред се од Мариупол“, соопшти прес-службата на Кремљ.
Кабинетот на италијанскиот премиер истакна дека тој го информирал Путин за подготвеноста на Италија да придонесе за мировниот процес во Украина. Во соопштението на германската влада се вели дека Путин го информирал Шолц дека испораката на гас ќе се плаќа во рубли од 1 април и „укажал дека ништо нема да се промени за европските увозници, имајќи предвид дека сметките ќе се плаќаат во евра и, како и досега, ќе ѝ се уплаќа на Газпром банката која не е санкционирана и таа ќе ги претвори во рубли“. Владата во Берлин наведува дека Шолц „за подобро да ја разбере процедурата на плаќање во рубли“, писмено побарал информации од Путин и дека тој додал дека останува на сила одлуката Г7 да плаќа за снабдување со енергија се плаќа исклучиво во евра и долари, што е предвидено и во договорите. На 23 март Путин потпиша одлука дека „непријателските земји“ во иднина ќе плаќаат гас во рубли.

The post По разговорот со Шолц Путин предложил формула Европа сепак да го плаќа рускиот гас во евра appeared first on Република.

]]>
Г7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/g7-ja-predupredija-rusija-da-ne-koristi-bioloshko-hemisko-ili-nuklearno-oruzje/ Thu, 24 Mar 2022 18:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=477865

Лидерите на Г-7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина, се наведува во соопштението на Групата седум најразвиени индустриски земји.

На средбата во Брисел беше потврдено дека сите земји-членки на Г-7 се подготвени да прифатат бегалци од Украина.

Што се однесува до енергетиката, лидерите ги повикаа земјите-производители на нафта и гас да се однесуваат одговорно и да го зголемат снабдувањето на меѓународните пазари, алудирајќи на ОПЕК. Претставниците на Г-7 истакнаа и дека ќе избегнат забрана за извоз на храна. (МИА)

The post Г7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Г-7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје во војната со Украина, се наведува во соопштението на Групата седум најразвиени индустриски земји. На средбата во Брисел беше потврдено дека сите земји-членки на Г-7 се подготвени да прифатат бегалци од Украина. Што се однесува до енергетиката, лидерите ги повикаа земјите-производители на нафта и гас да се однесуваат одговорно и да го зголемат снабдувањето на меѓународните пазари, алудирајќи на ОПЕК. Претставниците на Г-7 истакнаа и дека ќе избегнат забрана за извоз на храна. (МИА)

The post Г7 ја предупредија Русија да не користи биолошко, хемиско или нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-zapadot-e-podgotven-za-novi-sankcii-protiv-rusija/ Thu, 24 Mar 2022 17:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=477853

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија.

Овие санкции имаат влијание и можат да се почувствуваат, а ние мора да продолжиме со нив бидејќи имаат застрашувачки ефект, истакна Макрон на прес-конференција по Самитот на лидерите на НАТО и на Г-7 во Брисел.

Тој предупреди и на претстојната криза со храната, бидејќи и Украина и Русија се големи извозници на основни прехранбени производи, а нивното производство е во голема мера загрозено поради војната.

The post Макрон: Западот е подготвен за нови санкции против Русија appeared first on Република.

Фон дер Лајен: Брисел денеска е центарот на слободниот свет, да се ослободиме од руските фосилни горива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-brisel-deneska-e-centarot-na-slobodniot-svet-da-se-oslobodime-od-ruskite-fosilni-goriva/ Thu, 24 Mar 2022 17:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=477859

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека со денешното присуство на лидерите на ЕУ, САД, Велика Британија и Канада, Брисел стана „центарот на слободниот свет“.

Нашите врски се посилни од кога било. Одлучивме да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, да ги заостриме санкциите против Русија и да се ослободиме од руските фосилни горива, рече фон дер Лајен.

Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, а по самитот НАТО и Г7, таа кажа дека утре со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го претстави новото поглавје од меѓусебното енергетско партнерство и најави дека дополнителни количества течен природен гас ќе пристигне во Европа од САД, во замена за тој од Русија.

The post Фон дер Лајен: Брисел денеска е центарот на слободниот свет, да се ослободиме од руските фосилни горива appeared first on Република.