руши сунак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rushi-sunak/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Apr 2024 16:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png руши сунак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rushi-sunak/ 32 32 Британскиот премиер им најде чаре на азилантите-ќе ги праќа во Руанда https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-premier-im-najde-chare-na-azilantite-ke-gi-praka-vo-ruanda/ Thu, 25 Apr 2024 17:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=771076

Британскиот крал Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда.

Кралската согласност е последната фаза во законодавниот процес и практично ја означува одлуката донесена од парламентот оваа недела да го одобри нацртот по долгата битка меѓу владата и противниците на планот.

Кралската согласност беше објавена денеска во Домот на лордовите, што значи дека Законот за безбедност (азил и имиграција) сега ќе стане закон.

Парламентот го усвои законот во вторникот во раните утрински часови. Сунак во понеделникот рече дека очекува првите летови за Руанда да се реализираат за 10 до 12 недели откако ќе биде усвоен законот. Законот предвидува секој барател на азил кој ќе пристигне во Велика Британија илегално да биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на Ламанш и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе

The post Британскиот премиер им најде чаре на азилантите-ќе ги праќа во Руанда appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс даде согласност за законите кои се клучни за планот на премиерот Риши Сунак да испрати баратели на азил во Руанда. Кралската согласност е последната фаза во законодавниот процес и практично ја означува одлуката донесена од парламентот оваа недела да го одобри нацртот по долгата битка меѓу владата и противниците на планот. Кралската согласност беше објавена денеска во Домот на лордовите, што значи дека Законот за безбедност (азил и имиграција) сега ќе стане закон. Парламентот го усвои законот во вторникот во раните утрински часови. Сунак во понеделникот рече дека очекува првите летови за Руанда да се реализираат за 10 до 12 недели откако ќе биде усвоен законот. Законот предвидува секој барател на азил кој ќе пристигне во Велика Британија илегално да биде испратен во Руанда според шемата за која владата вели дека ќе го спречи преминувањето на Ламанш и ќе ја разбие сегашната шема на шверц на луѓе

The post Британскиот премиер им најде чаре на азилантите-ќе ги праќа во Руанда appeared first on Република.

]]>
Приватниот број на мобилниот на британскиот премиер е објавен на интернет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/privatniot-broj-na-mobilniot-na-britanskiot-premier-e-objaven-na-internet/ Sun, 22 Oct 2023 20:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=694022

Приватниот мобилен телефон на британскиот премиер Риши Сунк е објавен на Интернет. Неговиот број е откриен откако „шегаџиите“ на социјалните мрежи објавиле звук од ѕвонење на телефонот и пораката што ја зборува Сунак на телефонската секретарка.

Портпаролот на Кабинетот на британскиот премиер рече дека тие не коментираат за безбедносни прашања. Британските медиуми пишуваат дека тоа е број што Сунак го користел повеќе години, вклучително и за време на минатогодишните лидерски избори во неговата партија.

Сунак, наводно, добил нов специјален број кога дојде на власт пред речиси една година. Според видеото објавено на социјалните мрежи, се чини дека бројот на Сунак се уште е во функција.

Борис Џонсон беше принуден да го смени телефонскиот број кога беше премиер на Обединетото Кралство по слично нарушување на безбедноста од интернет „шегобијци“.

The post Приватниот број на мобилниот на британскиот премиер е објавен на интернет appeared first on Република.

]]>

Приватниот мобилен телефон на британскиот премиер Риши Сунк е објавен на Интернет. Неговиот број е откриен откако „шегаџиите“ на социјалните мрежи објавиле звук од ѕвонење на телефонот и пораката што ја зборува Сунак на телефонската секретарка. Портпаролот на Кабинетот на британскиот премиер рече дека тие не коментираат за безбедносни прашања. Британските медиуми пишуваат дека тоа е број што Сунак го користел повеќе години, вклучително и за време на минатогодишните лидерски избори во неговата партија. Сунак, наводно, добил нов специјален број кога дојде на власт пред речиси една година. Според видеото објавено на социјалните мрежи, се чини дека бројот на Сунак се уште е во функција. Борис Џонсон беше принуден да го смени телефонскиот број кога беше премиер на Обединетото Кралство по слично нарушување на безбедноста од интернет „шегобијци“.

The post Приватниот број на мобилниот на британскиот премиер е објавен на интернет appeared first on Република.

]]>
Сунак сака договор со ЕУ заради намалување на чекањето на граничните премини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sunak-saka-dogovor-so-eu-zaradi-namaluvane-na-chekaneto-na-granichnite-premini/ Tue, 25 Apr 2023 07:47:54 +0000 https://republika.mk/?p=633769

Британскиот премиер Риши Сунак сака да склучи договор со Европската Унија за да им го олесни патувањето на своите граѓани во Унијата, објави денеска Блумберг њуз, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Сунак се надева дека ќе може да постигне договор со оглед на подобрените односи со ЕУ за да им овозможи на Британците да ја користат е-портата на ЕУ за проверка на пасошите, што ќе ги забрза нивните преминувања на границата.

Прашањето сè уште не е официјално отворено, но дипломатите неформално го покренуваат, јави Блумберг, повикувајќи се на британски функционер.

Во февруари, Велика Британија постигна договор со ЕУ за трговски аранжмани за Северна Ирска, која подлежи на правилата на ЕУ по Брегзит поради нејзината отворена граница со Ирска.

Според плановите на ЕУ што треба да се спроведат во 2024 година, државјаните на Велика Британија и другите државјани на таканаречени „трети земји“ би можеле да ги земат биометриските податоци за да добијат ослободување од виза, но британската влада е загрижена дека нема да ги намали редиците на границата и бара целосна пристап до е-портата на Унијата, објави Блумберг, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.

Пред неколку дена беше објавено дека еден од најпознатите возови во светот, по 41 година го откажал поаѓањето од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес решил да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит. Луксузниот воз патувал низ Британија меѓу Лондон и Довер, а потоа патниците се префрлиле во автобуси и со траект преку каналот Ла Манш се превезле до Кале во Франција, каде што патувањето продолжило до Париз и до Истанбул.

Патувањето низ Велика Британија траело околу три часа, но поради се подолгите чекања на границата, операторот го откажал тој дел од линијата за да ја одржи точноста.

The post Сунак сака договор со ЕУ заради намалување на чекањето на граничните премини appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак сака да склучи договор со Европската Унија за да им го олесни патувањето на своите граѓани во Унијата, објави денеска Блумберг њуз, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Сунак се надева дека ќе може да постигне договор со оглед на подобрените односи со ЕУ за да им овозможи на Британците да ја користат е-портата на ЕУ за проверка на пасошите, што ќе ги забрза нивните преминувања на границата. Прашањето сè уште не е официјално отворено, но дипломатите неформално го покренуваат, јави Блумберг, повикувајќи се на британски функционер. Во февруари, Велика Британија постигна договор со ЕУ за трговски аранжмани за Северна Ирска, која подлежи на правилата на ЕУ по Брегзит поради нејзината отворена граница со Ирска. Според плановите на ЕУ што треба да се спроведат во 2024 година, државјаните на Велика Британија и другите државјани на таканаречени „трети земји“ би можеле да ги земат биометриските податоци за да добијат ослободување од виза, но британската влада е загрижена дека нема да ги намали редиците на границата и бара целосна пристап до е-портата на Унијата, објави Блумберг, цитирајќи извори запознаени со ова прашање. Пред неколку дена беше објавено дека еден од најпознатите возови во светот, по 41 година го откажал поаѓањето од Лондон, бидејќи операторот на модерниот Ориент експрес решил да го откаже британскиот дел од рутата поради Брегзит. Луксузниот воз патувал низ Британија меѓу Лондон и Довер, а потоа патниците се префрлиле во автобуси и со траект преку каналот Ла Манш се превезле до Кале во Франција, каде што патувањето продолжило до Париз и до Истанбул. Патувањето низ Велика Британија траело околу три часа, но поради се подолгите чекања на границата, операторот го откажал тој дел од линијата за да ја одржи точноста.

The post Сунак сака договор со ЕУ заради намалување на чекањето на граничните премини appeared first on Република.

]]>
На Британија и треба стабилност и единство: Прво јавно обраќање на Сунак како лидер на Конзервативната партијa https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-britanija-i-treba-stabilnost-i-edinstvo-prvo-javno-obrakjanje-na-sunak-kako-lider-na-konzervativnata-partija/ Mon, 24 Oct 2022 17:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=565061

Велика Британија се соочува со сериозни економски предизвици и има потреба од стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак, во својот прв јавен говор откако беше прогласен за лидер на владејачката Конзервативна партија и иден премиер.

Нема сомнеж дека се соочуваме со голем економски предизвик - рече Сунак.

Тој истакна дека на Британија сега и треба стабилност и единство и оти негов приоритет ќе биде да ги зближи Конзервативната партија и земјата.

Се колнам дека ќе ви служам со интегритет и понизност - изјави Сунак.

Тој додаде дека континуирано ќе работи во корист на британскиот народ.

Сунак рече дека му е чест што ја има поддршката од своите колеги пратеници и што е избран за лидер.

Најголемата привилегија во мојот живот е што можам да и служам на партијата што ја сакам и да и вратам на земјата на која и должам толку многу - нагласи тој.

Сунак во говорот и оддаде признание на Лиз Трас за нејзиното достоинствено лидерство во тешки околности во странство и дома.

The post На Британија и треба стабилност и единство: Прво јавно обраќање на Сунак како лидер на Конзервативната партијa appeared first on Република.

]]>

Велика Британија се соочува со сериозни економски предизвици и има потреба од стабилност и единство, изјави денеска Риши Сунак, во својот прв јавен говор откако беше прогласен за лидер на владејачката Конзервативна партија и иден премиер. Нема сомнеж дека се соочуваме со голем економски предизвик - рече Сунак. Тој истакна дека на Британија сега и треба стабилност и единство и оти негов приоритет ќе биде да ги зближи Конзервативната партија и земјата.
Се колнам дека ќе ви служам со интегритет и понизност - изјави Сунак.
Тој додаде дека континуирано ќе работи во корист на британскиот народ. Сунак рече дека му е чест што ја има поддршката од своите колеги пратеници и што е избран за лидер. Најголемата привилегија во мојот живот е што можам да и служам на партијата што ја сакам и да и вратам на земјата на која и должам толку многу - нагласи тој. Сунак во говорот и оддаде признание на Лиз Трас за нејзиното достоинствено лидерство во тешки околности во странство и дома.

The post На Британија и треба стабилност и единство: Прво јавно обраќање на Сунак како лидер на Конзервативната партијa appeared first on Република.

]]>
Риши Сунак ја објави својата кандидатура за премиер на Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rishi-sunak-ja-objavi-svojata-kandidatura-za-premier-na-velika-britanija/ Sun, 23 Oct 2022 12:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=564627

Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак денеска ја потврди својата кандидатура за премиерската функција, откако ја доби поддршката од конзервативните пратеници кои ја симнаа Лиз Трас од функцијата.

Сунак за премиерската позиција ќе се бори со двајца главни ривали, поранешниот премиер Борис Џонсон и поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт.

Сунак (42) потврди дека учествува во лидерската трка откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.

„Ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво на власт што јас го водам и ќе работам од ден на ден за да ја завршам работата”, се вели во соопштението на Сунак.

Мордонт доби јавна поддршка од 24 пратеници, додека Џонсон, кој не се изјасни дали ќе се кандидира, досега има поддршка од околу 50 пратеници.

The post Риши Сунак ја објави својата кандидатура за премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак денеска ја потврди својата кандидатура за премиерската функција, откако ја доби поддршката од конзервативните пратеници кои ја симнаа Лиз Трас од функцијата. Сунак за премиерската позиција ќе се бори со двајца главни ривали, поранешниот премиер Борис Џонсон и поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт. Сунак (42) потврди дека учествува во лидерската трка откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија. „Ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво на власт што јас го водам и ќе работам од ден на ден за да ја завршам работата”, се вели во соопштението на Сунак. Мордонт доби јавна поддршка од 24 пратеници, додека Џонсон, кој не се изјасни дали ќе се кандидира, досега има поддршка од околу 50 пратеници.

The post Риши Сунак ја објави својата кандидатура за премиер на Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Риши Сунак убедливо води во првиот круг од гласањето за наследник на Борис Џонсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rishi-sunak-ubedlivo-vodi-vo-prviot-krug-od-glasanjeto-za-naslednik-na-boris-dzonson/ Wed, 13 Jul 2022 20:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=528369

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата со крената глава, иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал. Во првиот круг од гласањето за негов наследник, како што објавија денеска агенциите, најмногу гласови освоил поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Во првиот круг меѓу осумте кандидати за наследник на Борис Џонсон на чело на конзервативната партија и на функцијата премиер, при што Сунак доби најмногу гласови, 88.

Следеа министерката за трговија Пени Мордоунт со 67 и министерот за надворешни работи Трс Лис Трус со 50. Министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на канцеларијата Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг.

Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи на колеги пратеници потребни за учество во натпреварот.

Со денешниот круг бројот на кандидати е намален на шест, а следните кругови ќе се организираат додека не се искристализираат двајца финалисти. Резултатот се очекува на 5 септември.

The post Риши Сунак убедливо води во првиот круг од гласањето за наследник на Борис Џонсон appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се повлекува од функцијата со крената глава, иако во говорот пред пратениците призна дека заминува порано отколку што сакал. Во првиот круг од гласањето за негов наследник, како што објавија денеска агенциите, најмногу гласови освоил поранешниот министер за финансии Риши Сунак. Во првиот круг меѓу осумте кандидати за наследник на Борис Џонсон на чело на конзервативната партија и на функцијата премиер, при што Сунак доби најмногу гласови, 88. Следеа министерката за трговија Пени Мордоунт со 67 и министерот за надворешни работи Трс Лис Трус со 50. Министерот за финансии Надим Захави и поранешниот шеф на канцеларијата Џереми Хант беа елиминирани во првиот круг. Риши Сунак, Лиз Трас, Том Тугендат, Кеми Баденох, Пени Мордоунт, Џереми Хант, Надим Захави и Суела Браверман ги обезбедија 20-те потписи на колеги пратеници потребни за учество во натпреварот. Со денешниот круг бројот на кандидати е намален на шест, а следните кругови ќе се организираат додека не се искристализираат двајца финалисти. Резултатот се очекува на 5 септември.

The post Риши Сунак убедливо води во првиот круг од гласањето за наследник на Борис Џонсон appeared first on Република.

]]>