рушење споменици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rushenje-spomenici/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Oct 2022 20:31:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рушење споменици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rushenje-spomenici/ 32 32 Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-vandalizirana-bistata-na-vapcarov-pred-otvoranjeto-na-makedonskiot-klub-vo-bugarija/ Mon, 24 Oct 2022 20:31:51 +0000 https://republika.mk/?p=565117

Левица соопштува дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи.

Пратијата информира дека непосредно пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје.

Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“, соопшти Левица.

The post Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Левица соопштува дека со своја делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, испраќајќи јасна порака врз кои историски личности треба да се гради соработката помеѓу балканските народи. Пратијата информира дека непосредно пред отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија, бистата на социјалистичкиот поет е вандализирана во Градскиот парк во Скопје.
Пробугарските СДС експедитивно реагираа за опожарувањето на фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, но кога станува збор за сочувување на македонската антифашистичка историја, тие по автоматизам се приклонуваат кон системското тридецениско руинирање на АСНОМ-ските темели на Републиката“, соопшти Левица.

The post Левица: Вандализирана бистата на Вапцаров пред отворањето на македонскиот клуб во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Повелете, дојдете во Куманово да бришете спомен плочи, ќе ве чекаме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-povelete-dojdete-vo-kumanovo-da-brishete-spomen-plochi-kje-ve-chekame/ Fri, 15 Jul 2022 12:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=529351

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на вчерашниот граѓански марш упати прашање дали францускиот предлог има обврски и за бугарската страна или само македонски деца кога ќе одат во училиште во септември претходно ќе бидат испратени учебниците на реевидирање, па постепено ќе се дојде до ниво дека наводно македонскиот потекнувал од бугарскиот народ.

Дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да излезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова. И ние ја сакаме Европа,
и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ!, рече Димитриевски.

Потсети дека слободарско Куманово во Втората светска војна дало 828 жртви - над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живееа во овој град.

Вие администратори срам да ви е? Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете, додаде Димитриевски.

Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска изјави дека основата на првиот литературен јазик е Македонскиот, а не бугарскиот и како што посочи - нема попуштање.

Кирил и Методиј живееле во Солун, нивните соседи биле Македонци, кои живееле втора половина на 9 век, Македонци. Значи, основата на првиот литературен јазик е македонскиот. Не бугарскиот, и нема да попуштиме! Кога ги прашував моите ученици која е првата азбука велеа глаголица. Нормално, сите наши цркви се испишани со глаголица. Кога ги прашував кој ја направил таа глаголица? - Кирил и Методиј, тоа се сесловенски учители. А, кои се нашите учители Македонци? Е тоа се Климент и Наум Охридски. Знаат се нашите ученици. Дали јас ги лажев моите ученици? Дали ова е се вкупно сесловенска лага ние што сме учеле за да има само една бугарска вистина? Во јазикот е суштината, тој е наш и само наш, непреценлив извор и бисер. Бугарите добро ја знаат вредноста на Охрид, затоа ни го крадат, присвојуваат. Но, дали ние кренавме глас? Не. Мудро си молчевме меракот да им помине. Гледам, сега треба на Бугарите да им го дадам учебникот по македонски јазик особено историјата да ја ревидираат, што треба да правиме ние наставниците по македонски јазик?, потенцираше Ѓорѓиевска.

The post Димитриевски: Повелете, дојдете во Куманово да бришете спомен плочи, ќе ве чекаме! appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на вчерашниот граѓански марш упати прашање дали францускиот предлог има обврски и за бугарската страна или само македонски деца кога ќе одат во училиште во септември претходно ќе бидат испратени учебниците на реевидирање, па постепено ќе се дојде до ниво дека наводно македонскиот потекнувал од бугарскиот народ.
Дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да излезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова. И ние ја сакаме Европа, и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ!, рече Димитриевски.