рурални средини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruralni-sredini/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:54:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рурални средини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruralni-sredini/ 32 32 Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-slednite-dve-godini-doktori-vo-mali-mesta-ke-mozhe-da-rabotat-sami-bez-meditsinski-sestri/ Tue, 26 Nov 2024 14:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=841979

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови.

Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните мерки, казните.

Претседателката на ЗПЛ, доктор Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференцијата изјави дека дискутирале многу теми, а повеќе години немале вакви разговори.

Ги запознаваме двајцата директори за сите проблеми што се во примарното здравство сѐ со цел да направиме позитивен исчекор, да ги задржиме докторите, да ги задржиме сестрите. Најдовме заеднички јазик околу проблемот за руралните амбуланти, што навистина треба да ги сочуваме. Народот да се задржи таму, да се лекува и да биде еднаква пристапноста на сите граѓани во Република Македонија. Најдовме многу позитивен момент и прифаќање од страна на двајцата директори, во малите места, каде недостасуваат медицински сестри, докторите ќе продолжат да работат. Со тоа ги спасивме тие ординации, заради тоа што, едноставно, законите што беа направени многу одамна, веќе не се функционални, појасни Чолакова Дервишова.

Таа се заблагодари што во малите места ќе се продолжи со работа односно ќе продлжат здравстевните услуги и заштита за граѓаните.

Клековски истакна дека генерално се сложиле оти потребен е континуиран дијалог. Како што подвлече, очигледно било дека „дефицитот на кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт“. Бидејќи со овој, како што појасни, многу бргу ќе се остане без матични доктори и во помали градови и во периферија на поголемите.

Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри следните 24 месеци, каде имаме системски поглед да дадеме на прашањето, законски поглед, како ќе функционираат понатаму тимовите. Зголемени се бодовите за руралните доктори. За 22.000 денари нето се зголемени фиксните примања на руралните доктори, имаат зголемени трошоци, можеби заради нивното патување до местото на ординација. Тоа е веќе договорено, решено. Одлуките се донесени, направени и стапуваат во сила, подвлече Клековски.

Подобро е, посочи, да има какво било здравствено лице присутно во руралните и во помалите места, отколку да нема никој.

Се надевам дека рокот што си го дадовме, 24 месеци, е изводлив за да најдеме трајно решение, бидејќи јасно е дека ќе има сѐ помалку здравствени работници во иднина, рече Клековски.

Како што рече, спремни биле да ги погледнат сите казни заедно со Здружението, па да бидат казнувани само повторливи дејства и дејства во однос на лажни боледувања. За овие прашања било договорено да имаат работни групи и да има рок да финализираат, до средината на декември.

Тој се осврна и на безхартиеното работење на ординациите.

Секако разбираме дека има сѐ помалку луѓе за работа и дека треба бесмислената администрација да ја намалиме, две работи веќе можевме да ги обзнаниме, работиме на е-рецепти, што до крајот на полугодието 2025 треба да бидат во пробна употреба и во функција, каде комплетно ќе се елиминира хартијата и кај матичните доктори и кај аптеките и кај Фондот, поврзано со рецепти и ќе ги дигитализираме сите анекси за околу 1.500 ПЗУ за да тие може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да доаѓа хартија, потпишување и слично, информираше Клековски.

До средината на декември треба да се донесе одлука и околу превентивните мерки.

Во однос на превентивните мерки, исто рокот е до 15-ти да постигнеме согласнот, бидејќи треба да ги погледнеме финансиските ефекти, размислуваме за укинување на некоја од претходните цели, како дијабетот, бидејќи веќе Регистерот за дијабет функционира соодветно, да додадеме нови цели поврзани со онкологија. Затоа што, мораме да размислуваме како да се подобри превенцијата на најчестите форми на рак во земјава и за тоа ќе имаме заедничка одлука, додаде Клековски.

На новинарско прашање, колкаво зголемување на капитацискиот бод се бара и со што би биле задоволни, доктор Чолакова Дервишова информираше дека барањето е бодот да биде 100 денари.

Ние дадовме аргументи со што ги споредивме колку биле, на пример, просечните плати во 2021, во 2001, хронолошки и колку се сега и колку се сите трошоци. Елабориравме кои се фиксни, а кои се трошоци зголемени во однос на инфлации, сѐ што се случува, колку пати се зголемувало во јавно здравство, колку кај нас, така да, сега барањето беше 100 денари да биде бод. Нашето барање е од јануари, се надеваме оваа влада ќе излезе пресрет на сето ова, рече таа.

Чолакова Дервишова нагласи дека тие бараат сигурност, да не си заминуваат медицински сестри во јавното здравство.

- Бараме сигурност, да можеме и ние на нашите вработени да им дадеме квалитетни плати, да може да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да нема прелевање кадар од кај нас во јавното здравство. Бидејќи ако постојано се покачува во јавно здравство, тогаш нашите медицински сестри ќе се прелеат, а не е суштината да го дестабилизираме примарното здравство, што е основниот чувар на здравствениот денар за сите нас, заклучи таа.

Клековски рече дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на Фондот за здравство.

The post Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри appeared first on Република.

]]>

Следните 24 месеци, на доктори во мали места ќе им биде дозволено да продолжат да работат без медицински сестри. Одлуката беше поздравена на прес-конференција попладнево по состанок на директорите на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со раководството на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ) и координатори од градови. Тема на разговор на денешната средба биле и бодовите по капитација, дестимулативните мерки, казните. Претседателката на ЗПЛ, доктор Лилија Чолакова Дервишова на прес-конференцијата изјави дека дискутирале многу теми, а повеќе години немале вакви разговори.
Ги запознаваме двајцата директори за сите проблеми што се во примарното здравство сѐ со цел да направиме позитивен исчекор, да ги задржиме докторите, да ги задржиме сестрите. Најдовме заеднички јазик околу проблемот за руралните амбуланти, што навистина треба да ги сочуваме. Народот да се задржи таму, да се лекува и да биде еднаква пристапноста на сите граѓани во Република Македонија. Најдовме многу позитивен момент и прифаќање од страна на двајцата директори, во малите места, каде недостасуваат медицински сестри, докторите ќе продолжат да работат. Со тоа ги спасивме тие ординации, заради тоа што, едноставно, законите што беа направени многу одамна, веќе не се функционални, појасни Чолакова Дервишова.
Таа се заблагодари што во малите места ќе се продолжи со работа односно ќе продлжат здравстевните услуги и заштита за граѓаните. Клековски истакна дека генерално се сложиле оти потребен е континуиран дијалог. Како што подвлече, очигледно било дека „дефицитот на кадар и неатрактивноста на примарната здравствена заштита бара преиспитување на целиот концепт“. Бидејќи со овој, како што појасни, многу бргу ќе се остане без матични доктори и во помали градови и во периферија на поголемите.
Мерките во однос на руралните доктори се темпирани на 24 месеци. Значи, ќе им биде дозволено да немаат медицински сестри следните 24 месеци, каде имаме системски поглед да дадеме на прашањето, законски поглед, како ќе функционираат понатаму тимовите. Зголемени се бодовите за руралните доктори. За 22.000 денари нето се зголемени фиксните примања на руралните доктори, имаат зголемени трошоци, можеби заради нивното патување до местото на ординација. Тоа е веќе договорено, решено. Одлуките се донесени, направени и стапуваат во сила, подвлече Клековски.
Подобро е, посочи, да има какво било здравствено лице присутно во руралните и во помалите места, отколку да нема никој.
Се надевам дека рокот што си го дадовме, 24 месеци, е изводлив за да најдеме трајно решение, бидејќи јасно е дека ќе има сѐ помалку здравствени работници во иднина, рече Клековски.
Како што рече, спремни биле да ги погледнат сите казни заедно со Здружението, па да бидат казнувани само повторливи дејства и дејства во однос на лажни боледувања. За овие прашања било договорено да имаат работни групи и да има рок да финализираат, до средината на декември. Тој се осврна и на безхартиеното работење на ординациите.
Секако разбираме дека има сѐ помалку луѓе за работа и дека треба бесмислената администрација да ја намалиме, две работи веќе можевме да ги обзнаниме, работиме на е-рецепти, што до крајот на полугодието 2025 треба да бидат во пробна употреба и во функција, каде комплетно ќе се елиминира хартијата и кај матичните доктори и кај аптеките и кај Фондот, поврзано со рецепти и ќе ги дигитализираме сите анекси за околу 1.500 ПЗУ за да тие може да се потпишуваат дигитално, да нема потреба да доаѓа хартија, потпишување и слично, информираше Клековски.
До средината на декември треба да се донесе одлука и околу превентивните мерки.
Во однос на превентивните мерки, исто рокот е до 15-ти да постигнеме согласнот, бидејќи треба да ги погледнеме финансиските ефекти, размислуваме за укинување на некоја од претходните цели, како дијабетот, бидејќи веќе Регистерот за дијабет функционира соодветно, да додадеме нови цели поврзани со онкологија. Затоа што, мораме да размислуваме како да се подобри превенцијата на најчестите форми на рак во земјава и за тоа ќе имаме заедничка одлука, додаде Клековски.
На новинарско прашање, колкаво зголемување на капитацискиот бод се бара и со што би биле задоволни, доктор Чолакова Дервишова информираше дека барањето е бодот да биде 100 денари.
Ние дадовме аргументи со што ги споредивме колку биле, на пример, просечните плати во 2021, во 2001, хронолошки и колку се сега и колку се сите трошоци. Елабориравме кои се фиксни, а кои се трошоци зголемени во однос на инфлации, сѐ што се случува, колку пати се зголемувало во јавно здравство, колку кај нас, така да, сега барањето беше 100 денари да биде бод. Нашето барање е од јануари, се надеваме оваа влада ќе излезе пресрет на сето ова, рече таа.
Чолакова Дервишова нагласи дека тие бараат сигурност, да не си заминуваат медицински сестри во јавното здравство.
- Бараме сигурност, да можеме и ние на нашите вработени да им дадеме квалитетни плати, да може да исплаќаме К-15, да ги задржиме и да нема прелевање кадар од кај нас во јавното здравство. Бидејќи ако постојано се покачува во јавно здравство, тогаш нашите медицински сестри ќе се прелеат, а не е суштината да го дестабилизираме примарното здравство, што е основниот чувар на здравствениот денар за сите нас, заклучи таа.
Клековски рече дека на 3 декември ќе биде познато колкав ќе биде буџетот на Фондот за здравство.

The post Во следните две години доктори во мали места ќе може да работат сами, без медицински сестри appeared first on Република.

]]>
„Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер https://arhiva3.republika.mk/zivot/pametno-selo-vo-ramkite-na-proektot-are-you-ready-for-pelister-inspirirashe-inovativni-pristapi-za-razvoj-na-np-pelister/ Wed, 29 May 2024 08:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=782640

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот.

„Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата.

Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„.

За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница.

„Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој.

На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области.

- Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа.

Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели.

“Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата.

Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација.

Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа.

Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”.

Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија.

Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.

 

 

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>

Конференцијата „Smart Village“ во рамките на проектот “Are You Ready for Pelister” која се одржа на Пелистер, означи значајна пресвртница во патувањето кон повторно замислување на иднината на руралните заедници. Организатор беше ПРЕДА плус фондацијата, а за локација беше целно избран Националниот парк Пелистер. Настанот обедини различни лидери, иноватори и чинители на заедницата за да го истражат трансформативниот потенцијал на технологијата во обликувањето на еволутивната иднина на регионот. „Како фондација која е посветена на регионалниот развој, длабоко сме инспирирани од потенцијалите на технологијата и нејзината примена во сите сфери на живеењето. Целта со денешната конференција ни беше да обезбедиме платформа за дискусија за иновативни пристапи за развој на НП Пелистер во многу клучни сегменти. Прифаќајќи го концептот на Smart Village, имаме за цел да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина” - истакнаа од ПРЕДА плус фондацијата. Поддршката на меѓународните донатори за оваа иницијатива ја нагласува нивната посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата. Во име на донаторите конференцијата ја отвори Билјана Георгиевска – Проектна менаџерка на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2), Програма за развој на Обединетите нации (УНДП). „Преку нашето партнерство со локалните чинители, ние сме посветени на обезбедување техничка помош, поддршка за финансирање и градење капацитети за проекти кои ги унапредуваат целите за одржлив развој во Пелистер и неговите околни села. Поддршката на УНДП за иницијативите „Паметно село“ ја нагласува нашата посветеност за градење отпорни заедници кои напредуваат во хармонија со природата„. За визија на Битола поврзана со овој проект, зборуваше градоначалникот Д-р Тони Коњановски кој смета дека вакви иницијативи се клучни за нашата визија за иднината на градот и неговата околина, каде технологијата и одржливоста се спојуваат за да создадат енергична и инклузивна заедница. „Како градоначалник на Битола, среќен сум што ќе учествувам на конференцијата и ќе ја дадам мојата поддршка на иницијативи кои промовираат одржлив развој и иновации во нашиот регион. Важно е што соработуваме со локални и меѓународни партнери за истражување на иновативни решенија за подобрување на квалитетот на животот на нашите жители, заштита на нашата животна средина и поттикнување на економскиот раст во нашите заедници„ - истакна тој. На конференцијата Smart Village свои излагања имаа четворица истакнати експерти во нивните области. - Елена Бошков-Ковач, ко-основач и директор на Blueprint Energy Solutions GmbH, Виена, Австрија, зборуваше за активното учество на жителите во енергетската транзиција за одржлива иднина, истакнувајќи дека транзицијата кон обновлива енергија не е само неопходност, тоа е можност да се изгради поодржлива и поотпорна иднина за сите. „Конференцијата обезбеди форум за истражување на иновативни решенија за забрзување на енергетската транзиција во Пелистер, од проекти за обновлива енергија во сопственост на заедницата до технологии за складирање енергија. Иницијативите Smart Village играат клучна улога во унапредувањето на решенијата за обновлива енергија кои го намалуваат влијанието врз животната средина и промовираат енергетска независност” - истакна таа. Благојче Количоски, претставувајќи ја заедницата Pelister Tech, ја презентираше употребата на идните технологии за трансформативни цели. “Дигиталното вклучување не е само обезбедување пристап до технологијата, тоа е за зајакнување на поединците и заедниците да напредуваат во дигиталната ера. Мора да ги истражуваме стратегиите за премостување на дигиталниот јаз во руралните области, од воспоставување мрежи во заедницата до нудење обука за дигитална писменост. Иницијативите Smart Village се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија„ - изјави Количовски на конференцијата. Проф. д-р. Илија Јолевски од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола се осврна на паметната мобилност. “Јас ќе презентирам еден реален проект за паметна мобилност кој ќе се реализира наскоро во Oпштина Битола, а ќе влијае на подобрувањето на квалитетот на живот и на потпелистерските села преку имплементација на паметни решенија во јавниот транспорт. На ваков начин се влијае на подобрување на транспортни услуги, поврзување на руралните места со градот и намалување на користењето на приватните автомобили, што доведува до помал сообраќај и помали емисии на јаглерод„ - истакна на почетокот Јолевски на својата презентација. Последна панелистка беше архитектката Симона Мирчевска која го претстави својот концепт „Пелистер - дисперзиран музеј на природата“, придружен со изложба на мапи на самиот настан. Таа зборуваше за можностите да се направи интерактивен музеј под отворено небо, кој ќе раскажува приказни и искуства со користење на технологијата. “Mожеме да ги оживееме историјата и традициите на регионот на нови и возбудливи начини. Прифаќајќи го концептот Паметно село, можеме да предвидиме користење на технологијата за да го направиме културното наследство достапно за сите, надминувајќи ги физичките граници и збогатувајќи ја културната понуда на Пелистер и неговите околни села„ - истакна таа. Настанот привлече внимание и кај властите и кај стручната јавност, но и кај бизнис секторот кој е во индустриите поврзани со дигитализација, а присутни беа студенти од ФИКТ и ученици од СОУ „Таки Даскалот”. Основниот заклучок на конференцијата беше дека прифаќајќи го концептот на Smart Village, целта е целосно да ја искористиме технологијата за одржливи напори за зачувување кои имаат корист и за луѓето и за животната средина. Ваквата иницијативи се од суштинско значење за обезбедување на правичен пристап до дигиталните ресурси и зајакнување на заедниците за целосно учество во дигиталната економија. Проектот Are You Ready for Pelister? на ПРЕДА Плус Фондација и се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Битола.    

The post „Паметно село“ во рамките на проектот „Are You Ready for Pelister” инспирираше иновативни пристапи за развој на НП Пелистер appeared first on Република.

]]>