рурален развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruralen-razvoj/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 06:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рурален развој Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ruralen-razvoj/ 32 32 МЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари  https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-usvoena-programata-za-finansiska-poddrshka-na-ruralniot-razvoj-za-2023-godina-vredna-1-3-milijardi-denari/ Wed, 22 Feb 2023 06:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=611703

Како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, со вкупна вредност од 1,3 милијарди денари.

Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма со која се помага развојот и модернизацијата на домашното земјоделство, развојот и подобрувањето на условите за живот во селата.

Земјоделците преку новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството добиваат можност со јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицирааат. Преку оваа мерка ставаме на располагање неповратен грат до 10.000 евра за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Продолжуваме со поддршката за младите земјоделци кој сакаат да започнат со земјоделска дејност преку грантот од 10.000 евра кој може да се исплати авасно до 40%, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Со мерката поддршка за поттикнување на земјоделско производство обезбедуваме грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Овозможивме услови корисниците на оваа мерка поддршката да можат авансно да ја добијат до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ.

Продолжува и поддршката за руралните жени евидентирани во ЕРЗС, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, каде е обезбедена грант поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка за инвестиции кои ќе допринесат за развој на руралните средини.

Програмата за финасиска поддршка на руралниот развој обезбедува поддршка за обуки и информирање на земјоделските производители, зајакнување на нивната соработка и поттикнување за економско здружување на земјоделските стопанства преку развој и поддршка на земјоделските задруги.

Обезбедена е финасиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села.

Програмата за рурален развој обезбедува и поддршка за меѓународна промоција на македонските земјоделски производи преку учество на саеми и промотивни настани со цел отворање на нови пазари за пласман на домашните земјоделски производи.

Како успешна мерка и оваа година продолжува поддршката за авионско засејување на облаците. Мерка која има за цел превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделските посеви.

Обезбедени се средства за непречено извршување на активностите на Националната рурална мрежа, која е нова платформа, алатка по европски терк за информирање која на едно место им нуди на земјоделците информации за сите мерки и активности кои им се ставени на располагање.

Како министерство креираме конкретни мерки за поддршка, развој и модернизација на македонското земјоделство.

The post МЗШВ: Усвоена програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година вредна 1,3 милијарди денари  appeared first on Република.

]]>

Поддршка за развој и производство на калинка во југоисточниот регион https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/poddrshka-za-razvoj-i-proizvodstvo-na-kalinka-vo-jugoistochniot-region/ Mon, 14 Mar 2022 08:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=472978

Во рамките на заложбите за јакнење на синџирите на вредност во секторот овошје, потсектор калинка, Мрежата за рурален развој на Македонија ќе делува во заложбите за јакнење на локалниот развој. Карактеристично за интервенцијата на МРР на СМ е тоа што таа се спроведува според принципите на пристапот за развој на пазарни системи (market system development пристап).

За време на интервенцијата „Јакнење на синџирите на вредност во сектор овошје, потсектор калинка“  спроведена од ММР, производителите имаа можност да се запознаат со придобивките од договорното производство, како и да ги споделат своите досегашни искуства и ставови во поглед на градењето доверба помеѓу производителите и откупувачите. Реализацијата на оваа интервенција е дел од проектот „Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“ кој е поддржан од Sida и We Effect Europe:

Проектните интервенции на МРР на СМ дефинирани преку МСД пристап се насочени кон локалните рурални заедници и нивна поддршка со цел зголемување на нивната прилагодливост и унапредување на нивниот одржлив развој. Посебен акцент е ставен на членовите на заедницата со пониски приходи кои ќе имаат најголеми придобивки од вклучување на пазарот со своите производи. Целта на оваа интервенција е унапредување на развојот на пазарниот систем и зајакнување на вредносните синџири во секторот за преработката на храна, јакнење на довербата помеѓу производителите и откупувачите преку воспоставување на  договорни односи со откупувачите, подобрување на квалитетот, но и маркетинг и промоција на производите. Имено, еден од традиционалните овошни производи во јужните делови на Република Македонија е калинката. Во регионот има добри педоклиматски услови за негово одгледување. Предизвикот со кој се соочуваат земјоделците е организиран пласман, па тие се принудени екстра квалитетните калинки да ги пласираат на пазарите низ земјава. Поради немање организиран пазар тие се принудени да ги фрлаат и помалку квалитетните калинки кои ги има во големи количини. Со формирање на откупнo-преработувачки центар во регионот се очекува да се реши овој проблем – вели Елизабета Ристеска Мрческа, организациски координатор на МРР.

Преку оваа пилот интервенција се тестира бизнис модел, кој ќе овозможи зголемен пристап до пазарот, а истовремено ќе делува на полето на подобрување на продуктивноста и производствените стандарди.

The post Поддршка за развој и производство на калинка во југоисточниот регион appeared first on Република.

]]>

Во рамките на заложбите за јакнење на синџирите на вредност во секторот овошје, потсектор калинка, Мрежата за рурален развој на Македонија ќе делува во заложбите за јакнење на локалниот развој. Карактеристично за интервенцијата на МРР на СМ е тоа што таа се спроведува според принципите на пристапот за развој на пазарни системи (market system development пристап). За време на интервенцијата „Јакнење на синџирите на вредност во сектор овошје, потсектор калинка“  спроведена од ММР, производителите имаа можност да се запознаат со придобивките од договорното производство, како и да ги споделат своите досегашни искуства и ставови во поглед на градењето доверба помеѓу производителите и откупувачите. Реализацијата на оваа интервенција е дел од проектот „Организациски развој на МРР и развој на одржливи модели за обезбеденост со храна во локалните заедници“ кој е поддржан од Sida и We Effect Europe: