Руми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rumi/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 08:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Руми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rumi/ 32 32 Вечер со Руми во КИЦ: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecher-so-rumi-vo-kits-posledniot-knizheven-prepev-na-dragi-mihajlovski/ Fri, 22 Nov 2024 08:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=840651

Поезијата на еден од најголемите персиски поети, Џелаледин Мевљана Руми, е мелем за срцето на безброј читатели низ вековите, а од пред некое време можеме да ја читаме и на македонски јазик.

Стиховите на Руми, кои претставуваат непроценливо светско наследство, добиваат дополнителна убавина кога се препеани од големиот мајстор на зборот, проф. Драги Михајловски. Тоа е воедно и последниот превод и препев на кој тој работеше.

Модераторка на настанот на 28 ноември, во сала Империјал, во КИЦ, во 19,19 часот, е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева.

Надминувајќи ги материјалните граници на постоењето, поезијата на Руми ги обликува емоциите во мозаик во кој е претставено целокупното човеково искуство. Дојдете заедно да нурнеме во стиховите за божественоста, за љубовта и страста, копнежот и пријателството, пресликани на македонски јазик на совршен начин.

The post Вечер со Руми во КИЦ: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>

Поезијата на еден од најголемите персиски поети, Џелаледин Мевљана Руми, е мелем за срцето на безброј читатели низ вековите, а од пред некое време можеме да ја читаме и на македонски јазик. Стиховите на Руми, кои претставуваат непроценливо светско наследство, добиваат дополнителна убавина кога се препеани од големиот мајстор на зборот, проф. Драги Михајловски. Тоа е воедно и последниот превод и препев на кој тој работеше. Модераторка на настанот на 28 ноември, во сала Империјал, во КИЦ, во 19,19 часот, е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева. Надминувајќи ги материјалните граници на постоењето, поезијата на Руми ги обликува емоциите во мозаик во кој е претставено целокупното човеково искуство. Дојдете заедно да нурнеме во стиховите за божественоста, за љубовта и страста, копнежот и пријателството, пресликани на македонски јазик на совршен начин.

The post Вечер со Руми во КИЦ: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>