Румена Бужаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rumena-buzarovska/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 07:37:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Румена Бужаровска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rumena-buzarovska/ 32 32 Румена Бужаровска вечерва свечено ќе го отвори фестивалот „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rumena-buzharovska-vecherva-svecheno-ke-go-otvori-festivalot-bukstar/ Mon, 30 Sep 2024 07:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=820864

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar ) почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи денеска, а ќе трае до 3 октомври.

Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“.

Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.

Првиот фестивалски ден ќе започне со креативна работилница со Ана Голјешка-Џикова во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Потоа во „Лабораториум“ ќе има два поткаста, кои ќе ги води Душко Крстевски, а гости ќе бидат Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија. Свеченото отворање ќе се случи во 20 часот во „Лабораториум“, а воведна реч ќе даде македонската писателка Румена Бужаровска. На отворањето ќе се говори на тема „Книжевна студија за траумата и истрајноста“ со авторките Паола Перети и Мирженка Чехова. Вечерта ќе се заокружи со диџеј-сет на Ogipsilon/Sure Shotz.

Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.

Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.

Годинава за првпат се доделува специјалната наградата „BookStar“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец што стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда!

Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.

Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон, кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела што се длабоко лирични и емотивни.

Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски.

Дел од фестивалот се и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) - преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) - сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот нароманот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.
Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.
„Букстар“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно.

Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели.
Во периодот од 30 септември-3 октомври секој има право да ја доживее метаморфозата преку средбите со авторите на „BookStar“!

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Румена Бужаровска вечерва свечено ќе го отвори фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar ) почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи денеска, а ќе трае до 3 октомври. Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен. Првиот фестивалски ден ќе започне со креативна работилница со Ана Голјешка-Џикова во градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Потоа во „Лабораториум“ ќе има два поткаста, кои ќе ги води Душко Крстевски, а гости ќе бидат Жозе Луиш Пејшото од Португалија и Здравка Евтимова од Бугарија. Свеченото отворање ќе се случи во 20 часот во „Лабораториум“, а воведна реч ќе даде македонската писателка Румена Бужаровска. На отворањето ќе се говори на тема „Книжевна студија за траумата и истрајноста“ со авторките Паола Перети и Мирженка Чехова. Вечерта ќе се заокружи со диџеј-сет на Ogipsilon/Sure Shotz. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.
Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.
Годинава за првпат се доделува специјалната наградата „BookStar“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец што стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда!
Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.
Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон, кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела што се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски. Дел од фестивалот се и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор. Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) - преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) - сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот нароманот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик. Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео. „Букстар“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно. Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели. Во периодот од 30 септември-3 октомври секој има право да ја доживее метаморфозата преку средбите со авторите на „BookStar“! Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Румена Бужаровска вечерва свечено ќе го отвори фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Босанско издание и промоција на „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bosansko-izdanie-i-promotsija-na-gospod-pa-amerika-na-rumena-buzharovska/ Tue, 20 Aug 2024 07:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=808126

Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска.

Во дворот на босанскиот издавач, „Господ, па Америка“ синоќа беше промовирана заедно со „Каде исчезнаа рибите“, нова стихозбирка од Тугомир Матиќ. Промотори беа Матеј Вребац и Шејла Џиндо.

Преводот од англиски на босански јазик е дело на Сенада Кресо, а книгата е дел од едицијата уредена од Семездин Мехмединовиќ. Самиот уредник на едицијата, за книгата кажа: „Напишана духовито и жестоко, оваа американа им припаѓа на најдобрите од својот вид, во духот на есеите на Џоан Дидион, но во својот описна културните и политичките аномалии на денешната Америка, Бужаровска го задржува отрезнувачкиот и непоткупливиот поглед на набљудување отстрана, оној македонскиот или балканскиот, ослободен од сите илузии на денешниот свет“.

„Господ, па Америка“ оригинално е напишана од авторката на англиски јазик, од коешто издание е направен и овој превод. Есеите постапно беа објавувани на српски јазик на „Велике приче“, а во јули од ТРИ изјавија дека есеите се здобија со второ издание на македонски јазик.

Овој превод е уште еден доказ за тоа зоштоРумена Бужаровска е една од најпреведуваните домашни авторки, а за светот претставува уште една можност нејзиното писмо да стигне до што е можно повеќе читатели“, вели издавачот „ТРИ“.

The post Босанско издание и промоција на „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>

Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска. Во дворот на босанскиот издавач, „Господ, па Америка“ синоќа беше промовирана заедно со „Каде исчезнаа рибите“, нова стихозбирка од Тугомир Матиќ. Промотори беа Матеј Вребац и Шејла Џиндо. Преводот од англиски на босански јазик е дело на Сенада Кресо, а книгата е дел од едицијата уредена од Семездин Мехмединовиќ. Самиот уредник на едицијата, за книгата кажа: „Напишана духовито и жестоко, оваа американа им припаѓа на најдобрите од својот вид, во духот на есеите на Џоан Дидион, но во својот описна културните и политичките аномалии на денешната Америка, Бужаровска го задржува отрезнувачкиот и непоткупливиот поглед на набљудување отстрана, оној македонскиот или балканскиот, ослободен од сите илузии на денешниот свет“. „Господ, па Америка“ оригинално е напишана од авторката на англиски јазик, од коешто издание е направен и овој превод. Есеите постапно беа објавувани на српски јазик на „Велике приче“, а во јули од ТРИ изјавија дека есеите се здобија со второ издание на македонски јазик.
Овој превод е уште еден доказ за тоа зоштоРумена Бужаровска е една од најпреведуваните домашни авторки, а за светот претставува уште една можност нејзиното писмо да стигне до што е можно повеќе читатели“, вели издавачот „ТРИ“.
 
The post Босанско издание и промоција на „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>
„Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/gospod-pa-amerika-na-rumena-buzharovska-so-vtoro-izdanie-vo-tri/ Tue, 23 Jul 2024 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=799467

По саемското објавување во мај оваа година, „Господ, па Америка“ ја освои читателската публика со своите „нешто повеќе од есеи“, како што ги нарече нејзиниот промотор Ивор Мицковски.

По три месеци, на полиците на ТРИ пристигна второто издание на оваа извонредна книга, што е уште еден доказ за ерудицијата, чувствителноста и можноста на книжевноста да ги одредува и да ги надминува границите.

Книгата оригинално беше напишана на англиски јазик, а есеите постапно беа објавувани на српски јазик на сајтот „Велике приче“. Румена Бужаровска е една од најпреведуваните авторки во нашата земја, досега објавена на четиринаесет јазици, а расказите од „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ се поставени во шест театарски претстави што се играат со голем успех кај нас и во странство.

Во исчекување на единаесеттото издание на „Мојот маж“, го славиме второто издание на оваа збирка есеи за која од ТРИ изјавуваат дека е една од најбараните книги што постојано е меѓу најпродаваните за овие месеци. Повеќе автори веќе се огласија за „Господ, па Америка“.

Според Петар Андоновски, „Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ!“А Сашо Огненовски во својата рецензија ја означи како „книга која балансира токму меѓу подземниот анимозитет и слаткоста на секојдневието каде што отворените прашања се секогаш добредојдени, зашто ако не се одговорат сите, ќе нема за што да се живее, ќе нема каде да се оди и зошто да се очекува новиот ден“.

The post „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ appeared first on Република.

]]>

По саемското објавување во мај оваа година, „Господ, па Америка“ ја освои читателската публика со своите „нешто повеќе од есеи“, како што ги нарече нејзиниот промотор Ивор Мицковски. По три месеци, на полиците на ТРИ пристигна второто издание на оваа извонредна книга, што е уште еден доказ за ерудицијата, чувствителноста и можноста на книжевноста да ги одредува и да ги надминува границите. Книгата оригинално беше напишана на англиски јазик, а есеите постапно беа објавувани на српски јазик на сајтот „Велике приче“. Румена Бужаровска е една од најпреведуваните авторки во нашата земја, досега објавена на четиринаесет јазици, а расказите од „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ се поставени во шест театарски претстави што се играат со голем успех кај нас и во странство. Во исчекување на единаесеттото издание на „Мојот маж“, го славиме второто издание на оваа збирка есеи за која од ТРИ изјавуваат дека е една од најбараните книги што постојано е меѓу најпродаваните за овие месеци. Повеќе автори веќе се огласија за „Господ, па Америка“. Според Петар Андоновски, „Ако во расказите Бужаровска е ненадминлива, во есеите е – па, Господ!“А Сашо Огненовски во својата рецензија ја означи како „книга која балансира токму меѓу подземниот анимозитет и слаткоста на секојдневието каде што отворените прашања се секогаш добредојдени, зашто ако не се одговорат сите, ќе нема за што да се живее, ќе нема каде да се оди и зошто да се очекува новиот ден“.  

The post „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска со второ издание во „Три“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-zbirkata-esei-gospod-pa-amerika-na-rumena-buzharovska/ Mon, 15 Apr 2024 08:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=766165

На 15 април (понеделник), од 19.30 ч., во „Јавна соба“ ќе се одржи промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“ во издание на „Три“. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“ го добиваат своето прво македонско издание.

Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството. Целиот настан ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество. Низ него ќе нè води Ивор Мицковски во улога на промотор – велат од „Три“.

По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик…

За есеите веќе има одзив од домашните и од авторите од регионот. Како покана ќе ги искористиме зборовите на познатиот српски режисер Срѓан Драгојевиќ: „Го поминав истиот пат како авторката на патописите и не ми беше толку интересно како што ми беше читањето на оваа книга“ – вели издавачот во најавата за промоцијата.

The post Промоција на збирката есеи „Господ, па Америка“ на Румена Бужаровска appeared first on Република.

Втора промоција во Атина на книгите на македонската авторка: Делата на Бужаровска ги уриваат бариерите и табуата во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vtora-promotsija-vo-atina-na-knigite-na-makedonskata-avtorka-delata-na-buzharovska-gi-urivaat-barierite-i-tabuata-vo-grtsija/ Sun, 11 Feb 2024 10:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=742769

Просторот наменет за промоција на книги во книжарницата на издавачката куќа „Гутенберг“ во центарот на Атина беше премал за да ги собере сите оние кои вчера дојдоа на презентацијата на грчките изданија на книгите „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ на македонската авторка Румена Бужаровска, кои се повеќе ја освојуваат грчката читачка публика, јави дописничката на МИА од Атина.

За помалку од осум месеци ова е втора промоција на книгите на Бужаровска во грчката престолнина, а пред само две седмици беше и премиерата на претставата „Мојот маж“ според истоимената книга.

За делата на Бужаровска на промоцијата во Атина говореа преведувачката Александра Јоаниду, режисерката на претставата Мариа Маганари и новинарката Анастасиа Јамали.

Македонската авторка во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека со книгите веќе се скршени бариерите и табуата, а Грците се многу поотворени кон нашата земја.

Книжевноста е секогаш многу поотворена и луѓето кои читаат книги воглавно не се националисти, многу е тешко кај читачите да најдете националисти и мислам дека се многу отворени кон една култура кон којашто претходно биле многу затворени, а меѓу другото дознаваат работи, сличности за Балканот преку книгата. Другата работа е што мислам дека како и на други места низ светот, жените повеќе читаат, објаснува Бужаровска.

Она што книгата „Мојот маж“ ја прави особено популарна во Грција, според авторката е фактот што станува збор за современо дело, а читателите учат: учат за себе, учат за Балканот, но и за Македонија.

А, очигледно и преводот е многу добар, затоа што речиси без измени се игра на театар, потенцира авторката.

Пред две седмици беше и официјалната премиера на претставата „Мојот маж“ во театарот „Тисио“ во центарот на Атина и ќе се игра до средината на март, а Бужаровска вели дека според режисерката Мариа Маганари интересот е голем, салата исполнета, а карти тешко се наоѓаат.

Меѓу две посети на Атина, по премиерата на претставата и пред вчерашната промоција на книгите, Бужаровска беше во Аргентина, за тамошните читатели да се запознаат со „Мојот маж“.

Станува збор за шпанскиот превод што во Аргентина се испечати посебно, бидејќи финансиската ситуација во земјата е апсурдна и тажна на многу начини и имаат неверојатна инфлација. Со оглед на тоа дека имаат многу големи даноци не можат воопшто да ја увезат книгата и поевтино ги чинеше да ја испечатат таму. Имав многу успешна промоција, се изненадив. Инде Помераниец, која го водеше читањето, е една од жените која го има покренато нивниот „me too“, многу интересна авторка и новинарка. И таму помина многу добро, беше многу интересно да се разговара со луѓе од Латинска Америка за работи што се исти, објаснува македонската авторка.

„Мојот маж“ е една од најпреведуваните македонски книги објавен на над 13 јазици, промовирана во исто толку земји. Бужаровска вели дека не може да одвои место што и е најдраго каде што биле презентирани делата.

Но, во Грција доаѓа често, постои добра конекција меѓу авторката и читателите, нешто што беше очигледно на сите досегашни промоции.

Грција за мене има посебна драж и многу се радувам секојпат кога сум тука и поради политичките проблеми што сме ги имале и заради кршење на едно табу, но и фактот што секогаш кога доаѓам на вакви промоции, тие постојано велат „македонски“, а досега беше табу да се каже тој збор и гледам дека се многу поопуштени и тоа ми значи на некое политичко ниво, но и лично. Меѓутоа немам некое место, секаде публиката е навистина прекрасна, бидејќи луѓето од книжевниот свет се отворени и се космополити, истакнува авторката за МИА.

Оние кои веќе ја прочитале првата преведена книга „Мојот маж“ сега ја купуваат втората „Не одам никаде“, а велат дека со нетрпение ја очекуваат и третата.

Сега има план и „Осмица“ да се преведе, ги имаат купено правата но мојата преведувачка е многу зафатена, а и јас мислам дека треба малку време да помине затоа што двете книги излегоа многу брзо една по друга, но секако и „Осмица“ ќе биде издадена на грчки јазик, открива Бужаровска.

Преводот на грчки јазик и на „Мојот маж“ и на „Не одам никаде“ е на професорката Александра Јоаниду, која ја продолжува соработката со авторката и за третата книга.

Во изминатата година Бужаровска два пати ги промовираше делата во Атина, а беа претставени и пред читачката публика во Солун и на островот Крит.

The post Втора промоција во Атина на книгите на македонската авторка: Делата на Бужаровска ги уриваат бариерите и табуата во Грција appeared first on Република.

]]>

Просторот наменет за промоција на книги во книжарницата на издавачката куќа „Гутенберг“ во центарот на Атина беше премал за да ги собере сите оние кои вчера дојдоа на презентацијата на грчките изданија на книгите „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ на македонската авторка Румена Бужаровска, кои се повеќе ја освојуваат грчката читачка публика, јави дописничката на МИА од Атина. За помалку од осум месеци ова е втора промоција на книгите на Бужаровска во грчката престолнина, а пред само две седмици беше и премиерата на претставата „Мојот маж“ според истоимената книга. За делата на Бужаровска на промоцијата во Атина говореа преведувачката Александра Јоаниду, режисерката на претставата Мариа Маганари и новинарката Анастасиа Јамали. Македонската авторка во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека со книгите веќе се скршени бариерите и табуата, а Грците се многу поотворени кон нашата земја.
Книжевноста е секогаш многу поотворена и луѓето кои читаат книги воглавно не се националисти, многу е тешко кај читачите да најдете националисти и мислам дека се многу отворени кон една култура кон којашто претходно биле многу затворени, а меѓу другото дознаваат работи, сличности за Балканот преку книгата. Другата работа е што мислам дека како и на други места низ светот, жените повеќе читаат, објаснува Бужаровска.
Она што книгата „Мојот маж“ ја прави особено популарна во Грција, според авторката е фактот што станува збор за современо дело, а читателите учат: учат за себе, учат за Балканот, но и за Македонија.
А, очигледно и преводот е многу добар, затоа што речиси без измени се игра на театар, потенцира авторката.
Пред две седмици беше и официјалната премиера на претставата „Мојот маж“ во театарот „Тисио“ во центарот на Атина и ќе се игра до средината на март, а Бужаровска вели дека според режисерката Мариа Маганари интересот е голем, салата исполнета, а карти тешко се наоѓаат. Меѓу две посети на Атина, по премиерата на претставата и пред вчерашната промоција на книгите, Бужаровска беше во Аргентина, за тамошните читатели да се запознаат со „Мојот маж“.
Станува збор за шпанскиот превод што во Аргентина се испечати посебно, бидејќи финансиската ситуација во земјата е апсурдна и тажна на многу начини и имаат неверојатна инфлација. Со оглед на тоа дека имаат многу големи даноци не можат воопшто да ја увезат книгата и поевтино ги чинеше да ја испечатат таму. Имав многу успешна промоција, се изненадив. Инде Помераниец, која го водеше читањето, е една од жените која го има покренато нивниот „me too“, многу интересна авторка и новинарка. И таму помина многу добро, беше многу интересно да се разговара со луѓе од Латинска Америка за работи што се исти, објаснува македонската авторка.
„Мојот маж“ е една од најпреведуваните македонски книги објавен на над 13 јазици, промовирана во исто толку земји. Бужаровска вели дека не може да одвои место што и е најдраго каде што биле презентирани делата. Но, во Грција доаѓа често, постои добра конекција меѓу авторката и читателите, нешто што беше очигледно на сите досегашни промоции.
Грција за мене има посебна драж и многу се радувам секојпат кога сум тука и поради политичките проблеми што сме ги имале и заради кршење на едно табу, но и фактот што секогаш кога доаѓам на вакви промоции, тие постојано велат „македонски“, а досега беше табу да се каже тој збор и гледам дека се многу поопуштени и тоа ми значи на некое политичко ниво, но и лично. Меѓутоа немам некое место, секаде публиката е навистина прекрасна, бидејќи луѓето од книжевниот свет се отворени и се космополити, истакнува авторката за МИА.
Оние кои веќе ја прочитале првата преведена книга „Мојот маж“ сега ја купуваат втората „Не одам никаде“, а велат дека со нетрпение ја очекуваат и третата.
Сега има план и „Осмица“ да се преведе, ги имаат купено правата но мојата преведувачка е многу зафатена, а и јас мислам дека треба малку време да помине затоа што двете книги излегоа многу брзо една по друга, но секако и „Осмица“ ќе биде издадена на грчки јазик, открива Бужаровска.
Преводот на грчки јазик и на „Мојот маж“ и на „Не одам никаде“ е на професорката Александра Јоаниду, која ја продолжува соработката со авторката и за третата книга. Во изминатата година Бужаровска два пати ги промовираше делата во Атина, а беа претставени и пред читачката публика во Солун и на островот Крит.

The post Втора промоција во Атина на книгите на македонската авторка: Делата на Бужаровска ги уриваат бариерите и табуата во Грција appeared first on Република.

]]>
Румена Бужаровска: Приказната е сржта на филмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rumena-buzharovska-prikaznata-e-srzhta-na-filmot/ Fri, 22 Sep 2023 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=684229

Нарација во книжевноста и филмот, е темата на која попладнево пред битолчани зборуваше македонската писателка, книжевна преведувачка и професорка, Румена Бужаровска. Настанот кој се одржа во културниот центар „Магаза“, а кој го модерираше Ана Василева, е дел од Офф пограмата која се одржува во рамки на годинашниот Интернационален фестивал за филмска камера, „Браќа Манаки“.

Тоа што се памети е приказната. Сите најдобро паметиме приказни. Начинот на кој учиме е преку приказни, начинот на кој го пренесуваме знаењето е преку приказни. Но, и преку слики, во филмската уметност. Некои од сликите во детството се немаат најдено во моите раскази. На пример, кога бев малечка, ме нервираше едно девојче кое ни кажуваше стално да ѝ зборуваме дека е убава, па еднаш ѝ реков да фати коприва. Таа слика кога таа ја фати копривата, ми остана во сеќавање. Сакав да сфати дека убавината не е нешто најважно на светот, рече Бужаровска.

Таа на посетителите им откри дека во последно време пишува во сцени.

Прво сакам да завршам за една сцена каде има една локација визуелна, па потоа да започнам да пишувам во друга сцена. И тоа ми го олеснува пишувањето, додаде пиателката.

Според неа, кога станува збор за филм, приказната е сржта на филмот.

Режисерите често се преценуваат кога се обидуват да напишат приказна за филм. И пишувањето и снимањето филм, се занаети. Режисерите треба да им дадат простор на раскажувачите и на писателите. Има начин како се пишува приказна, како што има начин како се снима филм Тоа се вештини и тоа се учи. Но сепак, не може да има филм без приказна, смета писателката.

Како што таа појасни, филмот е ниво на кое се соединуваат повеќе уметности.

Многу полесно да се напише книга, во тој процес човек е сам. Но, многу е потешко да се сними филм бидејќи таму има екипа од многу луѓе, кои се „комплицирани“, додаде Бужаровска.

Почнувајќи од денеска па до 29 септември, како дел од Офф програмата, во Битола ќе се одржуваат презентации, изложби и работилници.

The post Румена Бужаровска: Приказната е сржта на филмот appeared first on Република.

Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toa-se-narode-tie-tolerantni-moderni-eu-sushtestva/ Fri, 30 Jun 2023 09:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=656781

Ете големата писателка на ЛГБТ батерии ни кажа дека сме најмрачнито и најгадното НЕШТО кое вчера излегло на улица да протестира против ЛГБТ и родовата мегалуда идеологија. Ова нејзиното не е говор на омраза, а?, прашува Сашо Тасевски, зборувајќи за статусот на писателката Румена Бужаровска, која за вчерашниот Сенароден собир, организиран од МПЦ-ОА, напиша дека на улица излезе „најгрозното и најмрачното во Македонија“.

Еве ја прашувам онаа инквизиторска Дирекцијата за борба против дискриминација да одговори.
Оти ние сме навредени што големата ванаби писателка не нарекува мрачни сили. И бараме да поведете постапка против неа за нејзината изјава на фејсбук.
Ние сме според неа мракот а они се као светулки во мракот.
А бе прдам од смеење!!!
Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества. Устата им е полна со демократија ама секогаш да биде по нивно. Имате право на свое мислење ама само ако е тоа нивното мислење. Инаку сте мрачен, сељак, глуп и неандерталец.
Види вака елито прогресивна...
Ако со вас неколку нешто не во ред, не мора цело општество да го заразите со вашите лични трауми и фрустрации.
И сфатете еднаш, ниту сте најпаметни, ниту можете бескрајно да ги мувате сите со вашите патолошки курназлаци, вели тој.

The post Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества appeared first on Република.

]]>

Ете големата писателка на ЛГБТ батерии ни кажа дека сме најмрачнито и најгадното НЕШТО кое вчера излегло на улица да протестира против ЛГБТ и родовата мегалуда идеологија. Ова нејзиното не е говор на омраза, а?, прашува Сашо Тасевски, зборувајќи за статусот на писателката Румена Бужаровска, која за вчерашниот Сенароден собир, организиран од МПЦ-ОА, напиша дека на улица излезе „најгрозното и најмрачното во Македонија“.
Еве ја прашувам онаа инквизиторска Дирекцијата за борба против дискриминација да одговори. Оти ние сме навредени што големата ванаби писателка не нарекува мрачни сили. И бараме да поведете постапка против неа за нејзината изјава на фејсбук. Ние сме според неа мракот а они се као светулки во мракот. А бе прдам од смеење!!! Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества. Устата им е полна со демократија ама секогаш да биде по нивно. Имате право на свое мислење ама само ако е тоа нивното мислење. Инаку сте мрачен, сељак, глуп и неандерталец. Види вака елито прогресивна... Ако со вас неколку нешто не во ред, не мора цело општество да го заразите со вашите лични трауми и фрустрации. И сфатете еднаш, ниту сте најпаметни, ниту можете бескрајно да ги мувате сите со вашите патолошки курназлаци, вели тој.

The post Тоа се народе тие толерантни, модерни ЕУ суштества appeared first on Република.

]]>
Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novite-izdanija-na-rumena-buzharovska-na-saemot-na-knigata/ Mon, 08 May 2023 11:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=638353

Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите.

„Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.

Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик. Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат, велат од „ТРИ“.

The post Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>

Денес на Саемот на книгата на штандот на ТРИ, од 18 часот, ќе се одржи промоција на новите изданија на расказите на Румена Бужаровска, кои побудија голем интерес кај посетителите. „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ ги потсетуваат читателите дека на македонската книжевна сцена има квалитетни автори кои вреди да се прочитаат.
Бројот на читатели што се интересираат за домашната литература постојано расте. Тоа се случува благодарение на македонските авторки и автори како Румена Бужаровска, кои во своите дела ни нудат силни приказни раскажани на мајчиниот јазик. Бужаровска не само што успеа да ги охрабри читателите да ѝ веруваат на македонската проза, а на писателите да ја објавуваат, туку успеа и да ги надмине границите и да го прошири својот глас и влијание во Европа. Нејзините раскази се преведуваат на големи светски јазици, се изведуваат на театарските сцени и високо се вреднуваат, велат од „ТРИ“.

The post Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата appeared first on Република.

]]>
Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rumena-buzharovska-e-novoto-golemo-ime-vo-tri/ Thu, 04 May 2023 15:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=636895

Румена Бужаровска, женскиот глас што надалеку се слуша. Така ја најавуваат од издавачкиот центар „Три“ Бужаровска, една од најпреведуваните авторки, која е ново име во „Три“.

Со големо задоволство и возбуда трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ овој Саем на книгата пристигаат во издание на „Три“ . Нивната промоција на нашиот штанд ќе се одржи на 8 мај во 18 часот, соопштија од издавачката куќа.

Овие збирки направија најголем пробив на македонската современа книжевност надвор од нашите граници благодарение на нејзиниот исклучителен талент, читлив и привлечен стил со кој успева дури и најсекојдневните теми да допрат до бездната на човечката душа натрупана со проблемите од нашето општество, и со оние универзалните.

Освен промоцијата на новите изданија на збирките раскази од Бужаровска од „Три“ на Сеамот на книга кој почна денеска и ќе трае до 10 мај, најавуваат театарска изведба на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, средба со Венко Андоновски, Винка Саздова или Јагода Михајловска-Георгиева, новата книга од д-р Александар Митов и биографијата на Велимир Џаровски - Џаро.

The post Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ appeared first on Република.

]]>

Румена Бужаровска, женскиот глас што надалеку се слуша. Така ја најавуваат од издавачкиот центар „Три“ Бужаровска, една од најпреведуваните авторки, која е ново име во „Три“.
Со големо задоволство и возбуда трите збирки раскази „Осмица“ (ново издание во кое има и од раните раскази од „Чкртки“), „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ овој Саем на книгата пристигаат во издание на „Три“ . Нивната промоција на нашиот штанд ќе се одржи на 8 мај во 18 часот, соопштија од издавачката куќа.
Овие збирки направија најголем пробив на македонската современа книжевност надвор од нашите граници благодарение на нејзиниот исклучителен талент, читлив и привлечен стил со кој успева дури и најсекојдневните теми да допрат до бездната на човечката душа натрупана со проблемите од нашето општество, и со оние универзалните. Освен промоцијата на новите изданија на збирките раскази од Бужаровска од „Три“ на Сеамот на книга кој почна денеска и ќе трае до 10 мај, најавуваат театарска изведба на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, средба со Венко Андоновски, Винка Саздова или Јагода Михајловска-Георгиева, новата книга од д-р Александар Митов и биографијата на Велимир Џаровски - Џаро.

The post Румена Бужаровска е новото големо име во „Три“ appeared first on Република.

]]>
Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ekaterina-petrova-od-bugarija-na-preveduvachka-rezidencija-vo-skopje-kje-gi-preveduva-raskazite-na-rumena-buzarovska/ Thu, 09 Jun 2022 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=512927

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска.

Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“.

„Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји.

Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>

Во јуни, во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. За време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на бугарски јазик на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. Екатерина Петрова е книжевна преведувачка и авторка на есеистички книги. Има завршено постдипломски студии за книжевен превод на Универзитетот во Ајова, САД. Активно се занимава со превод на дела од бугарски автори на англиски јазик и обратно, а предава превод и на Универзитетот во Софија. Во 2021 година ја објавува збирката есеи/патописи „Трагач по нешта: 44 (не)обични предмети од блиску и од далеку“. „Превод во движење“ е меѓународен проект кој опфаќа резиденции на книжевни преведувачи во Франција, Шведска, Велика Британија, Летонија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Србија. Целта на проектот е да се зголеми соработката меѓу книжевните преведувачи од земјите во кои се реализира и да се интензивира книжевната размена во земјите од Западен Балкан и земјите-членки на Европската Унија. Во рамки на преведувачките резиденции, преведувачите и преведувачките работат на конкретен книжевен превод, кој потоа ќе биде објавен во нивните земји. Проектот „Превод во движење“ (Translation in motion) е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

The post Екатерина Петрова од Бугарија на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска appeared first on Република.

]]>