рудник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnik/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 12:50:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рудник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnik/ 32 32 Кривична пријава за рудникот во Македонска Каменица и одговорното лице од Велика Британија за загадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-rudnikot-vo-makedonska-kamenitsa-i-odgovornoto-litse-od-velika-britanija-za-zagaduvane/ Wed, 20 Nov 2024 12:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=839934

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите, се вели во соопштението од МВР.

The post Кривична пријава за рудникот во Македонска Каменица и одговорното лице од Велика Британија за загадување appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите, се вели во соопштението од МВР.

The post Кривична пријава за рудникот во Македонска Каменица и одговорното лице од Велика Британија за загадување appeared first on Република.

]]>
Едно лице загина, 23 се спасени по несреќа во рудник во Колорадо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edno-litse-zagina-23-se-spaseni-po-nesreka-vo-rudnik-vo-kolorado/ Fri, 11 Oct 2024 07:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=825408

Едно лице загина, а 23 се спасени по несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо, САД, кој сега е туристичка атракција, соопштија властите.

Тие рекоа дека луѓето биле заробени шест часа во четвртокот на длабочина од околу 300 метри во рудник во Крипл Крик, Колорадо, откако се случиле механички проблеми во системот на лифтот, објави Си-Ен-Ен.

Единаесет лица беа спасени претходно во четвртокот, а уште десет лица кои дојдоа од друга земја беа заробени на дното на рудникот околу шест часа пред да бидат спасени во четвртокот навечер.

„Меѓу спасените има две деца, а четири спасени лица беа прегледани од медицинскиот персонал за полесни повреди“, изјави шерифот на округот Телер Џејсон Мајкесел, наведувајќи дека е во тек истрага за да се утврди причината за дефектот на лифтот.

Микесел истакна дека 12 лица се заглавени на ниски температури од околу 10 Целзиусови степени и дека имале вода, ќебиња, столици и радио.

Поранешниот рудник за злато е туристичка атракција повеќе од 50 години, а последната несреќа се случи во 1986 година, изјави Микесел.

Во таа несреќа две лица останале заглавени во лифтот, а немало жртви.

Туристичката обиколка на рудникот за злато од 1890-тите трае околу еден час, пренесува Танјуг

The post Едно лице загина, 23 се спасени по несреќа во рудник во Колорадо appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а 23 се спасени по несреќа во поранешен рудник за злато во Колорадо, САД, кој сега е туристичка атракција, соопштија властите. Тие рекоа дека луѓето биле заробени шест часа во четвртокот на длабочина од околу 300 метри во рудник во Крипл Крик, Колорадо, откако се случиле механички проблеми во системот на лифтот, објави Си-Ен-Ен. Единаесет лица беа спасени претходно во четвртокот, а уште десет лица кои дојдоа од друга земја беа заробени на дното на рудникот околу шест часа пред да бидат спасени во четвртокот навечер. „Меѓу спасените има две деца, а четири спасени лица беа прегледани од медицинскиот персонал за полесни повреди“, изјави шерифот на округот Телер Џејсон Мајкесел, наведувајќи дека е во тек истрага за да се утврди причината за дефектот на лифтот. Микесел истакна дека 12 лица се заглавени на ниски температури од околу 10 Целзиусови степени и дека имале вода, ќебиња, столици и радио. Поранешниот рудник за злато е туристичка атракција повеќе од 50 години, а последната несреќа се случи во 1986 година, изјави Микесел. Во таа несреќа две лица останале заглавени во лифтот, а немало жртви. Туристичката обиколка на рудникот за злато од 1890-тите трае околу еден час, пренесува Танјуг

The post Едно лице загина, 23 се спасени по несреќа во рудник во Колорадо appeared first on Република.

]]>
Најмалку 28 загинати при експлозија во рудник во Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-28-zaginati-pri-eksplozija-vo-rudnik-vo-iran/ Sun, 22 Sep 2024 08:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=818638

Најмалку 28 лица загинале во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави иранската државна телевизија.

Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник.

Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо. Во блоковите Б и Ц на рудникот, погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. Во тек спасувачка операција.

The post Најмалку 28 загинати при експлозија во рудник во Иран appeared first on Република.

]]>

Најмалку 28 лица загинале во експлозија на метан во рудник за јаглен во иранската провинција Јужен Хорасан, јави иранската државна телевизија. Претходно медиумите објавија дека 12 лица се повредени во експлозија во иранскиот рудник. Триесет луѓе се уште се заглавени во рудникот Маданџо. Во блоковите Б и Ц на рудникот, погодени од експлозијата, во тој момент се наоѓале вкупно 69 лица. Во тек спасувачка операција.

The post Најмалку 28 загинати при експлозија во рудник во Иран appeared first on Република.

]]>
За рудникот за литиум одлучува српскиот народ, САД го поддржуваат ставот на владата на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-rudnikot-za-litium-odluchuva-srpskiot-narod-sad-go-poddrzhuvaat-stavot-na-vladata-na-srbija/ Wed, 21 Aug 2024 19:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=808796

Рудникот за литиум е можност Србија да ги продлабочи врските со Европската унија (ЕУ) и да се позиционира како лидер во индустријата што ќе биде многу важна во иднина, но народот на Србија треба да одлучи дали тој рудник ќе го има, изјави помошникот на државниот секретар на САД за енергетика Џефри Пјат, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за Гласот на Америка (ВОА), Пајат рече дека западните земји бараат алтернатива во снабдувањето со литиум, бидејќи тие се во голема мера зависни од Кина.

Пајат одговори и на тврдењата од Москва дека Западот ја урива власта во Србија преку протести против литиумот и посочи дека ситуацијата е спротивна – дека Америка ја поддржува владата во Србија во врска со проектот Јадар и Рио Тинто.

-Ова е важен проект за САД од неколку причини. Пред се, тоа е можност за продлабочување на врските меѓу ЕУ и Србија, што е цел на американската политика со години. Тоа е исто така важен дел од нашето партнерство со ЕУ за да се забрза енергетската транзиција и да се произведат големи количини клучни минерали потребни за да се исполни целта што сите ја сакаме – а тоа е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во нашите економии, објасни Пјат.

На прашањето како ги коментирате обвинувањата од Русија дека Западот преку протести против Рио Тинто сака да ја дестабилизира ситуацијата и да ја собори власта во Србија, Пјат рече дека тоа е „целосно бесмислено“.

-Јасно е дека има само една земја која е заинтересирана Србија да остане ранлива и зависна. А последен пат кога проверив, тоа беше Руската Федерација, рече помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси.

Тој рече дека „сите сме премногу зависни од една земја, Кина, која контролира голем дел од ископувањето и преработката на овие енергетски минерали“.

-Постои систематски обид во ЕУ и САД да се диверзифицира синџирот на снабдување. Прашањето од каде ќе дојде оваа диверзификација е сè уште отворено. Но, Србија, поради својата геологија, има единствена можност да игра глобално значајна улога во тој процес, изјави американски функционер.

На прашањето на ВОА дали проектот е важен за Србија, Пјат рече дека „народот на Србија треба да одлучи за тоа“.

The post За рудникот за литиум одлучува српскиот народ, САД го поддржуваат ставот на владата на Србија appeared first on Република.

]]>

Рудникот за литиум е можност Србија да ги продлабочи врските со Европската унија (ЕУ) и да се позиционира како лидер во индустријата што ќе биде многу важна во иднина, но народот на Србија треба да одлучи дали тој рудник ќе го има, изјави помошникот на државниот секретар на САД за енергетика Џефри Пјат, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервју за Гласот на Америка (ВОА), Пајат рече дека западните земји бараат алтернатива во снабдувањето со литиум, бидејќи тие се во голема мера зависни од Кина. Пајат одговори и на тврдењата од Москва дека Западот ја урива власта во Србија преку протести против литиумот и посочи дека ситуацијата е спротивна – дека Америка ја поддржува владата во Србија во врска со проектот Јадар и Рио Тинто. -Ова е важен проект за САД од неколку причини. Пред се, тоа е можност за продлабочување на врските меѓу ЕУ и Србија, што е цел на американската политика со години. Тоа е исто така важен дел од нашето партнерство со ЕУ за да се забрза енергетската транзиција и да се произведат големи количини клучни минерали потребни за да се исполни целта што сите ја сакаме – а тоа е намалување на емисиите на јаглерод диоксид во нашите економии, објасни Пјат. На прашањето како ги коментирате обвинувањата од Русија дека Западот преку протести против Рио Тинто сака да ја дестабилизира ситуацијата и да ја собори власта во Србија, Пјат рече дека тоа е „целосно бесмислено“. -Јасно е дека има само една земја која е заинтересирана Србија да остане ранлива и зависна. А последен пат кога проверив, тоа беше Руската Федерација, рече помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси. Тој рече дека „сите сме премногу зависни од една земја, Кина, која контролира голем дел од ископувањето и преработката на овие енергетски минерали“. -Постои систематски обид во ЕУ и САД да се диверзифицира синџирот на снабдување. Прашањето од каде ќе дојде оваа диверзификација е сè уште отворено. Но, Србија, поради својата геологија, има единствена можност да игра глобално значајна улога во тој процес, изјави американски функционер. На прашањето на ВОА дали проектот е важен за Србија, Пјат рече дека „народот на Србија треба да одлучи за тоа“.

The post За рудникот за литиум одлучува српскиот народ, САД го поддржуваат ставот на владата на Србија appeared first on Република.

]]>
Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetiri-litsa-zaginaa-vo-nesreka-vo-rudnik-za-jaglen-vo-kina/ Sat, 06 Apr 2024 09:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=762998

Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во централната кинеска провинција Хунан, соопштија денеска властите.

Несреќата се случила во петокот вечерта, а спасувачката операција завршила околу два часа по полноќ по локално време, објави новинската агенција Ксинхуа.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.

The post Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Кина appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во централната кинеска провинција Хунан, соопштија денеска властите.
Несреќата се случила во петокот вечерта, а спасувачката операција завршила околу два часа по полноќ по локално време, објави новинската агенција Ксинхуа.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.

The post Четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Кина appeared first on Република.

]]>
Најголем природен проток на водород е измерен во албански рудник за хром https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najgolem-priroden-protok-na-vodorod-e-izmeren-vo-albanski-rudnik-za-hrom/ Tue, 13 Feb 2024 09:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=743414

Водородниот гас е безбоен и без мирис и многу запалив, па затоа често се користи како гориво. Неодамна, тој се смета за алтернатива на горивата базирана на јаглерод, бидејќи неговото согорување не произведува ефекти на стаклена градина, пишува Phys.org.

Претходните истражувања покажаа дека под рудникот се наоѓа огромен резервоар на водород и дека тој настанал кога дел од Земјината кора се поместил пред милион години. Формиран е појас од карпести почви познат како офиолит. Неколку такви офиолити се пронајдени низ светот, а се верува дека повеќето содржат резерви на водород.

Во новата студија, истражувачите одговориле на извештаите за големи количини на водород што истекуваат од рудникот. Пријавени се неколку експлозии. Беа измерени истекувањата на неколку локации и беше проценето вкупното количество на ослободен водород - мерењата покажаа дека од рудникот се испуштаат околу 200 тони секоја година, што е најголем природен проток досега.

Истражувачите веруваат дека е потребна нова технологија за искористување на таквите резервоари за производство на огромни количества водород на чист и економичен начин, потенцијално намалувајќи ја зависноста од јаглеродните горива.

The post Најголем природен проток на водород е измерен во албански рудник за хром appeared first on Република.

]]>

Водородниот гас е безбоен и без мирис и многу запалив, па затоа често се користи како гориво. Неодамна, тој се смета за алтернатива на горивата базирана на јаглерод, бидејќи неговото согорување не произведува ефекти на стаклена градина, пишува Phys.org. Претходните истражувања покажаа дека под рудникот се наоѓа огромен резервоар на водород и дека тој настанал кога дел од Земјината кора се поместил пред милион години. Формиран е појас од карпести почви познат како офиолит. Неколку такви офиолити се пронајдени низ светот, а се верува дека повеќето содржат резерви на водород. Во новата студија, истражувачите одговориле на извештаите за големи количини на водород што истекуваат од рудникот. Пријавени се неколку експлозии. Беа измерени истекувањата на неколку локации и беше проценето вкупното количество на ослободен водород - мерењата покажаа дека од рудникот се испуштаат околу 200 тони секоја година, што е најголем природен проток досега. Истражувачите веруваат дека е потребна нова технологија за искористување на таквите резервоари за производство на огромни количества водород на чист и економичен начин, потенцијално намалувајќи ја зависноста од јаглеродните горива.

The post Најголем природен проток на водород е измерен во албански рудник за хром appeared first on Република.

]]>
Трагедија во Кина: Експлозија на гас во рудник, 10 лица загинаа, шест се водат како исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-kina-eksplozija-na-gas-vo-rudnik-10-litsa-zaginaa-shest-se-vodat-kako-ischeznati/ Sat, 13 Jan 2024 10:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=732533

Десет лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по несреќа во рудник за јаглен во градот Пингдингшан, во кинеската провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти.

Прелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила вчера во 14:55 часот по локално време, поради експлозија на гас во рудникот, кој е во сопственост на кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг.

Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Спасувачките операции се уште траат, додека одговорните во рудникот за јаглен се во притвор од органите за јавна безбедност.

The post Трагедија во Кина: Експлозија на гас во рудник, 10 лица загинаа, шест се водат како исчезнати appeared first on Република.

]]>

Десет лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по несреќа во рудник за јаглен во градот Пингдингшан, во кинеската провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти. Прелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила вчера во 14:55 часот по локално време, поради експлозија на гас во рудникот, кој е во сопственост на кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг. Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Спасувачките операции се уште траат, додека одговорните во рудникот за јаглен се во притвор од органите за јавна безбедност.

The post Трагедија во Кина: Експлозија на гас во рудник, 10 лица загинаа, шест се водат како исчезнати appeared first on Република.

]]>
Четворица загинати во несреќа во полски рудник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvoritsa-zaginati-vo-nesreka-vo-polski-rudnik/ Tue, 28 Nov 2023 21:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=717332

Четири лица загинаа во рудникот Собиески во Јаворжно во јужна Полска, соопшти вечерва портпаролката на државната агенција за рударство (WUG).

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми.

Повредени се уште две лица.

Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

The post Четворица загинати во несреќа во полски рудник appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа во рудникот Собиески во Јаворжно во јужна Полска, соопшти вечерва портпаролката на државната агенција за рударство (WUG). Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

The post Четворица загинати во несреќа во полски рудник appeared first on Република.

]]>
Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-juzhna-afrika-11-litsa-zaginaa-vo-nesreka-vo-rudnik-za-platina/ Tue, 28 Nov 2023 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=717046

Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.

Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.

 

The post Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица загинаа во рудник за платина во Јужна Африка кога лифт кој превезувал работници се урна на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.
Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници, изјави неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени, пренесе Бета.
Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.
Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.
 

The post Во Јужна Африка 11 лица загинаа во несреќа во рудник за платина appeared first on Република.

]]>
Еден загинат и петмина повредени по земјотрес во рудник за јаглен во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-zaginat-i-petmina-povredeni-po-zemjotres-vo-rudnik-za-jaglen-vo-polska/ Sat, 05 Aug 2023 12:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=668944

Едно лице загина, а пет се повредени утринава во рудник за јаглен во Руда Слонска, јужна Полска, јавија француските медиуми, повикувајќи се на компанијата за ископ на јаглен ПГГ.

Како резултат на земјотресот што се случи во 6:13 часот по локално време на длабочина од околу еден километар, едно лице загина, а пет други се повредени, без животна опасност, изјави портпаролот на компанијата Томаш Глоговски, кој додаде дека починатиот има 39 години.

Според Глоговски, акцијата за спасување била завршена до 10 часот.

Вкупно седум лица загинаа оваа година во Полска во рударски несреќи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на жртвите во рудниците во земјата минатата година беше 30. Ископувањето јаглен и понатаму е особено важно за полската енергија.

The post Еден загинат и петмина повредени по земјотрес во рудник за јаглен во Полска appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а пет се повредени утринава во рудник за јаглен во Руда Слонска, јужна Полска, јавија француските медиуми, повикувајќи се на компанијата за ископ на јаглен ПГГ. Како резултат на земјотресот што се случи во 6:13 часот по локално време на длабочина од околу еден километар, едно лице загина, а пет други се повредени, без животна опасност, изјави портпаролот на компанијата Томаш Глоговски, кој додаде дека починатиот има 39 години. Според Глоговски, акцијата за спасување била завршена до 10 часот. Вкупно седум лица загинаа оваа година во Полска во рударски несреќи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на жртвите во рудниците во земјата минатата година беше 30. Ископувањето јаглен и понатаму е особено важно за полската енергија.

The post Еден загинат и петмина повредени по земјотрес во рудник за јаглен во Полска appeared first on Република.

]]>
И министрите кои даваа изјави против отворање на рудникот би можеле да се цел на правна постапка, покрај арбитража со државата!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-ministrite-koi-davaa-izjavi-protiv-otvorane-na-rudnikot-bi-mozhele-da-se-tsel-na-pravna-postapka-pokraj-arbitrazha-so-drzhavata/ Sat, 29 Jul 2023 09:38:11 +0000 https://republika.mk/?p=666561

Покрај арбитражна постапка против државата, и индивидуални лица би можеле да бидат предмет на директна правна постапка доколку се покаже дека новата владина одлука за повлекување на одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ била донесена спротивно на законите или е политички мотивирана, се вели во информацијата која компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ја доставила денеска до Берзата во Торонто, Канада каде котира компанијата.

Компанијата во дописот најавува дека ќе побара повторно од Владата да го преиспита спојувањето, но најавува и други можни правни разврски меѓу кои и меѓународна арбитража и постапки против поединечни лица.

Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Македонија, или е политички мотивиранa“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена денеска.

Компанијата во соопштението наведува дека одлуката е донесена без правна основа.

Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена на Берзата во Торонто.

На повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите покрај протестот организиран од активистите кои се противат на отворањето на рудникот, претходеа и изјави на дел од министрите во Владата дека тие се лично против отворање на рудник во Иловица. Дека нивните изјави, но и стенограмите од владината седница на која што се носеа одлуките, може да бидат употребени во правни постапки против државата предупреди и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес конференцијата по одлуката за повлекување на спојувањето на концесиите. Па, оттаму се поставува и прашањето дали најавата за постапки и против индивидуални лица ги опфаќа и министрите кои во медиумите дадоа изјави дека се против изградба на рудникот без притоа да имаат аргументација зошто ја оспоруваат инвестиција и покрај бројните позитивни мислења дадени од надлежните институции во изминатите години.

Комерцијална објава

The post И министрите кои даваа изјави против отворање на рудникот би можеле да се цел на правна постапка, покрај арбитража со државата!? appeared first on Република.

]]>

Покрај арбитражна постапка против државата, и индивидуални лица би можеле да бидат предмет на директна правна постапка доколку се покаже дека новата владина одлука за повлекување на одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица – Штука“ била донесена спротивно на законите или е политички мотивирана, се вели во информацијата која компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ ја доставила денеска до Берзата во Торонто, Канада каде котира компанијата. Компанијата во дописот најавува дека ќе побара повторно од Владата да го преиспита спојувањето, но најавува и други можни правни разврски меѓу кои и меѓународна арбитража и постапки против поединечни лица.
Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Македонија, или е политички мотивиранa“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена денеска.
Компанијата во соопштението наведува дека одлуката е донесена без правна основа.
Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето“, се вели во информацијата од Еуромакс објавена на Берзата во Торонто.
На повлекувањето на одлуката за спојување на концесиите покрај протестот организиран од активистите кои се противат на отворањето на рудникот, претходеа и изјави на дел од министрите во Владата дека тие се лично против отворање на рудник во Иловица. Дека нивните изјави, но и стенограмите од владината седница на која што се носеа одлуките, може да бидат употребени во правни постапки против државата предупреди и министерот за економија, Крешник Бектеши на прес конференцијата по одлуката за повлекување на спојувањето на концесиите. Па, оттаму се поставува и прашањето дали најавата за постапки и против индивидуални лица ги опфаќа и министрите кои во медиумите дадоа изјави дека се против изградба на рудникот без притоа да имаат аргументација зошто ја оспоруваат инвестиција и покрај бројните позитивни мислења дадени од надлежните институции во изминатите години. Комерцијална објава

The post И министрите кои даваа изјави против отворање на рудникот би можеле да се цел на правна постапка, покрај арбитража со државата!? appeared first on Република.

]]>
Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/euromaks-resourtses-povlekuvane-na-odlukata-za-spojuvane-na-kontsesiite-ke-go-zgolemi-somnezhot-za-pravnata-sigurnost-pri-investirane-vo-makedonija/ Thu, 27 Jul 2023 12:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=665888

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, информираат од Еуромакс Ресоурцес.

Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република  Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република  Македонија.

The post Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија appeared first on Република.

]]>

По однос на најавата за повлекување на одлуката за спојување на двете концесии, треба прво да почекаме истата да биде објавена, за да се види правната аргументација за нејзиното донесување, а дури потоа во координација со нашите правни тимови ќе ги преземеме сите конкретните чекори за заштита на нашите права како инвеститор, информираат од Еуромакс Ресоурцес. Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс Ресоурцес Лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот „Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите“ склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Република  Македонија. Со оглед на фактот дека „Формално известување“ за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или Бордот на Еуромакс Ресоурцес Лтд во секое време без одолговлекување. Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата. Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс Ресоурцес Лтд е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување, бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република  Македонија.

The post Еуромакс Ресоурцес: Повлекување на одлуката за спојување на концесиите ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Македонија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Ковачевски за концесиите за рудникот Иловица https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-reagira-na-izjavata-na-kovachevski-za-kontsesiite-za-rudnikot-ilovitsa/ Sun, 16 Jul 2023 12:51:48 +0000 https://republika.mk/?p=661947

СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, да престанат да го лажат народот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот.

 

Граѓаните од струмичко видоа дека СДС се лажни душегрижници. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Али.

 

На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е јасен ставот на Владата дека нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија.

Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека на следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи, како што рече, не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка.

СДСМ од прв ден бил против тие рудници и СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Владата дека рудник нема да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. А рудници не се отворени благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отвораат рудници, изјави Ковачевски, кој заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.

The post ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Ковачевски за концесиите за рудникот Иловица appeared first on Република.

]]>

СДС ја има целата власт да ја раскине концесијата, исто како што ја споија, да престанат да го лажат народот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто како што ги споија концесиите за Иловица за потребите на ДУИ и Дестани, можат и да ги раскинат, суштината е тоа што СДС сака да манипулира, од една страна се договара со ДУИ, а од друга го манипулира народот.   Граѓаните од струмичко видоа дека СДС се лажни душегрижници. Владата на СДС гласаше за спојување на концесиите по налог на Бектеши и Али.   На прв план во СДС е бизнис интересот на ДУИ и ним блиските, затоа не се раскинати концесиите, ниту пак ќе ги раскинат, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е јасен ставот на Владата дека нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија. Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање, соопшти дека на следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи, како што рече, не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка.
СДСМ од прв ден бил против тие рудници и СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната седница на Влада повторно министерот за економија со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информираат сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на Министерството за економија и на Министерството за животна средина и на претседателот на Владата дека рудник нема да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, односно две концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. А рудници не се отворени благодарение на тоа што Владата на СДСМ води постапка да не се отвораат рудници, изјави Ковачевски, кој заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска го промовираа заедничкиот интегриран електронски систем за наплата на патарините.

The post ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Ковачевски за концесиите за рудникот Иловица appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-vladata-ke-ja-preispita-odlukata-za-spojuvane-na-dvete-kontsesii-za-rudnikot-ilovitsa-shtuka/ Sat, 15 Jul 2023 12:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=661652

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните на од струмичкиот регион, рече министерката Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на ОО на СДСМ во Струмица и пред протестот што се одржа против отворање на рудник.

Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.

Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.

Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

The post Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука appeared first on Република.

]]>

Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот иловица-Штука и ќе побара дополнитени информации од надлежното министерство, а ставот на СДСМ по однос на отварањето на рудникот во Иловица е ист со ставот на граѓаните на од струмичкиот регион, рече министерката Јованка Тренчовска на денешната прес конференција што се одржа пред просториите на ОО на СДСМ во Струмица и пред протестот што се одржа против отворање на рудник. Додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското. Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.
Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.

The post Тренчевска: Владата ќе ја преиспита одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука appeared first on Република.

]]>
Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatrueni-trojtsa-rudari-vo-jama-vo-rudnik-vo-dobrevo-probishtipsko/ Mon, 01 May 2023 16:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=635797

Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип.

-Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско appeared first on Република.

]]>

Тројца рудари се затруле вчера во јама во рудник во село Добрево, Пробиштип каде работеле. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен вчера во 11:30 часот во Полициска станица Пробиштип. -Во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од село Злетово и Т.Ј.(48) од село Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле, наведуваат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Затруени тројца рудари во јама во рудник во Добрево, Пробиштипско appeared first on Република.

]]>
Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/havarija-vo-rudnik-vo-kina-najmalku-57-rudari-zatrupani-pod-zemja/ Wed, 22 Feb 2023 15:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=612004

Најмалку 57 луѓе останале затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија.

Најмалку 57 лица се водат за исчезнати, а на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата.

Локалните медиуми објавија дека се извлечени две загинати лица.

Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, пренесоа медиумите.

Во последните децении подобрена е безбедноста во рудниците во Кина, како и известувањето за несреќи, кои претходно беа чувани во тајност. Но, редовно има несреќи, поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи.

The post Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја appeared first on Република.

]]>

Најмалку 57 луѓе останале затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија.
Најмалку 57 лица се водат за исчезнати, а на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“, објави државната телевизија ЦЦТВ.
Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата. Локалните медиуми објавија дека се извлечени две загинати лица.
Во 17.13 часот (10.13 часот по средноевропско време) од рудникот беа извлечени тројца рудари, од кои двајца не даваа знаци на живот“, пренесоа медиумите.
Во последните децении подобрена е безбедноста во рудниците во Кина, како и известувањето за несреќи, кои претходно беа чувани во тајност. Но, редовно има несреќи, поради самата природа на работата и поради непочитување на безбедносните прописи.

The post Хаварија во рудник во Кина, најмалку 57 рудари затрупани под земја appeared first on Република.

]]>
Србија пронајде редок минерал, кој се користи за произвоство на батерии https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-pronajde-redok-mineral-koj-se-koristi-za-proizvostvo-na-baterii/ Wed, 21 Dec 2022 13:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=588418

На Сува Планина во општина Гаџин Хан е пронајдено наоѓалиште на  минералoт Калцит со 99,99 отсто чистота. Со ова откритие Србија, сепак, ќе произведува батерии. Не литиумски, туку калциумски.

Бидејќи литиум-јонските батерии ќе бидат дефицитарни поради ограничените суровини, светот со години бара алтернативни решенија, а едно од нив е калцитот, еден вид калциум карбонат, со висока чистота, кој само шест земји во светот може да се пофали со, меѓу нив и нашата., како што неодамна беше откриено.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ КАЛЦИТ

- за бои и лакови

- во производството на пластика и хартија

- во фармација

- козметологија

- прехранбената индустрија

- хемиска индустрија

- за десулфуризација во филтри во електрани и фабрики на јаглен

- во филтри за вода

- да се подобри pH вредноста на почвата, водата во базените

- како реагенс во лаборатории

The post Србија пронајде редок минерал, кој се користи за произвоство на батерии appeared first on Република.

]]>

На Сува Планина во општина Гаџин Хан е пронајдено наоѓалиште на  минералoт Калцит со 99,99 отсто чистота. Со ова откритие Србија, сепак, ќе произведува батерии. Не литиумски, туку калциумски. Бидејќи литиум-јонските батерии ќе бидат дефицитарни поради ограничените суровини, светот со години бара алтернативни решенија, а едно од нив е калцитот, еден вид калциум карбонат, со висока чистота, кој само шест земји во светот може да се пофали со, меѓу нив и нашата., како што неодамна беше откриено.

ЗА ШТО СЕ КОРИСТИ КАЛЦИТ

- за бои и лакови - во производството на пластика и хартија - во фармација - козметологија - прехранбената индустрија - хемиска индустрија - за десулфуризација во филтри во електрани и фабрики на јаглен - во филтри за вода - да се подобри pH вредноста на почвата, водата во базените - како реагенс во лаборатории

The post Србија пронајде редок минерал, кој се користи за произвоство на батерии appeared first on Република.

]]>
Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zatvora-rudnikot-na-smrtta-vo-trucija-po-nesrekjata-vo-koja-zaginaa-41-rudar/ Sun, 16 Oct 2022 16:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=561763

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.

Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот.

Едната верзија е дека експлозијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри.

Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

The post Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар appeared first on Република.

]]>

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез. Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи. Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот. Едната верзија е дека експлозијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри. Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

The post Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар appeared first on Република.

]]>
Најмалку 28 загинати во експлозијата во рудникот во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-28-zaginati-vo-eksplozijata-vo-rudnikot-vo-turcija/ Sat, 15 Oct 2022 09:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=561364

Правиме се што можеме да ја подобриме состојбата на 11-те хоспитализирани пациенти“, изјави Коча.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека се спасени 58 работници, а се уште се прават напори за спасување на 15 рудари.

Експлозијата се случила на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15 часот и 15 минути.

Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.

На местото на експлозијата биле распоредени 149 лица, со пет возила и 31 амбулантно возило.

The post Најмалку 28 загинати во експлозијата во рудникот во Турција appeared first on Република.

]]>

Правиме се што можеме да ја подобриме состојбата на 11-те хоспитализирани пациенти“, изјави Коча. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека се спасени 58 работници, а се уште се прават напори за спасување на 15 рудари. Експлозијата се случила на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15 часот и 15 минути. Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја. На местото на експлозијата биле распоредени 149 лица, со пет возила и 31 амбулантно возило.

The post Најмалку 28 загинати во експлозијата во рудникот во Турција appeared first on Република.

]]>
Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-lezi-na-12-milijardi-toni-rezervi-jaglen/ Tue, 10 May 2022 12:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=500466

Косово лежи на голем рударски потенцијал кој тежи милијарди евра и затоа светски рударски комбинати сакаат да ги експоатираат нивните рудници.

Како примемер, резервите на јаглен изнесуваат милијари тони.

Во Косово и Метохија се експлоатираат руди од олово, цинк, сребро, злато, никел, алуминиум (боксит), хром, магнезит, азбест, каолин, минерални суровини за градежни материјали, термоминерални води и јаглен.

Регистрирани се и индиум, германиум, галиум, талиум, кадмиум, калај и др.

Најбогати рудници се Трепча, Стари трг, Ново брдо, Кишница, Бело брдо, Ајвалија, Бадовац, Црнац и др. Тие за десетина години произвеле околу 102 милиони тони полиминерални руди на олово, цинк, сребро, злато, кадмиум, бизмут.

Само ископаната руда во Стари трг содржела околу 2,1 милиони тони олово, 1,4 милиони тони цинк и околу 3.250 тони сребро. Во однос на дистрибуцијата и количините, најважен ресурс е јагленот, кој се шири под околу 60 отсто од територијата на Косово.

Проценетите геолошки резерви се 12,5-14 милијарди тони, или изразени во нафта како енергетски еквивалент од 2,37-2,65 милијарди тони.

The post Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен appeared first on Република.

]]>

Косово лежи на голем рударски потенцијал кој тежи милијарди евра и затоа светски рударски комбинати сакаат да ги експоатираат нивните рудници. Како примемер, резервите на јаглен изнесуваат милијари тони. Во Косово и Метохија се експлоатираат руди од олово, цинк, сребро, злато, никел, алуминиум (боксит), хром, магнезит, азбест, каолин, минерални суровини за градежни материјали, термоминерални води и јаглен. Регистрирани се и индиум, германиум, галиум, талиум, кадмиум, калај и др. Најбогати рудници се Трепча, Стари трг, Ново брдо, Кишница, Бело брдо, Ајвалија, Бадовац, Црнац и др. Тие за десетина години произвеле околу 102 милиони тони полиминерални руди на олово, цинк, сребро, злато, кадмиум, бизмут. Само ископаната руда во Стари трг содржела околу 2,1 милиони тони олово, 1,4 милиони тони цинк и околу 3.250 тони сребро. Во однос на дистрибуцијата и количините, најважен ресурс е јагленот, кој се шири под околу 60 отсто од територијата на Косово. Проценетите геолошки резерви се 12,5-14 милијарди тони, или изразени во нафта како енергетски еквивалент од 2,37-2,65 милијарди тони.

The post Косово лежи на 12 милијарди тони резерви јаглен appeared first on Република.

]]>