рудник. злато. рудари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnik-zlato-rudari/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 09:35:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рудник. злато. рудари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnik-zlato-rudari/ 32 32 Продолжува потрагата по затрупаните рудари по свлечиште во рудник за злато во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-potragata-po-zatrupanite-rudari-po-svlechishte-vo-rudnik-za-zlato-vo-turtsija/ Wed, 14 Feb 2024 09:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=743937

Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон.

Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција.

Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени екипи се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека останале затрупани во рудникот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека свлечиштето може да претставува ризик за животната средина.

Рудникот бил затворен во 2020 година по истекување на цијанид во река што минува низ Турција, Сирија и Ирак. Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и заврши акцијата за чистење.

Извор: МИА

The post Продолжува потрагата по затрупаните рудари по свлечиште во рудник за злато во Турција appeared first on Република.

]]>

Стотици спасувачи во Турција и денеска ја продолжуваат потрагата по најмалку девет работници затрупани во рудник за злато во источниот дел на земјата, кој беше погоден од огромен одрон. Свлечиштето се случило вчера во рудникот Коплер кај Илич, во планинската провинција Ерзинџан во источниот дел на Турција. Околу 800 спасувачи, вклучително и полициски и воени екипи се распоредени во потрага по девет рудари, за кои се стравува дека останале затрупани во рудникот, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја. Покрената е истрага за оваа катастрофа, а експертите во меѓувреме предупредија дека свлечиштето може да претставува ризик за животната средина. Рудникот бил затворен во 2020 година по истекување на цијанид во река што минува низ Турција, Сирија и Ирак. Повторно беше отворен две години подоцна, откако компанијата беше казнета и заврши акцијата за чистење. Извор: МИА

The post Продолжува потрагата по затрупаните рудари по свлечиште во рудник за злато во Турција appeared first on Република.

]]>