рудници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnici/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jul 2023 20:02:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рудници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudnici/ 32 32 Владата ja разгледалa информацијата за концесиите за „Иловица“, Бектеши утре треба да ги соопшти деталите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ja-razgledala-informatsijata-za-kontsesiite-za-ilovitsa-bekteshi-utre-treba-da-gi-soopshti-detalite/ Tue, 25 Jul 2023 19:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=663000

Владата на седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина - бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија.

Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово, соопшти вечерва владината прес-служба.

Оттаму најавуваат дека повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста ќе бидат соопштени на најавената прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши.

Прес-конференцијата на Бектеши, што требаше да се одржи денеска во 14.00 часот, е закажана за утре во 11 часот.

Бектеши пред Владата реферирал за постапките за концесиите, по реакците од жителите и граѓанските организации од струмичкиот регион, кои се против отворање на рудникот и бараат повлекување на одлуката за спојување на концесиите. Против отворање на рудникот се изјаснија и дел од министрите од СДСМ, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

The post Владата ja разгледалa информацијата за концесиите за „Иловица“, Бектеши утре треба да ги соопшти деталите appeared first on Република.

]]>

Владата на седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина - бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија.
Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово, соопшти вечерва владината прес-служба.
Оттаму најавуваат дека повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста ќе бидат соопштени на најавената прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. Прес-конференцијата на Бектеши, што требаше да се одржи денеска во 14.00 часот, е закажана за утре во 11 часот. Бектеши пред Владата реферирал за постапките за концесиите, по реакците од жителите и граѓанските организации од струмичкиот регион, кои се против отворање на рудникот и бараат повлекување на одлуката за спојување на концесиите. Против отворање на рудникот се изјаснија и дел од министрите од СДСМ, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

The post Владата ja разгледалa информацијата за концесиите за „Иловица“, Бектеши утре треба да ги соопшти деталите appeared first on Република.

]]>
Бектеши го закопа СДСМ: Ден пред расправата за рудниците во Владата, им биле доставени материјалите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-go-zakopa-sdsm-den-pred-raspravata-za-rudnitsite-vo-vladata-im-bile-dostaveni-materijalite/ Fri, 21 Jul 2023 08:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=663818

Очајот и нервозата во СДСM кулминираат. Не знаат кај тераат. Пробуваат со лаги како деца од градинка да се оправдаат за концесијата која нивната влада ја даде за рудникот во Иловица. Па се вртеа, па се сучеа, па биле изманипулирани, па биле фатени на препад, па немале информација за што гласаат. И на крајот Крешник Бектеши, министер од нивниот коалиционен партнер во Владата ги закопа и министрите од СДСМ и Ковачевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Бектеши прво призна дека СДС и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица, а второ кажа дека на последната владина седница кога се одлучувало за спојување на концесиите ден однапред им доставил материјали на своите колеги, па дури и имало дискусија. Очигледно министрите на СДС дури отпосле кога се соочиле со револтот на народот, почнаа да се прават паднати од марс и да тврдат дека и самите биле излажани.

Да биде лицемерието поголемо истите министри кои гласаа за отворање на рудникот, беа на протестот против рудникот. СДС се наоѓа во политичка шизофренија. Една лага ја покриваат со нова. Толку лаги изнакажаа, што и самите веќе не знаат што е вистина.

Впрочем СДС градеше цела една кампања и реторика против рудниците во време кога беше опозиција. Лажеше, за сега парадоксот да биде поголем тие да ја го овозможт нивното отворање. Притоа СДС ова го прави за да им удоволи на бизнис интересите на компании кои се блиски до нивниот посилен коалициски партнер ДУИ. Со други зборови за да купат уште некој ден повеќе во Владата, СДС го погази и овој свој збор за рудниците.

The post Бектеши го закопа СДСМ: Ден пред расправата за рудниците во Владата, им биле доставени материјалите appeared first on Република.

]]>

Очајот и нервозата во СДСM кулминираат. Не знаат кај тераат. Пробуваат со лаги како деца од градинка да се оправдаат за концесијата која нивната влада ја даде за рудникот во Иловица. Па се вртеа, па се сучеа, па биле изманипулирани, па биле фатени на препад, па немале информација за што гласаат. И на крајот Крешник Бектеши, министер од нивниот коалиционен партнер во Владата ги закопа и министрите од СДСМ и Ковачевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Бектеши прво призна дека СДС и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица, а второ кажа дека на последната владина седница кога се одлучувало за спојување на концесиите ден однапред им доставил материјали на своите колеги, па дури и имало дискусија. Очигледно министрите на СДС дури отпосле кога се соочиле со револтот на народот, почнаа да се прават паднати од марс и да тврдат дека и самите биле излажани.
Да биде лицемерието поголемо истите министри кои гласаа за отворање на рудникот, беа на протестот против рудникот. СДС се наоѓа во политичка шизофренија. Една лага ја покриваат со нова. Толку лаги изнакажаа, што и самите веќе не знаат што е вистина. Впрочем СДС градеше цела една кампања и реторика против рудниците во време кога беше опозиција. Лажеше, за сега парадоксот да биде поголем тие да ја го овозможт нивното отворање. Притоа СДС ова го прави за да им удоволи на бизнис интересите на компании кои се блиски до нивниот посилен коалициски партнер ДУИ. Со други зборови за да купат уште некој ден повеќе во Владата, СДС го погази и овој свој збор за рудниците.

The post Бектеши го закопа СДСМ: Ден пред расправата за рудниците во Владата, им биле доставени материјалите appeared first on Република.

]]>
Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rudnicite-buchim-i-borov-dol-povtorno-pochnuvaat-so-proizvodstvoto/ Fri, 21 Oct 2022 19:42:49 +0000 https://republika.mk/?p=564134

Рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш од вторник повторно почнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција.

Во соопштението од овие компании, се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.

Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги почнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите - стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.

Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

The post Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството appeared first on Република.

]]>

Рудниците Бучим и Боров Дол кај Радовиш од вторник повторно почнуваaт со работа, односно го рестартираат производствениот процес, со што работата на рудниците се враќа во целосна функција. Во соопштението од овие компании, се наведува дека по скоро два месеци пауза и заради поволната промена на пазарот на електрична енергија рудниците се враќаат во редовен работен режим.
Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи повторно да ги почнеме производствените активностите со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија (HUPEX) ќе се стабилизира. Во текот на овие денови ќе бидат повикани на редовна работа сите вработени во рудниците за подготовка и отпочнување на производството. Во меѓувреме, продолжуваме со реализација на веќе започнатите капитални инвестициски проекти и сме оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите - стои во изјавата на Олег Чусовитин, генерален директор на Бучим.
Во соопштението се додава дека рудниците продолжуваат со реализирање на плановите за енергетска независност, односно продолжуваат со инвестициското вложување во обновливи извори на енергија, како и модернизација на погонот флотација во Бучим, проекти кои што се веќе во тек и треба да се завршат најдоцна до октомври 2023 година.

The post Рудниците Бучим и Боров Дол повторно почнуваат со производството appeared first on Република.

]]>
Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-od-probishtip-rudarstvoto-e-edna-od-grankite-koi-shto-moze-da-donese-dodadena-vrednost-potrebna-e-pogolema-poddrshka/ Thu, 13 Oct 2022 07:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=560396

“Булмак 2016”, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово” – Пробиштип и “Тораница” – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески.

На работниот состанок од страна на претседателот на Комората беше потенцирано дека рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност и затоа Комората ќе го отвори прашањето за реорганизација на надлежните институции за овој сектор.

„За да се подигне нивото и значење на рударскиот сектор, потребно е формирање на ново министерство за рударство и енергетика, да се изготви долго очекуваната стратегија за развој на рударството, како и преиспитување на законската регулатива која ги уредува издавањето на дозволите за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини”, потенцираше Азески.

Од страна на управителот на рудниците Мојсоски беше нагласено дека во двата рудника работат 800 лица и во овој период целокупниот човечки потенцијал е максимално фокусиран во изнаоѓање решенија за рационализација на трошоците.

„Во континуитет ги следиме настаните и трендовите од кои ни зависи деловната активност и следствено на анализите кои ги правиме и од добиените резултати , креираме соодветни деловни политики за ублажување на штетите. Во таа смисла, секако дека очекуваме и националните органи и институции, во нивниот домен, да ја вршат улогата на креатори на национални политики и стратегии со кои на директен начин ќе биде поддржана гранката рударство која преставува еден од поголемите извори на приходи во државниот буџет”, информираше Мојсоски.

Тој нагласи дека информациите и укажувањата од Комората се секогаш добредојдени, посебно во вакви специфични и екстремно сложни услови за работа и од таа гледна точка ги охрабрува сите нејзини чинители и авторитети уште поинтензивно да ја продолжат таа деловна мисија.

Компанијата „Булмак 2016″ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија

The post Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка appeared first on Република.

]]>

“Булмак 2016”, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово” – Пробиштип и “Тораница” – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета на делегацијата на Стопанската комора предводена од претседателот Бранко Азески. На работниот состанок од страна на претседателот на Комората беше потенцирано дека рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност и затоа Комората ќе го отвори прашањето за реорганизација на надлежните институции за овој сектор.
„За да се подигне нивото и значење на рударскиот сектор, потребно е формирање на ново министерство за рударство и енергетика, да се изготви долго очекуваната стратегија за развој на рударството, како и преиспитување на законската регулатива која ги уредува издавањето на дозволите за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини”, потенцираше Азески.
Од страна на управителот на рудниците Мојсоски беше нагласено дека во двата рудника работат 800 лица и во овој период целокупниот човечки потенцијал е максимално фокусиран во изнаоѓање решенија за рационализација на трошоците.
„Во континуитет ги следиме настаните и трендовите од кои ни зависи деловната активност и следствено на анализите кои ги правиме и од добиените резултати , креираме соодветни деловни политики за ублажување на штетите. Во таа смисла, секако дека очекуваме и националните органи и институции, во нивниот домен, да ја вршат улогата на креатори на национални политики и стратегии со кои на директен начин ќе биде поддржана гранката рударство која преставува еден од поголемите извори на приходи во државниот буџет”, информираше Мојсоски.
Тој нагласи дека информациите и укажувањата од Комората се секогаш добредојдени, посебно во вакви специфични и екстремно сложни услови за работа и од таа гледна точка ги охрабрува сите нејзини чинители и авторитети уште поинтензивно да ја продолжат таа деловна мисија. Компанијата „Булмак 2016″ е меѓу 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија, кои се наоѓаат на слободниот пазар и кои учествуваат со 20 % во вкупната потрошувачка на енергија

The post Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка appeared first on Република.

]]>