рударска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudarska-nesrekja/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Dec 2023 17:56:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png рударска несреќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/rudarska-nesrekja/ 32 32 Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-12-rudari-zaginaa-pri-urivane-na-rudnik-za-zlato-vo-venetsuela/ Sun, 10 Dec 2023 18:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=721530

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти.

Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил.

Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>

Најмалку 12 лица загинаа при уривање на рудник во југоисточна Венецуела, соопштија денеска венецуелските власти. Свлечиште го погоди во средата рудникот Параиба де Сан Хозе де Вадамапа во близина на градот Икабара во венецуелската држава Воливар Боливар, во близина на границата со Бразил. Венецуелската агенција за управување со ризици и цивилна заштита во објава на „Х“ соопшти дека обезбедува храна, вода и лекови за погодените од несреќата, а во исто време го координирала трансферот на телата на жртвите во Порто Ордаз, на околу 700 километри северно.

The post Најмалку 12 рудари загинаа при уривање на рудник за злато во Венецуела appeared first on Република.

]]>
Загинаа 16 рудари, 18 повредени во несреќа во Казахстан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaginaa-16-rudari-18-povredeni-vo-nesreka-vo-kazahstan/ Sat, 28 Oct 2023 07:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=695727

Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот Костенко во Караганд, Казахстан, изјави шефот на администрацијата на регионот Караганда во Казахстан, Ермаганбет Булекпаев.

-Во рудникот денеска беше предизвикан пожар, кој, на наше големо жалење, доведе до смрт на 16 лица, а 18 лица се пренесени во болница со различен степен на повреди, напиша шефот на регионот на својата Фејсбук страница.

Тој прецизира дека на местото на несреќата има 40 спасувачи и 10 единици опрема.

Засега се водат како исчезнати 31 други рудари.

Претходно прес-службата на компанијата Арселормитал Темиртау, што е оператор на рудникот, информираше дека  во моментот на несреќата имало 252 лица. На површина излегоа 205 рудари. Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас метан.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и нареди на својата влада денеска „да стави крај на инвестициската соработка“ со глобалниот челичен гигант Арселор Митал, по уште една фатална несреќа во еден од рудниците на групацијата.

The post Загинаа 16 рудари, 18 повредени во несреќа во Казахстан appeared first on Република.

]]>

Шеснаесет рудари загинаа во несреќа во рудникот Костенко во Караганд, Казахстан, изјави шефот на администрацијата на регионот Караганда во Казахстан, Ермаганбет Булекпаев. -Во рудникот денеска беше предизвикан пожар, кој, на наше големо жалење, доведе до смрт на 16 лица, а 18 лица се пренесени во болница со различен степен на повреди, напиша шефот на регионот на својата Фејсбук страница. Тој прецизира дека на местото на несреќата има 40 спасувачи и 10 единици опрема. Засега се водат како исчезнати 31 други рудари. Претходно прес-службата на компанијата Арселормитал Темиртау, што е оператор на рудникот, информираше дека  во моментот на несреќата имало 252 лица. На површина излегоа 205 рудари. Се претпоставува дека дошло до експлозија на гас метан. Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев и нареди на својата влада денеска „да стави крај на инвестициската соработка“ со глобалниот челичен гигант Арселор Митал, по уште една фатална несреќа во еден од рудниците на групацијата.

The post Загинаа 16 рудари, 18 повредени во несреќа во Казахстан appeared first on Република.

]]>
Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-rudari-zaginaa-a-15-ostanaa-zatrupani-pri-urivane-na-okno-od-rudnik-za-zlato-vo-zimbabve/ Sat, 30 Sep 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=686557

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат.

Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот.

Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило.

Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени.

Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>

Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно на рудник во Зимбабве. Како што јавуваат државните медиуми, во уривањето на огнотол на рудникот за злато Беј Хорс, во Чегута, на 100 километри западно од градот Хараре, повеќе од 30 луѓе беа заробени, но неколкумина од нив подоцна беа спасени или успеаја да побегнат. Би-би-си јавува дека е тек акцијата за спасување на оние кои останале под земја, а не е познато што го предизвикало колапсот. Федерацијата на рудари на Зимбабве соопшти дека нејзиниот генерален секретар и претседател на Здружението на рудари, Чегуту, ќе одат на местото на настанот за да се обидат да утврдат што се случило. Рударските инциденти во Зимбабве, земја која има огромни резерви на злато, платина и дијаманти, не се невообичаени. Методите на рударство се често рудиментарни и безбедносните стандарди во голема мера се игнорираат.

The post Шест рудари загинаа, а 15 останаа затрупани при уривање на окно од рудник за злато во Зимбабве appeared first on Република.

]]>
Тројца рудари загинале при хаварија во шпански рудник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/trojtsa-rudari-zaginale-pri-havarija-vo-shpanski-rudnik/ Thu, 09 Mar 2023 15:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=617808

Тројца рудари загинале во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија.

Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали.

Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на тројцата колеги кои утринава ги загубија животите додека ја вршеа својата работа“, соопштија од регионалниот синдикат на УСОК.

Со рудникот управува компанијата „Иберпоташ“, што е подружница на компанијата-мајка од Тел Авив „ICL Group Ltd“, и таа соопшти дека имало „несреќна подземна несреќа“, пред да соопшти за смртта на тројцата рудари.

Рудникот се наоѓа на околу 80 километри северно од Барселона, во Каталонија.

Сакам да им ја дадам сета поддршка на семејствата на рударите, како и на сите нивни колеги во рудникот во Сурија, изјави во локалниот Парламент, Пере Арагонес, претседател на покраината Каталонија.

Истата компанија „Иберпоташ“ и во декември 2013 година соопшти дека двајца нивни рудари загинаа во колапс во рудникот во Сурија.

Поташот се користи како ѓубриво во земјоделството и како суровина во фармацевтската индустрија, во производството на експлозиви, стакло и хемикалии.

The post Тројца рудари загинале при хаварија во шпански рудник appeared first on Република.

]]>

Тројца рудари загинале во хаварија во рудник за поташ (сол) во североисточна Шпанија. Хаваријата во рудникот во градот Сурија се случила непосредно пред 9 часот по локално време, на околу 900 метри под земја, соопштија пожарникарите, без да дадат повеќе детали.
Сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејствата на тројцата колеги кои утринава ги загубија животите додека ја вршеа својата работа“, соопштија од регионалниот синдикат на УСОК.
Со рудникот управува компанијата „Иберпоташ“, што е подружница на компанијата-мајка од Тел Авив „ICL Group Ltd“, и таа соопшти дека имало „несреќна подземна несреќа“, пред да соопшти за смртта на тројцата рудари. Рудникот се наоѓа на околу 80 километри северно од Барселона, во Каталонија.
Сакам да им ја дадам сета поддршка на семејствата на рударите, како и на сите нивни колеги во рудникот во Сурија, изјави во локалниот Парламент, Пере Арагонес, претседател на покраината Каталонија.
Истата компанија „Иберпоташ“ и во декември 2013 година соопшти дека двајца нивни рудари загинаа во колапс во рудникот во Сурија. Поташот се користи како ѓубриво во земјоделството и како суровина во фармацевтската индустрија, во производството на експлозиви, стакло и хемикалии.

The post Тројца рудари загинале при хаварија во шпански рудник appeared first on Република.

]]>
Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-zatvora-rudnikot-na-smrtta-vo-trucija-po-nesrekjata-vo-koja-zaginaa-41-rudar/ Sun, 16 Oct 2022 16:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=561763

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез.

Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот.

Едната верзија е дека експлозијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри.

Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

The post Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар appeared first on Република.

]]>

Рудникот за јаглен во Амасра во турската област Бартон, каде што 41 рудар загинаа по експлозијата во петокот, ќе биде затворен. Ова за Хаберлер го изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез. Тој истакна и дека пожарот во галеријата на длабочина од 300 метри продолжува да гори. Засилување во противпожарна опрема и екипи пристигнаа од соседните окрузи. Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека очекуваат што поскоро да се расветлат причините за експлозијата во рудникот. Петмина обвинители работат на неколку верзии, посочи министерот. Едната верзија е дека експлозијата била предизвикана од експлозија на каустичен гас, што го предизвикало и пожарот во галериите лоцирани на длабочина од 300 и 250 метри. Друга верзија што беше објавена порано е дека дефект во трансформатор го предизвикал пожарот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на семејствата на загинатите работници ќе им бидат исплатени по 1.350.000 турски лири (околу 75 илјади евра).

The post Се затвора рудникот на смртта во Труција, по несреќата во која загинаа 41 рудар appeared first on Република.

]]>